Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Ги погледнав Dara iz Jasenovca и Quo Vadis, Aida?

Двата се солидни филмови. Слична тема, страдање на еден балкански народ од друг. Сепак вториот некако имаше многу поголем ефект врз мене, па мислам и дека номинацијата за Оскар е заслужена. Од оние филмови што ти оставаат некоја празнина после гледањето. Можеби зашто настаните не се така одамна. Има во филмот многу на прв поглед ситни детали кои и даваат многу голема тежина на приказната. Оние сцени каде Босанците и Србите меѓу себе си најдоа школски другари, комшии и бивши ученици и професори на пример. Или крајот на филмот каде гледаме дека животот продолжува и после сите тие хорори. Ептен е доловена апсурдноста на војната.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.822
Поени од реакции
6.415
Jamón, Jamón (1992)
IMDb вели - Кога една мајка нема да ја одобри љубовницата на нејзиниот син, таа ќе ангажира модел на долна облека и поранешен борец со бикови за да ја заведе истата.
IMDb дава скромна 6.4, но ако прашате просечен Шпанец тој веднаш би дал 9ка.
Зошто филмот кој се смета за култен во Шпанија врви толку неразбрано меѓу интернационалната публика?
Би можел комплетно да го раскажам и кога би го гледале пак не би ви било криво. Зошто? Прво и најважно - филмот спаѓа во жанрот Фарса, а не Драма, Романса, Комедија како што навеле на филмскиот сајт. Тоа значи дека нема поента да барате значење или скриени пораки во филмот, што за мене беше многу освежувачки за промена. Седнуваш да гледаш филм во кој дејството не прави апсолутно, воопшто, буквално, на микро и на макро ниво, ама баш никаква смисла. Никој не може да ти го расипе со спојлери, затоа што истиот не може да биде расипен. Има изобилство од секс.

Погледнете ги дел од улогите преведени од Шпански:
Стефанија Сандрели: Сопственичката на фабричка облека.
Ана Галиена: Проститутката.
Хуан Диего: Таткото.
Пенелопе Круз: Силвија.
Хавиер Бардем: Колбасот.
Хорди Мола: Синчето.
Томас Мартин: Пријателот на Раул.
Армандо дел Рио: Пријателот на Хозе Луис.
Дијана Сасен: Пријателката на Силвија.
Чема Мазо: Таткото на Силвија.
Изабел де Кастро Орос: Сестрата на Силвија.
Маријана Ермит: Девојката на песот во прчварникот (La chica del perro en el puticlub).
Надија Годој: Та шо пеј во прчварникот (La que canta en el puticlub).

Филмов ми беше препорачан од една другарка. Кога го гледав реакцијата ми беше numb и cringe израз во исто време. Откако слегнаа импресиите го доживувам култно и посакувам да можев пак да го гледам прв пат. Јас му давам 8ка, иако не сакам да оценувам филмови, субјективно е.

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.765
Boss Level, комбинација на Ready Player One & Groundhog Day. Малку политички пораки спакувани во несериозна акција, добро темпо. Сценарио изненадувачки интересно, ама кастингот е главно ужасен и доста одзима од филмот.
 
Член од
9 септември 2018
Мислења
17
Поени од реакции
8
I care a lot, трилер, криминалистика за жена која ги "краде" богатите пензионери и ги заробува во дом каде никој нема пристап. Притоа се прави нивен ангел чувар...Но се случува да зароби погрешна личност.
1617916216745.png
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Mortal Kombat 2021 - ова е сигурно најглупото нешто кое сум го гледал во последни 5 години. Ова е лошо и за Марвел/ДЦ стандарди. Ја гледав почетната сцена од филмот на YouTube и ме заинтересира. Е тоа е единствената добра ствар во филмот. Приказната ја пишувал веројатно некој основец гејмер, па да земам Power Rangers да го споредувам со ова ќе изгледа ко сериозен филм. 1 од 10

Nobody - веќе пишав има една добра тепачка во автобус, а другото личи на пародија на Џон Вик. 4 од 10

Promising Young Woman - добро филмче, има поента. Шокирачкиот момент не може да не те допре, само по мене нереален и претенциозен филм (со некаква агенда во позадина). 7 од 10
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Army of one (2016)

Se presmeav, komedija bazirana na vistinska desavka.. Eden lud amerikanec mu se pojavi gospod i bara od nego da odi vo Pakistan da go donese Osama Bil Laden vo Amerika da mu se sudi za zlostorot napraven 11/09 ...
Glavniot lik go glumi Nikolas Kejdž, spored mene gluma vredna za oscar, bidejki gledav na jutub nekolku klipcinja od toj ludiot amerikanec i bukvalno Kejdž so glumata i izgledot go ima doloveno sovrseno..
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Сум го репризирал неколку пати......доста едукативен акционен трилер.
Зошто велам едукативен......се работи за делувањето на исламистичките ќелии врз обичниот народ во Америка......конкретно во Њујорк. Како американското ФБИ, ЦИА......се борат со овие ќелии.....при што муслиманите сакаат да нанесат што поголема штета врз "неверниците".....да ја исполнат "задачата" во името на Алах и да заминат во рајот заедно со 70 девици.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.789
Поени од реакции
1.700
Promising Young Woman
Доста добар филм за така млада режисерка (Камила од The Crown) штета што финансиерите и спонзорите не и дозволиле да го заврши филмот таму каде што треба и е непотребно развлечен плус 10 минути за да добие "хепи енд" и холивудски justice. Освен тоа филмот е супер те вози буквално од почеток до крај.
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
756
Поени од реакции
1.924
Leonardo -
Seriski film za Leonardo da Vinci , interesno e kako vo sekoja epizoda se objasnuva po edno negovo unetnicko i tehnicko-tehnolosko remek delo. Ne e nesto sto ke te zalepi za tv , no si ima svoi upsides. Go prati da Vinci od Florence do Milano i povratno.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.780
Поени од реакции
2.755
Brothers (2009)
8.5/10

Слика и прилика за страдањата на воените ветерани кои што боледуваат од ПТСД.
________________________________________________________________________________________________________________________________

The Platform (2019)
8.5/10

Поучен филм за тоа како опшеството функционира, пресликано во вертикален затвор каде што е free-for-all.
Шпанциве во последно доста пријатно изненадуваат со вадење на добри филмови. Алал
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.759
Поени од реакции
8.016
Cruella (2021)


Исто како и Joker, имав очекувања дека и Круела биде ќе еден од најдобрите за 2021 година (бидејќи до 3 има такви секоја година). И не разочара, повторно бев во право. Ема Стоун! Одлично завршена работа, а да не ја заборавиме и Ема Томпсон, исто така! :drk: И двете мораат да земаат оскар! За главна и споредна улога.

Колку само одлично скоцкано, од музика па до приказна. Заборавете се што знаете во 101 Далматинец, креатори на Disney имаат друга совршена приказна!

Оценка: 10/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Сакав и тема да отворам, ама каснам некоја година, не знам ни дали воопшто некој сака да дискутира за тоа, сакам да знам што луѓето мислат за ова, ама освен Злате мислам друг никој не го гледал, па и кога прашал никој не реагирал, а може па и да поминала дискусијата кога му било времето, како и да е јас сега прв пат го гледав...

Leaving Neverland

Не знам што да мислам, искрено не бев ни запознаена со случајов воопшто, ни Мајкл Џексон нешто посебно сум го следела и знаела, па се ми беше ново и го доживував како да сум поротник и треба да решам дали некој е крив или не. Сега, после уште некои истражувања и слушање и на другата страна, сеуште се двоумам, за секое крив е имам причина зошто не е и обратно. Ме збуни навистина, не знам дали се работи за манипулативен психопат кој злоставувал деца или за наивен Петар Пан кој ги обожавал децата зошто и самиот бил дете и работата е само за пари....
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.294
Поени од реакции
8.735
Fantastic Planet/La Planète sauvage (1973)

Fantastic Planet е анимиран SF филм, француско-чешка копродукција, режиран од Рене Лалу, сценаристот е надреалистот Ролан Топор.

Луѓето, во филмот расата Омси, ја населуваат планетата Јгам заедно со расата Драгси, џиновски хуманоидни суштества кои живеат во технолошки напредно општество. Едниот дел од Омсите (луѓето), Драгсите ги третираат како куќни миленичиња/заморчиња, но останатите 'неприпитомените' Омси кои живеат во дивината, се третирани како штетници и се истребувани.

Филмот започнува така што Тива од расата Драгси го пронаоѓа Тер од расата Омси и го чува како домашно милениче. Тива и Тер растат заедно, a Tива го води Тер со себе и на училиште. Образованието на Драгсите се одвива така што користат слушалки кои знаењето директно го всадуваат во умот. Тер ги краде слушалките и побегнува во колониите на дивите Омси, пренесувајќи им го знаењето на Драгсите, кои од номадски живот основаат напредна цивилизација и се протиставуваат на истребувањето од страна на Драгсите. Започнува голем конфликт меѓу двете раси, Омсите користејќи го знаењто на Драгсите ќе изградат ракети со кои ќе побегнат на еден од сателитите на планетата Јгам, Фантастичната Планета. Омсите на Фантастичната Планета ја откриваат тајната на Драгсите, големи статуи преку кои Драгсите се размножуваат. Дел од статуите ги уништуваат и сериозно го загрозуваат постоењето на Драгсите. На крајот пораката е универзална, дека ниту една раса нема да добие ништо со истребување на другата, конфликтот запира и двете раси продожуваат да живеат во мир.

Иако приказната ми е некако рудиментарна 'tolerance for dummies', мислам дека визуелно е одличен, а и изборот на музиката ми се допаѓа.


Movie_poster.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom