Се е во ред со цитатите, иако во моментов не ги споредувам со Новиот Завет, во ПДФ формат кој ми е при рака.
Значи:
-Под „тело душевно„ се подразбира нивото на кое живее човекот-поединец: ако човек живее само на телесно-душевно ниво (на ниво од материјалност и емотивност) таквиот човек е телесно душевен;
-Под „тело духовно„ се подразбира повиско ниво на живеење, каде човекот-поединец не живее само телесно и душевно (емотивно), туку живее и духовен живот, што значи дека ја надминал и надраснал својата телесност и душевност и прешол во духовност. Таквиот човек е телесно духовен.
Кога е во прашање воскресението, воскреснатото тело е „тело духовно„, што значи дека воскреснатите ќе имаат тела од префинета, продуховена нераспадлива, бесмртна материја.
Понатаму:
- Навистина, после воскресението, луѓето не ќе можат да умрат! Праведните ќе одат во живот вечен, во Рајот, а неправедните ќе одат во вечна смрт-умирање кое ќе нема крај-во пеколот.
- Навистина, праведниците во Рајот ќе немаат потреба од овосветовните материјални потреби, оти нивните тела ќе бидат прославени, бесмртни, непорочни, продуховени...
- и да, и на неправедниците во пеколот, не ќе им требаат материјалните нешта, оти ради неподносливите маки, не ќе ни „имаат време„ за материјални потреби.