Почивај во мир, Мајкл Џексон

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Најдобар машки вокал што некогаш постоел!
И тоа се што правеја медиумите не го уништија. Со ова се покажа колку навистина луѓето го сакаат. За жал од кога ќе го нема се сваѓа колку бил голем :/

Мојата најомилена песна...
R.I.P Michael Jackson

п.с Легендите не умираа!
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Ova e poslanie ot momukot koe sudel M.D za pedofilia..
Vistinata se nekogash ke izleze najave!!!!!

I never meant to lie and destroy Michael Jackson but my father made me to tell only lies. Now i can’t tell Michael how much i’m sorry and if he will forgive me ” - Jordy Chandler .Evan Chandler was tape-recorded saying amongst other things, “If I go through with this, I win big-time. There’s no way I lose. I will get everything I want and they will be destroyed forever… ” Now for the first time i can’t bare to lie anymore. Michael Jackson didn’t do anything to me, all was my father lies to escape from being poor.” - Jordy Chandler

God to be with you Mickael
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Не успеа да се поврати :nesum: беше еден и единствен,контраверзен,но пак го сакаа...на времето ми текнува ми беше омилен,немаше песна што не му ја знаев,неговите хитови ќе бидат вечни...почивај во мир кралу
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Одлична слика на времето пред да се случат оние контроверзни моменти за јавноста за неговата операција, но тоа дефинитивно никој не смее да го осуди, бидејќи едноставно тој ја креираше поп музиката, него го доживуваа во срцето и душата милиони млади луѓе и тоа така ќе остане, вечно !
 

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
тој е леѓенда а леѓендите не умираат

R.I.P !!!
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
За неговата големина ми зборува фактот што покрај сите детски песни што ги знаев и пејачи.. тој беше единствениот од странските за кои знаеше детето во мене..
а тој голем од почеток до крај..

 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Еве некои денешни фотографии на фановите на Џексон насекаде низ светот:













 
D

drle

Гостин
И кралевите умираат. Така и кралот на поп музиката умре пред неговото збогување со своите обожаватели. Како денес да беше ми текнува кога со брат ми ја купивме првата касета која воопшто во мојот живот сум ја купил (тогаш музика на касети се слушаше), од кај Тајфуно кај Сато, постарата генерација битолчани се сеќаваат на него. Тоа беше касетата со песните од албумот HIStory на Мајкл Џексон.

Почивај во мир кралу.
http://www.youtube.com/watch?v=nvWMLAWrEjU
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
навистина голем човек
нека почива во мир:(
неговата музика е вечна
 

Fackasta

Ама друже .. ЗАШТО ?!
Член од
2 мај 2009
Мислења
120
Поени од реакции
13
Почивај во мир легендо !

Me наежија сликите.

Настрана приватниот живот за кој не знаеме дали беа клевети или вистини,манипулација на медиите да го соборат кралот на попот или некое американско семејство сакаше да профитира...човекот беше инспирација за многумина. Дури и мене,што не конзумирам често поп музика,Dirty Diana , Don't care about us,In the closet,Thriller...со тие песни сум се спремала за во град,ми се во мп3ката нонстоп.
Привлече огромни маси на луѓе со музиката,исто толку и се згрозија со контроверзиите...
Лицемерно или не,медиите веќе си го прават своето,луѓето,соработниците....фановите. Ќе биде иста приказна како со погребот на Елвис,горе-доле. Оваа смрт ќе обележи многу генерации.

Почивај во мир,голем човеку.Да,голем беше,немаше човек на планетава што не слушнал за него.

Што е финта? уствари приказна?
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Што е финта? уствари приказна?
Беше еден од најмасовните и најемоционалните погреби во историјата на шоу-бизнисот. Фанови од цел свет резервираа авионски билети и се организираа приватни летови за да се стигне на погребот. Низ цела Америка знамиња на половина копје, преку 40.000 фанови на местото каде што се одвивала погребната церемонија.

За Џеко, би очекувал нешто слично на ова. Сепак, беше и ќе остане кралот на попот, и според некои најдобар пејач на сите времиња, за што говори и фактот дека го држи рекордот на продадени албуми на светско ниво во историјата на музиката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom