Мики видиш сеа морам да се ставам у одбрана на атеизмот, бидејќи сметам дека не си во право.
Беше дадена наназад дефиниција за атеизам –‘”недостаток на верба во точноста на описите за Бог во светите книги”. Ова не лебди, туку е тука.
Беше заклучено од двете страни дека нема мешање на наука, и дека тројката еволуција, абиогенеза, биг бенг не е опфатена во дефиницијата.
Согласно горната дефиниција дојдовме до момент дека секој што се наоѓа себе си во горната дефиниција се нарекува атеист.
Зборуваш како да постои некаков си институционализиран атеизам, налик денешната религија, кој има за цел да повлече што повеќе души при себе.
Веројатно целиш на образовниот систем и туркањето на теоријата на еволуција, како најплаузибилна во овој момент.
Но, историјата не учи, дека имало еден куп погрешни теории и тврдења во даден момент, кои подоцна биле променети и заменети со поподобни. Тоа и самиот го велиш.
Во моментов на сила е токму ТЕ. Како ќе биде понатаму, здравје. Ќе видиме. Сите знаат за дупките во ТЕ, но и за дупките во толкуваната вистина на Црквата.
Ти реков вчера – полека Фон Деникен и ти ќе го прифатиш
Мислам дека Црквата го има загубено приматот многу поодамна, и не се должи на Дарвин, туку многу повеќе на својата стереотипност и неприлагодување на својата вистина на потребите на 21 век.
Ќе се сложам дека атеизмот е само негирање на одредена понудена вистина, но не и прифаќање на “алтернативната”.
Не постои вистински богоборец. Тоа е според мене измислен поим од страна на Црквата да се справи полесно со своите неистомисленици.
Постои само скептик во нејзините вистини. Никој не се бори против Бог, туку има само скептицизам кон одредени црковни вистини.
прв и втор болд: науката се развива, еволуира, надоградува, ........... така да некои минати работи е нормално да се надминуваат со новите откритија. но проблемот останува кога за некоја работа се тврди дека е “така“, а воедно постојат докази за спротивното. е такви се сите религии. можеби некои се помалку тврди од другите, али сите до една се до толку тврди за да НЕ ги прифатат доказите. ................. да се запраша човек зошто е тоа така? или не е потребно и сите го знаеме одговорот дека ќе ја изгубат контролата на стадото
трет болд: постојат од сите категории, кланови, секти, .... како сакаш наречи ги. едни се рамнодушни, други се тврдоглави, трети се борат, ........ така да за ова морам да ти идам контра
Доналт,
по која ти сега твоја логика сакаш да докажеш дека религиозните требе да размислуваат на исти начин а атеистите можат секој да си размислува посебно?
За едно исто прашање тројца атеисти дадоа различен одговор, тоа да се десеше на тројца верници од иста религија, шагалите одма ќе нарипаа.
Наравоучение, атеистите можат да си прават нивни теории околу нивното поимање на нештата, додека религиозните цврсто требе да се држат до напишани догми пред 2 000г и немаат право да ги тумачат индивидуално.
Пример ти е да го завртат другиот образ, сите атеисти и оториноларинголисти, се фатиле како ќорави за стап,дека нема никој право тоа да гу тумачи на одреден начин,требе да се сфати буквално, а кога се зборува за прави што ти е воља...еееее тогаш тоа требе да се тумачи и да се разбере. Абе ајде ти се молам.
Сто стапа по чужди грб не болат, ама ако удариш по нив ги боли.
Најглупо ми е кога атеистите се фаќаат за тоа што се десило пред 1 000г и сега Мики сиромашкиот го ставаат во ситуација да ги оправда грешките на тогашната црква.Ама Мики си е крив, такви не требе да ги шмиргла многу многу, и да ги игнорира, како што атеистите игнорираат прашања од моја страна.
Чекај, уште ги држам под шах позиција, матот е блиску.
И на крај мило ми е што религиозните христијани сватија дека не требе да играат само катeнаџо, дека нападот е најдобра одбрана.
црвен болд: апсолутно ДА. и тоа не затоа што јас така мислам, него затоа што верата го бара тоа од нив. да немаат свој став, свои размислувања, него по автоматизам го превземаат таквите догми од кннижулето и викаат дека се нивни размислувања. се поистоветуваат со животните (нели има разлика меѓу нив и нас), а тоа е декадентно. сам да си ја уништуваш моќта за расудивање и размислување.
за другото .................... па може и 1000 да прашаш и може да добиеш 1000 различни одговори. тоа самото по себе доволно говори дека нема догми, нема строго определени правила, дека секоја опција е во игра. и не гледам ништо лошо во тоа, напротив, гледам позитивно, корисно да се научи нешто ново, согледаат работите од некој нов агол, ....... а дали ќе го прифатам тоа или не е сосема друга работа
Те разбирам перфекто, го знам јас тоа, само мора да употребувам термини кои ќе ги разберат и атеистите, инаку ако им кажам дека во Библијата е најголемата еволуција на човекот,не само до денес него и за во иднина ќе нарипаат како шагали. И така сум и интересен со термини кои не ги разбираат, нели пак со нешто што мислат дека е на нивна страна (еволуцијата)
може да го објасниш болдот, ............ зошто мислиш така?
не сум ироничен, така да би сакал да видам што е тоа што те довело до тој заклучок
- Јас сметам дека сум во право, оти не пишувам измислици и лични вкусови, туку сум бааги конкретен.
- Ако некој (поединец) има „недостаток на верба„, тоа значи дека истиот пати од егоцентризам и смета дека Вселената постои од неговото раѓање.
- Какво е тоа „не мешање на науката„?
- Секој атеист се наоѓа себе си само во своето поимање на атеизмот.
- Да, постои институционален атеизам, во облик од долгорочна Богоборечка стратегија, тактика и оператива, која се форсира од “сивата емниненција„.
- Образовниот систем е еден од начните за масовно замајување на широките народни маси и столови.
- Историјата ја пишуваат „сумљиви„ фаци, во кои не морам да имам доверба. Замената на една вистина со уште повистината вистина, е пракса во науките.
- ТЕ не е на никава сила, али у право си; пошто Светов плива во лага, уште една лага, попут ТЕ, арно му доаѓа на излажаниов Свет: лагата на лага „иде,.
- Остај го Деникен.
- Црквата никогаш не ни сакала да има примат и дејства надвор од оние, кои сам Бог и ‘ ги додели на Црквата. Црквата не е должна да се поведува по „духот од Светов„, и кон сите „новини„.
- Атеизмот е она кое веќе го посочив, а не бесконечно негирање на негирање на негирањето.
- Да, постојат вистински Богoборци, сакале тоа да го признаат (признаеш) или не, сеедно ми е.
- Скептикот може да си биде скептик цел живот и да умре како скептик, а по смртта, неговиот скептицизам ќе му се врати по гла‘та. Ако некој не ги разбира и прифаќа црковните вистини, поарно нека си ја признае таа своја неспособност, а не истата да ја покрива со разно-разни „изми„.
ако тргнам со ред да ги објаснувам точките, ќе ми помине ноќта само за тебе, а искрено ..... сакам да те варам и со други. али овие две мие се важни па да ги спомнам.
прв болд: па јас и претходно велам дека прикаската за исус е напишана од победници. така да не сум ни јас обврзан да имам доверба во нив, нели?
а вториот болд: ај те молам објасни ми го црвеното, како тоа ќе ми се врати по главата?
Ако кажеш од старт дека си сатанист, колку души ќе заведеш? Малку, така? Недоволно! Тие сакаат цел свет да го заведат. Затоа кога човек стапува во тие окултистички редови во почеток све е фино, филозофии, муабети, тралала, за да сето тоа постепено се менува со неговиот напредок во редот (зависи од редот ис тепенот) со што на крај ќе се заврши со епиклеза на сатаната и служење нему.
П.С. Мило ми е што увиде дека грешиш со ставот за непостоење на отворена борба против Бога!
истото како и со сите религии, нема никаква разлика
- „Конкретен„ значи дека не лупам лични ставови, туку наведувам точни теми и споредби..
- Не е егоцентризам: гордост немерена е...
- Тогаш, ш‘о ќе ни е науката? Ќе ја обесиме на дрво да виси, а ќе мудруваме по својот ум?
- Значи, атеистите се меѓусебно согласни во користењето на поимот “атеизам„, а тој поим го разбираат на ним оригинален и неповторлив начин...
![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)
-
Образовниот систем е замајување и ќе остане таков, се‘ додека твори дебили кои веруваат во лаги, а алтернатива на образовниот систем е реформиран образовен систем, кој ќе образува а не кој дебилизира.
- црковната вистина е зададена, не е створена, па затоа не и‘ треба менување и прилагодување.
- „Сите атеисти„ е широк поим, но ги опфаќа на секој можен начин, безалтернативно.
- ...
- Црквата секогаш и била „мало стадо„ а не „големо крдо„.
- атеизмот воопшто не извојува(л) победа, туку е насилно и безалтернативно наметнат преку образовниот систем и медиумите и на прв поглед се чини дека е победник. Слава на Бога, тука е Црквата, како трајна алтернатива и чувар на вистината.
- учењето црковно ќе Ти стане поразбирливо, кога ќе почнеш да го живееш а не да го учиш „на памет„.
- ...
болдот: дали ова на суптилен начин сакаш да не навредиш? или пак дали сфаќаш дека си и ти дел од таа изјава? да не бил образовниот систем, немало да можеш да работиш,, нити пак да ја разбереш проблеметиката на тоа што и да го работиш. немој така мики1, по твоја глава се маваш.
Еве јас ќе ти дадам одговор, мада го имам ова кажувано.
Патиштата до целта се различни а таа цел е секогаш религиозна.Со текот на годините се пронајдени нови патишта кои исто ја постигнале целта, секагаш имај на ум дека целта е од религиозен карактер.
Има некои кои не веруваат дека целта постои и не се ни трудат да го најдат патот, и таквите јас ги нарекувам прави атеисти, свака част на истите, имаат други материјалистички цели и не ги занима друго.
Имаш други, фалшни атеисти, кои се Будисти и ги користат методите на истите, ама не се свесни дека го одат патот на Буда до целта. Таквите ги жалам, затоа што и по кој било пат да одиш, требе да ја знаеш целта.
Е сега имаш кои ќе залутаат по патот и ќе се најдат во ќорсокак, мегутоа тие самите не го знаат тоа, и најтешко е на нив да им докажеш дека се во ќорсокак, дека нема излес.Таквите ствараат секти и обично ја користат темната страна за да дојдат до целта, ако воопшто може да се каже дека имаат некаква цел. На таквите не им преостанува ништо друго, него да ги негираат правите патишта, кои веќе стигнале на целта. Не бираат сретства и начин како ќе ги негираат правите патишта, и обично се кријат зад рувото на филозофијата, бидејки ако признаат дека се религиозни, ќе им се смејат сите.На крајот, голем дел од овие секти завршуваат со трагедии, бидејки немаат друг излес од ќорсокакот.
морам пак да те цитирам, али ова црвеново од кај испадна?
![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)
болдот, 90% сме такви. Q не ни чуе дали има цел. тоа се прашања за адолесценти, тинејџери, деца кои лутаат. и јас бев таков на 16 год. леле, зошто живееме, па што ако ова, или она, .... па чек да прочитам една, па и друга па и 1232234 книга, можда ќе ми даде одговор. али на крај, со Q во раце, па си викаш, кој ги ебе, ќе живеам додека живеам и ќе пробам да уживам најмногу што можам.
а ЕГОто е веќе одговорено, или потребен ти е одговор од секого поединечно?