Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:
1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?
Доста е за почеток...
Најпрво мислам дека погрешно ти се поставени прашањата, бидејќи ова не се прашања до само до атеисти. Како божем да се атеистите некоја загрозена група, група од која треба да се плашат луѓето, некоја дистанцирана група или што знам каква уште не, па сега демек тие живеат во некој поинаков ментален свет од другите, кој патем речено не е тоа оној вистинскиот туку вистинскиот е сосема поинаков. Така да мислам дека си утнал овде малку повеќе. Од друга страна пак овие прашања се општи за сите, а најмалку пак сметам дека религијата може да најде одговор на овие прашања, таа може (и своевремено дала одговор на овие прашања, кои до одредена мера му разјасниле на човекот некои работи што му предизвикувале главоболка - денес тие одговори се излишни бидејќи со текот на времето тие си ја извршиле својата улога и влијание, какво такво нели. Според тоа постојат вистински прашања, а погершни одговори и обратно, погрешни прашања и вистински одговори.
е сеа... многу од прашањава ти содржат смисла за морал и етика во себе, а етиката и моралот сами по себе се нешта кои не се константи и се менувале и менуваат низ времето.
1. Како атеистите разликуваат добро од зло? - Е сеа да те прашам добро е да се убие човек? или пак Зло ли е да гледаш како некој го убиваат на 100 метри од тебе, а ти поради тоа што се плашиш да не те убијат и тебе, ништо не превземаш? Мислам дека ова е прашање поврзано со стравот кој со текот на времто предизвикал многу табуа ил изабрани по некои прашања, па така ако луѓето од нешто се плашат или пак им е забрането нешто,а истото претставено како нешто натприродно, неетички и неморално, тогаш за нив е тоа лошо. Другото се е природно. Е сеа денес тоа еволуирало, на пример, ако пред 4 -5000 години било забрането и се сметало дека ако сексуално се општело со други членови од некое друго племе, тогаш со тоа ќе се нанесело големо зло врз заедницата. Или на пример, ако не си знаел, морнарите не качувале долго време жени на бродовите, едноставно тоа било лош знак.
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно? - Види, и ова ти е ствар поврзана со претходното прашање. Но еве како дипломиран правник ќе ти одговорам вака. Денес во цел свет (или барем во најголем дел) е општо прифатена позитивистичката теорија на правото, што значи, пластично речено, 2+2=4 освен ако со друг закон не е поинаку определено (што значи дека може 2+2 да бидат 5!).
3. Како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност? - Нема вродена човекова религиозност, исто како што нема вродена човекова смисла за право, математика, физика исл исл.. Тоа се нешта што човекот ги открива, или барем што се однесува во поглед на религијата, им придодава натприродно објаснување, кое пак е исто така предизивкано од вроденото чувство на страв и несигурност по однос на појавите и процесите во природата што тој ги познава или не ги познава. Човекот не се раѓа со смисла дека грмотевицата е производ на Зевс - богот на грмотевицата. Или пак во најмала рака не се раѓа со помислата дека Исус е горе на небото и не гледа исл.. (не ти е добро парашањево)
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава? - Сосема природна потреба, да не беше таа љубопитност немаше да возиме автомобили, да патуваме до месечината, да гледаме ТВ, да штракаме ко мрднати на интернет исл исл. А што е за право и да ја имаме способноста да се уништиме во секунда.
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена? - Па сеа не му е баш „фабрички“ он сам си ја создал, и ко што гледам се труди сеуште да излезе од тој концепт, кој што сметам дека е застарен. Фабрички, вака како што си го формулирал, повеќе ми звучи како да дошол некој од страна и му го напикал со чип во глава. Не, тоа го создал човекот за да си објасни некој појави и процеси, а тој концепт, на религија е веќе надминат, и полека полека значењето му спласнува, и со право, бидејќи човекот полека станува свесен дека сам е кројач на својата судбина.
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории? Прво не сфаќам што е ова
безмерни категории, па така да на ова нема да ти одговорам, мора да бидеш малку по јасен и концизен. А ова бесмртност, епа многу едноставно, човекот е смртен, и негов најголем страв е смртноста и се што прави во текот на неговиот смртен живот е да остави нешто зад себе за да биде запамтен. И бај д веј, тоа не е способност на човековиот дух кон бесмртност, тоа е страв. Еве ќе ти објаснам, Човекот најпрво не бил свесен за смртноста, но природно еволуирал, т.е. свеста му еволуирала, почнал да ги разбира нештата околу себе па така ја забележал и појавата на смрт покрај себе, дали таа ќе настапела природно, од некоја болест, од некоја природна катастрофа, некоја дива ѕверка ќе го нападнела и сл исл. Е сеа од до сега сите собрани археолошки докази, утврдено и констатирено е дека човекот примарно сметал дека на мртвите тела им недостасува душа, дека таа некаде отишла, па на почетокот истите ги чувале во своите домови, со надеж дека душата ќе се врати. Но кога почнале телата да смрдеат, бидејќи се распаѓале, најпрво почнале да ги ставаат во посебна соба, но пак во куќата, за кога почнале да фаќаат зарази и болести од распаднатото тело е тогаш почнале да праат гробници, мавзолеи и сл и сл. И нормално сето тоа со одредена смисла, а тоа е дека позади смртта постојат некои скриени духовни и натприродни сили што влаеат и предизвикуваат човекот да умре (во кратки црти тоа ти е тоа, да не се расплинувам, имаш литература за ова побарај има еден куп). Е сеа единствено неѓшто од тоа чувство, што му останало на човекот е чувството на страв од смртта. Тој знае дека ќе умре, без разлика дали има или нема нешто после смртта (за што верувам во тоа дека минимум 50% од луѓето во светот веруваат дека нема) и затоа се стреми кон брсмртност. Еве денес со модерниве технологии имаш шо знам еликсири на младоста, помади, диети, сокови и што знам што. Така да и види тоа е добро (па кој ска да умре - али па и кој сака да живее вечно - малце ова е филозофско питање), затоа што погледни колкава била смртноста пред 100 години а колкава е сега!