Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
4.072
Поени од реакции
10.058
Ау какво MUST SEE парче... Од филм што со години (ако не се сторило и деценија) сум го избегнувал само поради неговата должина, т.е. никогаш не сум имал 4 саати на раат да си посветам на филм, а криво ми е како не сум налетал порано на нешто волку добро. Додуша среќен сум од една страна што сум го гледал на релативно позрели години, а не дур сум бил помал во пубертет и слично, бидејќи со други очи ќе сум го гледал, а и можеби немаше да ме допре филмот како сега, тешко и дека ќе сум сфател што се случува.

Филмот е уметност, нема празна слама муабети, секоја реплика и дијалог се добро осмислени и нема ништо вишок колку и да звучи бизарно ова за филм кој трае 4 саати. Музиката е феноменална, и да нема сцена дур трае музиката, сцените сами се создаваат во главата, и кога има сцена, со музиката се надополнува истата и се доловува емоцијата. Роберт Де Ниро ќе направи таа неговата карактеристична насмевка во стилот “не ми е жал за ништо“ и тоа е тоа, win е веќе филмот.

Накратко филмот е за група момчиња кои се бават со криминални актовности во време на прохибицијата. За животот во тој период, за односите, другарствата и релациите меѓу луѓето, за храброста, поврзаноста, почитта. Филмот е поделен на три сегменти, првиот е кога групата се мали момчиња малолетници и првпат се соочуваат со криминалот, последиците од него, опасната игра на улиците, како и првите љубовни емоции, вториот дел е кога се веќе возрасни и во нивниот "прајм" и веќе се крупни риби во морето, третиот дел е кога се е навидум одамна готово, после многу години и Де Ниро се враќа во стариот град. Наизменично одат трите дела. Крајот е многу важен дел од филмот, така да ако не го сфатите обавезно прочитајте нешто на интернет за него. Особено овој дел :“Is this your idea of revenge?” No. It’s just the way I see things.”, како и последната сцена, се ептен добро склопени, длабоки и мистични работи. Толку од мене, уживајте во оваа уметност од филм, и нека не ве плашат четирите саати, не ги ни почувствував.

Музиката во филмот е прекрасна, еве главниот саундтрак, а и имате целосна музичка листа на Јутуб. Кога си ја слушам вака ми доаѓа како нумерата да се вика “затишје пред бура“ или така нешто, такви емоции ми пробудува слушајќи.

 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.863
Поени од реакции
7.542
The Work документарец е за групна терапија во затворот Фолсом. Покрај затворениците кои се наоѓаат во тие сеанси еднаш годишно доаѓаат и обични луѓе кои заедно со осудениците поминуваат низ тешки за нив животни ситуации. Цел филм е на линкот подолу, кој има слабо срце да не гледа :icon_lol:, ама топло препорачувам да се гледа затоа што филмот е огледало на себеси кога го гледате ќе видите колку вашите проблеми што ги имате моментално се минорни...

 

батеМаче

Човек
Член од
3 декември 2008
Мислења
289
Поени од реакции
241
Ау какво MUST SEE парче... Од филм што со години (ако не се сторило и деценија) сум го избегнувал само поради неговата должина, т.е. никогаш не сум имал 4 саати на раат да си посветам на филм, а криво ми е како не сум налетал порано на нешто волку добро.

Затоа порано кога бев дете го даваа на ТВ во два дела. Сеуште се сеќавам кога го гледав филмот на телевизија и така навлечен некаде околу полноќ завршува и читаш крај на првиот дел. "Убиство" па треба да чекаш да го емитуваат вториот дел.
Еден од моите омилени филмови и покрај сите маани кои можат да му ги најдат.
Одамна го немам репризирано филмов но после ова ќе морам да најдам време.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
39.838
Поени од реакции
78.229

Le Society Man: The Movie, 2019, Dir: Од тој на War Dogs (да си го гледате)
1570150976370.png


Е па, филмот што ја потопи Веценција дојде и во Скопје.
Во постов не би требало да има ниту еден спојлер, така да ќе пробам да бидам што е можно што повеќе општ во пишувањето.

Ок, од кај да почнам.



Ајде од доброто. Секогаш е лесно да се збори за негативни работи, па поради тоа кога пишувам рецензии може да се добие некоја погрешна слика за тоа што сум мислел за филмот.

Хоакин Факинг Феникс. Реално, не дека имаше некоја дилема кај мене дека е еден од нај, ако не и најдобриот актер на денешницата, ама со улогава тоа го потврди.

Факт е дека Академијата не е најголем негов фан (исто како и на Гиленхал), ама сериозно треба да пробијат ново дно (што секоја година го прават) ако оваа година не го освои Оскарот за најдобра машка улога.

Освен Феникс, во филмот бриљира и Тод Филипс. Не знам каде ќе оди следно во својата кариера Тод Филипс, ама реално ова најверојатно ќе биде неговиот магнум опус т.е. ваљда д оунли уеј ту гоу ис даун.

Кинематографијата е фантастична, а саундтракот е перфектен (на мое изненадување, уопште не очекував)

Така да, објективно филмов треба да има 4-5+ номинации за Оскар. Во реалноста ваљда ќе има 1 до 2, пошто Академијата се, да ми извини фан базата на ФК Барселона - педери.

Филмот трае два часа, и секој момент од филмот вреди.

Е сега, на спротивната страна.

Филмов почнува со некое чудно темпо, и има пар сцени кои делуваат избрзано. Мислам дека првиот час од филмот е исполнет со многу сцени од минута-до две, што за мене ми беше чудно. Баш сметам дека ваков филм треба да има подолги сцени кои ќе ни помогнат да го сфатиме Артур Флек. Првата сцена од филмот е таква, те тера да имаш симпатија за ликот, а понатаму е така-така. Дури во вториот час филмот почнува со подолги сцени.

Филмот кокетира и со "мојот вкус е подобар од твојот пошто сакам филмови кај што има рандом сцени без поента чисто колку да гледаме добра сцена" а и со останатата публика. Тоа ќе одземе пар поени кај тие што ваљда очекувале филм да биде целосно во одреден стил.

Можеби ќе беше подобро и да не беше ова филм за лик од стрипови. Не знам како да го објаснам ова, ама уште подобар би бил ако гледаме филм што го перцепираме како оригинален, и повеќе ќе постои некоја мистерија за тоа што се случува следно. Од друга страна пак, можеби и не би бил добар филмов ако беше за рандом лик ко Артур Флек и немаше никаква врска со Џокер? Кој знае.

Последната минута од филмот и не мораше да биде таму, перфектно ќе завршеше филмот пред најпоследната сцена, ама нели ова не ми менува ептен богами.

Поради тоа што Warner Bros. се скара со критичарите поради нивната непотребна хистерија и масовно ширење на негативна енергија (да ми извини Спенџарска заедницата), субјективните критичари кои што добиваат пари за да се прават дека се нешто подобро од обичниот човек ќе шират анти-Џокер пропаганда со лоши рецензии, така да кога станува збор за филмов, рецензиите на "професионални критичари" не треба да ви се меродавни.

Сметам дека е најдобро да не знаете ниту еден трејлер за филмов. Јас ги гледав и двата и откако го изгледав филмот малце ми е криво. Сепак, ова е филм добитник на Златен Лав кој е маркетиран како блокбастер па поради тоа може да дознаете повеќе работи што би било подобро и да не ги знаете.

Не е дека е совршен филм, па можеби и не би ми бил #1 на крај на годинава. Со тој материјал и таа идеја што ја имаше филмов можеше и многу подобро да биде раскажана приказната. Мислам дека филмот не го исполни својот целосен потенцијал, ама сепак исполни солиден дел од истиот.

Би рекол вака:

Првиот саат: 4/5

Вториот саат: 5/5


Сериозно, вториот саат од филмов фура јако од старт до почеток и криво ми е што и првиот дел не беше таков...ама сеа јбг, да не беше првиот дел таков можеби и импактот на вториот дел не би бил тоа што е.

Многу битно (пинг њхатто) Не мора да влагате со over the top hype за филмот, можете и со регуларен хајп :D

Ако ништо друго барем за Halloween ќе растури ликов по број на маскирани луѓе :D

И тоа е тоа.

Топ филм. (y) (y) (y)

Ако сте од луѓето што веднаш се заљубивте во филмов и ќе ги замарате сите со истиот во следните пар денови, најдобро би ви било да сфатите дека Академијата наааајверојатно ќе го сјебе филмов и нема повеќе од пар номинации да му даде (и прашање е и дали Хоакин ќе го наградат), ама нели, истите луѓе што зборот на Академијата ја сметаат ако госпел најверојатно уште веруваат дека жените во порничите стварно свршаваат.

Ботом лајн: Уи лив ин а сосајати
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
4.346
Поени од реакции
5.629
Joker (2019)


Arthur Fleck е комичар / кловн со ретка болест, тежок лузер кој пораснал без родител и со својата болна мајка кој не се грижела за него. Живее во Готам, непочитуван и малтретиран од општеството...

Но подобро да прекинам... гледајте го, еден од најдобрите филмови дефинитивно! Посебно улогата на Joaquin Phoenix, дајте го оскарот уште сега... и за филм и за улога.

Оценка: 10/10
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
6.677
Поени од реакции
17.369
Стар филм направен според вистинска приказна,еден од најдобрите филмови што сум ги гледал.
 
Член од
2 ноември 2019
Мислења
7
Поени од реакции
48
Joker - 2019

960x0.jpg

Има нешто во врска со овој Џокер. Мислам дека ќе побуди движење и ќе добие политички контекст каков што досега имаше маската од V for Vendetta. Веќе се гледа тоа по одредени демонстрации во земји ширум светот. Она што мене ми е исклучително забавно е обидот на медиумите да го распнат филмот поради поттикнувањето на насилство, што е тотално бизарно, ако се спореди со било кој скок-пук филм на пример на Marvel. Но, безопасните тепачки (ха, ха), се ништо во споредба со две насилни сцени во филм кој допира.:)

Зошто е посебен Џокерот на Тод Филипс? Како голем обожавател на филмовите на Нолан и изведбата на Хит Леџер како најдоброто нешто што јас го имам видено во конструкцијата на Џокерот (ќе се правам дека изведбата на Џаред Лето не постои, полесно ми е на душата), можам да кажам дека овој Џокер е поинаков на добар начин. Вообичаено негативците ги добиваме како готови ликови, оваа верзија се фокусира на моделирањето на ликот. Кај ликовите од светот на стриповите, зезнатото е што се базираат на нешто што е познато на читателската публика која ги сака стриповите (Џокерот во суштина никогаш не може да биде прикажан пред широката маса во оригинал, бидејќи приказната е премногу брутална), но воедно има публика што следи само филмови. Затоа има и натегања. Но, јас овде ќе тргнам од чисто филмско искуство.

Зошто е Џокерот добар и воедно тежок за гледање? Има неколку моменти во кои Артур Флек допира нерв. Без разлика кои сте и што сте, ќе се пронајдете во две три ситуации сигурно, само пресликајте ги во своето секојдневие. Кретени што гледате како малтретираат беспомошни, богати обожавани луѓе кои имаат статус на Богови иако не придонеле со ништо, а влечат конци што директно се одразуваат врз вашиот живот, обидот да успеете во нешто, а доживувате неуспеси и исмевање, ве местат колеги сметајќи ве за будала. Звучи премногу познато нели?

Џокерот не треба да биде сфатен како изговор за насилство, туку како причина поради која и нормален човек може да отиде преку работ (доволно е само да заглавите во бирократски лавиринти и одма разбирате). На ова ќе надоврзам неколку цитати од The Dark Knight на Нолан кои може да се вклопат и во филмот на Филипс:

'As you know, madness is like gravity…all it takes is a little push.'

'What doesn’t kill you, simply makes you stranger!'


Филмот на Филипс многу добро го покажува ова. А Хоакин Феникс, овој феноменален актер кој мене ме плени уште со улогата во Гладијатор, овде е страшно добар (pun intended). Соберете го сценариото и нема да најдете многу текст, но добивате голем контекст - филмот доволно фрла за да те натера да размислуваш. И да, ќе се осеќате депримирано. Но, ова не е среќен филм, не те пумпа со адреналин. Прави да разбереш и да се идентификуваш. Како тргнало, ако публиката има прилика и понатаму да го гледа создавањето на негативците ќе ги батали Бетмен и цела таа багра :D Бидејќи логиката е следна: колку имаш заедничко со богат, убав, успешен човек, а колку со стандардниот човек од секојдневието? Има нов бран во кокетирањето: прво филмските студија сакаа публиката да се вљуби во херојот и потајно да сака да биде како него (види го што е убав, мускулест, дели правда, срцка), а сега сфаќаат дека поголемиот дел од публиката е уморна од тоа и тотално може да се идентификува со она што е потенцијален негативец, но некогаш во суштина е антихерој.

Мислам дека е соодветно да го ставам овој линк во продолжение ради доловување на поентата (иако нема врска со Супермен муабетов) :)


Е тука веќе доаѓаме до Оскарите, кои годинава после којзнае колку време, мене ми се интересни. Оскарите несомнено сакаат филмови што се со сексуална, расна конотација, но овој Џокер ќе им биде проблем, бидејќи има скриена или пак и можеби премногу очигледна политичка и општествена конотација. Дали ќе имаат храброст да заборават на тој момент и реално да го доделат на Хоакин ќе остане да виси, но факт е дека човеков заврши феноменална работа и публиката го препознава тоа. Навистина треба да сте тотален лаик или да се правите будала за да негирате дека ова е врвен перформанс. А ако не знаете зошто е посебен, тогаш за жал ќе мора да ви препорачам да го гледате Џаред Лето и неговиот Џокер кој е чудна мешавина на гангстер, хипстер, рапер :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.369
Поени од реакции
2.508

Michael Fassbender реално и нема лош филм. И овој е далеку од лош, ама не ми е прикладен за него.
Сценографијата го вади многу и Мајкл се разбира...
 
Член од
24 октомври 2019
Мислења
1
Поени од реакции
4



Филмот е базиран на вистинска приказна. Се работи за масакрот во Норвешка, кој се случи на 22 Јули 2011 година и за тоа како државата се избори за својата демократија. Брејвик со месеци припрема експлозив од ѓубриво, прво извршува напад пред Владата во Осло, а само два часа подоцна, маскиран во полициска униформа се упатува кон еден младински камп на островот Утоја во близина на Осло, каде што почнува да врши масакар со огнено оружје над група млади социјалдемократи..
Брејвик доби големо внимание со неговото однесување за време на судењето, каде што воопшто не се кае за стореното.
Дефинитивно вреди да се гледа.
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.512
Поени од реакции
3.717
ЧЕТВРТИ ЧОВЕК-НИКОЛА КОЈО
филм кој ја отсликува реалноста на ветерани од војните во србија никола којо е погоден во глава и работи како воен разорзнувац филмот почнува како се буди од кома по презивеан истрел во глава и понатаму се одмотува мистеријата кој сакал да го убие и му ја убил фамилијата а тој пати од амнезија акционен трилер
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
805
Поени од реакции
424
Незнам шо ми текна да го гледам со Иванушка Настинка и Мразулко од кога го немам гледано од дете . добра слика има на јутуб изгледа е ремастер живи боите све.

Еден од подобрите руски филмови Мразулко дури и Спилбер го има пофалено бил подлога за многу Холивудски блокбустери ама то нас баш и не ме занима. :)
Главните актери
 
Член од
5 март 2013
Мислења
251
Поени од реакции
276
The Game Changers е одлично склопен документарец за спортот и начинот на исхрана..во документарецот се опфатени многу познати спортисти и атлети како Хамилтон ,Шварзи , Вилкс итн.Според мое мислење е филм кој менува животи ,остава голем впечаток и јас би го рангирал 10 од 10 затоа што мене ми го смени The_Game_Changers_-_poster.jpg животот..Кон подобро се разбира
 

Solaire of Astora

A Hoonter must hoont
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.870
Поени од реакции
10.655
El Topo, на Ходоровски, кој воедно и е во главна улога. Нетипичен филм нормално, не ни очекував нешто различно, но за разлика од The holy mountain, овој ама ич не ми легна. Филмот е тематски поделен на 2 дела, првиот дел некако и го изгледав, вториот се молев да заврши ( не оставам недогледани филмови). Можеби Алехандро е гениј , али јас оваа т. н. уметност, едноставно не ја можам. Изгледа премногу киселина и премногу езотерични знаења се наменети за одредена целна група, мала по бројност. А ентузијаст бев иако знаев што отприлика ќе гледам.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
293
Поени од реакции
337


https://www.imdb.com/title/tt8244784/

"The Hunt". Нов, прилично интересен филм. Комична акција со еден куп крвишта и критика на поделбата измеѓу политички коректни фаци / conspiracy racist лудаци. 7 / 10 оцена.
 
Член од
3 април 2020
Мислења
833
Поени од реакции
439
После разводот Рејчел,секој ден патува со воз до Њујорк и секој ден возот поминува покрај нејзината стара куќа во која живеела со нејзиниот сопруг кој сеуште живее таму со неговата нова сопруга и дете. Бегајќи од болката таа почнува да го набљудува парот кој живее неколку куќи подолу, Меган и Скот. Таа си замислува прекрасен сон за нив во нејзината глава за тоа како се совршен пар, кој има совршен живот. Еден ден како што поминува со возот таа здогледува како друг маж ја прегрнува Меган и се исполнува со бес, бидејќи и самата била изневерена од нејзиниот бивш маж. Наредниот ден се разбудува со тежок мамурлок без сеќавање на вечерта со модринки по телото. Единствено има чувство дека нешто лошо се случило. Тогаш вестите даваат известување дека Меган е исчезната. Рејчел се вклучува во истрагата и се обидува да разбере што се случило со Меган, каде е и што точно самата таа правела вечерта кога Меган исчезнала, но сите ја сметаат за луда, поради нејзиниот проблем со пиењето, посебно тоа што во таква состојба, ништо не се сеќава. Филмот е од 2016, јас вчера го гледав.
 
На врв Bottom