Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Новинарот: „...дали Вие, како претставник на Вашите истомисленици, сметате дека економската состојба во Македонија е многу добра?....„

Анкетираниот: „...Да...„.

Скеч од к-15.
А си го гледал ли скечот кога Цацко вика......

„ту да ти ибам раката’’

..погоди чија....:vozbud::vozbud:
 
S

smart ass

Гостин
се знае ли колку ангели создал господ и нели при битката за мојсеовото тело михаил го победил луцифер значи луцифер не е најјак
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Се знае: катаљон. Озбилно. Создал безбројни орди ангели. Библијата во неколку наврати го споменува терминот „неброени“.
Секако дека Луци не е најјак. Дедо боже е дефинитивно најсилен од сите.

...ама види сеа... една битка не е цела војна, нели ;)
...али ќути што е оваа вечна па ќе нема конечен победник :)

абе нешто ми текна... едно прашање до мајсторите на овој занает:

Кога ќе дојде Судниот ден, а Исус ќе се симне да подели правда и наплати... Што ќе се случи:

1. Со земјата (планетава)?
2. Со Луци? Мислам... што ќе прави он тогаш? Нема ли да биде некако вишок?
3. Со ангелите? ... што ќе се они тогаш?
4. Со дедо боже?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
се знае ли колку ангели создал господ и нели при битката за мојсеовото тело михаил го победил луцифер значи луцифер не е најјак

Творецот создал 3 пати по 3 реда ангели. А бројот им е: многу.

Се знае: катаљон. Озбилно. Создал безбројни орди ангели. Библијата во неколку наврати го споменува терминот „неброени“.
Секако дека Луци не е најјак. Дедо боже е дефинитивно најсилен од сите.

...ама види сеа... една битка не е цела војна, нели ;)
...али ќути што е оваа вечна па ќе нема конечен победник :)

абе нешто ми текна... едно прашање до мајсторите на овој занает:

Кога ќе дојде Судниот ден, а Исус ќе се симне да подели правда и наплати... Што ќе се случи:

1. Со земјата (планетава)?
2. Со Луци? Мислам... што ќе прави он тогаш? Нема ли да биде некако вишок?
3. Со ангелите? ... што ќе се они тогаш?
4. Со дедо боже?
1. Земјата и целата Вселена, Христос ќе ги пресоздаде одново: „...И Седнатиот на престолот рече: „Ете, се одново создавам...„ (Откровение, 21.5).
2. Луци ќе биде фрлен во пеколот, заедно со неговите демони и сите грешни луѓе.
3. Ангелите и понатаму ќе бидат ангели (мислам на белите ангели) кои и понатаму ќе ја вршат волјата Божја.
3. Бог (Христос) и понатаму ќе биде Бог, но во Царството Небесно, Он ќе биде видлив и во непосредна близина за сите оние кои заработиле Рај. Отецот и понатаму ќе биде Отец, а Светиот Дух и понатаму ќе биде Дух Свети.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276

А кој од нив ќе биди врховен командант?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Врховен командант бил, е и ќе биде Пресвета, Единосуштна и Животворна Троица.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Творецот создал 3 пати по 3 реда ангели. А бројот им е: многу.

1. Земјата и целата Вселена, Христос ќе ги пресоздаде одново: „...И Седнатиот на престолот рече: „Ете, се одново создавам...„ (Откровение, 21.5).
2. Луци ќе биде фрлен во пеколот, заедно со неговите демони и сите грешни луѓе.
3. Ангелите и понатаму ќе бидат ангели (мислам на белите ангели) кои и понатаму ќе ја вршат волјата Божја.
3. Бог (Христос) и понатаму ќе биде Бог, но во Царството Небесно, Он ќе биде видлив и во непосредна близина за сите оние кои заработиле Рај. Отецот и понатаму ќе биде Отец, а Светиот Дух и понатаму ќе биде Дух Свети.
1. Значи све отпоново?!?! Ова некако источњачки звучи, нели?
2. Нели луци више е во пеколот?
3. Каде ангелите ќе ја вршат вољата божја?!?
4. Јасно ми е дека е све бесконечно, ама што ќе прават?!? Мислам, што ќе има за правење воопшто?
5. Ако 1. тогаш дали повторно ќе ги создаде Адам и Ева и дали повторно овие ќе зезнат, и повторно дедо Ное и све?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Врховен командант бил, е и ќе биде Пресвета, Единосуштна и Животворна Троица.
А зошто тогај не седат сите тројца на престолот туку Отецот седи на престолот а Исус десно од него, Зошто на приметр Отецотѕ му ја подава книгата на Исус ако се едно исто, и зошто Исус не знае кога ќе биде судниот ден туку само отецот?

Можеби е ова случај на поделени личности како што е опипшан во психијатријата
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Значи све отпоново?!?! Ова некако источњачки звучи, нели?
2. Нели луци више е во пеколот?
3. Каде ангелите ќе ја вршат вољата божја?!?
4. Јасно ми е дека е све бесконечно, ама што ќе прават?!? Мислам, што ќе има за правење воопшто?
5. Ако 1. тогаш дали повторно ќе ги создаде Адам и Ева и дали повторно овие ќе зезнат, и повторно дедо Ное и све?
1. Да, Христос, во Откровението, ветува дека се одново ќе пресоздаде, а она кое Христос го ветува, тоа и го исполнува. А тоа што велиш дека звучи „источњачки„ и не знам како, тоа е само твој заклучок.
2. Луци сеуште не е во пеколот, оти сеуште не се случи страшниот Христов Суд. Луци е некаде, не знаеме точко каде лоциран, но знаеме од каде делува. Тековно, Луци и неговото братство, делуваат од центар во Хималаите, преку веќе познатите религии, кои ни доаѓаат од таа „географија„.
3. Ангелите ќе ја вршат волјата Божја во духовниот Свет, како и досега.
4. Ангелите, како и досега, ќе го прават она кое Бог ќе им го заповеда.
5. Адам и Ева нема да бидат одново создадени, туку, како и и сите упокоени, и тие ќе воскреснат на второто Христово доаѓање и Неговиот суд.

А зошто тогај не седат сите тројца на престолот туку Отецот седи на престолот а Исус десно од него, Зошто на приметр Отецотѕ му ја подава книгата на Исус ако се едно исто, и зошто Исус не знае кога ќе биде судниот ден туку само отецот?

Можеби е ова случај на поделени личности како што е опипшан во психијатријата
Пресвета Троица е Еден Бог во три лика, од кои секој лик има свои особини и своја улога во Светов па затоа не „седат„ сите Троица на ист престол. Тоа што Синот е оддесно на Отецот, не е некоја просторна поставеност на Синот во однос на Отецот, туку релација помеѓу Синот и Отецот.

Тоа што Исус вели едка не знае кога ќе биде Неговиот Суд, тоа е кажано од Исус како човек, а не од Синот Божји. Не ја заборавај двојната Христова природа: евангелијата повеќепати ни сведочат дека Исус се однесува и како човек и како Бог, едновремено. Исус, пред вознесението И пред да Му биде дадена секаква власт на Земјава, јасно е дека не знаел кога ќе биде Неговото второ доаѓање. Но, Синот Божји секако дека знае се, па и Неговото второ доаѓање.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Значи три различни лика каде никој не знае точно што мисли и намислува другиот ниту има она што има другиот.
Тие се тим како во акциони филмој каде имаш тројца батки па еднио е специјалист за експлозиви, другиот за борилечки вештини а третиот за оружје и заедно преставуваат еден тим.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.734
Пресвета Троица е Еден Бог во три лика, од кои секој лик има свои особини и своја улога во Светов па затоа не „седат„ сите Троица на ист престол. Тоа што Синот е оддесно на Отецот, не е некоја просторна поставеност на Синот во однос на Отецот, туку релација помеѓу Синот и Отецот.

Тоа што Исус вели едка не знае кога ќе биде Неговиот Суд, тоа е кажано од Исус како човек, а не од Синот Божји. Не ја заборавај двојната Христова природа: евангелијата повеќепати ни сведочат дека Исус се однесува и како човек и како Бог, едновремено. Исус, пред вознесението И пред да Му биде дадена секаква власт на Земјава, јасно е дека не знаел кога ќе биде Неговото второ доаѓање. Но, Синот Божји секако дека знае се, па и Неговото второ доаѓање.
Ова последново ти е како Едвард Нортон во Primal Fear :pos2:
А она оддесно, првпат слушам дека не се мислело на простор. Ако е така, каде бил Бог додека Исус бил на земјата? Да не го мешам и Светиот Дух во равенкава со три непознати, доволно е заплеткано и вака...

„Филозовски мисли, муабети тешки...“ - Ристо Бомбата
 
ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
Значи три различни лика каде никој не знае точно што мисли и намислува другиот ниту има она што има другиот.
Тие се тим како во акциони филмој каде имаш тројца батки па еднио е специјалист за експлозиви, другиот за борилечки вештини а третиот за оружје и заедно преставуваат еден тим.

:pos2::pos2::pos::pos::pos: let 3 уживам да ги читам твоите постови:zver:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Света Троица во Христијанството

Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.
Токму овие „доктори на учењето на Црквата“ го усвоиле Православното богословско учење за Пресвета Троица, и тоа најчесто како одговор на искривувањата кои се јавувале низ времето. Резимирано, богословието на Црквата од Исток укажува дека Бог е една суштина во три испостаси и една заедничка енергија на трите ипостаси. Суштината (ουσία) и енергијата (ενέργεια) ја сочинуваат Божествената природа (φΰσιζ). Секоја ипостас (ΰπόστασις) има севкупна суштина, каква што ја има и Божеството, и исто така ниту енергијата не се дели на енергија на Отецот, енергија на Синот и на Светиот Дух, туку е заедничка и единствена за сите ипостаси. Помеѓу Света Троица постои меѓуипостасно движење или перихореза (совршено исполнување). „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“).
Вистината за постоењето на Света Троица не е логична претпоставка која треба да се докаже по пат на логички силогизми. Бог, чија суштина е недостижна за човечкиот разум кој е ограничен, можеме да Го познаеме само онолку колку што Тој Самиот Себе ни Се открива. Токму затоа Православието е Откровение и дејство на Света Троица, изразено преку полнотата на битието, смисолот и целта на постоење.

Учењето за Света Троица

  1. Бог Е Еден во три Лица, една природа, една моќ, едно делување, една заедничка енергија во три ипостаси. Постои истоветност на природа, волја и делување, совршено и витинско во Бога. Трите ипостаси ја имаат истата природа, еднакво и совршено - и за тоа Троица не значи три божества (тритеизам), или три различни божествени природи, туку три лица (ипостаси) Божји. Истата природа ја поседуваат и употребуваат потполно и подеднакво сите Три Лица, но секое на Свој посебен начин.
  2. Бог, или единствената природа, не може да се замисли сама по себе, надвор од ипостасите на Троица. Ниту една од тие ипостаси не се замислува и не се именува без, или надвор од другите две. Свети Григориј Богослов вели дека „монадата“ се движи кон „дијада“ и запира на „тријада“, односно, по зборовите на Свети Григориј Синаит: „Треба со набожност да ги исповедаме нероденоста, роденоста и исходењето, трите лични својства, неподвижни и непроменливи на Лицата на Пресвета Троица: Отецот, како нероден и беспочетен; Синот, како роден и беспочетен; Светио Дух, како исходен од Отецот, испратен преку Синот (како што вели Дамаскин) и совечен.“ Во тоа движење на единството или монадите кон Троица, може да се направат следните разлики:
    • Отецот и извор на божеството (αρχη), нероден и со ништо непредизвикан, начело на сосуштественоста и непредизвикан почеток на делувањето.
    • Синот се раѓа од Отецот во вечноста, а преку Светиот Дух прима тело на човек и се јавува во светот. По Вознесувањето, своето присуство во светот го остварува во Светиот Дух
    • Светиот Дух исходи од Отецот, но во светот е даде, испратен, и се манифестира преку Синот.
  3. Преку единосуштноста се означува и единствената волја и единственото делување на Троица. Тоа не значи дека делува само Една од Ипостасите, туку Трите Ипостаси делуваат единствено, но секоја на Свој сопствен, личностен начин. Едната како Отец, другата како Син, а третата како Дух Божји. Светите отци користат различни формули за да го објаснат Троичното делување:
    • Свети Кирил Александриски вели дека секој дар доаѓа одозгора, од Отецот, преку Синот, во Духот Свет
    • Свети Григориј Чудотворец вели дека секое дело почнува од Отецот, проаѓа низ Синот, а се усовршува во Духот.
    • Свети Григориј Палама го превзема традиционалниот израз: од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух.
  4. Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет.
  5. Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“
  6. Троичниот догмат бил предмет на првите Вселенски собори, а светотроичната теологија е истенчено дефинирана во истиот период, преку придонесот на кападокиските отци, кои заклучиле дека:
    • Божеството (υοσια) е заедничка суштина на Троица
    • Природата или естетството (φυσις) е стварност која сочинува битие
    • Лицето или ипостаста (υποστασις) е субјектот кој ја поседува и личносно ја прима таа природа
    • Ипостасните идиоми (ιδιοματα) се карактеристики, или лични својства на ипостасите
  7. Тајната на Троица останува недостижна. Многумина се обиделе да дојдат до претстава со која би ги надминале таканаречените логички контрадикции содржани во тврдењето „Еден Бог во три Лица“ или да најдат логички докази за тоа тврдење. На пример, за блажен Августин, решението за потврда на Троица во Бога, не негирајќи го бројното единство, е во набљудување на трите Лица како односи внатре во божествениот живот. Тие Троични односи би одговарале на односите на еден со самиот себе, односно со: сеќавање, дознавање и љубење. Самиот човек кој како единство го познава својот живот, дух и природа, има претстава за идентичноста на суштината и разликата во троичните односи.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи три различни лика каде никој не знае точно што мисли и намислува другиот ниту има она што има другиот.
Тие се тим како во акциони филмој каде имаш тројца батки па еднио е специјалист за експлозиви, другиот за борилечки вештини а третиот за оружје и заедно преставуваат еден тим.
Подтемава сеуште се нарекува „прашања за христијанството„ а сеуште не е насловена како „монодијалог„.

Значи три различни лика каде никој не знае точно што мисли и намислува другиот ниту има она што има другиот.
Тие се тим како во акциони филмој каде имаш тројца батки па еднио е специјалист за експлозиви, другиот за борилечки вештини а третиот за оружје и заедно преставуваат еден тим.
Ова последново ти е како Едвард Нортон во Primal Fear :pos2:
А она оддесно, првпат слушам дека не се мислело на простор. Ако е така, каде бил Бог додека Исус бил на земјата? Да не го мешам и Светиот Дух во равенкава со три непознати, доволно е заплеткано и вака...

„Филозовски мисли, муабети тешки...“ - Ристо Бомбата
„...мене ми требаат да те шармирам...„-Ристо Бомбата. Ај да не продолжувам понатаму...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Да, Христос, во Откровението, ветува дека се одново ќе пресоздаде, а она кое Христос го ветува, тоа и го исполнува. А тоа што велиш дека звучи „источњачки„ и не знам како, тоа е само твој заклучок.
2. Луци сеуште не е во пеколот, оти сеуште не се случи страшниот Христов Суд. Луци е некаде, не знаеме точко каде лоциран, но знаеме од каде делува. Тековно, Луци и неговото братство, делуваат од центар во Хималаите, преку веќе познатите религии, кои ни доаѓаат од таа „географија„.
3. Ангелите ќе ја вршат волјата Божја во духовниот Свет, како и досега.
4. Ангелите, како и досега, ќе го прават она кое Бог ќе им го заповеда.
5. Адам и Ева нема да бидат одново создадени, туку, како и и сите упокоени, и тие ќе воскреснат на второто Христово доаѓање и Неговиот суд.
1. Основната разлика меѓу западните и источните религии е во конечноста наспроти итерациите (повторувањата). Христијанството, колку што јас сум информиран, е од оние првите. Све овде е подготовка за вечниот живот после (во пеколот или во рајот - некој ќе мора да го пие малку у чистилиште, али добро).
Така, јас првпат од тебе слушам дека по страшниот суд, господ ќе ја уништи земјата и повторно ќе ја создаде... ... Мене, ова ми личи на концептот на инкарнации и прераѓања и бесконечност на овој живот тука, што христијанството некако како да не го вика... незнам... што мислат другите мајстори?

2. Викаш, значи, дека сите зли момци и девојки во човештвово досега сеуште се никаде? Ниту во рајот, ниту во пеколот... хмммм... као да сум читал дека овој или оној више се пржат.... исто така, пацер сум, не знам, би сакал некој ова да го објасни ако има време. Ја стварно мислев дека пекол веќе постои и дека ѓаолот си живее таму, љут на господ дека го избркал....
аха... „делуваат од центар во Хималаите“ :):):) ...супер!

3. Отсекогаш ме интересирало што тоа имаат ангелите да „прават“ во рајот?!? ... мислам, нели е таму све идеално, конечно и неменливо - најбоље! ...ако е така, тогаш за што воопшто му служат на господ?!?!

4. исто ко 3.

5. Интересно... ќе воскреснат... и после? што ќе прават после? што ќе се случува таму? Све ќе биде ОК? Мислиш? .... и викаш дека сега се.... каде?

Инаку, пеколот е живо опишан... се сеќавам... како е така живо опишан ако уште не постои?

Многу прашања... се надевам дека некој мајстор ќе успее да ги одговори. Нема да забележам на стилот (логички или духовен - парафрази или цитати - сеедно...)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom