Еве јас ќе ти дадам одговор, мада го имам ова кажувано.
Патиштата до целта се различни а таа цел е секогаш религиозна.Со текот на годините се пронајдени нови патишта кои исто ја постигнале целта, секагаш имај на ум дека целта е од религиозен карактер.
Има некои кои не веруваат дека целта постои и не се ни трудат да го најдат патот, и таквите јас ги нарекувам прави атеисти, свака част на истите, имаат други материјалистички цели и не ги занима друго.
Имаш други, фалшни атеисти, кои се Будисти и ги користат методите на истите, ама не се свесни дека го одат патот на Буда до целта. Таквите ги жалам, затоа што и по кој било пат да одиш, требе да ја знаеш целта.
Е сега имаш кои ќе залутаат по патот и ќе се најдат во ќорсокак, мегутоа тие самите не го знаат тоа, и најтешко е на нив да им докажеш дека се во ќорсокак, дека нема излес.Таквите ствараат секти и обично ја користат темната страна за да дојдат до целта, ако воопшто може да се каже дека имаат некаква цел. На таквите не им преостанува ништо друго, него да ги негираат правите патишта, кои веќе стигнале на целта. Не бираат сретства и начин како ќе ги негираат правите патишта, и обично се кријат зад рувото на филозофијата, бидејки ако признаат дека се религиозни, ќе им се смејат сите.На крајот, голем дел од овие секти завршуваат со трагедии, бидејки немаат друг излес од ќорсокакот.