Јас бев со нив на едно патување. Водич ни беше Васко Форте (од Македонски Идол ако го памтиш). Човекот прво ги изгуби луѓето на аеродромот кога стигнавме, па почнаа да се расправаат со него откако ги најде и тоа со право се расправаа. Потоа во градот, откако излеговме од метрото ги изгуби исто така, се подели групата, дел замина со него, дел на друга страна, па пак расправии.Критика за Савана. Бидејќи си преќутуваат работи и не се коректни до крај.
Најпрво кога бевме во агенција и се распрашувавме, тој воопшто не ни кажа дека Макарска е веќе 5 дена на last minute, туку директно ни ја кажа старата цена и ни наплати по истата. Откако дознавме потоа се јавивме, и ни кажуваа нешто во стилот тие се други сместувања и дека така нема да знаете каде сте сместени блабла, разликата беше 30 евра регуларното и last minute, не е проблем до парите туку до принципите. Можеби навистина немаше да сакаме да не знаеме каде сме сместени, но нивно е да предложат сите валидни опции. На прашањето зошто не бевме известени дека и ваква опција има и дека нивна работа било да понудат и таа понуда кога некој спомнува тоа место, а не да ја премолчат, немаше одговор, до забуна дошло итн.
Друга работа, во агенција три пати прашав дали вц-то е во собата, ми кажуваше тој дада таму е, доаѓам во вилата, вц-то е во ходникот каде што поминуваат сите за другите соби. Не е коректно навистина, само за нас беше (приватно), ама зошто ме лажеш дека е во собата, кога не е, нагласи дека има можност да не е, дека во сите соби е различно, ќе прифатев. Може не сакам по бањарка да ме гледаат други, не е коректно.
Трета работа, тој во агенцијата е најарогантно суштество што може да постои, додека уплаќавме, една од ВРАБОТЕНИТЕ дојде да го праша нешто, овој и се издра и тоа со заби со тресење и се дере “можеш да ме оставиш на мира да завршам, морам и тебе да те слушам“, тотално неубаво. На секое прашање враќаше арогантно и тотално нељубезно, пример на прашањето дали ќе ни се јавите уште еднаш пред тргање што е најпросто прашање, тој бурно реагираше “зошто да ви се јавиме уште еднаш, која е поентата да ви се јавуваме, па се ви пишува, можете да прочитате, што има да ви се јавуваме“.
Име и презиме не му кажувам тука, да не му направам проблеми, ама сериозен проблем си имаат како агенција со односот од вработените, ако не си ги средат џабе се што добро организираат. Реално имаше добар автобус со клима и превоз од автобуската до смештаите, ама бројноста на луѓе само ќе им се намалува со ваков однос. Еве ние решени бевме за Макарска и што и каков однос и да имаше само сакавме да си уплатиме, ама има луѓе не се решени, и со ваков однос само ќе станат и ќе си излезат, со таа ароганција нема да продаде ништо на неутрален човек што не се решил уште каде и со која агенција да оди.
Бар за вакви работи, да нема лажење, прикривање понуди, арогантен однос, може да си средат со обука на вработените.
Дека бевме за Велигден, Васко ни кажа дека ништо од продавници/музеи нема да работи, па испадна дека се работеше. Добро е што јас самостојно си шетав каде што сакав, без него, освен еднаш со метрото.
Ни кажуваше дека бил во тој град 69 пати (да, баш 69 пати кажа).