Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.980
Нападот на полициската станица во Теарце, од страна на албанските терористички сили, се смета како повод за почеток на македонската граѓанската војна во 2001 година која траеше цели 7 месеци односно се до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Потписници на овој договор беа претседателите на политичките партии од македонскиот политички блок Љупчо Георгиевски, во тоа време и претседател на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Борис Трајковски кој беше Претседател на државата и Бранко Црвенковски, претседател на опозициската СДСМ и претставниците од албанскиот политички блок Арбен Џафери, претседател на ДПА и Имер Имери претседател на ПДП. Со оглед на тоа дека како потписници се јавуваат и ЕУ и САД, овој договор има статус на меѓународен договор.
Со оглед на тоа дека овој овој договор е напишан на англиски јазик како единствена автентична верзија на договорот (тоа е напоменато во самиот договор) и е игнориран македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија, беше прекршен Уставот од 1991 година. Тоа е првата во низа прекршувања на Уставот или правни преседан кои произлегуваат по потпишувањето на овој договор.
Вториот преседан е барањето за промена на Преамбулата во Уставот без притоа да биде донесен нов Устав. Станува збор за преседан во споредбеното Уставно право. Тука е и промената на Уставот во време на воена состојба!
Самите барања односно обврски за промена на Преамбулата и на одреден број на членови од нормативниот дел, а потоа и на низа закони, самиот договор го формулира како правен документ затоа што произлегуваат одредени обврски кон Македонија. Клучниот проблем околу ова прашање го постави Уставниот суд на Македонија кој го оцени овој акт како чисто политички и поради тоа не може да биде предмет на уставна ревизија. Поради својата правна природа и кршењето на Уставот на РМ од 1991 имаше правен основ за поништување и укинување на овој договор! Дури и како резултат на Рамковниот договор, најмалку 1/3 од судиите на Уставниот суд мораат да бидат припадници на малцинствата!
По овој договор, пратениците кои припаѓаат на малцинските етнички заеднички имаат политичка алатка: бадентерово мнозинство (во Роберт Бадентер кој имаше активна улога во преговарачкиот процес по кој резултираше Охридскиот рамковен договор, меѓу другото беше противник на консензуланата демократија). Така, за промена на одредени членови од Уставот и одредени Закони кои се однесуваат на културата, употребата на јазиците, образованието и употребата на симболите на етничките заедници различни од македонското, потребно е половина плус еден, од пратениците од етничките малцинства, да гласаат За промените кои се однесуваат на овие прашања. Од една страна им се дава протекција на правата, а од друга страна овој институт се пркоси со основните принципи на демократското општество каде мнозинството (50%+1) владее. Тоа резултира со тиранија на малцинството и трансформирање на Македонија во мултиетничка држава каде секое политичко прашање, реализацијата на самиот буџет, па дури и вработувањата во јавниот сектор се гледа низ призмата на етничкиот клуч. Дури и отворена можност за кочење на правниот систем.
Така се реализирани речиси сите барања на албанскиот политички корпус од 90-тите години, со исклучок на дводомноста на парламентарното тело и федерализацијата на Македонија (зашто се залагаше Имер Имери, па и одредени политички ентитети на модерната политичка сцена од страна на албанскиот политички блок) и потпретседател на државата, кој ќе биде Албанец, и ќе има право на (суспензивно) вето!
Нема да навлегувам во толкување на спорните одредби од Рамковниот договор, истото може да се направи ако се разбие посериозна дебата. Целта на темава е еден критички осврт на сите политички настани, сите политички одлуки кои произлегоа од овој договор последниве две децении. На 13 август се поставува 21 годишнината од овој договор. Единствените живи потписници, од Македонија, се Георгиевски и Црвенковски. Иако нивните политички партии тежнееа кон внатредржавен договор, надворешниот политички притисок придонесе своите потписи да ги стават на овој договор.
Како стигнавме од барања за образование на мајчин јазик до прославување на денот на албанската азбука? До универзитет во секој град, посебно во западна Македонија, на албански јазик? До промена на учебниците по географија, потпишани од тогашниот министер за образование и наука Положани, по реакција на тогашната коалиција АА/А ?
Самите универзитети изиграа круцијална улога затоа што се смени образовниот профил кај албанскиот етникум, која беше една од причините за ниската стапка на застапеност во министерства и останатите институции.
Од барања за употреба на симболи до градење споменици на терористите од УЧК и употреба на знамето на Албанија низ сите градови и села каде Албанците се доминантно или апсолутно мнозинство! Знамето на Албанија не е симбол на Албанците во Македонија, само по себе не може да биде затоа што е симбол на друга држава. Знамето било и е симбол за обележување на територија. Така, оставен е пропуст во Рамковниот за ограничување на користењето туѓите државни статусни симболи на територија на Македонија.
Кое е излезното решение од овој политичко-правен лавиринт? Дали Влада во која нема да биде вклучен некој албански политички фактор? Ако да, дали има шанси за нови воени и/или политички конфликти, како што беа најавите за војна од Дардишта ако ДУИ биде изоставена во новата влада? Во овој момент, Албанците имаат свој претседател на Собрание, а ќе имаат и претседател на Влада пред да бидат распишано наредните парламентарни избори. Со Претседател на државата, тоа се 2 од 3-те највисоки политички функции во државата, а со самото тоа значи и голема политичка моќ! Дали можеби излезното решение е формирање политичка коалиција која наместо со гол национализам ќе го храни албанското гласачко тело со проекти за економски просперитет (најнеизразлив, екстремизмот, е кај БЕСА). Дури и на СДСМ за миг им успеа!
Дали едната изборна единица ќе ја ограничи политичката моќ на албанскиот политички фактор?
Не сакам да ги опфатам сите прашања и општествено-политички полемики. Оваа опсежна тема која е отворена рана во македонското општество.
Секако, молба за држење кон принципиелната дебата и држење до форумските правила.
Пријатни дебати!