Значи модераториве се закон еј, 5ка за нив и сладолед со 3 топки...да не смее човек мислење да напише...сељачаана!
РИП Мајкл и сеуште тврдам дека беше извитоперено педофилиште!
Риспект за музиката само...
Штета што нема и некој админ да намине да ве пушти на ладење додека научите како се искажува почит... а ако немате почит во ред, не пишувајте барем... дечурлана...
И вчера пишав, не е на оваа тема време и место, и не сакам да почнувам дискусија, но само накратко затоа што некои работи веќе не можат да се премолчат:
Никогаш,
ама никогаш, не беше докажано ни едно обвинување за човекот. Многу луѓе се офајдија и ги наполнија џебовите, на неговата трагедија. Беа обвинувани и други ѕвезди за разни с****, Коби Брајант на пример. И сите ги завршија судењата со спогодба со тужителите, за да ги остават на мира. Мајкл Џексон беше лесна мета и на неговиот грб се збогатија тужителите, медиумите, и еден куп други мршојадци околу него.
Една од изјавите што ја прочитав беше дека Мајкл ја доби битката со обвинувањата, но ја плати со животот. Трагично.
Незнам јас што е толку важно каква му била бојата на кожата, и дали бил опседнат со тоа да го промени својот изглед. Негова работа си е тоа или наша? Незнам дали човекот изгубил контакт со реалноста, но знам дека секој од нас кога би бил изложен на такви гомнарии, би ја изгубил. Стануваш сабајле, си правиш кафе, отвараш весник и на насловна страна пишува дека си Монструм. Мора да е уживање тоа...
Пред некое време видов убава, „вистинска“ (добро де малку фотошопирана) слика на насловна страна на некој таблоид, во која беше прикажан Мајкл Џексон како влегува во продавница со завои на лицето... во еден момент завојот паѓа и се гледа како му се распаѓа лицето... онака, крв на сите страни, како во Франкештајн... убавина...
Се научив да не судам на луѓето за работи што не ги знам. Ја научив основната лекција, дека не мора се да е вистина, затоа што кажале на вести. Незнам што се случило во неговиот приватен живот, не знаете ни вие.
Затоа оладете малку. Оваа тема е за да се искаже респект кон човекот, музичарот, легендата, глобалниот феномен, Мајкл Џексон. Темата се вика „Почивај во мир Мајкл Џексон“. Почекајте некој ден да па отворете тема „Плукај по Мајкл Џексон“, и таму покажете си го целиот примитивизам кој го поседувате. Мали, ситни, смешни човечиња...