Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Who Am I: Kein System Ist Sicher (2014)

Сосема солиден филм од режисерот на Dark (двајца актери од серијата глумат и во филмов). Млад дечко по име Бенјамин, тотален аутсајдер со трагично минато, постепено станува еден од најдобрите хакери во Германија. При упадот во системот на еден универзитет, фатен е и осуден на општокорисна работа. Тука се запознава со Макс, харизматичен и популарен лик, кој го запознава со уште двајца компјутерски „фрикови“ и четворицата набрзо формираат хакерска група која работи под името CLAY. На почетокот прават повеќе зафрканции и пранкови на неонацистички групи, банки и фармацевтски компании, но никако не успеваат да го привлечат вниманието на нивниот идол, најпознатиот хакер MRX. За таа цел решаваат да направат големо хакерско дело со упад во системот на националната безбедносна служба ама работите (нормално) тргнуваат на лошо а MRX им станува најголем непријател.

Добар и забавен трилер, со брзо темпо и крај кој мене многу ми се допадна. Филмот има два големи plot twist-a. Ако останеше само на првиот и така завршеше филмот ќе бев разочаран зашто тоа ќе беше големо клише. Вака вториот пресврт ги исправи работите за мене и крајот ми беше многу повеќе задоволителен. Ми се допадна и тоа што Бенјамин ја раскажува целата приказна веќе уапсен и испрашуван од државните агенти и има некоја Кајзер Созе атмосфера. Знаев дека на крај ова ќе биде многу битно за расплетот.

Тоа е тоа во главно, да не влегувам во спојлери. Препорака од мене.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.245
Поени од реакции
27.590
Hillbilly Elegy

Koga i da otvoram google, vo novosti mi davase se negativni kritiki za filmov, demek ne gi prikazuvalo rednecite ko sho treba, mnogu bile uvredeni, pa i nesto politicko imase deka imase izbori vo SAD sega pred eden mesec, i nekako resiv, de da go poglednam filmov, zar so jak casting e tolku los?
Odgovorot: ne e.
Ne znam sho im e na kriticarive, filmot nema nikakva politika ili pa ne e nikakva reprezentacija za site redneci, tuku e semejna prikazna raskazana od perspektivata na JD Vance.
Glumata na Amy Adams i Glen Close e odlicna, megutoa vo prikaznata kako da mi falese zavrsetok na kraj. Narativot mozel i podobro da se napravi.
3/5
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
The Priest (2011)

Луѓето живеат во големи градови под контрола на црквата, за да се заштитат од вампирите.

По завршувањето на војната со вампирите Редот на воини наречени Свештеници е распуштен.

Свештеникот (Paul Bettany) постојано сонува ист сон од претходна битка каде умира еден од Свештениците.
Во една прилика е посетен од шерифот Хикс (Cam Gigandet) кој доаѓа надвор од градот. Го известува дека биле нападнати од вампири кои ја киднапирале неговата девојка Луси (Lily Collins) истовремено и внука на Свештеникот.

Свештеникот без дозвола на црквата оди да помогне да ја спасат. Црквата го праќа остатокот од редот да го вратат назад бидејќи не веруваат во заканата од вампирите. Свештеничката (Maggie Q) го наоѓа прва и таа дознава дека заканата е всушност реална... До тука, да не го откривам крајот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804


Визуелно допадлив, холивудски направен, со добра сценографија, костими, а сепак не баш историски акуративен, нереалистичен, со лошо сценарио, па и глума. Сепак вреди да се погледа, заради визуелниот дојам. (има и 3D верзија)
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Идејата за филмот ја добив од тука
MV5BOTNjM2Y2ZjgtMDc5NS00MDQ1LTgyNGYtYzYwMTAyNWQwYTMyXkEyXkFqcGdeQXVyMjE4NzUxNDA@._V1_.jpg
Дански филм, наведен е како комедија/драма.....јас би рекол само драма. Одлично направен и најважно од се има порака филмот. Го препорачувам.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.043
За истиот дојдов.

Томас Винтерберг и Мадс Микелсен, нема утка тука. МаЦ е најдобриот актер од неанглиско говорно подрачје.

4 пријатели, колеги професори, случајно влагаат во еден сопствен експеримент наречен дневна доза алкохол. Да видат како ќе им функционираат дневните обврски со одреден промил у крвта. На почетокот делува интересно, после се појавуваат проблеми.

Интересен филм, лабав, пишува комедија ама според мене е повеќе драма. Е сеа скандинавците какви што се чудни, може и да се газат од смеење на филмов.
Драма, според мене малце послаба од другите Винтербергови филмови кои што знаат да те треснат од земја, има и овој таков потенцијал ама ете сепак одлучил да го напраи на полабав начин.

Коа сме кај Томас Винтерберг, сериозен предлог за Submarino, иако овој го иаме гледано скоро сите пошто беше во клубот. Тие што го немаат глеано, нека го гледаат. Вреди за сите минутi. Врвен филм.
Многу ги сакам скандинавците и нивните начини на прикажување филм, директно у срж на поентата, проблемот, без да се замара дека ќе те шокира, навреди и слично. Многу се брутални. И реални. И јаки.

И уште нешто. Може некој да ми помогне да го најдам The Celebration односно Festen, филм од 98ма за кој пишува uncredited, поима неам зошто и го нема нигде на торенти... барем јас не можам да го најдам. А одамна го барам и сакам да го глеам. thats what she said.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.245
Поени од реакции
27.590
Wonder Woman 1984

Kristen Wig e promasen kasting totalno.
Krajot e super anti klimakticen.
Predolg e.
Golemo razocaruvanje posle prviot del.

6/10
2.5/5
 
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Во последно време стварно ми изгледа дека џабе фрламе пари за Нетфликс. Буквално понудата им е за никаде само си репризирам веќе изгледани филмови/серии. Скоро и да немаат ништо погодено од ново понуденото.

Завчера го изгледав The midnight sky, па после тоа сакав да си ги откорнам очите.

Прво сакам да ја критикувам дрскоста со која скоро сите нови филмови ги прават со должина од 2/2:30 саати. Добро со што заслужи овој филм 2 саати?

Приказната се врти околу една вселенска опсерваторија на која се наоѓа Џорџ Клуни и еден вселенски брод што треба да најде алтернативна планета за преселување на човечката вивилизација ако нешто и се случи на планетава. Наеднаш опсерваторијата и бродов губат контакт со Земјата и се развива дејството во правец “Све за љубав”.

Филмов е срање тешко. Гледаност ќе има само затоа што платформата на Нетфликс знае да те натера да стиснеш плеј на ваков булшит ( кога ќе ми текне дека потрошив 3 саати од животов на The last days of american crime :tapp:).

Дилема ми е само како се нафаќаат глумци со реноме како Џорџ Клуни да “глумат” во ваков филм...


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
https://en.wikipedia.org/wiki/To_the_Ends_of_the_World
пак беше на Кинеманија, денес, а лани го гледав...француски филм за француската окупација на Виетнам, снимен сега ама во стилот на 50/60-тите, кога и се случува дејствието... мешавина од воени сцени ама и сексуални сцени , се што има во брутална војна ... едно не ми е јасно , пише за деца над 12г а има повеќе експлицитни работи од секојдневни филмови што се за 16+....
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Bill & Ted Face the Music (2020)

Како дете ги имам гледано првите два филма со Бил и Тед. Ми останале во сеќавање како забавни комедии, мада не ги сметам за култни или така нешто. Ме изненади што Киану Ривс баш во екот на новата слава прифати да сними ново продолжение. Си мислев мора нешто да го привлекло - добро сценарио, некоја оригинална идеја или сл.

Го гледав и чуден впечаток имам искрено. Од оној тип на филмови што е стварно на некој начин глуп, знаеш дека е глуп, ти се осеќаш глупо што си седнал да го гледаш, ама пак некако не можеш да го хејташ. Се потрудиле да ги фатат фановите на првите два филма на носталгија. И склопиле некоја фора. Ама многу работи не ми штимаа. Не беше смешен ни за секунда. Киану е кул лик ама и тој изгледа трапаво кога игра 50-годишник со ум на тинејџер-стоунер. Ќерките кои беа исти како нив млади ми беше некако клише идеја... Се на се forgettable филм. Да помине некој месец нема ни да се сеќавам на 70 посто од него.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.043
Untitled Paul Thomas Anderson project (2021)


Пишав и во генералната тема пред некое време дека стартувам со проект наречен Пол Томас Андерсон.
Режисер за кого имам високо мислење иако до тој момент го имав изгледано само Тhere Will be Blood кој ми беше досаден во целина, освен глумата на Даниел Деј Луис. Ама за него подоцна, кога ќе дојде до репризирање. Истотака и The Master не го издржав и го оставив недогледан.
И за него подоцна.

Ова и ме плашеше кај ПТА и неговите филмови, кои траат долго, и се драми и ко што реков во тој пост од генерална, сметам дека е комплексен режисер од аспект на тоа како ги раскажува филмовите и за него треба да имаш ладна глава и да уживаш во драмата и следењето на карактерите.

Имав убаво интро коа постов го пишував во темава и имав сочувано нацрт, ама не знаев дека 24 часа трае па ми се избришал, среќа само што беше сочинет со првите два филма. А и што ви е гајле за мои хумористични интроа, тука треба да ги напишам филмовите што ги гледав и да дадам осврт на кариерата и делата на ПТА.
Секако со мое небитно за широката раја, мислење.

По редослед ги гледав филмовите. Почнувајќи од почеток, логично.

Прв филм на Пол Томас Андерсон е
Hard Eight (1996)
на свои 26 години ПТА пишува оригинално сценарио водејќи се по некоја негова приватна случка со казино, го продуцира и режира филмот каде во главните улоги се појавува едно харизматично чиче кое ќе го има и во следните неколку филмови, неговото име е Филип Бејкер Хол.
Покрај него го има и Џон Си Рајли, Гвинет Палтроу, Самуел Л. Џексон и малце Филип Сејмур Хофман.

Филмот започнува кога Сидни (чичето) на влезот од еден ресторан ќе најде едно безнадежно момче Џон (Си Рајли) и ќе го покани на појадок и кафе. Овој ќе му побара пари за погребот на мајка му а стариов на тоа му одговори дека нема толку пари туку ќе му дае 50 долари и со нив ќе го научи на
коцкарски трикови. Така и бидна.
Фаст форвард 2 години подоцна, Џон веќе искусен комарџија ќе ја запознае шармантната келнерка и во слободно време проститутка Клементин (Гвинет Палтроу), заедно со Џими (Самуел Л.Џексон) и тука филмот добива своевиден заплет а подоцна и расплет, нели. Од драма следи малце побрз тек и ствара една интересна трилер атмосфера, со малце насилство.

Добар филм, коректна драма каде преовладува грижата на совест, обид за исправање на неправди односно демони од минатото и носење/живеење со истите.
7/10 оценка.

Следната 1997ма година, ПТА влага во малце позериозен и поголем проект наречен
Boogie Nights
повторно чичето, овојпат во споредна и навидум небитна улога, повторно со сериозна минутажа Џон Си Рајли, и малце поише од претходниот, Филип Сејмур Хофман.
Тука во главните улоги ги имаме Барт Рејнолдс и Џулијан Мур, како и Марк Волберг во една од неговите први сериозни филмски улоги. И Дон Чидл и Пачанга/Гача во споредни заедно со Вилијам ЕЈЧ Мејси односно тој од Фарго или од Шејмлес, или од сите милион улоги. Смешна фаца.

Филмот почнува некаде во 1977ма година и опфаќа период од некои 10 години во време каде порно индустријата зема сериозен замав. Во диското на Пачанга/Гача, Џек Хорнер (Барт Рејнолдс) и неговата муза Амбер (Џулијан Мур) го запознаваат младиот собирач на чаши Еди, подоцна Дирк (Марк Волберг) и го внесуваат во порно светот каде веќе живуркаат овие другиве актери спомнати погоре.
Филм каде гледаме судир на високи ега, подеми и падови, секс, дрога и рокенрол со значителна акција и насилство во втората половина од филмот.
Во атмосферата и текот на раскажувањето малце ме потсеќа на Мартин Скорсезе од тие неговите гламурозни филмови. За мој вкус малце предолг, верувам и за повеќето, а и многумина би го нашле за досаден, долг и непотребен. Ваљда и јас ќе спаѓав во оваа клапа ако го гледав во некој рандом период од мојот неинтересен живот.
Ама за ПТА си реков дека филмовите ќе му ги испратам со ладна глава, поише памет и обид да се согледа суштината на филмот.
Од таму и 8/10 оценка.

Magnolia (1999)
Џимеј вика ова е еден од најдобрите филмови икада. У секој момент од мојот филмско-гледачки живот би му собрал све на куп. Но не и сега.
Ќе го пцујам малце Андерсон на крајот од рецензијава.
Многу јак филм, многу јака драма, многу јака атмосфера, многу јако све. 3 саати трае, едно 6-7 години се плашев и на имдб да го отворам од што е толкав, плус драма, плус тотално мех од објаснување, плус Том Круз. Шанса нема да се гледа ова. аа
Прејако траеше, онака си седиш и си гледаш драма, баш драма, ликови и нивните судбини, секоја на свој начин различна со нешто што ги поврзува сите.
Депресија би рекол, или боље меланхолија.
Криво ми е што го изгледав 2+1. Ми беше чудно што не ми беше досадно. Тоа значи сув квалитет. Така добро напишани карактери, секоја чест.
Депресивни ликови, ликови во потрага по среќа, ликови полни себемразење, ликови полни омраза, ликови со неисполнет потенцијал, ликови со оштетено минато, ликови полни каење, ликови полни емпатија, ликови кои својот неуспех пробуваат да го ``извадат`` преку други и ликови кои се доволно паметни тоа да не го дозволат - не знам како да се изразам за ова последново (сегментот со малиот Сидни). Ликови, ликови, мизерни ликови.
Е сеа, некои би рекле абе имаше доста непотребни ликови и моменти, можел нешто да извади и да се ослони повеќе на другиве. И јас така си реков во еден момент ама после ми текна дека ако напраел така филмот ќе беше досаден, вака држеше внимание кај сите ликови и ниеден не беше премногу застапен за да ти скурчи, ниту пак нешто фалеше кај некого. Перфектно напишани и изведени карактери.
Сите се главни улоги тука, Том Круз во една од своите најдобри улоги, Џулијан Мур прејака и преубава и не замарајте Иовци и Шон Спенсерци, повторно Џон Си Рајли топ, повторно чичето, повторно тој од Фарго или од Шејмлес, или од сите милион улоги. Смешна фаца. Жаба му ги искрши забите. И пак малце Пачанга/Гача. И горе-доле исто ко и во претходниот, Филип Сејмур Хофман.

Мора малце да го опцујам ПТА, па пичка ти матер твоја, мораше ли жаби да ми пуштиш ебате тоа. Си уживав у филмот, си тонев, си гледав, си слушав, си вриев и одеднаш фрасссс жаба ми паѓа на екран, и милион други, дожд од гадни крастави жаби, едвај гледав, блокирав со рака и мижев. Гомно.
10ка ќе добиеше ама кур, 9ка. Најсериозен сум, заради жабите.
9/10.


Punch-Drunk Love (2002)
Прочитав негде дека ПТА имал голема желба да соработува со Адам Сендлер. За наша среќа, соработката останала на еден филм. За наша среќа, баталил пишување и снимање комедии.
Ова му доаѓа ко затишје пред бурата наречена Ќе има крв, и малце лабавење после Магнолија. Да си речеш, еве го овој, сними 1 јак филм и потона. Пред да те шокира со следниот.
Филм, романтична полу-комедија со Адам Сендлер и Емили Вотсон во главните улоги, со поддршка од Пачанга/Гача. И у 2-3 сцени Филип Сејмур Хофман.
Бери (Сендлер) е потчинет и несреќен дноцко со anger issues и 7 сестри. Се запознава со Лена (Емили Вотсон) а у меѓувреме се јавува на хот-лајн каде мисли дека они се некој вид на психијатри и ќе му помогнат со дното што го допира. Нешо ќе му напраат проблем овие, он ќе се заљуби у Лена, Лена ќе се заљуби у него, смотани се, овој ќе добие сила од што е заљубен, па ќе им се курчи на овие преварантите, па ќе се караат и ќе се дерат меѓусебно со Филип Сејмур Хофман и толку.
Брз филм, саат време трае, Андерсон си напраил забава со Адам Сендлер. И тоа е тоа.
5/10. Одиме понатаму.

There Will be Blood (2007)
Богами стварно. Реприза. Ни малце досаден ко првиот пат кога го гледав. Впечатокот е друг. Ама едно останува сигурно, бар за мене, ова е најдобро одиграниот карактер во историјата на сите филмови. Ок ај, у топ 5 сигурно. За Даниел Плеинвју зборам. За Даниел Деј Луис излишни се сите зборови, неколку пати имам кажано, ќе се повторам пак, бар за мене, Даниел Деј Луис е најдобриот актер во Холивуд. И мој омилен.
Ќе има крв. Овојпат со сосема нова актерска екипа. Без Филип Сејмур Хофман.
Даниел Деј Луис и Пол Дано се главните актери во оваа епска нео-вестерн драма.
Судир на карактери кои се спремни на се само да стигнат до целта наречена пари и моќ. Едниот е нафтен магнат, другиот е свештеник.
Себичност, злоба, бескрупулозност, завист, љубомора, алчност, дволичност, одмаздољубие.
Ова е најкомплексниот и најдобриот филм на ПТА.
Ако Хавиер Бардем во No Country for Old Man ко одигрува најперфектниот психопат >според многумина< Даниел Деј Луис возвраќа со најперфектниот социопат.
Интересно, овие два филма ја водат битката за Оскар за најдобар филм таа 2007ма година. Победник е тој на Коеновци. Паралелно се снимани на истите локации, во истата пустина. Еднаш Коеновци дошле на сет и виделе огромен црн облак, морале да чекаат 2 дена за да се тргне маглата пошто ден претходно Пол Томас Андерсон тестирал пиротехнички експлозиви за сцената кога се случува несреќа на платформата на Плеинвју.
Нејќам да ги споредувам, и не е тоа поентата сега, двата филма се врвни остварувања, секој на свој начин.
Според многу интернет критичари, There Will be Blood е најдобриот филм на 21от век, засега. А како тргнал трендот во Холивуд, прашање е дали некој ќе успее да го достигне ова ниво. Можеби самиот ПТА. Who knows.
10/10.

The Master (2012)
Според П.Т Андерсон ова е неговиот најдобар филм, или барем негов омилен. Јас не би се сложил со него во ниту еден случај.
Хоакин Феникс е главен лик во овој филм во една од неговите најдобри улоги. Можеби и најдобра. Само номинација за Оскар кој таа година го доби Даниел Деј Луис за улогата на Абрахам Линколн, разбирливо. Покрај него, тука се Ејми Адамс, малце Реми Малек, малце помалце Џеси Племонс. И премногу Филип Сејмур Хофман.
Фреди Квел (Феникс) е психички малце неурамнотежен воен ветеран од WW2 кој има проблем да се адаптира во не-воена улога во животот. Лута од работа во работа, има проблеми со алкохолот, сексуалните фантазии и темпераментот. Случајно ќе наиде на Ланкастер и Пени Дод (Ф.С Хофман и Ејми Адамс), водачи на еден вид култ таканаречен Кауза каде овие се трудат да го извлечат најдоброто од Фреди, да го истераат на прав пат, да се пронајде самиот себеси во животот по завршувањето на војната.
Малце досаден филм да бидам искрен, некако се мачев да му влезам и да уживам како во претходните. Сериозно би го пофалил Хоакин Феникс за врвно одигранава улога, дечкото е сериозен актер, ја не памтам да имал некоја слаба улога.
Ејми Адамс е најдобрата актерка на денешницава и права штета и неправда е што сеуште нема Оскар. Во следниве неколку години очекувам да и наместат награда за некој глуп филм по примерот на ДиКаприо и Ревенант.
Филип Сејмур Хофман, го сними филмов, го читал сценариото 100 пати, ја знае поентата на филмов... и се самоуби со предозирање. Исклучителен актер, многу харизматичен лик и појава и боја на глас која би ја глеал и слушал без престан.
7/10.

Inherent Vice (2014)
Ова е втор пат во кариерата Пол Томас Андерсон да адаптира сценарио. Има номинација за Оскар за тоа. Првиот пат кога го напраи тоа беше во 2007ма година за There Will be Blood. Тогаш имаше полн погодок, сега не.
Многу конфузен филм, нешто као лабава комедија, со крими-трилер елементи. Можеби требале на Гај Ричи да му го дадат сценариово, негов стил е ова и сметам дека боље би го извел, побрзо, поинтересно, баш ко што знае он.
Андерсон малце го тупи, спор е, непотребен, конфузен, стилот негов не одговара за вакви приказни. Приказната ми ствараше проблем, не можев да ја следам. Не знам зошто му требала оваа екскурзија.
Хоакин Феникс е главен актер во филмов, он е Лери `Док` Спортиело, приватен детектив, таа бившата девојка нешто ќе му рече да внимава на нејзиниот моментален ебач, нешто му спремале киднапирање бла бла. Овој почнува да истражува, Џош Бролин е полициски детектив, Беницио Дел Торо му е адвокат на Док, Рис Витерспун ја има, истотака и Овен Вилсон. И оној црнецот од The Wire малце. И Џена Малоун. Го нема Филип Сејмур Хофман.
Глуп филм според мене.
4/10.

Phantom Thread (2017)
Последен филм на господинот Даниел Деј Луис. Почестен со номинација за Оскар.
Покрај него во главна улога е и една симпатична и харизматична девојка со име Вики Крипс. Лесли Менвајл е номинирана за најдобра женска споредна улога. За жал веќе и дефинитивно го нема Филип Сејмур Хофман, никаде.
Рејнолдс Вудкок (ДДЛ) е доста познат и успешен кројач, шнајдер кај кого се облекуваат секакви луѓе од високата класа. Заедно со него работи и сестра му Сирил (Лесли Менвајл). Набрзо во нивните животи а посебно во животот на Вудкок ќе се појави харизматичната и млада Алма (Вики Крипс) која на некој начин ќе му го украде срцето.
Алма е девојка со силна воља за живот, опуштена, расположена и отворена за љубов. Рејнолдс е дрзок, затворен тип, асоцијален, перфекционист и на некој начин намќор би рекол. Карактерно доста различен од Алма.
Романтична драма сместена во средината на 20от век во Лондон. Судир на карактери, љубов, соперништво, откажување, неоткажување, борба против сопствените навики, враќање на старите навики, несвојствени методи, пронаоѓање на љубовта, поддршка.
Добра драма, симпатична, актерите на висина на задачата. Андерсон повторно докажува дека е крал на вакви психолошки драми.
8/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Сношти го гледав Bad Luck Banging or Loony Porn на Раду Јуде. Филмот што победи годинава на Берлинале. Многу необичен филм, ама многу добар. Ќе напоменам дека филмов не е за сите бидејќи има доста 18+ сцени и муабети и има необична структура што скоро 2 третини од филмот е на некој начин документаристика, ама тоа не смета воопшто да се поврзете и уживате во филмот.

Содржината е интересна и актуелна. Филмов е поделен на три дела. Првиот дел повеќе личи на некоја документарна репортажа, женскава што е главен лик шета низ градот и снимателов ја снима оддалеку како сосема случајно да поминува пред камера и од време на време камерата ќе застане на некоја интересна фасада, постер, реклама или супер графити и така пет секунди ќе уживаш во романскава престолнина, ко да си таму. :love:
Од време на време имаше некој случаен минувач што ќе рече на снимателов eat my cunt. Прајслес. :LOL:

Вториов дел е еден вид документарен речник, кој на интересен начин преку одредени документарни снимки го претставува и критикува романското општество. А со одредени снимки буквално го исмева сето лицемерие таму. Дел од снимките беа исти ко да се излезени од македонското општество.

Во вториот дел го имаше и фамозниот пингвин денс кој доаѓа од некоја песна на романски циго што всушност е јако перверзна, ама кај нас се играше на свадби и мали деца ја играа. :facepalm:

И третиот дел е најфилмскиот со одлично пишани реплики и уживање во секој збор. Уживав во дискусијата што ја имаа ликовите.
Крајната сцена ми беше пресмешна!

За луѓе што сакаат необични филмови, препорака, другиве боље не го пуштајте. Од мене 8/10.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.043
Деменција е најтешката и најтажната болест. Има некои смешни моменти ама вака во целина е многу жално да го гледаш човекот како заборава све околу себе, како не знае кај се наоѓа, како не е свесен за себе прво а после за све околу себе.
Од прва рака имам слушано неколку приказни за тоа како луѓе се справувале со болни од деменција, имав една баба во Србија имаше тежок облик на Алцхајмер, не беше свесна за апсолутно ништо околу нејзе, онака баш греота да ја гледаш како не си ги знае сопствените деца.
На еден пријател дедо му истотака имаше деменција, од тоа што он ми го имаше кажувано најчесто смешни дешавки, вика еднаш си доаѓам од искачање и го глеам дедо ми земал метла и се сокрил позади едно столче и ми вика Џоле бегај бе германците не напаѓаат, бегај ќе почнат да пукаат, дојди скриј се, и нишани со метлата.
Пред некоја година на Герд Милер му открија Алцхајмер, еден од најголемите фудбалери и голгетери доаѓа во период да не знае кој бил и што бил во светската историја.

Ентони Хопкинс совршено ја одигрува улогата на еден старец кој боледува од деменција, кој има проблем да ја прифати реалноста и својата состојба. Во тоа негово конфузно однесување и делување највеќе страда ќерка му која секојдневно се грижи за него и поради неговата состојба трпи нејзиниот однос со партнерот.
Доста емотивен филм кој прекрасно ни ја прикажува деменцијата како болест, конфузија во меморијата, промена на расположението, губење осет со реалноста.
Убав филм, саат време трае, прекрасна глума од господинот Хопкинс со поддршка од Оливија Колман за кои имаат номинации за Оскар за главна односно споредна улога. Истотака е номиниран и за најдобар филм и адаптирано сценарио.
Надвор од модерниот тренд на глупи пропагандни филмови.

The Father се вика.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom