Почивај во мир, Мајкл Џексон

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Почивај во мир великану ова што го направи за светот е преголемо едноставно крал на поп музиката го нема повеќе Мајкл но тој засекогаш ќе биде во срцата на сите луѓе во светот кој што го сакаа и почитуваа никогаш нема да се заборават неговите песни особено ќе ја издвојам Black & White.
Неговите песни се слушаа во минатото и ќе се слушат во иднината со зборови неможеш да го опишеш легендарниот Мајкл уште еднаш ќе повторам ова што го направи за светот е скапоцено никој ова неможе во денешницата да го направи. Цел свет е со тебе Мајкл почивај во мир.
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Не бев некој обозавател на неговата музика и не го поштував поради некои работи шо се пишуваа за него, али мора да кажам дека ме трогна неговата смрт.
R.I.P Michael
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Повеќето луѓе не знаат дека пред три децении на MTV немаше реалити-шоу програми, туку цел ден се слушаше само музика. И тоа не било каква музика, туку она кое MTV го сметаше за музика по нивните критериуми. Ова во превод значи дека обично се слушаше рок - музиката која ја слушаше белата популација, додека немаше место за фанк, диско, r&b и останатата музика која ја слушаше црната популација.

Не помина долго кога MTV почнаа да ја прозиваат затоа што не дозволува пристап на афро-американските артисти, и прв тоа прашање го постави Дејвид Боуви во една емисија. Во тоа време, MTV „се прослави“ со тоа што одби да го пушти популарното видео на Рик Џејмс, оправдувајќи се дека тоа не е рок песна.

Мајкл Џексон го промени сето тоа.

Џексон ја подотвори вратата со видеото за "Billie Jean" кое беше предобро за своето време за да го прескокнат, а потоа ја разнесе таа врата со "Beat it", која вклучуваше соло гитара од владеечката рок ѕвезда Еди ван Хален. Џексон успеа во ова не само затоа што беше одличен пејач туку и заради музичката дрскост која ја поседуваше.

"Beat it" беше песна која беше невозможно да се вклопи во било кој жанр во моментот. Ги имаше сите обележја на рок песна: електрични гитари, темпо и гитарско соло. Но имаше и повеќе. Имаше ритам. Можеше да се игра на неа. И сите сакаа да играат на неа. И луѓето ја засакаа, без разлика на расата или националноста.

Ефектот на Џексон врз MTV беше моментален и траен. Неговите вида постанаа културни настани и неговиот подем фрли сомнеж врз тврдењето дека белата популација не може да ја слуша црнечката музика. Во продолжение, MTV воведе емисии како "Yo! MTV Raps" и црни артисти како Принс и Чака Кан постанаа редовни на мрежата.

Не долго потоа, луѓе навикнати на музика од рангот на Public Enemy до AC/DC почнаа да експериментираат со комбинирање на жанровите - како што Џексон направи со "Beat It". Резултатот беше дел од најинтересната музика на следната деценија: артисти како Linkin Park, Rage against the Machine, P.O.D. и Beck му должат благодарност на Мајкл Џексон што им овозможи опкружување во кое се добредојдени.

Мајкл Џексон ја натера музичката индустрија која беше полна со предрасуди, да се преиспита себеси. Многу успешни изведувачи се тркаат некое време со духот на времето, пред да исчезнат засекогаш. Мајкл Џексон го присвои духот на времето и го натера да се однесува како тој што сака.
 

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Почивај во мир, Мајкл.

Ама неможам а да не забележам колку голема лицемерност постои кај луѓето не само на форумов, туку и во целиот свет. Мајкл имаше многу фанови, кои му останаа верни и покрај се што му се случуваше во животот... и да, нив ке ги разберам да плачат и зборат за него како го слушале, сакале, оделе на концерти, купувале албуми.

Ама факт е дека последните 10 години тој беше мета на исмевање... што по филмови, серии, цртани, ток шоу-а и слично... и тогаш половината од овие што сега го величаат и зборат за тоа “колку е он голем човек и како неговата музика го сменила светот и дека секој ден го слушале бла-бла-бла...“ се смееја, му фаќаа сеир, го нарекуваа со секакви имиња.

Е сеа човекот почина... и иљадници квази-фанови никнуваат ко печурки после дожд а уствари еден факинг албум немаат симнато од нет... а да не збориме за купено. Немаат поим за неговиот живот, за неговите проблеми и болести (што ментални, што физички)... трескаат глупости дека он сам си ја сменил бојата на кожата, го осудуваат за педофилија и ред други глупости.

Незнам, одвратно ми е да го гледам целово ова лицемерие и не чувствувам потреба да кажувам дали и колку јас сум го слушал Мајкл, дали сум го сакал или не... едноставно сум испровоциран од оние кои ги величаат луѓето откако ке умрат а претходно јаделе тоа што не треба, па сеа се “чистат“. Така беше со Тоше, така е и сега со Мајкл.

Секоја чест за исклучоците од ова што го напишав и сочувство до вистинските фанови.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Почивај во мир, Мајкл.

Ама неможам а да не забележам колку голема лицемерност постои кај луѓето не само на форумов, туку и во целиот свет. Мајкл имаше многу фанови, кои му останаа верни и покрај се што му се случуваше во животот... и да, нив ке ги разберам да плачат и зборат за него како го слушале, сакале, оделе на концерти, купувале албуми.

Ама факт е дека последните 10 години тој беше мета на исмевање... што по филмови, серии, цртани, ток шоу-а и слично... и тогаш половината од овие што сега го величаат и зборат за тоа “колку е он голем човек и како неговата музика го сменила светот и дека секој ден го слушале бла-бла-бла...“ се смееја, му фаќаа сеир, го нарекуваа со секакви имиња.

Е сеа човекот почина... и иљадници квази-фанови никнуваат ко печурки после дожд а уствари еден факинг албум немаат симнато од нет... а да не збориме за купено. Немаат поим за неговиот живот, за неговите проблеми и болести (што ментални, што физички)... трескаат глупости дека он сам си ја сменил бојата на кожата, го осудуваат за педофилија и ред други глупости.

Незнам, одвратно ми е да го гледам целово ова лицемерие и не чувствувам потреба да кажувам дали и колку јас сум го слушал Мајкл, дали сум го сакал или не... едноставно сум испровоциран од оние кои ги величаат луѓето откако ке умрат а претходно јаделе тоа што не треба, па сеа се “чистат“. Така беше со Тоше, така е и сега со Мајкл.

Секоја чест за исклучоците од ова што го напишав и сочувство до вистинските фанови.
Не знам како било со Тоше, но јас не познавам човек во Македонија кој што не го сакал Тоше додека беше жив. Сепак темата е за смртта на Мајкл Џексон, иако не сум му ја слушал музиката нека почива во мир.
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
И покрај тоа што не бев негов фан, сепак го почитувам најпрво како човек. И не ме интересираат сите глупости што излегоа за него, сите оние работи кои го уништија.. не ме интересира ни бојата на кожата ни нешто слично. Важно дека беше човек кој направи многу, човек кој многумина го почитуваат и многумина го слушаат. И не за џабе е Кралот на поп музиката.

Престанете со сите навреди, не е ни време, а ни место.

Почивај во мир Мајкл. :(
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не бев некој фан на твојата музика, башка и си сменил религија...Али секој човек има право да почива во мир..
RIP
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Каков таков,беше крал на поп музиката. Почивај во мир.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
aaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa!!!!!!!!!! леелееееееееееее! ќе пукнам кога се случило овааааа! мене ми беше најголем идол со него израснав! божееееее!
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Еве некои изјави на ѕвездите ширум светот поврзани со смртта на најголемата поп икона на денешницата:

- Почивај во мир, Мајкл. Испраќам љубов и светлина до неговата фамилија, пријатели, а особено до неговите деца, Ештон Качер. Ја молам јавноста да ги почитува желбите на неговото семејство и да ги остави децата на мира, бидејќи на нив сигурно им е најтешко.

- Ме потресе смртта на Џексон и на Фара Фосет. Сочувство до нивните семејства, особено до нивните деца, напиша Деми Мур.

- Неееееее Господе....ја испраќам целата моја љубов и молитви до Мајкл и неговата фамилија... се чувствувам многу лошо и сè уште не можам да поверувам, напиша Линдзи Лохан.

- Смртта на Мајкл Џексон ме погоди. Целосно сум во шок и не знам што да кажам. Мајкл ти си најдобар, ти си и ќе бидеш кралот на поп музиката, изјави Питер Андре

- Јас сум шокирана. Мојот Пријател Мајкл Џексон е мртов. Тој живееше со мене една надела во Голден Понд за време на снимањето на „Triller“, изјави Џејн Фонда.

- Срцето ми е скршено за неговите деца кои му значеа сè во животот. Ова е огромна загуба за сите нас, едноставно немам повеќе зборови, изјави Лиса Мери Присли, поранешната жена на Џексон.

-Елизабет Телјор е во шок и во моментов не може да изјави ништо. Мајкл и беше најдобар пријател и таа по неговата смрт се чувствува лошо, изјави портпаролот на актерката.

- Тој беше талент, светско чудо и неговата мистерија го направи легенда, изјави познатиот режисер, Стивен Спилберг.

- Мајкл Џексон целиот живот ми беше идол. Тој не беше само талентиран музичар, Мајкл беше уникатен човек, гениј, изјави Селин Дион.

- Имам милион мисли кои во моментов ми се вртат во глава. Милион емоции, милион реакции. Кога ќе помислам на него се сеќавам на едно младо момче кој прв пат го забележав. Тој беше голем музичар, едноставно тој е гениј, нешто слично како Реј Чарлс. Мајкл имаше посебен дар, тој беше поврзан со публиката, изјави Шер во шоуто на Леру Кинг.

- Бев возбудена и со нетрпение ги чекав концертите во Лондон. Турнејата во Европа ни беше закажана во исто време, па поради тоа едвај чекав да дојде јули. Тој беше инспирација во целиот мој живот и се чувствувам ужасно поради неговата смрт, изјави Бритни Спирс.

- Тој беше одличен пријател. Моето срце се исполни со жал во моментот кога ја слушнав лошата вест. Ќе се придружам на неговата фамилија и на неговите обожаватели во жалењето по најголемата ѕвезда во музичката историја, изјави неговата поранешна девојка, Брук Шилдс.

- Не можам да најдам зборови во моментов со кои ќе го искажам моето длабоко жалење за Мајкл. Изгубивме гениј. Тој беше вистински амбасадор не само на поп музиката, туку општо на музичката индустрија. Џексон беше инспирација за милион генерации. Неколкупати имав можност со него да ја делам сцената. Научив многу од него и среќен сум што имав можност да поминам време со кралот на поп музиката, изјави Џастин Тимберлејк.

- Тој беше најголемата музичка личност која живеела. Го сакав многу и навистина многу ќе ми недостасува, изјави Лајза Минели.

- Ова е трагична загуба. Мајкл Џексон имаше големо влијание во музиката. Не верувам дека некој друг музичар имал такво големо влијание како што имаше кралот на поп музиката. Тој имаше магија која засекогаш ќе остане на сцената. Тој засекогаш ќе биде кралот на попот, изјави Бијонсе.

Превземено од идивиди.ком.мк
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Не го слушав, не ми се свиѓаше тоа што ја смени верата.... али ипак, легенда на поп музиката.

Почивај во мир ГОЛЕМ ЧОВЕКУ.:helou:
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.811
RIP ...So negovite pesni porasnav seuste gi imam audio kasetite od nego ....:(
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Музика која што ја слушав скоро секој ден, човек со кој израснавне, човек кој што го смени текот на музиката, музика која ќе остане засекогаш со нас.
Почивај во мир. :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom