Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Само што го изгледав филмот и навистина сум премногу задоволен од целата приказна и реализација. Филмот е темелен врз реални настани т.е моментални настани кои го опкружува светот, колку е интересно и поучно да дознаеш за белото робје и за трговијата на луѓе, мислам дека и поради тоа ја има заслужено одличната оценка од 8 на ИМДБ. Прејак филм, за мене ќе остане како еден од најдобрите трилери... БРАВО! 9/10



Едно преубаво романтично филмче со преголема доза комедија :pos2::pos2:... едноставно уживав додека го гледав, Ен Хетавеј и Кејт Хадсон вистински одбрани за ваков филм, и не се сложувам на оценката на ИМДБ, но тоа е тоа, тешко паѓаат на ваквите филмови критичарите :pipi:

7/10 од мене :pipi: Препорака за сите кои сакаат лесно филмче за уживање...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Butterfly Effect: Revelation (2009)

Дефинитивно подобар од вториот дел
The Butterfly Effect 2 (2006), најмногу заради крајот, а може да се каже дека е и помрачен филм од предходните, на граница на хорор е. За оние кои првпат слушаат за Butterfly effect, се работи за способност за враќање во минатото при што се менува текот на настаните и води до алтернативна иднина.

Сосема солидно продолжение за 6/10, но и понатаму првиот The Butterfly Effect (2004) е далеку пред останатите. Веројатно затоа што по него, нема нешто посебно ново што би можело да изненади.
 
Х

Ханзо

Гостин

Jason Statham го глуми Jake Green, измамник кој по излегување од затвор сака да му се одмазди на Dorothy Macha (Ray Liotta), сопственик на казино, кој под претпоставка претходно му ја наместил затворската казна на Jake. Типичен Guy Ritchie крими филм, со интересна заплеткана приказна и уште поинтересен расплет. Guy Ritchie + Jason Statham нема промашување, 10/10.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Knowing 2009.



Детерминизам против судбина.
Овај филм е за судбина и не разочарува до крај.
Што би било ако се во нашиот живот е предодредено и како да го смениме тоа нешто?
Добар филм според мене гледајте го.
Истиот го гледав. Каков добар филм е ова! Музиката е просто неверојатна. Филмот е на раб на хорор само поради музиката.

Кој сака да знае повеќе за филмот нека пребара на Гугл и на ИМДБ или најдобро да го погледне. Иако крајот ми беше малце наивен, сепак 10/10!
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Shooter-Стварно добар филм. Се работи за пензиониран снајперист кој ке биде ангажиран за да го убие претседателот но ке биде немастен...натаму погледнете што како:vozbud::smir:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Rockstar.



Интересна комедија во која се зборува за деца луди по познат Англиски рок бенд. Нон-стоп ги свират нивните песни, на оригинален начин без една грешка. Се појавуваат на концерт со нивните песни каде гитаристот започнува да импровизира. На пејачот тоа не му се допаѓа па започнуваат кавга и тепачка на сред концерт, со што, пејачот го напушта бендот. Му се појавува прилика по извесно време да го застапува бендот од неговите соништа, меѓутоа тука се јавува проблем. Нема да може да пишува свои песни, мора да ги изведува само оние кои му се наложени...
Би го оценала со 7/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Конечно и еден саглам хорор филм по подолго време, From Within (2008)

Приказната се одвива во еден мал и претерано религиозен град (како и во многу други хорори), во кој почнуваат да се случуваат самоубиства. Сомнежот е во едно паганско семејство кое е отфрлено од преостанатата (фанатично) религиозна средина.

Во последните сцени посакував поинаку да заврши филмот но без разлика на тоа мислам дека филмот е апсолутно потценет и заслужува барем 7/10. Сосема солиден хорор.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
The sum of all fears



Филмот ме остави прилично поделен.

Од една страна го имате James Cromwell,фин заплет,одлични сцени и напнатост.
Тоа е the light side.

Но од друга,тука е Бен Афлек,
холивудски крај
и дупки во приказната.
Бен Афлек ми остави впечаток само во темните сцени.И тоа само бидејќи потсетуваше на Харисон Форд...физички :)

Би му дал 6/10,сепак вреди да се погледне.


Thick as Thieves



Некој на форумов го спореди филмот со оние од Oceans триологијата...AS IF! :devil3:

Навредувачко е да се гледа како Антонио Бандерас пробува да глуми во филмот.
Искрено,би го натерал он да им плати што му дозволиле да игра во ова остварување.Заплетот е слаб,досаден и нема да ве натера да се грижите за ликовите.

Death to copycats, death to stupid and predictable Hollywood !

Оценка 2/10.

Yes Man



Па што ако сите комични ликови на Џим Кери се слични?
Важно,дефинитивно се забавни.Филмот доловува интересни аспекти,ама...
И секогаш во последно време има некое АМА.

Ама,премногу наивно продолжува,стереотипно и избрзува кон крајот.
Чисто за релаксација.

Оценка 7/10.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

Suspect Zero
Според имдб има оценка 5.8 што е многууу ниска.
Според мене има 8. Супер филм. Го имам гледано многу пати.

Во САД има сериски убиец. ФБИ агентите имаат трага која води кон Бен О Рајан. Тој е чоек шо ги фака сериските убијци со помош на цртање. Со текот на времето агентите неможат да го најдат убиецот и сваќаат дека можеби бараат Нулти Осомничен. Но не знаат дали Бен о Рајан е нулти осомничениот.
 
Ј

јовица11

Гостин

*Marley & Me*

Ти ибам филмот ти ...!...
Нема да раскажувам (само што го догледав и импресиите се толку големи што секој пишан збор би бил прамалку, а и плус ме потсети на слична дешавка која уште ми е како отворена рана), само го препорачувам за секого и предупредувам дека само оние со камено срце, јуначки ќе го издржат последниот половина час.
Нема ни да го оценам само ќе ги цитирам зборовите од истиот:
A dog has no use for fancy cars, big homes, or designer clothes. A water log stick will do just fine. A dog doesn't care if your rich or poor, clever or dull, smart or dumb. Give him your heart and he'll give you his. How many people can you say that about? How many people can make you feel rare and pure and special? How many people can make you feel extraordinary?

Одам да си го изгушкам кучето
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444

*Marley & Me*

Ти ибам филмот ти ...!...
Нема да раскажувам (само што го догледав и импресиите се толку големи што секој пишан збор би бил прамалку, а и плус ме потсети на слична дешавка која уште ми е како отворена рана), само го препорачувам за секого и предупредувам дека само оние со камено срце, јуначки ќе го издржат последниот половина час.
Нема ни да го оценам само ќе ги цитирам зборовите од истиот:
A dog has no use for fancy cars, big homes, or designer clothes. A water log stick will do just fine. A dog doesn't care if your rich or poor, clever or dull, smart or dumb. Give him your heart and he'll give you his. How many people can you say that about? How many people can make you feel rare and pure and special? How many people can make you feel extraordinary?

Одам да си го изгушкам кучето
Само што го изгледав. Не беше тоа што очекував. Обично семејство кое има обичен и по малку досаден живот и куче кое е троа понемирно од другите. Нема приказна филмот, ништо не се случува, очекував некои згоди и незгоди од нивниот живот па кучето да им се најде како најдобар пријател (нели обично спасуваат животи и слично, на филм де...) па да поминат низ поголеми кризи... нешто што ќе го направеше филмот возбудлив и интересен. Вака, нешто измеѓу комедија која не е смешна и драма која не е интересна. Да не зборувам дека семејството имаше деца кои едвај ги забележавме во филмот.

Крајот беше добар тоа да, и сите кои сме имале кучиња и оние кои немале кучиња а имаат чувства :) ќе им се допадне.

Енивеј, ги сакам и Овен Вилсон и Џенифер Анистон ама ова не пројде за мене барем. Претпоставувам кој е многу по кучињата и има дома милениче ќе сака да го изгледа и ќе има подобро мислење за филмот. Јас му давам 5/10 и тоа само заради актерите.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Волверин - Х мен... и Бундок Сејнтс... моите последни изгледани филмови....

Волверин... со оглед на тоа што го гледав без исечени сцени и со несредени ефекти можам да кажам дека филмов заслужува доста добра оценка бидејќи обработува добра приказна - посебно добра за љубителите за Х-мен трлилогијата и Марвел фановите оценката не е под 8 :)

Бундок Сеинтс... филмов е тотален промашај за Вилијам Дефо како една од носителните улоги во филмов... препорака за сите љубители на акции.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Recount

За сите љубители на филмови шо се по истинитој причи за некој политички евент снимени, е дефинитивна препорака. За сите љубители на Бен Афлек, заборавете.

Кевин Спејси ја има улогата на член на тимот на Ал Гор во изборите од 2000 година, кога Гор за противник го има Џорџ Буш (со дупло-ве). Избори за време на кои се случува фамозното пребројување на Флорида - и сите перипетии во врска со тоа, видено низ окото на солидниот режисер. Околу 120 минути кои ќе бидат интересни на сите љубители на жанрот кој незнам како точно да го наречам а во кој би ги ставил Wag The Dog, Frost/Nixon...etc (да, знам дека вег д дог не е по истинитој причи). Башка, секој филм на Кевин Спејси вреди да се погледне.

Не би го оценувал бидејќи ќе е пресубјективно, имајќи во предвид дека станува збор за горе долу специфичен филм. Инаку, за сите филмски аспекти би дал високи оцени.

И инспириран од Рикаунт, во моментов се подготвувам да го гледам W. на Оливер Стоун. Па би реферирал околу овој филм, можеби утре. Like anyone cares... :)))
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
И инспириран од Рикаунт, во моментов се подготвувам да го гледам W. на Оливер Стоун. Па би реферирал околу овој филм, можеби утре. Like anyone cares... :)))
Немој така има зависници овде дремеме и чекаме рецензии :)
Баш ќе го ѕирнам овој Recount (2008) вика дека е ТВ филм ама има одлична оцена + Кевин Спејси, би требало да е доволно тоа...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Немој така има зависници овде дремеме и чекаме рецензии :)
Баш ќе го ѕирнам овој Recount (2008) вика дека е ТВ филм ама има одлична оцена + Кевин Спејси, би требало да е доволно тоа...
Нека не те лажа тоа комунистите дека бил тв филм. Нејќат да го гледаш! :) Ѕирни го па напрај своја рецензија. Верувам ќе те бендисат, ако тематиката ти е интересна.

А викаш светот на фимофилите чека будно рецензии? :) Нема шанса да е лош филмот. Буши од млади години до денес, Оливер Стоун...иако е одмината тема (во смисол на политичка актуелност), ќе остане како еден од најизвиканите претседатели на САД, и мене особено драг, од патриотска гледна точка (шо не би го рекол Садам, да беше жив).

Ок, соу, тил тумороу...соу лонг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom