Некогаш незнам дали да пишувам во Предлог за филм или Последен гледан филм, и двете теми ми изгледаат исто. Создава забуна понекогаш, би требало да има само Предлог за филм, многу попрегледно би било така. Само предлог...
Инаку само што го изгледав
Passengers (2008). Иако во жанрот стои хорор/трилер многу повеќе е надприродна драма. Нешто како комбинација од
The Sixth Sense (1999),
Senki (2007) и
Angel Eyes (2001) или друга по желба романса.
Приказната е помалку или повеќе предвидлива, го прави филмот лесен за гледање и за разлика од повеќето трилери не е потребно многу размислување. Се работи за група патници кои преживеале авионска несреќа но полека почнуваат да исчезнуваат. Во средината на приказната е професионалната врска помеѓу психијатарот
Anne Hathaway и еден од патниците, која прераснува во романса.
Музиката во позадина потсетува на
Unfaithful (2002) само ја има многу повеќе и ја прави напнатоста помала. Главната актерка
Anne Hathaway ја има во скоро сите сцени што е голем плус за филмот. Оцената на филмот засега (мал број на гласачи) е 6.2 што се должи најверојатно на првиот дел на филмот, кога после бурниот почеток со авионската несреќа следи предолго затишје... Но само заради последните сцени кои се преполни со емоции, од мене 7/10.
Ништо спектакуларно, но вреди да се види.