Правосуден испит

Член од
28 декември 2012
Мислења
12
Поени од реакции
7
Zdravo pravnici... :) I ja go spremam pravosudniot :place:. Ucev od zakoni a sega pocnav da citam od Priracnikot za pravosuden ispit od 2004. Mnogu poarno mi ide so priracnik, zasto se e sodzvakano i razraboteno, taka da onoj koj uchi na pamet poarno od zakonite da chita, a onoj shto ne znae da buba podobro od Priracnikot, spored mene... E sega losha rabota e shto e star i ima mnogu izmeni, a dobrata rabota e sto noviot Priracnik izleguva vo Januari 2013...:cuc: Inaku priracnikot e pisuvan spored prasanjata od Programata, shto znaci prasanjata ni se odgovoreni od vrvni pravnici kako Kiril Chavdar-on go ima pisuvano gradjanskoto, Vera Koco penzioniran sudija na Vrhoven Sud go ima pisuvano Trudovo, Renata Deskovska go ima pishuvano Ustavniot del, Upravniot del-Ivana Shumanovska... Inaku celiot Priracnik bi trebalo da ima okolu 800strani, shto realno ne e mnogu za cel pravosuden. Ja go naracav vo pretprodazba i edvaj cekam da go dobijam i da mu se zapnam, pa so Gospod napred da go polagam vo April...
--- надополнето: 29 декември 2012 во 01:35 ---
што мислите колку време е потребно за да се спреми правосудниот?

Ja kolku shto se informirav od tie shto gi znam i shto polozile, treba da si dades zrtva- edno 2.5-3 meseci zdravo ucenje, da mu se posvetis samo nemu i ke si bidne.
E sega, ja ne sum dobar primer zashto ja eve se vleckam od septemvri navamu i ushte go nemam cel pominato... To ti e najgolema zamka, koga uchis 2 nedeli, pa posle 7 dena ne uchis i ti treba ushte 7 da se vratish u forma i ooooppp mesecot ti pominal...:facepalm: e taka i godina ke ti pomine i nema da go imash spremeno.... Ti nemoj samo ko mene da bidesh...;)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.608
Поени од реакции
13.314
Моментално сум 3та година на правен во Битола, системот на студирање ни е 4+1, што значи за да полагам правосуден испит треба да ги завршам 4те години студирање, таа +1 година и една година да стажирам, така?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
http://www.akademik.mk/predlog-zakon-za-pravosudniot-ispit-po-skratena-postapka
Најверојатно ќе се промени начинот на полагање на испитот...
Веќе е во процедура предлогот(второ читање,и е предиведно донесување по скратена постапка) поднесен од група пратеници од Вмро(Ѓорчев,Илија Димовски,Александар Николовски,Силвана Бонева)....штом овие го предлгаат нема кај да бега донесувањето на законот....:D
Ако го донесат ќе почни да се применува од октомвриска сесија....
Еве за шо се работи....

ПРЕДЛОГ НА
ЗАКОН ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ
I. Општи одредби
Член 1
Со овој закон се уредуваат условите и начинот на спроведување на постапката
за полагање на правосудниот испит (во натамошниот текст: испит) на дипломирани
правници на правен факултет (во натамошниот текст: дипломирани правници).
Член 2
Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на
дипломираните правници за самостојна примена на прописите во практиката и
вршење на правни работи за кои со закон или друг пропис е предвиден тој услов.
Член 3
Право на полагање на испит стекнуваат дипломираните правници кои работеле
на правни работи во суд, Jавното обвинителство, Државниот правобранител,
Народниот правобранител, други државни органи, органи на единиците на локалната
самоуправа, адвокатура, нотаријат, извршители, трговски друштва и други правни
лица и здруженија на граѓани.
Член 4
(1) Судовите, Јавното обвинителство, Државниот правобранител и Народниот
правобранител можат да примаат на практика дипломирани правници кои се на
работа во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа,
трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани, по предвидената
проверка на практичните знаења, ако практиката им е потребна за стручно
оспособување и за стекнување услови за полагање испит.
(2) Судовите, Јавното обвинителство, Државниот правобранител и Народниот
правобранител со акт ги уредуваат критериумите за прием на дипломираните
правници на практика кои не се на работа кај органите од ставот (1) на овој член, ако
практиката им е потребна за стручно оспособување и за стекнување услови за
полагање испит.
II. Услови и начин на спроведување на испитот
Член 5
(1) Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници со
завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 со работа од
најмалку две години на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен
правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител.
(2) Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници со
завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 со работа од
најмалку три години на правни работи во други државни органи, органи на единиците
на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на
граѓани.
(3) Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници кои студирале
според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-
трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку една година на правни работи во суд,
јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар
и извршител.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 11:28 ---
6
други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски
друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.
(5) Времето поминато на практика заради стручно оспособување во суд,
јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат,
нотар и извршител, во согласност со законот, во однос на условите за полагање на
испитот се смета како време поминато на работа во тие органи.
Член 6
(1) Испитот се состои од два дела и тоа:
- прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на
кандидатите и
- втор дел (студија на случај), со кој се проверува способноста за примена на
законите во практиката.
(2) Испитот од став 1 на овој член се полага писмено по електронски пат, со
одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на
компјутер.
(3) Првиот дел од испитот се полага по предметите:
1) кривично право (кривично материјално и процесно право);
2) граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право);
3) трговско право;
4) трудово право и
5) уставно уредување на Република Македонија, организација на судството и
управно право, право на Европската унија, Европската конвенција за заштита на
човековите права и основни слободи и Европскиот суд за човекови права.
(4) Вториот дел на испитот се состои од:
- опис на индивидуален случај од областа на предметот од став 3 точка 1 на
овој член (прва студија на случај) и став 3 точка 2 на овој член (втора студија), и
- прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на
случајот.
Член 7
(1) Испитот се полага според програма во која се содржани градивото,
прописите и правната литература.
(2) Правната литература од ставот 1 на овој член, задолжително првенствено
се состои од стручна литература што е во употреба на највисоко рангираните 100
високообразовни установи од областа на правните науки во светот, рангирани на
последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при
Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет.
(3) Програмата за полагање на испитот по предметите од членот 6 на овој закон
ја донесува министерот за правда.
Член 8
(1) Едукаторите во Академијата за судии и јавни обвинители определени од
Управниот одбор на Академијата, ги изготвуваат базите на прашања за првиот и
базите на студии на случај за вториот дел на испитот од членот 20 на овој закон.
(2) Прашањата од првиот дел од испитот и прашањата и студиите на случај од
вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од:
- Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија,
-Јавниот обвинител на Република Македонија,
-Претседателот на Апелациониот суд Скопје,
-Претседателот на Апелациониот суд Битола,
-Претседателот на Апелациониот суд Штип и
-Претседателот на Апелациониот суд Гостивар.
7
(3) Комисијата од ставот 2 на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите
на прашања и базите на студии на случај од член 20 на овој закон најмалку еднаш
годишно.
(4) При ревизијата Комисијата особено ги има во предвид промените на
правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на
кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други
критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на базите од член
20 на овој закон.
(5) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и
базите на студии на случај, Комисијата одлучува прашањата и студиите на случај да
бидат изменети или целосно отстанети од базите од член 20 на овој закон.
(6) Едукаторите и членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и
(2) на овој член имаат право на паричен надомест што го определелува министерот
за правда.
(7) Износот на паричниот надомест од ставот 6 на овој член се определува врз
основа на бројот на изготвени прашања и студии на случај, како и сложеноста на
материјата.
(8) Годишниот износ на паричниот надомест од ставот 6 не го надминува
нивото на една и половина месечна плата на судија во апелационен суд.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 11:33 ---
Член 9
Стручните и административните работи за потребите на спроведување на
правосудниот испит ги врши Министерството за правда, а испитот технички го
спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од
Министерството за правда.
Член 10
Испитот се полага во февруарска, априлска, јунска, октомвриска и
декемвриска испитна сесија.
Член 11
(1) Барањето за полагање на испит кандидатот го поднесува до
Министерството за правда.
(2) Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе
докази за исполнување на условите за полагање на испитот, пропишани со овој закон.
Член 12
(1) Министерот за правда или од него овластено лице, со решение утврдува
дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот.
(2) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот,
може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на
решението.
Член 13
(1) На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испитот, му
се определува времето и местото за полагање на испитот, а кандидатот се известува
најдоцна во рок од осум дена пред полагање на испитот.
(2) На кандидатот мора да му се овозможи да започне да го полага испитот во
првата наредна сесија од денот на одобреното барање за полагање на испитот.
(3) Kандидатот е должен да го пријави учеството на испитна сесија од 1 до 15
ден од месецот кој претходи на месецот во кој се одржува испитна сесија (јануари,
март, мај, септември и ноември).
8
Член 14
(1) Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за
полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема,
интернет врска и опрема за снимање на полагањето.
(2) Јавноста се информира за датумот и времето на полагањето на испитот
најмалку три дена пред одржувањето на испитот
(3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на
Министерството за правда, а ако поради технички причини снимањето се прекине,
сминката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за
правда.
(4) Критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и
информатичката опрема на просториите за полагање на правосуден испит ги
пропишува Министерот за правда.
(5) Во просторијата за полагање на испитот, за време на полагање на испитот
се присутни овластени претставници од Министерството за правда, едукаторите од
член 8 став 1 на овој закон, претставник кој го определува Владата на Република
Македонија и информатичар кој на предлог на Министерството за информатичко
општетсво и администрација го определува Владата на Република Македонија.
(6) Глоба во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противредност ќе се
изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 9
од овој закон доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на
Минситерството за правда и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб
страницата на Министерството за правда согласно ставот 3 од овој член.
Член 15
(1) Пред почетокот на полагањето на правосудниот испит, претставникот од
Министерството за правда го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична
карта.
(2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се
дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон,
преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно
подготвени предмети и слично.
(3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот, му се
дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кој во
електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот.
(4) На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот
не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со
информатичарот од членот 14 став 3 од овој закон, во случај доколку има технички
проблем со компјутерот.
(5) Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за пет минути
испитот продолжува, а дококу не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој
кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на
прекинувањето на испитот.
(6) Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и тие не бидат отстранети во
рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и
ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.
(7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот
постапува спротивно од ставовите 2, 3 и 4 на овој член, нема да му се дозволи
натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија.
(8) Во случаите од ставот 7 на овој член, се смета дека кандидатот не го
положил правосудниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на
правосудниот испит.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 11:34 ---
9
(9) Глоба во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противредност ќе се
изрече на овластената институција која го спроведува испитот од членот 9 од овој
закон, доколку не го прекине испитот согласно ставовите 5 и 6 од овој член.
Член 16
(1) Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради
кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест,
породилно отсуство, школување во странство и слично), ќе се прекине испитот за
определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци.
(2) Решение за продолжување на испитот донесува Министерот за правда по
молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на
причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци.
(3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот
определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил.
(4) Против решението на Министерот за правда од ставот (2) на овој член
кандидатот може да се поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена
од денот на приемот на решението.
(5) Во продолжувањето на испитот, кандидатот не го полага оној дел од испитот
што претходно веќе го има полагано.
III. Прв и втор дел од правосудниот испит и електронски систем
Член 17
(1)Правосудниот испит започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел),
а потоа на вториот дел (студиите на случај).
(2)Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на
првиот дел.
(3) Начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот поблиску го
пропишува министерот за правда во согласност со Владата на Република Македонија.
Член 18
(1) Првиот дел од испитот се полага по секој од предметите наведени во членот
6, став 3 од овој закон и содржи 50 прашања со пет опции за заокружување од кој
едната е точна, две се слични, едната е неточна во мал обем (на неа се губат мал број
поени) и една е неточна во голем обем (на неа се губат поголем број поени).
(2) Кандидатот мора да ги положи сите испити од првиот дел во најмногу три
последователни сесии.
(3) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно став (2) на
овој член, ќе се смета дeка испитот не го положил.
Член 19
(1)Вториот дел од испитот се состои од две студии на случај засновани на
предметите наведени во членот 6 став 3 точка 1 од овој закон (прва студија) и членот
6 став 3 точка 2 од овој закон (втора студија).
(2) Студиите на случај содржат и сегмент од останатите области од член 6 став
3 точки 1 – 4 на овој закон.
10
(3) Прашањата кои се составен дел од студиите на случај се од областа на
предметот на кој е заснована студијата на случајот и имаат десет можни опции на
одговори од кои едната е точна, пет се слични и четири се различни.
(4) Прашањата кои се составен дел од студиите на случај можат да бидат и од
останатите области од член 6 став 3 точки 1 – 4 на овој закон, соодветно на сегментот
кој го содржи студијата согласно став 2 на овој член.
(5)Кандидатот мора вториот дел да го положи во две последователни сесии по
завршувањето на теоретскиот дел.
(6) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот согласно став (3)
на овој член, ќе се смета дeка испитот не го положил.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 11:35 ---
Член 20
(1) Полагањето на првиот дел од правосудниот испит се врши со одговарање на
определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.
(2) Прашањата од тестот зависно од тежината, се вреднуваат со поени
определени во тестот.
(3) Полагањето на вториот дел од правосудниот испит се врши со проучување на
студиите на случај и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од
студијата, во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст:
електронска студија на случај).
(4) Прашањата од студијата на случај зависно од тежината, се вреднуваат со
поени определени во студијата на случај.
(5)Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на
правосудниот испит и нивните одговори, како и студиите на случај и прашањата кои
произлегуваат од студиите и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски
систем за полагање на правосудниот испит.
(6) Електронскиот систем од став 5 на овој член содржи и јавно достапна база од
најмалку 2000 прашања од областа на предметите од став 3 точки 1 – 5 на овој член
за потребите на првиот дел од испитот од кои 40% прашања се од стручната
литература од член 7 став 2, .како и јавно достапна база од најмалку 500 студии на
случај за потребите на вториот дел од испитот.
(7) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и правната
литература во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и
прописите за вториот дел од испитот.
(8) Бројот на прашања и студии на случај во базите од став 6 на овој член се
зголемува за 10 % годишно, почнувајќи од 2015 година.
(9) Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот му се
достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото
завршување.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 11:36 ---
Член 21
(1) На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот,
претставникот на Министерството за правда му дава на кандидатот пристапен код,
односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 20
од овој закон.
(2)По одобувањето на пристапот, кандидатот добива електронски тест за
првиот дел од испитот, односно електронска студија на случај за вториот дел од
испитот, компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува
софтверот на електронскиот систем од членот 20 став 5 од овој закон, од базите од
членот 20 став 5 од овој закон.
11
(3)Првиот и вториот дел од испитот, содржат упатство за начинот на решавање
на истиот, за кое претставникот на Министерството за правда дава појаснување, пред
да започне полагањето на испитот.
(4) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи
постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот,
односно електронска студија на случај за вториот дел од испитот во една сесија за
повеќе од еден кандидат.
 
Член од
23 септември 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
Колеги :) Дали некој од вас полагаше сега правосуден априлов? Ајде ако има таков и ако има желба да сподели што прашања имаше оваа сесија? :)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Колеги :) Дали некој од вас полагаше сега правосуден априлов? Ајде ако има таков и ако има желба да сподели што прашања имаше оваа сесија? :)
Прашањата ти се истите од програмата.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Тоа го знам, прашањето ми беше конкретно кои прашања-комбинации бидејки обично истите комбинации се вртат :)
Не обрнувај внимание на тоа, се може да се падне. Може да имаш 3 прашања само управно или 2 ЕУ и 1 управно, може да немаш ниту едно од ЕУ или ниту едно од уставно, може да немаш ниту едно од друштвата или да не ти се падне од општиот дел кривично итн.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Кога ќе почне да се полага правосудниов со заокружување?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Кога ќе почне да се полага правосудниов со заокружување?
Во процедура е во собрание....ако го изгласаат до лето,најверојатно од февруарска сесија ќе почнат со новиот систем....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.518
Денес е 5то продолжение на 72та седница на собранието каде на дневен ред како 25 точка е новиот закон за правосуден испит (по скратена постапка) предложен од владата т.е. министерството за правда. Тоа е истиот закон кој беше предложен од група пратеници (Илија Димовски, Силвана Бонева.......) на 55та седница но кој го повлекоа предлогот. Овој предлог од владдата е истиот само што примената на истиот ке биде 1 година од влегувањето во сила на законот (8 дена од објавата во службен весник). Денес не верувам дека собранието ке стигне до 25та точка но наредните денови секако. Значи за сите оние кои чекаат да полагаат правосуден испит со заокружување ете ке биде работата ама ке мора да почекаат до наредната есен.
 
G

Gjoksi

Гостин
Денес е 5то продолжение на 72та седница на собранието каде на дневен ред како 25 точка е новиот закон за правосуден испит (по скратена постапка) предложен од владата т.е. министерството за правда. Тоа е истиот закон кој беше предложен од група пратеници (Илија Димовски, Силвана Бонева.......) на 55та седница но кој го повлекоа предлогот. Овој предлог од владдата е истиот само што примената на истиот ке биде 1 година од влегувањето во сила на законот (8 дена од објавата во службен весник). Денес не верувам дека собранието ке стигне до 25та точка но наредните денови секако. Значи за сите оние кои чекаат да полагаат правосуден испит со заокружување ете ке биде работата ама ке мора да почекаат до наредната есен.
Да, да, ќе почне да се применува по 1 (ЕДНА) година од денот на неговото влегување во сила!:(
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Законот за правосуден од 2010 е веќе вон сила? Ако е така, тогаш од кога почнува новата програма?
 
G

Gjoksi

Гостин
Законот за правосуден од 2010 е веќе вон сила? Ако е така, тогаш од кога почнува новата програма?
Не мешај баби и жаби! :D
Значи, Законот за правосудниот испит од 2010 год. ќе биде во сила и ќе се применува до 14.10.2014 год. (Прочитај го чл. 35 од новиот закон од 2013 год.)
Додека пак, новиот Закон за правосудниот испит од 2013 год. ќе биде во сила и ќе се применува од 15.10.2014 год. (Прочитај го чл. 36 од новиот закон од 2013 год.)
Значи, писменото полагање по електронски пат ќе почне од октомври 2014 година, а до тогаш ќе биде како до сега - писмено и усмено! ;)
Сите информации околу правосудниот испит тука:
http://pravda.gov.mk/resursi.asp?lang=mak&id=16
 

Kajgana Shop

На врв Bottom