Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.917
Поени од реакции
5.947
Who Am I: Kein System Ist Sicher (2014)

Сосема солиден филм од режисерот на Dark (двајца актери од серијата глумат и во филмов). Млад дечко по име Бенјамин, тотален аутсајдер со трагично минато, постепено станува еден од најдобрите хакери во Германија. При упадот во системот на еден универзитет, фатен е и осуден на општокорисна работа. Тука се запознава со Макс, харизматичен и популарен лик, кој го запознава со уште двајца компјутерски „фрикови“ и четворицата набрзо формираат хакерска група која работи под името CLAY. На почетокот прават повеќе зафрканции и пранкови на неонацистички групи, банки и фармацевтски компании, но никако не успеваат да го привлечат вниманието на нивниот идол, најпознатиот хакер MRX. За таа цел решаваат да направат големо хакерско дело со упад во системот на националната безбедносна служба ама работите (нормално) тргнуваат на лошо а MRX им станува најголем непријател.

Добар и забавен трилер, со брзо темпо и крај кој мене многу ми се допадна. Филмот има два големи plot twist-a. Ако останеше само на првиот и така завршеше филмот ќе бев разочаран зашто тоа ќе беше големо клише. Вака вториот пресврт ги исправи работите за мене и крајот ми беше многу повеќе задоволителен. Ми се допадна и тоа што Бенјамин ја раскажува целата приказна веќе уапсен и испрашуван од државните агенти и има некоја Кајзер Созе атмосфера. Знаев дека на крај ова ќе биде многу битно за расплетот.

Тоа е тоа во главно, да не влегувам во спојлери. Препорака од мене.
 
Darling

uwu
Член од
5 јуни 2009
Мислења
9.360
Поени од реакции
15.729
Hillbilly Elegy

Koga i da otvoram google, vo novosti mi davase se negativni kritiki za filmov, demek ne gi prikazuvalo rednecite ko sho treba, mnogu bile uvredeni, pa i nesto politicko imase deka imase izbori vo SAD sega pred eden mesec, i nekako resiv, de da go poglednam filmov, zar so jak casting e tolku los?
Odgovorot: ne e.
Ne znam sho im e na kriticarive, filmot nema nikakva politika ili pa ne e nikakva reprezentacija za site redneci, tuku e semejna prikazna raskazana od perspektivata na JD Vance.
Glumata na Amy Adams i Glen Close e odlicna, megutoa vo prikaznata kako da mi falese zavrsetok na kraj. Narativot mozel i podobro da se napravi.
3/5
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
9
Поени од реакции
4

tl;dr Добар блокбастер филм, осмица

Интересно филмче е Тенет. Идејата за time going backwards and forwards е солидна. Целиот филм е сепак блокбастер што се вади на gimmick-от, и за мене лично не е на ниво на другите филмови на Нолан. Акција, режија, sounds, едитирање и се по ред е за секоја пофалба. Приказната е таа, блокбастерска, одење од точка А до точка Б + gimmickot со времето и малку James Bond vibes sprinkled in.

Патинсон дефинитивно ќе стане новата голема ѕвезда во Холивуд, му се насобраа успешни филмови и улоги во critically acclaimed филмови, па сега Тенет и Бетмен, дефинитивно може да го гледаме почесто и на Оскарите а и во блокбастер филмови. Вашингтон беше супер протагонист, Дебики беше сосема солидна главна женска улога, Кенет Брана е добар актер, ама шо знам, му фали некоја екцентричност да биде негативец. Нолан професионално си ја има завршено задачата, сепак тешко е да се фатиш со ваков специфичен концепт и да го преставиш на добар начин. Имаше неколку предобри сцени (што можеби некој ќе го потсети на Инсепшн? Шо знам...), а филмот започнува with a bang од самиот старт. Времето е секогаш зезнато за претставување во филмови пошто постојат мал милион парадокси, ама кога ќе сфатиш дека секогаш постојат парадокси и не можеш да добиеш 100% одговор на секое "а чек бе...шо ако.....и ако ова?????" тогаш ќе имаш good time со филмов. На пример, Мементо е стварно револуционарен начин на раскажување на приказна и е филм што е исклучиво воден од приказната и тоа ти да дознаеш што е финтата со целиот филм. Тука, приказната не е битна т.е. го гледаш филмот за да гледаш кул акција, интересен саундтрак, јаки ефекти и забавен концепт што е to my knowledge never before seen во филмската индустрија. Не можам да му најдам многу маани освен тоа дека...е добар филм...и тоа е тоа. Никогаш не влегува во OMG THIS IS THE BEST THING EVEEEER. Туку цело време си "Yeah..ова е кул..ама...what?" и потоа кога дознаваш одговор на тоа "what?' си као "Ааа..да...кул". Мило ми е што филмов постои, мило ми е што излезе и проба да ги спаси кино салите во светот, мило ми е што Нолан си го исполни сонот за филмов (што како концепт го имал уште од почетоците на кариерата т.е. кога го снимал Мементо). У кратки црти if James Bond and The Doctor had a child што како мало паднало во казан со дроги. Ај лајк ит, вреди да се погледне (y)

Се на се, кога на идејата со движењето на времето ќе додадеш класична приказна со одење од точка Б до точка А, малку елементи од 007 филмовите добиваш одлична акција, режија, звук, монтажа и се друго што е за секоја пофалба иако за мене лично не е на ниво на другите Ноланови филмски дела. Како за блокбастер, мора да се пофали оригиналноста на плотот со одење напред-назад со времето, и се на се мислам секој ќе смета дека Тенет е интересно филмче. Осмица од мене.

TENET
Тенет е само добра акција и ништо повеќе од тоа. Нешто као wanna be Inception за сиромашни :D. Мементо и Тенет се како небо и земја, уствари Мементо е Нолан, а Тенет е Џејмс Бонд :D.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
5.224
Поени од реакции
6.725

Го изгледа филмот?
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
The Priest (2011)

Луѓето живеат во големи градови под контрола на црквата, за да се заштитат од вампирите.

По завршувањето на војната со вампирите Редот на воини наречени Свештеници е распуштен.

Свештеникот (Paul Bettany) постојано сонува ист сон од претходна битка каде умира еден од Свештениците.
Во една прилика е посетен од шерифот Хикс (Cam Gigandet) кој доаѓа надвор од градот. Го известува дека биле нападнати од вампири кои ја киднапирале неговата девојка Луси (Lily Collins) истовремено и внука на Свештеникот.

Свештеникот без дозвола на црквата оди да помогне да ја спасат. Црквата го праќа остатокот од редот да го вратат назад бидејќи не веруваат во заканата од вампирите. Свештеничката (Maggie Q) го наоѓа прва и таа дознава дека заканата е всушност реална... До тука, да не го откривам крајот.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.793
Поени од реакции
48.624

Визуелно допадлив, холивудски направен, со добра сценографија, костими, а сепак не баш историски акуративен, нереалистичен, со лошо сценарио, па и глума. Сепак вреди да се погледа, заради визуелниот дојам. (има и 3D верзија)
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
1.690
Поени од реакции
9.126
Идејата за филмот ја добив од тука
MV5BOTNjM2Y2ZjgtMDc5NS00MDQ1LTgyNGYtYzYwMTAyNWQwYTMyXkEyXkFqcGdeQXVyMjE4NzUxNDA@._V1_.jpg
Дански филм, наведен е како комедија/драма.....јас би рекол само драма. Одлично направен и најважно од се има порака филмот. Го препорачувам.
 
Джонтра Вохохолта

I`m with the fucking FBI
Член од
20 јули 2020
Мислења
1.907
Поени од реакции
13.102
За истиот дојдов.

Томас Винтерберг и Мадс Микелсен, нема утка тука. МаЦ е најдобриот актер од неанглиско говорно подрачје.

4 пријатели, колеги професори, случајно влагаат во еден сопствен експеримент наречен дневна доза алкохол. Да видат како ќе им функционираат дневните обврски со одреден промил у крвта. На почетокот делува интересно, после се појавуваат проблеми.

Интересен филм, лабав, пишува комедија ама според мене е повеќе драма. Е сеа скандинавците какви што се чудни, може и да се газат од смеење на филмов.
Драма, според мене малце послаба од другите Винтербергови филмови кои што знаат да те треснат од земја, има и овој таков потенцијал ама ете сепак одлучил да го напраи на полабав начин.

Коа сме кај Томас Винтерберг, сериозен предлог за Submarino, иако овој го иаме гледано скоро сите пошто беше во клубот. Тие што го немаат глеано, нека го гледаат. Вреди за сите минутi. Врвен филм.
Многу ги сакам скандинавците и нивните начини на прикажување филм, директно у срж на поентата, проблемот, без да се замара дека ќе те шокира, навреди и слично. Многу се брутални. И реални. И јаки.

И уште нешто. Може некој да ми помогне да го најдам The Celebration односно Festen, филм од 98ма за кој пишува uncredited, поима неам зошто и го нема нигде на торенти... барем јас не можам да го најдам. А одамна го барам и сакам да го глеам. thats what she said.
 
Darling

uwu
Член од
5 јуни 2009
Мислења
9.360
Поени од реакции
15.729
Wonder Woman 1984

Kristen Wig e promasen kasting totalno.
Krajot e super anti klimakticen.
Predolg e.
Golemo razocaruvanje posle prviot del.

6/10
2.5/5
 
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
6.870
Поени од реакции
7.480
Во последно време стварно ми изгледа дека џабе фрламе пари за Нетфликс. Буквално понудата им е за никаде само си репризирам веќе изгледани филмови/серии. Скоро и да немаат ништо погодено од ново понуденото.

Завчера го изгледав The midnight sky, па после тоа сакав да си ги откорнам очите.

Прво сакам да ја критикувам дрскоста со која скоро сите нови филмови ги прават со должина од 2/2:30 саати. Добро со што заслужи овој филм 2 саати?

Приказната се врти околу една вселенска опсерваторија на која се наоѓа Џорџ Клуни и еден вселенски брод што треба да најде алтернативна планета за преселување на човечката вивилизација ако нешто и се случи на планетава. Наеднаш опсерваторијата и бродов губат контакт со Земјата и се развива дејството во правец “Све за љубав”.

Филмов е срање тешко. Гледаност ќе има само затоа што платформата на Нетфликс знае да те натера да стиснеш плеј на ваков булшит ( кога ќе ми текне дека потрошив 3 саати од животов на The last days of american crime :tapp:).

Дилема ми е само како се нафаќаат глумци со реноме како Џорџ Клуни да “глумат” во ваков филм...

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
На врв Bottom