Не, Мики. Ти не одиш да се одмориш, туку купуваш време за да се оладам, а ти да исконструираш уште еден голем пост преполн со форми наместо со содржина.
Ова е типично за сите луѓе кои „аргументираат“ со верба. Со верба не се аргументира! Со верба се тврди без основа!
Имај и ти пријатен викенд и те молам немој да ми земеш за зло. Немам ништо против тебе или твојата вера и верба, ама ова е форум, а на форум се дебатира. Дебатата бара аргументи - не бара крути ставови. Дебатата е динамична форма на објаснување, поткрепување, проверки и корекции. А јас мислам дека ти тој луксуз не можеш да си го дозволиш.
Види Дибек, од моето досегашно учество на форумов, забележувам една општа појава: оние кои џоа нудат аргументи, всушност, нудат саде сурови информации, добиени од овде и од онде, кои (информации) се всушност, нечии туѓи сознанија за ова или за она, а таквите кои џоа аргументираат, всушност, се повикуваат на туѓи а не не на свои сознанија, проверенеи преку личен опит, а не во некоја си таму лабораторија. Така, оние поединци кои тврдат дека џоа аргументираа, всушност, само пренесуваат туѓи а не свои искуствени сознанија.
Јас напишав ден вочки:
1. Јас можам да го видам својот грев,
2. Дали ти можеш да видиш неутрино.
И што правиш ти? Глумиш наивност, тврдејќи дека не ти било потребно видувањето на неутриното? Па добро, кои се ТВОИТЕ АРГУМЕНТИ? Моите аргументи се последица од моите искуствени сознанија, а не „...клипчиња и линкови..„ на кои некои си таму експерти ме убедуваат во некои си таму нивни вистини.
Добро, ја увудуваш ли ти разликата меѓу духовните и материјлните категории? Дали МОЖЕШ (и ти и сличните на тебе) да ја видиш разликата?
И кој е сега овде слеп? Оној кој
МОЖЕ или оној кој
НЕ МОЖЕ нешто да види? Кога (ти) би имал минимално познавање од духовните категории, ете тогаш би можеле да дебатираме на духовни теми-вака, ти преостанува само да глумиш наивност, демек, ова или она не ти било потребно.