Дечки едно прашање.
Имам проблем со агенција за патување. На крајот на јуни месец годинава заминав на одмор преку агенција. Кога требаше се да се плати, го направив плаќањето на време и пред мене ми закажаа за авионска карта и за соба во хотел, и пред мене ја извршија резервацијата за собата во хотелот. 2 дена пред тргнување ме известуваат дека имало некои проблеми во хотелот и дека не можам више да резервирам соба во тој хотел (иако на време се си платив во агенција и видов како ја резервираат собата во хотелот кој што го барав, и кога побарав објаснување зошто немам соба во тој хотел, ми кажаа дека и тие не знаат!!!). Но сепак ми дадоа други опции на хотели во близина, и избрав друг хотел кој чинеше помалце од првичната сума која ја уплатив на време. Ме известија дека разликата во цена ќе ми ја исплатат кога ке се вратам од одмор. И еве скоро 2 и пол месеци откако се вратив, никако да ми ги исплатат парите од промената на хотел. Незнам колку пати пратив маил на почеток, па после тоа се јавував, па после тоа одев до агенцијата, и кога и да појдам таму се прават будали и ми викаат дека од сметководство заборавиле да ја извршат уплатата и дека ќе ја направат наредниот ден. Но сеуште ги немам добиено парите. 4 пати отидов до кај нив, и секој пат истиот изговор ми го даваат, и како и да почнам да се расправам, ме убедуваат дека ќе ми ги исплатат парите наредниот ден. Значи не се работи за голема сума на пари, повеќе ме нервира фактот што АГЕНЦИЈА ЗА ПАТУВАЊЕ не знае да ти објасни зошто собата што ја резервирав и ја платив во првичниот хотел не можам да ја добијам.
Прашањето ми е, каде можам да се обратам, или да ги пријавам за ваква работа? (Државен пазарен инспекторат или...???)