50 First Dates (2004)
Сношти го даваа на А1. Прв пат го гледам филмов, интересен филм, онака за оптегвење на фотелја и да го пуштиш мозокот на пасење.
После неколку посериозни мадафака култни филма мора да се изгледа еден ваков. Искрено, ми се допадна филмов. Интересно осмислена приказна и многу комични елементи.
Сендлер некогаш наликува како во сите филмови да глуми иста улога, ама оваа мислам дека му беше повеќе и од солидна. И Дру Баримор не беше лоша, за разлика од онаа комедијана т.н. романтична - Дуплекс, беше каде каде подобра.
Да не ја должам многу рецензијава, освен што мора да напоменам дека ако не сте расположени за нешто до некаде предвидливо, или ако не сте расположени за опуштен филм со романтични и повеќе комични елементи, не го гледајте.
Но, ако сакате нешто релаксирано ова е вистинска прилика. Сум гледал романтични комедии, ама оваа е според мене многу подобра од некои како што напоменав погоре.
Интересно е што филмот е на некој начин со содржина која и те како може да се употреби во психо филм, ама тоа е се' сплотено за човек да се смее низ текот на филмот.
Целта на филмот е после неговото гледање да те исполни со некаква надеж и евентуално среќа. Кога ќе го изгледате ќе се чувствувате исполнето, ако сте биле празни, ќе се чувствувате тажно, ако сте биле среќни и слично. Гледајте го, интересен филм, не е one-watch романтична комедија.