Прво, за без пари законот не ми дозволува да работам, второ, јас работел- неработел имам месечни давачки колку 2 просечни нето плати, а каде ми е заработката за преживување? Трето, не сум луд да работам за без пари, сум вложил толку нерви, труд и пари за да се занимавам со адвокатурата за да давам бесплатни совети и за без пари да решавам туѓи проблеми? Секој работи за пари, во секоја професија, занает, работа.Зошто ниеден адвокат во Македонија не се јави бесплатно да ги застапува здруженијата што се борат против лошиот воздух и загадувањето???
Бараа адвокат но никој не се појавил, дека парите не им биле приоритет, нели. Ете јави се ти за да ги застапуваш штом не те интересираат пари и јас одма ќе го повлечам ова што го кажав за вас адвокатите.
Не кажувај лажги, нема адвокат кој не се лакоми по пари. За еден совет зимате по 1.000 денари. Продавате ништо за пари.
Затоа и сите викаат и ќе викаат дека сте најголеми манипулатори.
Горе во постот што му го одговори на дечкото за 500 денари, се виде се. Не мора веќе да се мачиш да пишуваш глупости. За 500 денари производ, ќе му земеш 50 евра. Срамота.
Оние од здруженијата кога ќе си платат тогаш ќе бидат застапувани, а не да повикуваат за без пари некој да ги застапува, пак ќе кажам само луд човек ќе работи за без пари, а да има месечни давачки колку што некој заработува вкупно нето плата за 2-3 месеца..
Кога ќе носиш заклучок треба да гледаш објективно, а не субјективно, како и да е...
