Последен гледан филм со кратка рецензија

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Bronson



Овој филм е модерната верзија на A Clockwork Orange а интересен е податокот дека личноста која е влезена во филмот дека е Чарлс Бронсон навистина постои, филмот е автобиографски.
Филмот не би го препорачал за луѓе кои не можат да поднесат ултра насилство бидејќи во овој филм го има во големи количини!
Интересна сцена од овој филм е онаа кога во лудницата ќе им ја пуштат од Pet Shop Boys песната I'ts a Sin :pos: :pos:
Дали човек се раѓа природно со вродено насилство или сака да биде славен преку насилството, одговорот ќе го добиете ако го гледате овој филм...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
September 11, 2001.

Four planes were hijacked.

Three of them reached their target.

This is the story of the fourth.

UNITED 93.



7.9 on imdb. Toлку и од мене, 8ца.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
September 11, 2001.

Four planes were hijacked.

Three of them reached their target.

This is the story of the fourth.

UNITED 93.



7.9 on imdb. Toлку и од мене, 8ца.
Да филмот не е лош еве и јас ви го препорачувам неодамна го изгледав само ногу клаустрофобичен се у вионот испоти се на филмо у секој случај може да се погледне иначе стнаува збор за 11.09.2001 нападот на светскиот трговски центар однсоно авионо кој беше срушен единственио кој не стигна на целта.

Модераторе не бриши оти и јас го гледа ама забрави тогај да пишам рецензија сеа се надоврзувам само.:smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
http://www.imdb.com/title/tt1130993/



Не знам зошто овој филм има ниска оценка на www.imdb.com кога не е толку лош, сум гледал многу поглупави филмови кои добиле повисока оценка.
Класичен криминалистички филм од Француската кинематографија, темата е борбата меѓу добрите и лошите момци а низ целиот филм се провлекува и љубовната приказна на еден од главните глумци.
Тие се една банда апаши што би рекол Цацко Конопишки, основна дејност им е крадењето ама секогаш тоа не завршува како што тие планирале.
Филмот вреди да се погледне па затоа не губете време...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Final Destination 4
Приказната не е добра како во претходните делови, спрема мене во 2јката најдобра беше, ама ефектите се далеку подобри.
А и некои солидни убиства има.:pipi:
7/10
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Bronson



Овој филм е модерната верзија на A Clockwork Orange а интересен е податокот дека личноста која е влезена во филмот дека е Чарлс Бронсон навистина постои, филмот е автобиографски.
Филмот не би го препорачал за луѓе кои не можат да поднесат ултра насилство бидејќи во овој филм го има во големи количини!
Интересна сцена од овој филм е онаа кога во лудницата ќе им ја пуштат од Pet Shop Boys песната I'ts a Sin :pos: :pos:
Дали човек се раѓа природно со вродено насилство или сака да биде славен преку насилството, одговорот ќе го добиете ако го гледате овој филм...
Е атом господ здравје да ти даде ногу добар филм малку надвор од рамката на вообичаеното не дека е нешто сензационално ама е добар.И да како шо е спомнато погоре кој не може да гледа насилство и гадни сцени нека го скокне филмо.Иначе и мене ме фрапира податоко дека е автобиографски зарем постое таков човек.Иначе дејството се одвива у Англија можете и по акценто да познаете и станува збор за тип шо уште како мал има преголема количина тестостерон (иначе како другајаче ке го постигне тоа) и пробува да стане славен со насилство значи за него затворо изгледа како место каде може да се докаже место каде може да се оформе и ако има плус лавабо у келијата за него претставува луксуз.Добар филм така психоделичен јас би му дал 8/10.Ако го гледате запазите ја сцената у лудницата со типо шо клече до кревето и......:vozbud::vozbud:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057


Oдлична приказна али лошо реализирана некако.
Половина од филмот е досаден дур дојде до некаков заплет па да ве стави во исчекување крајот.
Плус Кроу ми е одбивен со долга коса, а оцената уште повеќе му ја намалува Бен Афлек.
Едноставно не ми е по кеф глумецов.

Филмов го оценувам со 6, веќе видено. Трилер криминалистички шаблон.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
BLOOD and BONE [2009].



Уште еден филм со боречки вештини, само во овај главниот лик ја употребува Таи Чи, повеќе позната е како вештина за релаксација и по тоа ја препознаваат луѓето. Филм со клише приказна повеќе или помалку, ама поради ефектите и брзината на Таи Чи вредеше што го гледав. Сите што сакаат филмови со боречки вештини можи да го гледаат.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Во пет. вечерта го гледав Final Destination 4. Стандардно, причата продолжува со нови фаци, од кои едниот ја добива првата визија, ги спасува луѓето околу себе, а потоа настапува покољот ..

Филмот за месец-два би сакал пак да го гледам, зошто од кино снимката очите ми отекоа, а и + тоа во филмот има одлични ефекти, кои гледани од кино снимка не се тоа, тоа .. Имаше пар добри насреќи збогатени со тие ефекти (кои ги спомнав погоре), но сепак двојката брате беше ВРВ, не заменлив е.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Road Trip: Beer Pong



Има ли крај на глупите Амерички комедии, има ли спас веќе од нив? :raz:
Мислам дека по ова промашување никогаш повеќе нема да гледам Америчка комедија, во секоја муабетот се врти околу едно те исто, секс и дрога.
Ваквите комедии се само за сексуалните манијаци кои ќе се изнагледаат на млади девојчиња и силиконски цицки во големи количини :pos: :pos: и тупави Амерички серковци...
Филмот е една приказна за еден тинејџер кој има девојка ама има желба да и го бапне и на друга, тргнува со другарите на натпревар на една глупа игра ама истовремено сака и да го намрси мачорот со Французинката што му била девојка пред таа...
Смешни сцени во филмот воопшто и да нема ако веќе некој ги рачуна за смешни помочувањето и серењето на двата идиота!!!
Не губете џабе време, филмот е :drk:
 
Ј

јовица11

Гостин

*АWAKE*

Случајно го фатив на ТВ, иако веќе две години ми фаќа прашина на полица и никако да го изгледам. Филм кој ме остави да размислувам на темата која ја обработува, часови откако заврши. Филм кој мора да го изгледа секој. Хајден Кирстенсен :cuc:

Трејлер :
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Глуп е стварно и 1 и 2 дел ги иам гледано ама па понекад и вакви ни требат или???Чисто онака некогаш да се изрелаксираш.
Што реков јас за вакви постови?

Ќе морам построго од сега натаму, иако мразам така, ама овие два дена темава е хаос, незнам што ви стана...
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Дефинитивно по гледањето на овој филм, сфаќам дека ова според засега изгледаните (Мртвата невеста, Заспаната долина, Марс Напаѓа) ова ми е најдобриот филм од Тим Бартон. Џони Деп во маестралнага улога на Едвард, човекот кој наместо раце има ножици. Возбудлива приказна, сјајно сценарио, дијалози, ликовите се направени топ како за тоа време, ма се‘ плени од убавина и морбидност на моменти. На крајот филмот преубаво завршува, еден огромен ПРЕДЛОГ за сите вас и сите обожаватели на имагинацијата на Тим Бартон.

Преубаво... 9/10 :pipi:
 
Ј

јовица11

Гостин

*AUSTRALIA*
:cuc::cuc::cuc:

Филм кој ти го одзема здивот, класика која ја вбројувам во низата со Casablanca, Gone with the Wind, Pearl Harbor...Епска љубовна приказна која едноставно мора да се погледне, бидејки зборовите би биле штури за да се прераскаже. Филм создаден за мој вкус. Два ипол часа акција, непредвидливост и проклето добро сценарио:cuc:. Мешавина на теми, настани и личности. Класика!
10/10
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500

Кратка рецензија, некаков сигнал (претпоставувам вонземјански иако не се знае од каде е) ги тера луѓево да прават чудни работи, тоест се убиваат меѓу себе и слично.
Има тука околу 4-ца главни лика и се врти приказнава околу нив, у суштина чуден филм и не ми се допадна многу.
АКо немате ептен шо друго да глеате само у тој случај гледајте го.


Австралијанска комедија со полно глупости, нема ни да го сватите, нема ни многу да се насмеете...ама толку работи с случуваат шт вреди да се види.


Се изнаглеав филмови денеска :pos:

Фин цртич за забава, со олстар глумци и то...препорачливо за глеање за сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom