Мајкл Џексон оплакуван од Сиднеј до Сеул
Вестите ги шокираа сите, од млади луѓе во Колумбија кои се крстени по Кралот на Поп музиката па се до Малезијците кои именуваа пијалок од соја по него... од сите генерации на луѓе ширум светот кои се обиделе да „месечарат“.
Поради смртта на Мајкл Џексон во Калифорнија, во петокот наутро телевизиите и радијата од Сиднеј до Сеул ги прекинаа редовните утрински програми за да ја пренесат веста, додека фановите се потсетуваат на „измачениот гениј“ чии настапи и движења пленеа цели генерации и кој предизвика глобални трендови во музиката, танцот и модата.
Дури и светски лидери реагираа на веста: за лидерот на Венецуела Хиго Чавез ова се вознемирувачки вести, додека поранешниот Јужно Корејски претседател Ким Дае - јунг, кој се има сретнато со Џексон, изјави дека „Загубивме херој на светот“.
Само неколку минути по пристигнувањето на Мајкл Џексон во UCLA медицинскиот центар, почнаа да пристигнуваат стотици луѓе. Толпата остана до зајдисонце, играјќи на звуците на песните на Мајкл Џексон кои се слушаа од паркираните возила.
Тагата ги надмина сите граници.
„Моето срце е тешко бидејќи мојот идол умре“ - рече Бајрон Гарсиа, консултант во филипински затвор кој го организираше славното видео во кое 1500 затвореници синхронизирано танцуваат на „Трилер“ Видеото има над 23 милиони посети на Youtube.
Гарсиа изјави дека затворениците ќе му оддадат почит на Џексон во сабота со танц и едноминутна молитва.
Поранешната прва дама на Филипините, Имелда Маркос, која во 2005 го поздрави отфрлањето на обвиненијата кон Џексон, рече дека плачела кога ги слушнала вестите.
„Мајкл Џексон ги збогати нашите животи, не направи среќни“ - рече таа во изјавата. „Обвинувањата му нанесоа финансиска и ментална загуба. Тој беше ослободен на суд, но битката му го одзеде животот. Ова е веројатно лекција за сиоте нас.“
Во Богота, Колумбија, 24 годишниот Мајкл Таркуино вели дека родителите го крстиле по Џексон. Тој вели дека се сеќава дека кога растел често имало рекстрикции на струја. „Кога ќе се вратеше светлото веднаш ја пуштав лентата од Мајкл Џексон, стоев на прозорецот и пеев“ - изјави тој.
Јапонските фанови одсекогаш биле меѓу неговите најверни слушатели, а веста ја примија со голем шок. Мичико Сузуки, музички критичар кој неколку пати се сретнал со Џексон, изјави дека земјата веројатно ќе биде во состојба на жалост некое време.
„Сите го имитираа неговиот 'moonwalk' кога беше хит. Тој навостина беше супер - ѕвезда“
Џексон исто така имаше голема фан - база во Сеул, Јужна Кореја, каде неговиот стил и движења беа имитирани од голем број тамошни ѕвезди.
„Тој е мојот учител и мотиватор да станам танчер“ - изјави поп ѕвездата Раин. „Иако е мртов, тој останува ненадминлив изведувач“.
Аарон Квок, еден од Кинеските најуспешни поп изведувачи рече дека е длабоко погоден од веста.
„Ова дојде одеднаш. Не можам да се помирам дека е точно“ - изјави Квок. „Никој не може да го замени придонесот на Мајкл Џексон во поп музиката.
„Имам солзи во очите откако слушнав за веста“ - изјави Чарлс Винтер, 19 годишник од Аделаида, Австралија. Тој водеше Facebook група со над 60 000 членови кои правеа петиција за Џексон да дојде во Австралија во рамките на турнејата оваа година. „Тој беше огромна инспирација. Не е важно дали имате 40, 60 или 20 години, неговата музика ја слушаат сите“
Во Малезија, безалкохолен пијалок е наречен по песната "Black and White", а луѓето кога нарачуваат бараат „Мајкл Џексон“, или "MJ".
Во Бразил, филмскиот режисер и музичар Фелипе Мачадо го нарече Џексон „најдобриот изведувач кој некогаш постоел“. Композиторот и пејач и поранешен Министер за култура Жилберто Жил исто така ја искажа својата тага.
„Ме прави многу тажен кога гледам толку голем и неверојатен талент како не напушта толку брзо - талент кој ни овозможи некои од нашите најубави моменти“ - изјави тој. „Ќе ми недостига кралот на поп музиката"