Пострамковна Македонија

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Мицковски е надвор од парламент и нема никаква обврска кон ДУИ.
Што го натера "пописот" кој го нарече етнички инжинеринг, да го прифати само после еден месец и една средба со американскиот амбасадор?
Што е толку битно за Мицковски што морал да признае лажирани бројки?

Сакам да кажам, не е битно дали македонските партии се во парламент или не се. Бројката пратеници не е битна кај нас, бидејќи албанскиот пратеник тежи многу повеќе (при коалиции), од глупиот каурски куропушач.
Јас мислам дека премногу се акцентира проблемот со Албанците низ дискусииве, не е незначаен, меѓутоа доминира веројатно само затоа што повеќе навредува и иритира. Главниот и најголем проблем е во главата на Фиромјанинот. Во 90-те Албанците имаа многу помала политичка моќ, максимум по 2 министри и помал број пратеници. Некои од најгадните зла по државата се случија тој период и сè уште се чувствуваат последиците...

И покрај тие смешните и патетични приказни за 'веквони стремежи' и 'борби' за самостојна, сопствена држава, овие 30-тина години откако постои оваа држава се покажа само како причинител на страдање и несреќа за овој народ. Мислам дека решението е предавање на суверенитет на друга држава/и и тоа е тоа...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.872
Официјално вчера Николовски излезе јавно на Анал 5 и кажа на прашањето на новинар, дали Вмро пак ќе коалицира со Дуи? Одговор му беше дека ќе гледаат да не коалицираат оти убеден бил дека Вмро ќе има 61 пратеник . А што ако имаат 54?!!! Очигледно дека ќе коалицираат .Врти сучи,Вмро стана бостан пазар без свое јас силно.
Левица се поагресивни во своите ставови.
Скроз небитно е дали албанската партија во власта се вика ДУИ,БЕСА,АА. Агендата ќе се турка, без разлика на тоа кој седи на фотељата.

Единствено прашање е дали ВМРО би биле спремни да не им удоволуваат , со сите последици што тоа би ги донело, или би продолжил стариот добар аранжман.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
Единствено прашање е дали ВМРО би биле спремни да не им удоволуваат , со сите последици што тоа би ги донело, или би продолжил стариот добар аранжман.
Може да се насети, преку она што го демонстрираа околу пописот.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.492
Поени од реакции
4.732
заев го прошири рамковниот, веќе не се задоволуваат само со исполнување на одредбите од рамковниот, туку сега појдовна точка е тиранската платформа, двојазичноста и сите други барања кои произлегуваат од истата, како и несразмерната политичка моќ доделена на дуи од страна на сдс која ги зголемува барањата на сите албански партии, па така сега како услов за коалицирање на секоја македонска партија ќе и се поставува доделување на најмалку толку министерски и директорски места колку што имаат сега албанските партии во владата, а секако во игра се и највисоките функции - кога веќе е избран Претседател на Собрание албанец, зошто да не се изгласа и Претседател на државата албанец, зошто да не се промени начинот на избор на Претседател, па така наместо да се гласа за Претседател, тој да се избира од страна на Собранието со што многу полесно би добиле и Претседател, кога веќе е извесно дека ќе има албанец премиер три месеци, зошто во иднина да нема премиер албанец со целосен мандат од 4 години, иако албанска партија не победила на изборите. Да не ги заборавиме и барањата за промена на државните симболи, затоа што нели не ја одразуваат вистинската состојба во државата, а вистинската состојба е дека албанците се 29% од населението, иако во тие 29% попишани се и оние кои живеат во странство и иако пописот е регуларен колку и изборот на џафери за Претседател на Собранието.

Ако од 2001 година со рамковниот договор Македонија беше фактички бинационална држава, сега веќе не е ни тоа. Мнозинскиот народ е исклучен од донесувањето на одлуки за сопствената судбина, за сопствениот идентитет, јазик и историја, не само што е исклучен од донесувањето одлуки, туку не е прашан ни за мислење. Видовме како се прифати францускиот предлог од владата во која главни се дуи, а сдс како верни потрчковци немаа право на збор и избор (поставена им е двојна забрана, од дуи и од странските "партнери", па така нема ни што многу да мислат дали треба или не да се прифати). Политичката моќ во најголем дел е во рацете на албанските партии и ситуацијата наликува на апартхејд. Полека Македонија станува трета албанска држава на Балканот, иако албанците се малцинство. Ова во комбинација со бугарските политики кон Македонија ја отвора вратата за нејзина поделба, само уште територијата ни остана (без суверенитет, со население без национален идентитет) и знаејќи ги шиптаpите и татарите ќе ја грабнат во прва прилика, а дали преодната форма ќе биде федерација, конфедерација или албански и бугарски кантони на одредени делови од територијата не е толку важно. Важно ќе се затвори македонското прашање и Албанија и Бугарија и Грција среќни и весели, тоа што не го постигнаа со војни и убивања ќе го постигнат со пари и политика и секако преку нашите предавници и изроди.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Рамковниот договор сепак донесе мир и стабилизација на земјава, наместо разгорување на конфликтот ширум целава држава и прераснување на конфликтот во една тешка меѓу-етничка граѓанска војна од Босански тип сепак за среќа не дојде до такво нешто. Мислам дека тој конфликт беше строго контролиран конфликт (од меџународната) имаше неколку месечно пушкарење ама таму само по некои села и планини, за среќа немаше некои масовни урбани внатре-градски битки и крвопролевања... Се сеќавам од една страна чурат облаци од Арачиново и од Скопска Црна Гора, а во Скопје животот најнормален, народ си шета по улици, сообраќајот најнормален, се си функционира, а воздушна линија само неколку км од воените дејствија до центарот на градот !
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Јас мислам дека премногу се акцентира проблемот со Албанците низ дискусииве, не е незначаен, меѓутоа доминира веројатно само затоа што повеќе навредува и иритира. Главниот и најголем проблем е во главата на Фиромјанинот. Во 90-те Албанците имаа многу помала политичка моќ, максимум по 2 министри и помал број пратеници. Некои од најгадните зла по државата се случија тој период и сè уште се чувствуваат последиците...

И покрај тие смешните и патетични приказни за 'веквони стремежи' и 'борби' за самостојна, сопствена држава, овие 30-тина години откако постои оваа држава се покажа само како причинител на страдање и несреќа за овој народ. Мислам дека решението е предавање на суверенитет на друга држава/и и тоа е тоа...
Типичен комуњарски дефетистички муабет (боље да нè поделат, боље да нè спојат со Грција и сл.)

Ти, ако сакаш, суверентитетот на својот стан/куќа можеш да го предадеш на некој друг, а не на државата.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Типичен комуњарски дефетистички муабет (боље да нè поделат, боље да нè спојат со Грција и сл.)

Ти, ако сакаш, суверентитетот на својот стан/куќа можеш да го предадеш на некој друг, а не на државата.
Комуњари и Албанци, брат. Да не се тие кај ќе ѝ беше крајот на РСМ, РМ, БЈРМ, ЧКЉРМ, овој беден мивкарник што го крстеше кој како стигне...
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Комуњари и Албанци, брат. Да не се тие кај ќе ѝ беше крајот на РСМ, РМ, БЈРМ, ЧКЉРМ, овој беден мивкарник што го крстеше кој како стигне...
Иронија, брат, тоа е.

Кај ќе ѝ беше крајот? Не може со сигурност да знаеме, тоа е хипотетичка ситуација.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.912
Левица се поагресивни во своите ставови.
Левица се агресивни во своите ставови затоа што нема што да изгубат, никогаш не се биле на власт што значи не се оцрнети и тоа им дава огромна слобода и неограничен простор на политичко маневрирање кое тие го користат максимално, само да се потсетиме Левица почна како антинационална партија во која важни се работниците но од кога увидоа дека нема тоа фајде ја сменија плочата од сите нации се халуцинации и нациите се капиталистичка творба за да ја делат на работничката класа, до најнационалистичка македонска партија на политичката сцена, што е доволна причина на секој што прати политика да му се запали црвена ламбичка.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
... до најнационалистичка македонска партија на политичката сцена, што е доволна причина на секој што прати политика да му се запали црвена ламбичка.
Овде е тотално пореметено дефинирањето на национализам. Говорење на реалноста веќе се смета за национализам, додека бањатите урбани нашетани комуњари наметнаа да се смета за националист секој што ќе развее знаме или пушти Македонска песна.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Левица се агресивни во своите ставови затоа што нема што да изгубат, никогаш не се биле на власт што значи не се оцрнети и тоа им дава огромна слобода и неограничен простор на политичко маневрирање кое тие го користат максимално, само да се потсетиме Левица почна како антинационална партија во која важни се работниците но од кога увидоа дека нема тоа фајде ја сменија плочата од сите нации се халуцинации и нациите се капиталистичка творба за да ја делат на работничката класа, до најнационалистичка македонска партија на политичката сцена, што е доволна причина на секој што прати политика да му се запали црвена ламбичка.
А бе единствена партија (не ги рачунам непарламентарните партиички кои ни дома не ги гласаат) ти е Левица која најдиректно ти кажува дека би го поништила Рамковниот договор и која скоро секоја недела има соопштение против криминални дејствија на структури од ДУИ или блиски до ДУИ, против рамковни вработувања на неписмени кадри и сл.

Не биле никогаш на власт, да. Ама не беа ни во Собрание, па влегоа, и сè што претходно збореа, си продолжија да го прават.

Црвена ламбичка? Па ако за Левица има црвена ламбичка, тогаш за СДС и ДПМНЕ има ред лајт дистрикт (и во поглед на светлина и во поглед на нудење пред амбасади и ДУИ).
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
543
Поени од реакции
1.860
Другар џабе објаснуваш, Битно им е дека Апасиев носел Јорданска марама а не Палестинска. А пред лице ДУИ ти прават тешки криминали.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
Единствено прашање е дали ВМРО би биле спремни да не им удоволуваат , со сите последици што тоа би ги донело, или би продолжил стариот добар аранжман.
Eве ти мал показател:

Joци (позната како гласот на Мицковски), ги проблематизира бркањата од работа на неработниците, тврдејќи дека тоа го намалува коалициониот капацитет на партијата.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.872
Eве ти мал показател:

Joци (позната како гласот на Мицковски), ги проблематизира бркањата од работа на неработниците, тврдејќи дека тоа го намалува коалициониот капацитет на партијата.
Не верувам дека оваа е некаков глас на Мицковски, зошто во неколку клучни моменти(Рекет на пример) си се враќала назаад во СДС и ги штитела нивните интереси. Тогаш негде oд прилика и Васко Ефтов си се прибра дома, откако успешно ровареше по гласачкото тело на ВМРО и го направи гласачко тело на Интегра :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom