Прага, Чешка

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Прекрасни замоци видов што си помислив дека џабе ни е Скопjе 2014, такво нешто каj нас никогаш нема да има...
My thoughts exactly. Жими се, ова истово го помислив. Прага има историја која оставила белег. Градбите се граделе со векови. Ние тука се наџичкавме за две-три години.

Иначе, бев на апсолвентска екскурзија пред месец-два, и меѓу местата кои ги посетивме беа Париз, Барселона, Прага, Виена, Ница, Кан, Монако/Монте Карло, Рим, Верона, Венеција, Фиренца, и сигурно уште имаше, сега не ми текнува. И пред да тргнам, фала Богу, при сите овие градови мислев дека Прага ќе биде најнеубава. Ама кога отидовме да шетаме, мајко мила, убавини, прекраснотии, се воодушевив. Препрепреубаво беше. Значи од горенаведените градови, Прага ми е во топ 3. Јас стварно немам зборови за градот.
И памтам дека чоколадо Сникерс мало беше 20 денари :) Машките си купија кошули за 10 евра. Мислам дека во глобала беше евтино.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
My thoughts exactly. Жими се, ова истово го помислив. Прага има историја која оставила белег. Градбите се граделе со векови. Ние тука се наџичкавме за две-три години.

Иначе, бев на апсолвентска екскурзија пред месец-два, и меѓу местата кои ги посетивме беа Париз, Барселона, Прага, Виена, Ница, Кан, Монако/Монте Карло, Рим, Верона, Венеција, Фиренца, и сигурно уште имаше, сега не ми текнува. И пред да тргнам, фала Богу, при сите овие градови мислев дека Прага ќе биде најнеубава. Ама кога отидовме да шетаме, мајко мила, убавини, прекраснотии, се воодушевив. Препрепреубаво беше. Значи од горенаведените градови, Прага ми е во топ 3. Јас стварно немам зборови за градот.
И памтам дека чоколадо Сникерс мало беше 20 денари :) Машките си купија кошули за 10 евра. Мислам дека во глобала беше евтино.
Милина е Прага...другарка ми оди денес со семејството таму (има роднини) па малку сум и љубоморен ама нема везе :) Цел град е со убави градби а тука само центарот на Скопје ќе го нашминкаат малку и толку, Топана и Маџир Маало ќе останат да сведочат за Турското ропство во Македонија :)
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Од вие што сте биле веќе во Прага: дали може човек лесно да се снајде со превозот од аеродром до хотел? И дали воопшто без водич би можел да се снајде низ градот,само со помош на мапа на пр.?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
На екскурзија ќе одам тука (заедно со Виена и Будимпешта) за месец дена.. Гледам ептен ја фалите, па едвај чекам да ја видам.. :)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.127
Поени од реакции
8.074
дури сега ја најдов темата..
значи според мене Прага е најубајот град во светот и како шо реле тој шо ја отвори темата таму имаш некое чудно неопишливо чуство
инаку во самиот центар на Прага близу главниот плоштад се најдовме со Прилепчанец кој има отворено продавница за сувенири и во која има вработено црнец кој дури го имаше научено македонски да зборва :D мн интересно стварно
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Само ќе се надоврзам со најголем дел од коментарите - Прага и за мене е, во најмала рака меѓу топ 3, а веројатно и најубавиот град што го имам посетено.

Инаку некој праша за снаоѓање - па во принцип секогаш сакам пешадија да удрам кога шетам за најдобро да го почуствувам градот па така и со Прага - мапа и пешадија од железничката и без проблем се снајдов. Освен тоа туристичкиот дел е одлично означен со знаци па не е никаков проблем снаоѓање.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Прага најмногу ми се допадна од сите градови (Будимпешта, Братислава и Виена) кои ги посетивме на екскурзија во 3та година средно. Не дека сум љубител на трговски центри ама случајно влеговме во најновиот што беше отворен-Паладиум. Ептен ми се допадна како беше накитен со цветчиња во знакот на пролетта. Таму и за прв пат пиев Старбакс кафе. :X3:
Во Прага, со мала друпа на мои соученици, се одделивме од групата и после забележавме дека сме се изгубиле. Но воопшто не беше страшно затоа што така подобро го прошетавме и го видовме градот со неговата извонредна архитектура.
Единствено криво ми беше што не се качив на Карловиот мост да ги видам склуптурите во готик (или пак во некој друг стил што се направени).Само од далеку го видовме.
Но се надевам дека ќе имам можност пак да ја видам златната Прага.
 
B

BooBojan

Гостин
Фантастично место!А ако во еден ден таму си со помалце од 10пива тогаш ништо не си видел.Закон е за пиво!
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Најубавиот град што сум го видел ... треба за скоро време пак да одам ... can't w8 :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

ALEXANDAR
Lublaňská 59
120 00 Praha 2

Tel: (+420) 222 517 789
Fax: (+420) 222 7169222
Mobil: (+420) 736 409 316

Called after Alexander the Great, this Macedonian restaurant near metro I.P. Pavlova is a good suggestion.
Good food at reasonable prices, a nice yard, and very good service.
Not stylish, but cosy.

http://www.allpraha.com/d/31858/Alexandar_Veliki/

:cool:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Планирам да ја посетам Прага, па да прашам: кои месеци се најдобри за посета: април, мај или јуни? Март не го сметам, уште ми е ладно :)

Иако најдов доста поволни места за ноќевање, не е на одмет да ми дадете и веб страна на македонскиот хотел. „Александар“ колку што видов е ресторан.

Мене не ме занима ноќен живот, туку што не смеам да пропуштам да видам во Прага. И што да не заборавам да понесам.

:pipi:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Еден од најубавите европски градови е Прага, ако не и најубав воопшто. Заедно со Париз ми се во топ 2 града, со таа разлика што Прага е далеку помалце згужвана од туристи, имигранти и многу почиста од Париз. Плус и помал град е, полесно се стасува од едно до друго место, не се расштркани знаменитостите, па да треба цел ден да акаш од еден до друг крај на градот.
 
П

Пепси_

Гостин
Ме интересира дали некој бил во Прага но за дочек на Нова година и дали е wow или.....:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom