Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
А ти како се декларираш?
Секоја декларација не става во ист кош со луѓе кои имаат толку различни погледи на светот колку и отисоци на прсти....секој од нас е индивидуален и уникатен....не постојат двајца верници што веруваат потполно идентично ниту двајца атеисти со потполно исто уверување....секој има (и треба да има) право слободно да верува или не верува во што сака, но не и да ги убедува останатите....доколку некој верува или не верува во Елвис тоа е негов проблем....
...секој вид дискусија околу тоа дали нешто постои или не е бесмислена ако не поседуваме инструмент или метода со која недвосмислено се потврдува или негира постоењето на одреден ентитет, физички процес, закон, Бог

....се надевам дека еден ден науката ке успее недвосмислено да одговори на прашањето околу кое атеистите и теистите кршат копја толку долго време....

....а единсвената декларација (етикета) која можам да ја прифатам е дека сум ЧОВЕК
 
С

сашенко

Гостин
Секоја декларација не става во ист кош со луѓе кои имаат толку различни погледи на светот колку и отисоци на прсти....секој од нас е индивидуален и уникатен....не постојат двајца верници што веруваат потполно идентично ниту двајца атеисти со потполно исто уверување....секој има (и треба да има) право слободно да верува или не верува во што сака, но не и да ги убедува останатите....доколку некој верува или не верува во Елвис тоа е негов проблем....
...секој вид дискусија околу тоа дали нешто постои или не е бесмислена ако не поседуваме инструмент или метода со која недвосмислено се потврдува или негира постоењето на одреден ентитет, физички процес, закон, Бог

....се надевам дека еден ден науката ке успее недвосмислено да одговори на прашањето околу кое атеистите и теистите кршат копја толку долго време....

....а единсвената декларација (етикета) која можам да ја прифатам е дека сум ЧОВЕК
За атеистите ОК, ама како тоа бе верниците да не веруваат во потполно исто? Јас како што знам треба да веруват зошто зборот божји е еден и неможе да ги менува кој како сака.Веруваш во тоа што е и тоа што се преставува тој бог, ако верувате во ист бог како може да имате различни видувања за него?Тука нешто не штима значи.Јас пак ке речам многу луѓе не ни знаат денес кој и што е исус и како го преставува библијата.Не ни знаат ништо за својот бог.Велат дека веруваат а незнаат многу за нивната религија.Незнаат во што веруваат и што се преставуваат.Незнаат што значи христијанин.За многу луѓе денес да веруваш во бог значи да веруваш во се она што е морално добро, а не она што го пишува библијата.Тие дали и ја читаат библијата.Тие веруваат дека таму го има она што тие сакаат да го има и што си мислат дека го има.Веруваат во виша сила ама не во Исус вистински.А кога сме кај моралното и јас верувам во сите тие морални вредности кои денес сите ги знаеме и ги почитуваме, ама не секој од нас верува и дека постои бог.Погоре пишав дека немора да постои бог за да бидам добар човек.Можам да бидам и подобар од христијаните дури, ништо не ми значи тоа дали постои бог или не.Ама ако веќе се нарекува некој христијанин како може да не веруваат во исто нешто двајца христијани? Па веруваш или не брат тоа е тоа, се знае што е и каква е христијанската религија.И ако си христијнин и ја почитуваш верата и твојот бог тогаш верувај во тоа што твојот бог го кажалм, не искривувај и менувај работи зошто твојот бог е мноогу лош кога некој му ги менува работите.He is the boss, and nobody messes with the boss...Видовте на адам и ева што има направи?Now, dont do it again...
 
С

сашенко

Гостин
Ете ти сега...оди разбери кој е кој...
И што сакаше авторот да каже со ова кој е кој? За мене бог не постои и сеедно ми е како ке се нарекувам и кој во која религија или група ке ме смета.Ама баш ми е сеедно да ти кажам право.Убаво пишав погоре и во претходниот пост, учен сум да ги почитувам тие вредности кои и христијаните и сите други нормални луѓе ги почитуваат.Ама бајките за тоа дека тој бог навистина постои се смешни.А ова погоре христијански атеизам нема никаква смисла.Или веруваш во тој бог или не, а јас мислам дека многу од оние кои не веруваат дека бог постои прифатиле доста од христијанските морални вредности барем некои, ни јас сите не сум ги прифатил не ни сакам.Јас избирам каков човек ке бидам, моите морални вредности ама баш не ме интересира со која од религииве на светов се слични бидејки јас не верувам дека постои некаков бог.И целава работа околу, атеизам, теизам и такви срања слични на ова што го пиша ти, ми се смешни и безвредни..
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Докажи дека каменот не е свесен! :toe:
Прашај го каменот дали сака да биде сатанист, и ако ти одговори, значи каменот е свесен, но ако не одговори, тогаш каменот е камен.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прашај го каменот дали сака да биде сатанист, и ако ти одговори, значи каменот е свесен, но ако не одговори, тогаш каменот е камен.
Има различни нивоа на свест, на пример човечкото ниво е самосвесно за своето постоење, додека свеста на останатите живи суштества не е.
И куче или мачка постави и прашање нема да ти одговори, но сепак е свесно суштество. Според панпсихизмот се е свест, постоењето и свеста се различни имиња за едно исто нешто.
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
smislata na zivotot
zosto postoime , nie svesni bitija, a zivotnite ne svesni , no sepak razbiraat nesto
koja e nasata cel
celta e da stvoram familija, da se ozenam / omazam, da gi izrasnam decata , da postignam nesto vo zivotot _uspeh , slava, prestiz
se cesti prasana pomegu site nas, no sto potoa

site nie imame nekakva zadaca ,misija i ne sme slucajno ovde kade sto sme, covekot se raga da postigne nesto vo zivotot , talent darba ima sto treba da ja razmnozi vo poveke, a ne da ja nasoci kon zlo , site nie cekorime po patot na zivotot i vremeto i cekame da pomine vremeto , da zavrsi se ova i da go postigneme ona zasto sne sozdadeni ,bozjiot raj , pominaa vekovi godini, izumrea mnogu luge mladi stari site tie go zavrsia svojot zivoten pat, i prasane e sto potoa,toa e celta na zivoto se ragas zar samo da umres, NE za da zivees potoa
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
vaka, jas sakam da gi vidam povtorno onie moi dragi licnosti od koi smrtta me razdeli, sekoj koj izgubil draga osoba/i vo smisla da umrela saka pak da ja vidi duri jas sakam da gi vidam i moite domasni milenici koi mi umrea (papagalcinja, macinja...) sakam stvarno, i vo taa smisla bi sakal da ima vecen zivot za da gi vidam oti nekogas e tesko koga ke se setime na vremeto pominato zaedno, no dokazi za toa nema i drugo toa kazuva deka verata vo vecen zivot sto pretpostavuva postoenje na Bog e religiozno cuvstvo vnatresna sostojba na potreba za komunikacija potreba za smisla, a dogmata i ritualite se besmislica prifatliva9 i sozdadeni se) samo kako nacin na socijalizacija...zatoa i ezoterijata na site religii ne obraka mnogu vnimanie na obredite tuku na vnatresnoto cuvstvo (religijata e popularna metafizika-Sopenhauer) no nema dokaz za toa toa e stvar na vera no edna rabota sakam da naglasam ako postoi vecen zivot vo nego ke poveruvame ako ni bide daden neposredno na ist nacin kako sto i sega ne znaeme kako i zosto ima nesto na mesto nisto!
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...
Најпрво мислам дека погрешно ти се поставени прашањата, бидејќи ова не се прашања до само до атеисти. Како божем да се атеистите некоја загрозена група, група од која треба да се плашат луѓето, некоја дистанцирана група или што знам каква уште не, па сега демек тие живеат во некој поинаков ментален свет од другите, кој патем речено не е тоа оној вистинскиот туку вистинскиот е сосема поинаков. Така да мислам дека си утнал овде малку повеќе. Од друга страна пак овие прашања се општи за сите, а најмалку пак сметам дека религијата може да најде одговор на овие прашања, таа може (и своевремено дала одговор на овие прашања, кои до одредена мера му разјасниле на човекот некои работи што му предизвикувале главоболка - денес тие одговори се излишни бидејќи со текот на времето тие си ја извршиле својата улога и влијание, какво такво нели. Според тоа постојат вистински прашања, а погершни одговори и обратно, погрешни прашања и вистински одговори.

е сеа... многу од прашањава ти содржат смисла за морал и етика во себе, а етиката и моралот сами по себе се нешта кои не се константи и се менувале и менуваат низ времето.
1. Како атеистите разликуваат добро од зло? - Е сеа да те прашам добро е да се убие човек? или пак Зло ли е да гледаш како некој го убиваат на 100 метри од тебе, а ти поради тоа што се плашиш да не те убијат и тебе, ништо не превземаш? Мислам дека ова е прашање поврзано со стравот кој со текот на времто предизвикал многу табуа ил изабрани по некои прашања, па така ако луѓето од нешто се плашат или пак им е забрането нешто,а истото претставено како нешто натприродно, неетички и неморално, тогаш за нив е тоа лошо. Другото се е природно. Е сеа денес тоа еволуирало, на пример, ако пред 4 -5000 години било забрането и се сметало дека ако сексуално се општело со други членови од некое друго племе, тогаш со тоа ќе се нанесело големо зло врз заедницата. Или на пример, ако не си знаел, морнарите не качувале долго време жени на бродовите, едноставно тоа било лош знак.

2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно? - Види, и ова ти е ствар поврзана со претходното прашање. Но еве како дипломиран правник ќе ти одговорам вака. Денес во цел свет (или барем во најголем дел) е општо прифатена позитивистичката теорија на правото, што значи, пластично речено, 2+2=4 освен ако со друг закон не е поинаку определено (што значи дека може 2+2 да бидат 5!).

3. Како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност? - Нема вродена човекова религиозност, исто како што нема вродена човекова смисла за право, математика, физика исл исл.. Тоа се нешта што човекот ги открива, или барем што се однесува во поглед на религијата, им придодава натприродно објаснување, кое пак е исто така предизивкано од вроденото чувство на страв и несигурност по однос на појавите и процесите во природата што тој ги познава или не ги познава. Човекот не се раѓа со смисла дека грмотевицата е производ на Зевс - богот на грмотевицата. Или пак во најмала рака не се раѓа со помислата дека Исус е горе на небото и не гледа исл.. (не ти е добро парашањево)

4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава? - Сосема природна потреба, да не беше таа љубопитност немаше да возиме автомобили, да патуваме до месечината, да гледаме ТВ, да штракаме ко мрднати на интернет исл исл. А што е за право и да ја имаме способноста да се уништиме во секунда.

5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена? - Па сеа не му е баш „фабрички“ он сам си ја создал, и ко што гледам се труди сеуште да излезе од тој концепт, кој што сметам дека е застарен. Фабрички, вака како што си го формулирал, повеќе ми звучи како да дошол некој од страна и му го напикал со чип во глава. Не, тоа го создал човекот за да си објасни некој појави и процеси, а тој концепт, на религија е веќе надминат, и полека полека значењето му спласнува, и со право, бидејќи човекот полека станува свесен дека сам е кројач на својата судбина.

6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории? Прво не сфаќам што е ова безмерни категории, па така да на ова нема да ти одговорам, мора да бидеш малку по јасен и концизен. А ова бесмртност, епа многу едноставно, човекот е смртен, и негов најголем страв е смртноста и се што прави во текот на неговиот смртен живот е да остави нешто зад себе за да биде запамтен. И бај д веј, тоа не е способност на човековиот дух кон бесмртност, тоа е страв. Еве ќе ти објаснам, Човекот најпрво не бил свесен за смртноста, но природно еволуирал, т.е. свеста му еволуирала, почнал да ги разбира нештата околу себе па така ја забележал и појавата на смрт покрај себе, дали таа ќе настапела природно, од некоја болест, од некоја природна катастрофа, некоја дива ѕверка ќе го нападнела и сл исл. Е сеа од до сега сите собрани археолошки докази, утврдено и констатирено е дека човекот примарно сметал дека на мртвите тела им недостасува душа, дека таа некаде отишла, па на почетокот истите ги чувале во своите домови, со надеж дека душата ќе се врати. Но кога почнале телата да смрдеат, бидејќи се распаѓале, најпрво почнале да ги ставаат во посебна соба, но пак во куќата, за кога почнале да фаќаат зарази и болести од распаднатото тело е тогаш почнале да праат гробници, мавзолеи и сл и сл. И нормално сето тоа со одредена смисла, а тоа е дека позади смртта постојат некои скриени духовни и натприродни сили што влаеат и предизвикуваат човекот да умре (во кратки црти тоа ти е тоа, да не се расплинувам, имаш литература за ова побарај има еден куп). Е сеа единствено неѓшто од тоа чувство, што му останало на човекот е чувството на страв од смртта. Тој знае дека ќе умре, без разлика дали има или нема нешто после смртта (за што верувам во тоа дека минимум 50% од луѓето во светот веруваат дека нема) и затоа се стреми кон брсмртност. Еве денес со модерниве технологии имаш шо знам еликсири на младоста, помади, диети, сокови и што знам што. Така да и види тоа е добро (па кој ска да умре - али па и кој сака да живее вечно - малце ова е филозофско питање), затоа што погледни колкава била смртноста пред 100 години а колкава е сега!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Најпрво мислам дека погрешно ти се поставени прашањата,
Немој бе...А од Твоиве одговори, нешто не сум фрапиран...Одговорите Ти се типична световност, рационалност, испразност, или како велиме во Црквата, „...мудрување по својото ум...„.
Ништо ново и ништо вредно за внимание не напиша, иако поставените прашања се суштински за човековото битие и нема здраворазумен кој на самиот себе не си ги поставил тие прашања порано или подоцна во својот живот, а Ти „набадаш„ во стилот „...се зависи...„“, или „..тогаш и таму било така ама сега и овде е вака...„.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...
1 и 2 - рационалност, како што сите нормални (неоштетени) човечки битиа треба да разликуваат, а не преку сеење страв од измислени ентитети.
3. Нема вродена човечка религиозност, се е подоцна дознаено/наметнато
4. Сам си одговори во прашањето, ЉУБОПИТНОСТ, човечка особина е, кај некој повеќе кај некој помалце застапена.
5. Погледни одговор број 3.
6. Страв од смрт, желба за повеќе и одредена доза на его.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Овие, џоа, одговори, кои ги наведуваш, пишани Ти се во стилот „а ла DBack„.., што би значело „...не пости ова, не постои она...„, и со таа негација, „нештото„ автоматски не постои.
Добро де, Вие атеистите, да не препишувате еден од дргуг? (ха-ха-ха!).

И конечно, како можете да избегате или да го запоставите „она„ кое е вродено, природно и неразделно до Вашето битие? Ќе го „однегирате„, ќе дадете некој безумен, рационален и измислен одговор?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Овие, џоа, одговори, кои ги наведуваш, пишани Ти се во стилот „а ла DBack„.., што би значело „...не пости ова, не постои она...„, и со таа негација, „нештото„ автоматски не постои.
Добро де, Вие атеистите, да не препишувате еден од дргуг? (ха-ха-ха!).

И конечно, како можете да избегате или да го запоставите „она„ кое е вродено, природно и неразделно до Вашето битие? Ќе го „однегирате„, ќе дадете некој безумен, рационален и измислен одговор?
Чекај сега, вродено е викаш а од друга страна си постојат атеисти...
Или рогатиот си поиграл со вроденото чуство им го делетирал и ги наведува на грев без можност за покајание !?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom