Прага, Чешка

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Златниот крад, според многумина еден од најубавите, светски градови, град во кој што се чувствувате пoсебно.
Од минатото Прага претставувала дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО.
Денес градот брои околу 1.2 милиони жители и претставува еден од најголемите не само културни туку општо центар на регионот во кој се наоѓа.
Една од најубавите и најатрактивни градби е Карловиот Мост на реката Влтава, којшто е изграден во 1357год.
Од другите импозантни места е и Венцелсас плоштадот на којшто се случуваат големи градски прослави, музички концерти и настани. Тука се наоѓа и националниот музеј на Прага.
За споредба со другите европски метрополи стапката на невработеност во Прага е само 3,4.

Корисни информации:
Во сите делови на градот сте сигурни, тоа е она што претставува голема предност во однос на некои други поголеми градови.
Цените во ресторани и кафиќи се релативно високи и она што можете да го најдете на секој "чекор" се пивниците и местата каде што се служи пиво, кои се редовно полни. Пивото е со пониска цена со оглед на големата понуда.
Во однос на транспортот, најдобро и најбрзо функционира метрото кое е пред се средено и има голема покриеност на градот.
Такси возилата се скапи и се сметаат за луксуз.
Ноќниот живот во Прага е добар и има места кои можат да ве воодушеват.

Неколку фотки од позначајните места

Плоштадот Венцеслас




Опера


Мостовите на Влтава


Карлов мост


Ноќна слика на Карлов мост


Подземна железница





Дали некој ја посетил Прага, и кои се вашите впечатоци?
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
222
Не ја заборавај катедралата Св. Вита - импозантно готско здание, еден од ретките примери на зрелата готика во светот.


Неверојатно е како функционира градот. За изгледот, не можам ни да почнам да зборам, ќе треба реферати да напишам. Поготово за стариот дел, духот на историските градби измешан со традиционална музика и незаборавна храна во малите ресторанчиња.

И... македонски келнер! :) Не пречека као да му сме внуци, ни подраскажа неколку интересни факти за ресторанчето во кое работеше, и не понуди со микс од светло и темно пиво. Лепота.

И Бекеровката...


Какви само чудни црни дупки ствара овај мелем, нешто невидено...
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.487
Поени од реакции
29.849
Прага, главниот град на Чешка изобилува со возбудлива историја, фасцинантни глетки, забави како и гостопримливост на неговите граѓани. Најпрепознатливиот дел од овој град е секако неговиот волшебен и главен плоштад лоциран помеѓу плоштадот Венкеслас и мостот Чарлс.

Со првите чекори на Плоштадот на Стариот Град во Прага, ќе почувствувате како да се враќате назад во времето за околу 600 - 700 години. Со старата архитектура и прекрасните цркви, тој е еден од најубавите историски глетки во Европа. Уште во раниот 12-ти век, никнал како централен пазар во Прага. Во наредните неколку векови, многу згради од романскиот, барокниот и готскиот стил се изградиле околу пазарот, секоја од нив носејќи своја приказна, богати трговци и интрига. Овој плоштад се спомнува во многу значајни настани во историјата на овој град.

Најинтересните локации на Плоштадот на Стариот Град се Црквата на Нашата Господарка, Салата на Стариот Град со Астрономскиот Часовник и Црквата Св. Никола. Во центарот на Плоштадот се наоѓа статуата на реформаторот Јан Хус, изградена во 1915 година, со цел да означи 500 години од неговата смрт.

Денес, Салата на Стариот Град во Прага претставува само мал дел од големиот комплекс на згради, кои датираат од 13-от до средината на 20-от век. Таа е изградена во 1338-та година и е видлив симбол на автономијата на градот, откако кралот Џон од Луксембург им одобрил на граѓаните од Прага да имаат свој локален градски совет.
Луѓето од Стариот Град ја купиле куќата Волфин на самиот агол на плоштадот, за да претставува темел на Халата, а потоа други делови биле купени и додадени. Во средината на 14-от век, била додадена кула висока 70 метри. Подоцна, на кулата бил поставен астролошки часовник, како и статуа на Богородица во 1380-та година, која се наоѓа на самиот аголот на плоштадот.
Во 15-от век Градската Сала била проширена и реконструирана во готски стил. Јужната страна на Салата завршува со ренесансната куќа “Во моментот”, која била изградена во 1610-та година, а нејзината фасада била декорирана со орнаментални графити. Фамилијата на Франц Кафка живеела на вториот спрат на оваа зграда од 1889-та до 1896-та година.
Во 19-от век било додадено источно крило со неоготски стил, за да биде уништено на крајот од втората светска војна. Кулата на Стариот Град во Прага е отворена за јавноста преку цела недела, а на неа посетителите до врвот се искачуваат со лифт, од каде можат да доживеат прекрасна глетка над целиот град.
Зашеметувачката црква Св. Никола, која се наоѓа на Плоштадот на Стариот Град била дизајнирана од Килиан Игназ и комплетирана во 1735-та година. Таа ја заменила поранешната општинска црква, која била изградена дури во 1273-та година.

Св. Никола е барокна црква, декорирана со скулптури од Антоин Браун. Таа е волшебна градба и е главен објект за концертите на класична мизука во Прага.

Дивајн
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
599
И Бекеровката...


Какви само чудни црни дупки ствара овај мелем, нешто невидено...[/quote]


Леле Бекеровкава многу била убава бе ..имам уште 2 шишиња дома мајка ми кога беше во Прага донесе 3 Бекеровки...ја малце ја имам пробано али многу е убаво чудово
 

Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
669
Поени од реакции
51
Убав приказ, јас обожавам Прага, и се е точно освен:


...како и гостопримливост на неговите граѓани.
Опште познато е дека многумина Пражани мразат странци и туристи :helou:

(нису агресивни и лоши само их боли к...)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Прага пред 1992. беше непознат град за светот. Тогаш немаше туристи, градот беше затворен, темен и без душа. Тие што во тој период биле таму и се сеќаваат на тие времиња можат да го потврдат ова.
Потоа откако Чешка започна со брзина на светлината да се трансформира во модерна посткомунистичка земја влезе капитал, претежно западноевропски и транзиција која ги промени нештата.
Животот започна да станува поубав но и туристичките атракции веднаш започнаа да првилекуваат посетители. Денес може да се каже дека Прага е преплавена не само од туристи туку и од странци кои живеат и работат таму пред се поради фактот што некои професии во Чешка се бараат се помасовно и животниот стандард станува се повисок.

А тоа дека Чесите ги мразеле туристите и странците на некој начин е со право со оглед на тоа што конкретно Прага е претворена во кинески кварт за жал многу илегалци се доселија таму што е случај и со многу други големи градови во Европа. И токму поради овие причини повеќе ќе им одговараат Срби, Македонци итн..., да работат отколку кинези.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.284
Поени од реакции
9.554
A taste of freedom. Од Вацлавске Намести и музејот преку Целетна и Кафе-Кафе, Намести Републику, Карлов мост, еврејското маало, кралската палата, па се до ударот на викендашките ноќи во Миш Маш, Радост, Инфинити, Луцерна, Дуплекс, Злати Стром. Убави спомени.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
579
Во претходните постови прочитав некои работи за Прага и видов некои слики па решив и јас да презентирам слики од мојата колекција и да кажам некој добар збор за Прага!
Точно е дека луѓето во Прага не ги сакаат туристите и тоа само од една причина, бидејќи ги кочат во сообраќајот кој и така е отежнат заради многуте туристи и чекањето на пешачките премини, проблеми со паркинг просторот и скапите паркинзи...
Пивото по ресторантите и не е многу скапо, цената е од 30 па до 40 коруни, може да се случи да се залеташ некаде па да го платиш и по цена од 185 коруни а тоа во наши пари иде 7.5€ :), ама слатко ли ќе ви биде пивото по таа цена, жал ќе ви е дури да мочате :pos::pos:
Едно од најомилените места во Прага ми е Вацлавске Намешти и далеку познатата Вацлавска Клобаса која чини 50 коруни и без која не можев да живеам!
Одма покрај Вацлавске Намешти е и познатото шеталиште на На Прекупи кај што е сместен и Словенскиот Дом, собиралиште на сите од бившите Ју републики.
Нагоре од Вацлавске Намешти е Музејот, еве и некоја слика од него:







Еден поглед од Музејот према Вацлавске Намешти:



Прпдолжуваме понатаму со слики, за овие објекти имате објаснувања погоре па нема потреба пак да повторувам?





Ако некој се праша што чека овој народ тоа е појавувањето на 12 апостоли на секој час а за оние со подлабок џеб е организирано и посета на кулата.







Овде е и незаборавното возење во кочија или олдтајмери низ Прага:









И секако неколку слики од карловиот Мост:



На горната слика ќе приметите дека сите го милуваат кучето ама и жената по газот, од милување дури светат а зошто баш нив сеуште не знам?:toe:











Да не го заборавиме и легендарниот Карло Четврти по кој е и крстен овој прекрасен мост кој веќе една година а можеби и повеќе се реставрира за да си го поврати својот сјај и слава...



Не пропуштајте го и крстосувањето по реката Влтава:



Оставам простор и на другите да напишат и презентираат нешто за овој убав град полн со скитници и џепчии...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.923
Поени од реакции
28.585
Живеев во Прага 6 месеци и можам да кажам дека градот е рај за очи.
Најспецифичен дел е Вацлавске Намешти, а посебно за Нова Година беше нешто феноменално.

За друго немам зборови, сликите кажуваат се`. Ако најдам некои мои, ќе пишам пак.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.481
Поени од реакции
7.771
Убав град е Прага, не многу голем како Париз, Лондон, Берлин.. Пиколомини кога го палел Скопје рекол : Мај гад, па ова е Прага на Балканот, али јебига пали :pos2:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.622
Поени од реакции
38.502
Живеев во Прага 6 месеци и можам да кажам дека градот е рај за очи.
Најспецифичен дел е Вацлавске Намешти, а посебно за Нова Година беше нешто феноменално.

За друго немам зборови, сликите кажуваат се`. Ако најдам некои мои, ќе пишам пак.
Ај пиши ноќен живот,забави,ресторани....тој ефект ме интересира:)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.923
Поени од реакции
28.585
Ај пиши ноќен живот,забави,ресторани....тој ефект ме интересира:)
Па искрено неможам баш многу да ти кажам за ноќниот живот, прибидејќи бев копиљ, но од тоа што можев да вкусам, земајќи во предвид дека доаѓам од градот со најдобар ноќен живот во Македонија, ми се допадна. :))) Мислам, на нив екстазите и алтернативната медицина им го прави проводот, а јас како тогаш мало конзервативно човече, буљав само. Има убави клубови, за секаков стил и вкус, носат фацки, дј-и, певаљки, све значи. Ресторани имаш секакви истотака, за класични, модерни вечери, имаш со поглед на замоци, имаш ресторани на бродови, кинески ресторанчиња (морам да кажам доста застапени) етц етц..

Организиран јавен транспорт, морам да кажам, секоја точка поврзана и лесно можеш да се снајдеш..
Идеално гратче е. И граѓаните се доста фини, иако ги бие глас дека не ги сакаат туристите. Можеби не, ама не го покажуват тоа. :smir:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.069
Барав нешто на нет за Прага - и што да видам- хахаха - статија :“ Криминална Прага„ а главните актери -криминалците -МАКЕДОНЦИ
Во полупразен вагон од метрото - патувале и петмина руски израелци со скапи бунди и часовници- влегува банда од 30 македонци , ги заобиколуваат овие петмината -тепаат се пред себе не повеќе од минута- ги ограбуваат и бегаат кон ескалаторот-
и приказната за тнр„македонци “ си продолжува- НО, зар до таму стасавме- само за криминал да не пишуваат и распознаваат?
Ужас- незнае човек дал да се смее или .... едноставно- македонска работа

дел од статијата -В метро самаја стремнаја линија желтаја . Особенно от станции «Смиховске надражи» до «Мустка». Тут и сејчас иногда орудует банда македонцев.
Видел. В полупустом вагоне метро ехали человек пјать русских израильтјан. Дорогие шубы, дорогие часы…
В вагон врываетсја банда человек 30 македонцев, обступает их и начинает нагло шарить по карманам этој пјатерке. Один мужик побелел как стена, женштины в крик и драку, двое остальных мужиков, видать не хромого десјатка, начинајут бить всех подрјад. Молотјат не разбираја… Все занјало не более минуты.
Остановка,македонцы с матами вываливајут на платформу и валјат к эскалатору.
Не верју, что менты этого не знајут, не верју, что не имејут с этого долју.
Надејусь, их всех посадили далеко и надолго.



http://foto-report.net/archives/1542.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.625
Поени од реакции
5.711
Си ги оставив очите во Прага минатата година! Совршен град, само народот ја расипува сликата по мaлку. Непријатни се и едни од најголемите џепчии во Европа, посебно тие во менувачниците. Во центарот, во различни менувачници различни вредности на круната... И што приметив, а што ми беше чудно, ретко да видов некој човек во новиот дел од градот. Цели згради беа како напуштени, празен паркинг... како евакуација да имало...

Интересни се малите дуќанчиња во близина на плоштадот бидејќи повеќето ги држат македонци, бугари и срби.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Во Прага има многу цигани... крадат ненормално!!!
Ама градот е прекрасен.
 
На врв Bottom