Пофалби или критики за туристичките агенции

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
На туристичките агенции на секое патување им фрламе убаво туце пари за кои штедиме цела година, така да не е лошо да постои ваква тема каде би пофалиле или би искритикувале некоја туристичка агенција од која сме задоволни т.е. незадоволни. Реклама и антиреклама на некој начин, но на истата таа може и над 1000 евра да им фрламе годишно па вреди за тие пари да знаеме што е лошо, што добро.

Чест е случајот кога туристичките агенции ни продаваат "ситни" лаги како на пример 10 метри од плажа хотел, а тој е 1 километар. Па уште полошо ве сместуваат во друг хотел. Па лажат за одалеченоста од градовите. Па полн пансион со all inclusive каде сепак не ви даваат во секој момент пијалоци или лоша е исхраната. Па кревети на спуштање, мали апартмани, сместување во лоши и нехигиенски услови итн. Сето тоа е доволно за уништување на одморот, кој претходно со цело срце сте го чекале цела година.

Добро е да се споделат лошите спомени и патувања со одредени агенции, па и тоа може да е предупредување за некои кои сакаат да патуваат. Често едни исти агенции прават недобро организирани патувања.
Исто како што е добро и да се споделат убави зборови за агенции со кои сте имале одличен однос и имате само убави зборови.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Игуана е агенција која работи професионално.Се што го гледате во каталогот пред одење,ќе го видите кога ќе заминете на патување.Јас ја одбрав на прва и не ја менувам.Лошо искуство сум немала,а по природа кога сум задоволна од нешто не менувам :)
Но тоа беше додека бевме во визна блокада.Од сега сама ќе си организирам патувања,ем е поефтино,ем слободен избор.
 
Член од
13 февруари 2006
Мислења
13
Поени од реакции
18
TRAWEL HOUSE е агенција во која ке ви ги земат парите без да сетите !!1
Никако немојте да наседнувате на поклон патувања, бидејки на тој начин ке ви увалат виртуелни патувања во иднината.
Наместо да им давате ваши пари со кои ке работат и со години, подобро орочете си ги и ке можете сами да одлучувате кај ке одите.
Наградното патување на тенерифе кое ке ви го ветат е крајно тешко за реализацијаЧ
-високи цени на авионски карти,
-лоши термини , со кои ке изгубите 1-2 дена,
-кражби во хотелот (REGENCY),
-практично си ја плаќате полната цена и многу повеќе, нема никакви попусти и само божемни поклони.
ШТО ПОДАЛЕКУ ОД TRAWEL HOUSE ТОА ПОДОБРО
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
TRAWEL HOUSE е агенција во која ке ви ги земат парите без да сетите !!1
Никако немојте да наседнувате на поклон патувања, бидејки на тој начин ке ви увалат виртуелни патувања во иднината.
Наместо да им давате ваши пари со кои ке работат и со години, подобро орочете си ги и ке можете сами да одлучувате кај ке одите.
Наградното патување на тенерифе кое ке ви го ветат е крајно тешко за реализацијаЧ
-високи цени на авионски карти,
-лоши термини , со кои ке изгубите 1-2 дена,
-кражби во хотелот (REGENCY),
-практично си ја плаќате полната цена и многу повеќе, нема никакви попусти и само божемни поклони.
ШТО ПОДАЛЕКУ ОД TRAWEL HOUSE ТОА ПОДОБРО
TRAVEL HOUSE се вика со V, не W :)
Иначе знам за овие поклон патувања и се чиста лага.
Одиш прво на состаноци каде добро обучени луѓе ти го перат мозокот.
Слушнав дека прво ти барале сума одредена да уплатиш, па пред да одиш уште да уплатиш и всушност се си плаќаш на крај.
Дедо ми доби вакво патување и пратив да прашаат што е финтата и нормално не поканија на состанок на кој не отидовме. Не сакам некој да ми прави бајрам на мозокот :)

Иначе ако беше така лесно и едноставно доделувањето на наградни патувања тогаш и Аурора, Савана, Фибула ќе доделува. А вака некоја си српска агенција која соли памет на македончиња.
Подалеку од нив.
http://www.travelhouse.com.mk/podarok.html
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Сум патувал со Фибула и немам замерки, све океј и хотел и авион и се.
Моите патуваа со Савана исто така без проблем.
Јас патував со Скопје турс во Бугарија исто без никаков проблем за тоа шо си плативме тоа си добивме.

Лани моите беа со Фибула во турција и на цела група не им се свиѓал хотелот со 4* ама не заслужувал толку, и сите се бунеле, дошле од агенцијата со додаток од по 50Е за човек ги сместија во супер луксузен хотел со 5*.

А тие од травел хаус ги лажеа и моите во А. палас три саати им переа мозок ама не им дадовме пари на крај, а добро перат мозок :)
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
одев преку агенции едино кога бев мал и патуваав со моите, сеа сам си барам смештај/превоз и све останато..
а и поисплатливо е(освен ако не идеш со бус) и плус точно знаеш кај одиш и како е..
 
Член од
13 февруари 2006
Мислења
13
Поени од реакции
18
TRAVEL HOUSE ???????????

Постои ли еснаф, здружение, асоцијација на туристички агенции ???????
Начинот на пљачкосување на граѓаните е антипропаганда за работата на било која туристичка агенција !!!!!!!
Го цитирам мојот пријател кого го измамија во TRAVEL HOUSE,
-Да ти ебам и агенции туристички, не сакам да чујам во животот повеќе ништо за било која туристичка агенција !
На таква агенција треба да и се земе дозволата за работа !!!
Има ли пазарни инспекции во оваа држава ???
Каде е здружението за заштита на потрошувачите ???

Б Р У К А Г О Л Е М А ! ! !
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Горанчо,можеш ли повторно да напишеш за Травел,м?
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Можеш да ги пријавиш...или да им пуштиш инспекција ако не се задоволен...исто така министерство за финансии може да им ја одземе лиценцата ако не ги исполнуваат условите на работа.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
Сафари е многу добра агенција.Имам една случка.Учам Туризам во Гевгелија.Требаше да одиме на ексурзија во Грција и имаше повеќе агенции кои се нудеа.Најисплатливо беше преку Сафари и беше се океј.После некој ден ни требаше некој пропаганден материјал и идеме да прашаме во туристичката агенција Одеон и коа рековме оти од школо ни требаат они ни викаат одете барајте од Сафари :drk:.
 
Член од
18 јуни 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали некој има искуство со Paradiso Fly? Гледав имаа некои пристојни цени. Ако имате информации пишете.
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Дали некој има искуство со Paradiso Fly? Гледав имаа некои пристојни цени. Ако имате информации пишете.
ја имам другари кои лани беа на апсолвентска екскурзија со оваа агенција и беа доста задоволни.сеа за летните аранжмани би требало да е исто.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Еве вака шо мака имам.Кон средината на Мај планирана е екскурзија во нашата Гимназија.
Пошто сум од помал град знаете дека ваму тур.агенции работат од трета рака па во ова време недозволиви им се цените.Па би сакал вие да ми предложите некоја поготово Скопјаниве но не мора само тие,некоја со добра маршута а нормална цена.
Фала однапред!!!
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
За од скопските агенции не знам да ти кажам, ама пред некој ден јас дознав за годинешнава понуда и маршута која ќе имаат средношколците од СОУ Јане Сандански во Струмица. Аранжманот по кој они ќе одат е околу 350 евра, со обезбеден превоз, ноќевања и јадење низ хотелите/апартманите.

Турата е вака мислам :

- Белград (цел ден + ноќевање)
- Загреб (ноќевање)
- Блед
- Љубљана (изгледа у Љубљана ќе има ноќевање)
- Плитвички езера
- Медена (2 ноќевања ми се чини таму)
- Посета на Сплит и Дубровник
- И последното ноќевање е во Сараево или Будва, не ме фаќај за збор

Таква е отприлика маршутата за една недела. 350 евра не е мала сума, но со оглед на тоа што пред 2 години јас кога бев трета плативме 200 и нешто евра и тоа за 4 ноќевања, без посета на Словенија. Од Белград и Загреб скоро и нешто не видовме. Плус тоа може да исплаќа на повеќе рати, и до 12 месеци мислам дека можело ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom