Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Логиката и мудроста на Господ никој не ја разбира....(1)
Мудроста на човека е лудост во очите на Бога. (2)
аха...
1. се што не можам да го разберам без напор, нема ни да се обидам.
2. ако мислам поинаку од напишаното, јас сум луд.

Браво. вака можам цел живот во незнаење и пасивно прифаќање да го поминам, а и ако не мрднам со прст, тогаш сум остварен и све е ОК!

ја сум бил будала што сум мислел...

Иако не се сложувам еве нешто што ќе те подржи.

ова е, за тебе, owned?!?
 
A

ateist

Гостин
ја сум бил будала што сум мислел...
тоа е главната поента на религиите !

они да се "снајдат" .........ама на туѓ грб ...друг да мисли за нив .

а тие што ќе мислат .........на крај ќе бидат исплукани дека се неверници у знаку захвалности за тоа што несебично со своето мислење ги частеле овие што самосесно крлешки дошле до сознание дека не е исплатливо да се губи веме за мислење .Таквите се за нив будали ........тоа им е топ поентата .
 
S

smart ass

Гостин
ateist izvininoto govoris za15 vek koga poradi alcnosta na crkvbata(ne religija) bile vrseni zulumiijas ne razbiram zosto si protiv religiite koga denes imaat poucna osnova
 
S

smart ass

Гостин
imakompetentni kadrikoi diplomirale sociologija i psihologija tie ke mozat poentata najdobro d ti ja objasnat a jas ke ti kazam deka ne najdov nisto loso vobozjite zapovedi iako sum ateist.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не, Мики. Ти не одиш да се одмориш, туку купуваш време за да се оладам, а ти да исконструираш уште еден голем пост преполн со форми наместо со содржина.

Ова е типично за сите луѓе кои „аргументираат“ со верба. Со верба не се аргументира! Со верба се тврди без основа!

Имај и ти пријатен викенд и те молам немој да ми земеш за зло. Немам ништо против тебе или твојата вера и верба, ама ова е форум, а на форум се дебатира. Дебатата бара аргументи - не бара крути ставови. Дебатата е динамична форма на објаснување, поткрепување, проверки и корекции. А јас мислам дека ти тој луксуз не можеш да си го дозволиш.
Види Дибек, од моето досегашно учество на форумов, забележувам една општа појава: оние кои џоа нудат аргументи, всушност, нудат саде сурови информации, добиени од овде и од онде, кои (информации) се всушност, нечии туѓи сознанија за ова или за она, а таквите кои џоа аргументираат, всушност, се повикуваат на туѓи а не не на свои сознанија, проверенеи преку личен опит, а не во некоја си таму лабораторија. Така, оние поединци кои тврдат дека џоа аргументираа, всушност, само пренесуваат туѓи а не свои искуствени сознанија.

Јас напишав ден вочки:

1. Јас можам да го видам својот грев,
2. Дали ти можеш да видиш неутрино.

И што правиш ти? Глумиш наивност, тврдејќи дека не ти било потребно видувањето на неутриното? Па добро, кои се ТВОИТЕ АРГУМЕНТИ? Моите аргументи се последица од моите искуствени сознанија, а не „...клипчиња и линкови..„ на кои некои си таму експерти ме убедуваат во некои си таму нивни вистини.

Добро, ја увудуваш ли ти разликата меѓу духовните и материјлните категории? Дали МОЖЕШ (и ти и сличните на тебе) да ја видиш разликата? И кој е сега овде слеп? Оној кој МОЖЕ или оној кој НЕ МОЖЕ нешто да види? Кога (ти) би имал минимално познавање од духовните категории, ете тогаш би можеле да дебатираме на духовни теми-вака, ти преостанува само да глумиш наивност, демек, ова или она не ти било потребно.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.................И кој е сега овде слеп? Оној кој МОЖЕ или оној кој НЕ МОЖЕ нешто да види?................
Добро бе...а дали ти можеш да го видиш твојот господ ......ама без употреба на „прирачни’’ помошни средства!:pos2::pos2:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
На погрешно погрешно прашање, се дава погрешен одговор.

Самиот израз “атеа„, значи „невидлив„, така да теологијата е наука за Невидливиот. За среќа, на оние кои се достојни, Он им се јавува. Недостојните, ќе го причекаат поединечниот Суд Христов.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
ова е, за тебе, owned?!?
Па добро го реши.Иначе овој новинар ги решава сите верници и луѓе кои кажуваат за светскиот заговор вклучувајќи го и Дејвид Ајк.Но човеков го заќуте со нешто на кое неможеш да речеш ништо против.Ова е класичен пример дека не може да се збори нормално со "верник" бидејќи сите имаат едно мало затворче во главата кое не им дава и ги плаши ако почнат да размислуваат логички.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Постои и логично објаснување за Божјото постоење, кое е повеќе својствено за теистите отколку за верниците. Така, дури И логички може да се докаже постоењето на Творецот на се видливо и невидливо. Ајде сега, стај прст на чело, употреби ја твојата логика и докажи или побиј дека Он (не)постои. Прпа, а?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.732
:)

Поради ова е невозможна дискусија помеѓу верник и атеист.

Не треба тој да ти докаже дека нешто не постои. Ти треба да докажеш дека постои. За него е многу едноставно: нити го гледа, нити го слуша. Единствениот „доказ“ за постоењето е една книга која е полна со бесмислици и апсурди.

Во таква немоќ да докажеш нешто, единствено што можеш да правиш е да ја префрлаш топката на другата страна и другиот да го докажува апсурдот, да го одолговлекуваш дијалогот со бескрајни мудрости и филозофии, и да си се убедуваш себеси дека ти гледаш, а другите се слепи.

На крајот, сите ние, единствените кои можеме да ги убедиме да веруваат, или да не веруваат, сме самите себеси. Се друго е да пројде времето, да се најдеме во муабет и да си се насмееме едни на други.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Човек напросто да не може да верува дека во ова време на општа „просветеност„ постојат луѓе кои не можат да го докажат она на кое се повикуваат, а тоа се наводните „докази„ со кои ја потпираат својата убеденост во материјализмот.

Vone, не се „замарај„ со коментари кон моите постови. Ионака се празни и лесно предвидливи па ми доаѓаат џоа природна непогода...:pos2:.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.732
Човек напросто да не може да верува дека во ова време на општа „просветеност„ постојат луѓе кои не можат да го докажат она на кое се повикуваат, а тоа се наводните „докази„ со кои ја потпираат својата убеденост во материјализмот.

Vone, не се „замарај„ со коментари кон моите постови. Ионака се празни и лесно предвидливи па ми доаѓаат џоа природна непогода...:pos2:.
Тука се согласуваме. Еве ти имаш испишано којзнае колку страници на форумов ама никако не можеш да го докажеш она што не може да се докаже.

Патем, и твојот пост е предвидлив. Секогаш кога некој ќе дојде до дискусија во која се бараат докази, верникот бега со зборовите: не се замарај со мене, или почесто, не се замарам со тебе :pos2:.

Како и да е, јас подобро те разбирам од другиве. Тие се повеќето „атеисти“ од раѓање. Јас бев верник, долго време. Знам дека не е лесно, верувај, ти ги знам маките :smir:

Едит: Последниот дел очигледно не бил наменет за мене. Се извинувам.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Не треба тој да ти докаже дека нешто не постои. Ти треба да докажеш дека постои. За него е многу едноставно: нити го гледа, нити го слуша. Единствениот „доказ“ за постоењето е една книга која е полна со бесмислици и апсурди.
Првин за сетилата, Бувот има многу посупериорен вид отколку нас во ноќни услови, исто така има и други животни кои се посупериорни во однос на нас, пример кучињата за мирис, делфините за слух. Дури и помеѓу луѓето има разлики во нивните сетила, па имаме наглуви луѓе, потоа со послаб вид, со блага анестезираност на сетилото за допир итн. Не би тврдел сега дека тие што не веруваат во Бог дека имаат затапени физички сетила, затоа што физичките сетила не се некое мерило за постоење или непостоње на Господ.
Имав пишувано и претходно за човековиот јазик и зборовите кои што означуваат душа, Бог итн. Човек има сознание за нешто и потоа му дава име на тој поим или нешто, затоа што ако нема сознание нема да го поимува тој поим со некое име. Не постои јазик на планетава земја кој што не ги содржи или објаснува поимите душа и Бог со еден или во најчест случај со повеќе зборови.
Често се мислело дека бројката 0 (нула) во математиката представува ништо, но 0 (нула) не е ништо туку е недостаток на нешто. Пример имаме 0 (нула) јаболка, јаболката постојат но моментално не се присутни и не можеме да ги видиме со нашите сетила.
 
Човекот има сознанија и за: клингонците, вулканците, ференгите, врајтите, бејџораните, ромуланците, Q, азгардите, alien-ите, џедаите, предаторите, терминаторите, троловите, вампирите, врколаците, марсовците...итн.......значи ли тоа дека тие постојат...?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom