Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Арно ама Библијата вели да не се уназадува човештвото. Знаеш ли дека таму во книгите на Соломон пишува дека човекот треба постојано да го проучува светот во кој што живееме, да испитуваме да проучуваме итн. Самата Библија, самиот Господ ни вели постојано да трагаме по нови знаења.
Во ред е тоа и така треба да биди. Но за жал историјата не го покажува тоа. Ниту па нашиве просветлени овде на форумот, Чорбаџи и Мики...

Но боби... мора да се согласиш дека навистина нема доказ дека Бог ја создал Земјава. :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Има неколку толкувања на напишаното во Генезис. Не е се така едноставно како што некои мислат.

Не! Толкуваат тие што од куп безсмислици сакаат да извадат некоја логика! Кое толкување кога убаво си пишува: "На почетокот бог ги создаде небото и земјата!" Како ќе го толкуваш, кога убави ти пишува НА ПОЧЕТОКОТ!, а науката докажала дека земјата не е создадена на почетокот, туку 10 милијарди години после почетокот! Потоа исто така јасно пишува дека одкако ја создал земјата, ги создал растенијата,....па дури потоа сонцето!
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Нема. Како што нема математички доказ дека и јас постојам.
Ти немора математички да се докажуваш(и тоа е можно), може физички да се докаже твоето постоење.
Додека тој твојот бог неможеш ни математички ни физички да го докажеш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Дали? Еве, законот уште си важи, а научниците имаат прифатено многу работи кои не им се докажани.
Јас не сум физичар, хемичар или било каков научник, јас сум психолог, па затоа и не можам да се објаснувам во детали за некои физички, хемиски итн закони. Но ајде размисли вака - атомите на секој молекул имаат некаква дејност и некаква функција во секој молекул, иако се дел од нежива материја. Пример, природно соединение е H20, значи водородот и кислородот без ничија помош се соединуваат и прават вода. Земјата се движи околу Сонцето па не е жива, исто како Месечината околу Земјата па ниту таа не е жива. Значи неживи материи предизвикуваат активност својствена за живи материи. Живее нашата планета - се создаде, постои, ќе ја снема. Па не е создадена од живот, ниту од живи материи. Дури ниту религијата не дава релевантен податок за изјавата која ти ја кажуваш, бидејќи како што знаеме нели сите, Адам настана од кал (нежива материја) а Ева од неговото ребро, исто како што Исус настана без сперматозоид. Значи, Дарвин не е во право зошто животот настанал од ,,мртва,, материја, па ни религиите не се во право зошто првиот човек настанал исто така од нежива материја.

И второ, не познавам закони кои се прогласени за закони ако не се научно потврдени и докажани. Те молам наброј некој.

--- надополнето ---

Така де така. Ама ете еден куп научници ни викаат ете така настана светот, со биг бенгот. Никој не вели можно е вака да настанал, него ни го сервираат како точно. Така да научниците "веруваат" во биг бенгот. Кога сме веќе овде, како не можете да видите дека самата теза за биг бенгот е доказ повеќе за постоењето на Бог?
Па види, Фројд ставал акцент на сексуалната енергија, Пијаже на социјалното воспитување, Павлов на физиологијата на нервниот систем и сето тоа како основа на психичкиот живот, но ниту една теза не е прифатена КАКО ЗАКОН затоа што нема доволно научни сознанија кој бил 100% во право, дали бил во право итн. Сите тие нуделе факти и свои размислувања, но нешто ќе стане закон кога со 1 експеримент по 1000 пати итн ќе добиеш ист резултат. Се до тогаш е хипотеза, и ние не знаеме дали секој мотив ни е сексуален, дали поише влијание има семејството или пак конструкцијата на нервниот систем. Сите тие имаат улога, но што е основата, нема доказ. И кој како сака ќе си го сфаќа тоа додека не се добие проверлив експеримент, што и јас да го напраам ќе добијам ист резултат.

Затоа, бинг бенгот, црни дупки, живот на други планети, уште колку ќе трае сонцето, дали сме ние антички македонци или окупатори на грци, итн итн итн додека не се докаже научно ќе биде хипотеза, и како таква некој ќе ја прифаќа некој не, но нема да биде научен закон. Прво направи разграничување, предходно те прашав дали знаеш што е хипотеза.

--- надополнето ---

Ти ја следиш ли дискусијата од почеток? Целиот овој муабет беше заради тоа што gade рече дека Господовото постоење не е докажано, значи Господ не постои. Епа и биг бенгот не е докажан, значи и тоа е лага. Така?
Не знаеме дали е лага, и никој не верува дека постои. Научниците не веруваат, брате, туку имаат идеа зошто нешто можело да биде, и проверуваат дали тоа можело така да биде. Додека не биде, муабетот се сведува на можеби, а не абе прочитав едно списание напишано пред 2000 години и таму пишува вака беше, па сигурно е така...
Верниците, не проверуваат и не докажуваат. Тие веруваат, како слепци исто.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
па ни религиите не се во право зошто првиот човек настанал исто така од нежива материја.
Првиот човек не „настанал„ „онака„ сам од себе, туку првиот човек е створен од материја, нежива материја, која станува жива откако добила здив, т.е. дух животен во себе. Тоа не е настан кон се случил „спонтано„, туку личен чин Божји, за создавање словесно битие.

--- надополнето ---

Верниците, не проверуваат и не докажуваат. Тие веруваат, како слепци исто.

Погрешно: верните и тоа како проверуваат и можат да ја докажат својата вера и ја докажуват преку личниот духовен опит. Ајде сега Ти докажи ми/ни нешто во кое си убеден.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Првиот човек не „настанал„ „онака„ сам од себе, туку првиот човек е створен од материја, нежива материја, која станува жива откако добила здив, т.е. дух животен во себе. Тоа не е настан кон се случил „спонтано„, туку личен чин Божји, за создавање словесно битие.

--- надополнето ---

Погрешно: верните и тоа како проверуваат и можат да ја докажат својата вера и ја докажуват преку личниот духовен опит. Ајде сега Ти докажи ми/ни нешто во кое си убеден.
Pa kaj si be Miki, na site ni nedostigase?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А бе шо збориш, веќе сум поласкан...:icon_redf

Троа се одморав, и мене ми тебит одмор...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Атеизам

Атеизмот како продукт на човековата филозофска мисла се појавува во поново време. Почетоците на атеизмот може да се видат и во поодамнешно време, но тоа се повеќе филозофски расправии за тоа дали богот или боговите во коио веруваат се вистински или не. Во поново време се појавува еден феномен, а тоа е неверување дека постои бог. Овој феномен добил и посебно име и се нарекува: Атеизам.
Со отварање на оваа тема се отвара едно поле да се демистифицира атеизмот. Да се демистифицира филозофијата на атеизмот. Каква филозофија има атеизмот? Кои се неговите погледи во сферата на моралот? Како го разбираат моралот? Дали имаат морални поставки до кои треба да се придржуваат или не? Зошто атеистите, во основа не веруваат во бог? Кој е нивниот недостаток за тоа?
Мислам дека со отварање на една ваква тема, ќе се збогати филозофското размислување и атеистите ќе имаат навистина свое катче каде ќе си разменуваат искуства, идеи, ставови, каде ќе дискутираат без да бидат „тортурирани“ од верниците. Но се разбира дека во оваа дискусија може да се вклучат и верници, кои ќе опонираат на погрешните ставови на атеистите.
Како за почеток ќе побарам некој од атеистите да го изнесе следново:
Прво:
Кој е филозфскиот став на атеистите во поглед на светот и случувањата во светот?
И воторото:
Кој е филозофскиот став на атеистите за вредностите на животот?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Зар ова не се филозофира у секоја втора тема у Религија?
Не, не се филозофора, туку атеистие се уфрлуваат во сите теми и дискутираат се тоа па тоа без разлика која е темата. Може да провериш. А сега има СПЕЦИЈАЛНА ТЕМА на која тие, нивната филозофоја, нивниот поглед, нивниот став, ќе бидат дискутирани.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не, не се филозофора, туку атеистие се уфрлуваат во сите теми и дискутираат се тоа па тоа без разлика која е темата. Може да провериш. А сега има СПЕЦИЈАЛНА ТЕМА на која тие, нивната филозофоја, нивниот поглед, нивниот став, ќе бидат дискутирани.
Ако идеме по дефиниција, вие сте оние кои не философирате, бидејки философирањето е рационално истражување и согледување на прашања за постоењето.
Ако не сфати шо зборам: Keyword (рационално)
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Атеизмот како продукт на човековата филозофска мисла се појавува во поново време.
Само ова да кажам и не пишувам појќе на темава.
Атеизмот постои од пред нашата ера, значи постар е од христијанството. YOU HAVE FAILED! Оди читај малку.
 
ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Атеизмот не е ништо ново, пример е неортодоксната хинду филозофија (онаа која не ги прифаќа ведите како авторитет) Cārvāka и Будизмот се едни од нив.
Атеизмот значи без бог, што бараш повеќе од зборот?
Има илјадници богови, на кој треба да му се поклонам?
Зошто мислиш дека сите атеисти имаат ист став за моралот, случувања во светот и се друго што ќе ти текне, како да се сите еден ентитет.
Еве еден извадок од Антихрист на Ниче за христијанството:
„Кај христијанството, ниту моралот ниту религијата немаат допирна точка со стварноста. Тоа нуди чисто имагинарни причини(“Бог“,“духови“,“јас“,“дух“,“слободна волја“ - па дури и “неслободна“), и чисто имагинарни последици(“грев“,“спасение“,“милост“,“казна“,“простување на гревовите“). Општење меѓу имагинарни суштества(“Бог“,“духови“,“души“); имагинарна природонаука(антропоцентрична; целосно отфрлање на поимот за природни причини); имагинарна психологија(недоразбирање со самиот себеси, погрешно толкување на прифатливи или неприфатливи општи чувства - на пример, на состојбите на nervus simphaticus* со помош на знаковен јазик на религиозно-морални бесмислици - “покајание“, “гризење на совеста“, “вечен живот“). - Овој чисто фиктивен свет, во голема мера на негова штета се разликува од светот на соништата, по тоа што овој последниов барем ја одразува стварноста, додека првиот ја фалсификува, ја обезвреднува и ја порекнува. Кога еднаш поимот на “природата“ ќе се спротивстави на поимот на “Бога“, светот на “природата“ неизбежно го презема значењето “ужасно“ - целиот тој свет на фикции својот корен го има во омразата кон природното(стварноста!), и е само израз на длабока нелагода од живеење во реалноста. Но, тоа објаснува се!. Кој е тој што би имал причина да живее надвор од реалноста? Оној кој страда од неа. Но, да се страда од стварноста значи дека тоа мора да е прикрпена стварност...
Надвладувањето на незадоволство над задоволство е причина на овој фиктивен морал и религија: но тоа преовладување, исто така, е формула за декаденцијата...„

*Симпатичкиот нервен систем е еден од трите дела автономни нервни системи, заедно со ентеричниот и парасимпатичкиот систем. Неговата општа улога е да ги мобилизира телесните резурси под стрес, односно да индуцира борба-или-бегство реакција.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Атеисмот како филозофско размислување, најпросто речено има функционалност само во животинскиот свет. Живеењето само за живеење, без постаување на суштественото прашање: зошто се живее, доведува до размислување дали атеизмот има капацитет да филозофски одговори на ова основно прашање. Од каде доаѓа човекот, на каде оди? Ако се отфрли Бог од животот, во центарот на својит живот се поставува сопственото Јас. Јас постанува центар, оска околу која се треба да се движи. Она што не ротира треба да се уништи. По карактерот на акциите на дел од атеиситите овие поставки се повеќе се потврдуваат во праксата. Атеисите го губат смислолот наживотот. Не знаат ЗОШТО ЖИВЕАТ. Сличноста на филозофијата која ја практикуват со начинот на живеење на животинскиот свет се повеќе се приближува. Дали тоа значи дека атеистите се поистоветуват со животинскиот свет.
Многу проблематично е што немаат храброст да за овие прашања разговарат отворено. Во нивната потсвест постои СТРАВ, донекаде и оправдан, па за да го надминат овој страв веднаш реагираат на најглупиот можен начин: ги напаѓаат теистите верниците. Што верниците им светаат? И затоа да не им се открие исконскиот страв од Бога кој е длабоко вкоренат во нивната потсвест, кога на виделина ќе излезе вистината за нивната филозофија бегаат како страшливци и со ниту еден аргумент не сакат да ја бранат својата атеистичка филозофија. Веднаш како мршојадци ги напаѓаат верниците, нивната вера и нивниот став кон животот. Барем верниците имаат своја филозофија на животот, свој став и своја вера.
Но која е филозофијата на животот на атеистите. Што подразбират по живот? Кои се нивните морални вредности? Дали го почитуват животот, или пак не?
Не очекувам некој да одговори, да одговори рационално и разумно.
Постовите кои ќе следат од атеистие ќе го потврдат ова тврдење.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Атеизмот не е филозофско размислување туку е програма, исто како и теизмот.
 
Ти сам си го напиша одговорот кој сакаш да го добиеш, така да...if that's how you roll, then be it.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom