Све је исто само њега нема...Нема да ме познаеш жими све, моите ставови за религијата и животот воопшто немам некоја посебна желба да ги истакнувам јавно.Си го живеам животот нормално како нормален човек од овој 21 век, си читам си дознавам работи кои ме интересираат, си дискутирам на одредени теми како на форум така и надвор...со еден збор нормален човек.Тоа што бог не верувам дека постои не ме прави различен од другите во никоја смисла.Јас верувам дека се она што е напишано во библијата и сите тие верски книги е од народот и за народот.Е сега има некои смешни работи тоа се сите оние кои сведочат за постоњето на бог, и уште триста бајки слични.Ама оние морални вредности кои денес нормален човек ги има ги поседувам и јас.Оние 10 божји заповеди не ми имаат никакво значење посебно но сепак се блиски до тоа што ме учеле како мал и го прифаќам како една убаво учење и од старо време и за мене тоа е доказ за свеста на луѓето уште пред неколку илијади години, среќен сум што и тогаш живееле луѓе како мене кои размислувале и пишувале за светот да научи што треба да се цени а што не.Ама не само од оваа религија туку и од многу други имам читкано по нешто и што е интересно останало во глава.Има многу интересни работи кои можат да се најдат по книгите за религија, може да се научат многу интересни работи, а човек како мене кој се интересира за историја и стари работи му се интересни нормално.И имам читано можеби не многу ама сепак доволно.Дознавам за луѓето кои живееле во тоа време и нивните вредности и се гледам себе си до кај сум стигнал и правам една слика од тоа време па времето во кое живеам јас и интересно ми е да размислувам на таа тема, а и убав муабет можеш да си направиш со човек кого го интересираат такви работи.Ги почитувам многу и христијаните и муслиманите и сите религиозни луѓе.Ги почитувам нивните обичаи, ги почитувам црквите и џамиите тоа се големо културно наследство на сите нас.Ама околу постоењето на бог нема да се согласам со нив, имам друг став за тоа, лично не верувам дека постои таков бог каков што го замислуваат верниците.Смешно ми е тоа што имам читано за тие богови а луѓето кои ги гледам изгледаат како воопшто да не веруваат во тоа што тврдат дека веруваат.Несакам да бидам дел од таа смешна група луѓе, лично не верувам и тешко ми е да глумам ама опкружен сум со верници така да моите ставови ги чувам за себе или одредена група луѓе кога ке бидам расположен за дискусија си имаме убав муабет.Инаку ме знаат само како некој кого не го интересираат многу такви работи (религиозни)...Не сваќам зошто некој не гледа како посебни луѓе или сатанисти некои, луѓе кои го мразат бог или пак му се лутат-имаше и таква тема.Ние се нормални луѓе посветени на своите животи, живееме се бориме, се радуваме, пееме, пиеме, работиме, учиме, читани и образовани луѓе (не сите), но од тие што ги знам со вакви ставови обично се луѓе кои не чекаат од никого ништо туку луѓе кои веруваат во себе и не се молат на виша сила за помош туку си ги засукале ракавите и сработиле нешто сами во животот.Помагам, хуманитарен сум, почитувам и постари и помлади, многу толерантна личност сум и можеби живеам и по чесен и праведен живот од некои христијани и верници.Ама мојот став е дека бог не постои, но тоа не е пречка да бидам чесен и праведен и толерантен и хуманитарен....Тоа сум јас, не ми треба некој бог семоќен да ми заповеда да бидам нешто по негова желба.
Мислам дека отприлика Јоан ова сакаше да го слушне т.е прочита а ако нешто пропуштив бате кажи слободно тука сме...Ај нека ни е аирлија темава, и само убави муабети да читаме...