Пофалби или критики за туристичките агенции

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Критика за Савана. Бидејќи си преќутуваат работи и не се коректни до крај.

Најпрво кога бевме во агенција и се распрашувавме, тој воопшто не ни кажа дека Макарска е веќе 5 дена на last minute, туку директно ни ја кажа старата цена и ни наплати по истата. Откако дознавме потоа се јавивме, и ни кажуваа нешто во стилот тие се други сместувања и дека така нема да знаете каде сте сместени блабла, разликата беше 30 евра регуларното и last minute, не е проблем до парите туку до принципите. Можеби навистина немаше да сакаме да не знаеме каде сме сместени, но нивно е да предложат сите валидни опции. На прашањето зошто не бевме известени дека и ваква опција има и дека нивна работа било да понудат и таа понуда кога некој спомнува тоа место, а не да ја премолчат, немаше одговор, до забуна дошло итн.

Друга работа, во агенција три пати прашав дали вц-то е во собата, ми кажуваше тој дада таму е, доаѓам во вилата, вц-то е во ходникот каде што поминуваат сите за другите соби. Не е коректно навистина, само за нас беше (приватно), ама зошто ме лажеш дека е во собата, кога не е, нагласи дека има можност да не е, дека во сите соби е различно, ќе прифатев. Може не сакам по бањарка да ме гледаат други, не е коректно.

Трета работа, тој во агенцијата е најарогантно суштество што може да постои, додека уплаќавме, една од ВРАБОТЕНИТЕ дојде да го праша нешто, овој и се издра и тоа со заби со тресење и се дере “можеш да ме оставиш на мира да завршам, морам и тебе да те слушам“, тотално неубаво. На секое прашање враќаше арогантно и тотално нељубезно, пример на прашањето дали ќе ни се јавите уште еднаш пред тргање што е најпросто прашање, тој бурно реагираше “зошто да ви се јавиме уште еднаш, која е поентата да ви се јавуваме, па се ви пишува, можете да прочитате, што има да ви се јавуваме“.

Име и презиме не му кажувам тука, да не му направам проблеми, ама сериозен проблем си имаат како агенција со односот од вработените, ако не си ги средат џабе се што добро организираат. Реално имаше добар автобус со клима и превоз од автобуската до смештаите, ама бројноста на луѓе само ќе им се намалува со ваков однос. Еве ние решени бевме за Макарска и што и каков однос и да имаше само сакавме да си уплатиме, ама има луѓе не се решени, и со ваков однос само ќе станат и ќе си излезат, со таа ароганција нема да продаде ништо на неутрален човек што не се решил уште каде и со која агенција да оди.
Бар за вакви работи, да нема лажење, прикривање понуди, арогантен однос, може да си средат со обука на вработените.
Јас бев со нив на едно патување. Водич ни беше Васко Форте (од Македонски Идол ако го памтиш). Човекот прво ги изгуби луѓето на аеродромот кога стигнавме, па почнаа да се расправаат со него откако ги најде и тоа со право се расправаа. Потоа во градот, откако излеговме од метрото ги изгуби исто така, се подели групата, дел замина со него, дел на друга страна, па пак расправии.
Дека бевме за Велигден, Васко ни кажа дека ништо од продавници/музеи нема да работи, па испадна дека се работеше. Добро е што јас самостојно си шетав каде што сакав, без него, освен еднаш со метрото.
Ни кажуваше дека бил во тој град 69 пати (да, баш 69 пати кажа).
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Јас бев со нив на едно патување. Водич ни беше Васко Форте (од Македонски Идол ако го памтиш). Човекот прво ги изгуби луѓето на аеродромот кога стигнавме, па почнаа да се расправаат со него откако ги најде и тоа со право се расправаа. Потоа во градот, откако излеговме од метрото ги изгуби исто така, се подели групата, дел замина со него, дел на друга страна, па пак расправии.
Дека бевме за Велигден, Васко ни кажа дека ништо од продавници/музеи нема да работи, па испадна дека се работеше. Добро е што јас самостојно си шетав каде што сакав, без него, освен еднаш со метрото.
Ни кажуваше дека бил во тој град 69 пати (да, баш 69 пати кажа).
Да си ибеш векот ме изнасмеа, и нас ни беше тој за одење. Само што не го знаев од идол, дури сега гледам песни имал, се изнасмеав, немаше некоја улога во нашето патување така да немаше вакви дешавки со губење, ама морам да кажам дека човекот труеше и дека треба да обрне повеќе внимание на хигиената сепак водич е ти се шета по десет пати пасоши да ти дава, сфаќам на нога да е активен, ама 21 век сме мајка му стара...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.074
Pred 2 3 godini bev za praga za nova godina so turisticka agencija. Imase ponudi stalno po 100 evra duri i na gruper.

Godinava moite sakaat ama preku taa sto bev jas e full. Da ne znaete nekoja so takva ponuda godinava niz skopjevo?

Tnx
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
185
Поени од реакции
840
Мислење и искуство со Травити туристичка атракција? Имаат многу убава понуда за 8 март. Никогаш не сум одела со агенција, сите патувања со сопствена режија сум одела. И како треба да се аплицира, ова она, појма немам
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
107
Поени од реакции
32
Луѓе дали некој има одено со Мтс Травел Сервис има еднодневни екскурзии.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.306
Поени од реакции
16.473
Пишете ни на Вибер и во најбрз рок имате понуда
074/747-606 & 071/209-999
НАПОМЕНА: За плаќање со картица се доплаќа +1.5% од вкупната сума на аранжманот!
https://picnic.mk/?fbclid=IwAR2GUaphO9s8h_GOLZ_GssHodUBnZkGWSazz04GmI-7PhDavXLHKcKjx2Cc

Прво им Дозволија да ИЗРАЗУВААТ ЦЕНИ во ЕВРА ама да го рачунаат Еврото 62мкд, сега КЕШ бараат...
 
Член од
12 април 2018
Мислења
22
Поени од реакции
3
Можеш да ги пријавиш...или да им пуштиш инспекција ако не се задоволен...исто така министерство за финансии може да им ја одземе лиценцата ако не ги исполнуваат условите на работа.
кАДЕ ТОЧНО МОЖЕН ФА СЕ ПОЖАЛИМЕ
 
Член од
12 април 2018
Мислења
22
Поени од реакции
3
На туристичките агенции на секое патување им фрламе убаво туце пари за кои штедиме цела година, така да не е лошо да постои ваква тема каде би пофалиле или би искритикувале некоја туристичка агенција од која сме задоволни т.е. незадоволни. Реклама и антиреклама на некој начин, но на истата таа може и над 1000 евра да им фрламе годишно па вреди за тие пари да знаеме што е лошо, што добро.

Чест е случајот кога туристичките агенции ни продаваат "ситни" лаги како на пример 10 метри од плажа хотел, а тој е 1 километар. Па уште полошо ве сместуваат во друг хотел. Па лажат за одалеченоста од градовите. Па полн пансион со all inclusive каде сепак не ви даваат во секој момент пијалоци или лоша е исхраната. Па кревети на спуштање, мали апартмани, сместување во лоши и нехигиенски услови итн. Сето тоа е доволно за уништување на одморот, кој претходно со цело срце сте го чекале цела година.

Добро е да се споделат лошите спомени и патувања со одредени агенции, па и тоа може да е предупредување за некои кои сакаат да патуваат. Често едни исти агенции прават недобро организирани патувања.
Исто како што е добро и да се споделат убави зборови за агенции со кои сте имале одличен однос и имате само убави зборови.
Стари се постовите, но имама многу лошо искуство со СОЛВЕКС. Преваранти невидени
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.306
Поени од реакции
16.473
Кој е сега надлежен за Туристичките Агенции, АТАМ не постои ??
на Формуларот за Резервација има УСЛОВИ за Откажување, ама некако не им се исполнува... ме запиша во компјутер ама никаков документ - доказ не добив, т.е. мислам ако не успее да го продаде на друг може да не ми врати дел од авансните пари спрема условите за откажување...
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
811
Поени од реакции
276
Која агенција има најдобри понуди за Лефкада?
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
64
Поени од реакции
46
Здраво дали некој има искуство со атлантис струмица планираме да одиме тунис преку нив
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Здраво дали некој има искуство со атлантис струмица планираме да одиме тунис преку нив
Од Струмица сум, сум патувал преку нив повеќе пати, коректни се и важат за добра агенција, се што кажале - исполниле.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.379
Поени од реакции
38.777
Атлантис се институција на државно ниво, ретко професионална туристичка агенција. Не случајно опстојуваат веќе 20 години можда и повеќе.

Јас користам букинг за патувања тука во близина, али за повеќе егзотични дестинации се професионалци.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.306
Поени од реакции
16.473
пред недела 2, видов некоја понуда за аранжман, каде Агенцијата си Задржува ПРАВО на ПОСКАПУВАЊЕ на аранжманот... не го прочитав детално и потоа ми се изгуби. Дали мислат и за тие Аранжмани што веќе има авансна уплата ?????????????
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Јас да ги пофалам Escape, 2021 во Скијатос бевме за 80евра + 30 евра траект, значи 110е цел аранжман. Убодевме двоен попуст некој рана уплата+попуст дека им се отвори новата канцеларија, дури и вино не частеа дека роденден на еден од нас беше кога уплаќавме, ептен беше љубезен дечкото во агенција ни изнапокажа слики од сите плажи уште во март месец. Таму смештајот беше супер, блиску до центар, со клима која не се доплаќаше, се беше супер опремено и чисто. Имаше некој минимални чекања на одење непотребни со траектот, али overall се беше добро и ако некој се мисли за агенција, дестинација, да е прекрасно море, плажи и да е budget опција, топло препорачувам. Средина на јуни бевме ние, времето идеално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom