Последен гледан филм со кратка рецензија

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.408
Поени од реакции
3.316


The Dictator (2012)

За сите љубители на комедијата, еден ептен откачен филм, дело на Sacha Baron Cohen и се разбира СИНДИ (Anna Faris) од Scary Movie(s), филм кој мене ме направи да се смеам со солзи и да враќам сцени уште еднаш. Гледан ми е повеќе од 5 пати и никогаш не е досаден. Оригиналност дури и во soundtrack - от имаат.

IMDb ratings:
6.4/10
Moja: 10/10
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.946
Blow (2001)


Претпоставувам на повеќето од КГН што се апла филмомани филмов им е 100% гледан, јер не постои човек што е филмозависник а да го нема гледано Blow. Филмот е снимен според вистинска приказна, а во главните улоги се Пенелопе Круз и Џони Деп. Се работи за еден младич кој поради домашните проблеми и немањето пари ќе се отсели во Калифорнија со својот цимер и тука ќе почне неговиот бурен живот. Тука баш убаво може да се види какви се проблеми носи дрогата и поврзаноста со неа. Џони Деп глуми фантастично, as always, и ми е еден од поомилените глумци.
На IMDB оценката му 7.6, слично би го оценил и јас.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
After the Dark (2013) aka. The Philosophers

На последното предавање, професорот по филозофија на своите 20 студенти им поставува филозофски (жими гзов) мисловен експеримент: да изберат кои 10 од нив би ги пратиле во подземно засолниште во случај на апокалипса, за да преживеат и да ја „рестартираат“ човечката раса. Сакам апокалипса, уште повеќе филозофија, па премисава ме купи уште одамна, доволно за да ја игнорирам релативно слабата оценка на IMDb ( 5.7)

:facepalm::tapp::place: ...Поретардиран и квази-интелектуален филм ни во сите претходни животи немам гледано. Не ми се троши ни збор на рецензија, без IQ останав. Да не се излажете случајно, оценката не му е толку ниска пошо луѓе не го сфатиле (ко што мислев и ко што е случај со многу добри филмови), туку е толку висока затоа што ваљда се нашле доволно глупи луѓенца што површните „размисли“ во срањево ги нашле за просветлувачки, или за ментална гимнастика или за штотијазнам.

Оценка 1/10, еквивалент на awful на jinni.com.
 
Член од
12 март 2013
Мислења
757
Поени од реакции
1.196

филм ипол,према трејлерот уопште не ме привлече да го гледам,ми изгледаше дека ќе биде дежа ву ... колку само сум се излажал
се ме бендиса во филмов,освен насловот кој мислам дека можел да биде подобар
приказната топ,дијалозите исто,актерите на ниво поготово Ед Харис
за акционите сцени немам зборови,којзнае колку време немам гледано филм со реални акции како во овој што не се косат со законите на физиката

накратко,Џими (Liam Neeson),пијаница со гадно минато зад себе и одделен од семејството,во еден сплет на околности за да го спаси синот (Мајк) му го убива синот (Дени) на единствениот другар што го има,Шон (Ed Harris) кој патем е голема зверка.Барајќи одмазда за Дени,Шон започнува потера по двајцата ...
9,5/10
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882

Stonehearst Asylum

stonehearst-asylum-poster.jpg

Уште познат и по името Елиза Грејвс, е филм изработен според расказ на Едгар Алан По. Едвард дипломирал на медицина во училиштето Харвард. Тој добива предлог да работи во психијатриск болница. Да не откривам понатаму, филмот има пресврти и не го гледајте трејлерот.
7.5/10
Tangerines

11190702_ori.jpg
Краток филм, но со силна порака. Дејството е од 1992 година за време на конфликт помеѓу Грузија и Абхазија. Мало место каде што се одгледуваат мандарини. Поради војната поголем дел од населението заминува во Естонија, а остануваат неколку жители меѓу кои Иво и Маргус.
Во оган помеѓу две групи, преживаат само двајца кои се тешко ранети. Едниот е
платеник на Абхазија, а другиот од Грузија. Иво и Маргус ги носат во куќата, за да им помогнат во опоравувањето.

8.5/10
 
H

HoT IcE

Гостин
Филм за кој веројатно сте чуле или веќе го имате гледано. Кога излезе 09' го пуштив да го гледам и ме збуни комплетно по што го изгасив на половина со ни 5% разбрана содржина. Затоа денес, по цели 6 години скоро му се решив да му седнам и да го изгледам. Филмов е перфекција, бар за мене и мојот вкус кој се менуваше во годиниве откако првпат го пуштив. Одлична глума, саундтрак и приказна. Но глумата и саундтракот е во сенка на фантастичната динамика на филмов и како успева да се развива низ различни приказни базирани според една одлука. Ова е еден од ретките филмови кој речиси и да нема филери и успева да има неколку климакси кога се работи за развој на приказна, и сите до еден маестрално изведени. Но за да не биде тоа доволно за еден филм да биде одличен тука е и одличниот крај во кој според мене многу убаво се даде една општа слика и целина на филмот и навидум различните приказни. Mr.Nobody е филм за кој не е доволна кратка рецензија за да се долови поентата на филмот, различните филозофски погледи кои Ван Дормаел ги прествавува во филмов за животот и одлуките. Затоа во интерес на темата овде ќе ставам крај на краткава рецензија.

Секако со мал бонус.

10/10.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
There Will Be Blood

Филм со Даниел Деј Луис не знам дали може да биде просечен (исклучок е The Age of Innocence), но овој е извонреден, а глумата е заслужено наградена со Оскар.

Накратко, филмот е приказ за подемот на еден човек Даниел Плејнвју обичен работник, кој ископувајќи земја пронаоѓа нафтено наоѓалиште. Дејството од самиот старт па се' до крајот е нетипично холивудски споро, само воведната сцена можеби трае околу 10 минути без ниеден искажан збор. Тематиката за почетоците на нафтената индустрија не делува нешто многу интересно, дури може и одбивно да му биде на просечен гледач, но како тече понатаму филмот, станува јасно дека тоа е само еден аспект од приказната која носи и други многу посилни поенти како алчноста за профит, безкурпулозноста, дволичноста, злобата, одмаздата...

Даниел Деј Луис го има одиграно еден од најголемите негативни ликови во историјата на филмот. Има еден дијалог каде зачудувачка е неговата мизантропија и не се знае точно од кај потекнува. Дали човекот воопшто има причина да мрази или само по себе, во неговата природа е да мрази?

„I have a competition in me. I want no one else to succeed. I hate most people.“

„Well, if it's in me, it's in you. There are times when I... I look at people and I see nothing worth liking. I want to earn enough money I can get away from everyone.“

За да не биде се' така црно, го има ликот детето H.W. кое откако ќе стане сираче е земено од страна на Плејнвју и како расте се запознава со бизнисот со нафтата. Нивниот однос е доста специфичен така што до крајот на филмот не може да се процени дали е искрен или и тој е дел од планот за правење добри зделки.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
21
Поени од реакции
17
Family Plot (1976)

Алфред Хичкок и мислам дека се е јасно. Нема потреба да зборувам колку е добар филмот, ако има некој кој не го гледал, еве нешто во продолжение околу приказната.
Бленч Тајлер се преправа дека е видовита и им држи сеанси на богати постари госпоѓи глумејќи им дека разговара со нивните блиски од другиот свет. Една од нејзините муштерии, госпоѓа Џулија, става интересна понуда на маса: ако Бленч успее да го пронајде синот на нејзината почината сестра за возврат ќе добие огромна сума на пари. Бленч и нејзиното момче Џорџ се согласуваат и примамени од големата сума веднаш се фрлаат во потрага.
Човекот кој го бараат, се нарекува себеси Артур Адамсон, кој заедно со својата девојка киднапираат милионери и ги враќаат во замена за дијаманти, рубини и други скапоцени камења.
Два пара кои не се плашат да си ги извалкат рацете, да лажат и да го добијат тоа што го посакуваат.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
True Story (2015)

MV5BMTAzNTc5MTA0NzleQTJeQWpwZ15BbWU4MDU1MDM2NzMx._V1_SX214_AL_.jpg

Се работи за драма/крими/трилер кој што во најава делуваше доста добро. Возбудлива и вистинска приказна со солидни актери ама изгледа го утнале режисерот.

Приказната е за еден многу познат новинар на Њу Јорк Тајмс кој што поради тоа што ќе ги заптлетка работите во една сторија добива отказ и потоа по низа настани дознава дека човек кој што е обвинет за убивство на целата негова фамилија (жена и 3 деца) всушност се претставува со неговиот идентитет. Се развива интересна релација помеѓу нив двајца што всушност е и главната приказна во филмот.

Филмот ми беше ептен досаден и лошо изработен. Дури и настанот кој што требаше да го даде елементот трилер ми беше многу предвидлив. Се на се слабо, ќе му дадам 6/10 само заради тоа што приказната е добра и уникатна.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
21
Поени од реакции
17
The Man Who Knew Too Much (1956)

На почетокот почна добро, торентот што го симнав беше малце зезнат па звукот каснеше 5 минути али приказната беше она што ме натера да продолжам да гледам понатаму а да не исклучам. Мислам, познат брачен пар, во една непозната држава, мистериозен странец и негово убиство и последните зборови кажани на докторот Бен. Но како одеше дејството, малку по малку стана заморно. Добра идеја ама мислам дека Хичкок се изгубил во реализацијата. Имав чувство како преку ноќ да решил да го смени текот на настаните очекувајќи да излезе подобар заплет, ама наместо тоа излезе нешто сосем трето. Не велам дека е лош, во никој случај не би можел да кажам нешто такво за филм на Хичкок, ама дефинитивно не е еден од подобрите. Уствари, ова е филмот од Хичкок што најмалку ми се допаднал, барем сега за сега. А добри актери, интересен почеток, ветуваше доста :(
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.460
Поени од реакции
87.242
Одамна немав гледано некој хорор филм од поновиве, па изборот падна на ова дело и искрено да кажам, жалам за тие потрошени саат ипол време пред компјутерот.
Приказната е како еден брачен пар оди на меден месец во една колиба која е опкружена со густа шума... толку ќе ви кажам не ви откривам повеќе.
Филмот изобилува со непотребни лигавења помеѓу мажот и жената, па може лесно да ве фати дремка додека тие се љубат. Второто е одвратниот крај што го има филмот.... само едно ќе кажам, ќе зажалите што воопшто сте имале секс со некого во животот :pov:. Освен тоа со гадењето, крајот воопшто не беше ниту интересен, ниту страшен.

Поарно да го гледав Доктор Џекил и Мистер Хајд од 1931 година, одколку срањево правено минатата година.

Пу!!!

Моја оценка: 2/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Unbroken 2014



Деби настап на Анџелина Џоли во улогата на режисер. Мое скромно мислење е дека добро се снашла, да се прашувам јас овој филм би го режирал Клинт Иствуд со Кристијан Бејл како главна улога. Ама не се прашувам јас.

Филмот е вистинска приказна за Луис Луи Зампарини, екс олимпиец кој на Олимписките игри во Берлин 36та го освојува 8то место на трката на 5.000 метри притоа поставува рекорд за најбрзо истрчан последен круг.
Во втората светска војна при еден напад над Јапонија авионот во кој се наоѓаат бомбардерите на САД е тешко оштетен но сепак на крај успева безбедно да слета. Во 1943та година групата е испратена на една спасувачка мисија низ Пацификот со еден стар авион кој бил употребуван во претходни борби. Војниците се сомневаат во исправноста на авионот, сомнежите се остваруваат и авионот се руши во сред океан, само 3ца војници остануваат живи, Луи, Фил и Мак.
Со само 2 гумени чамци и без храна и вода преживуваат на `отворено море` 27 дена кога ќе бидат нападнати од јапонски авион, некако успеваат да го преживеат нападот. На 33от ден Мак ја губи битката со животот па така остануваат само Луи и Фил. Успеваат да преживеат 47 дена пред да бидат ``спасени`` од јапонската морнарица.
Ги заробуваат и ги праќаат низ неколку кампови за воени затвореници од САД. Таму трпат невидена тортура од јапонскиот генерал Ватанабе.
По 3 години страдање во камповите конечно војната завршува и Луи се враќа во Америка. Така и завршува филмот.

Подоцна одлучува да му служи на Бога и преку верата сфаќа дека одмаздата не е решение туку простувањето, па така се враќа во Јапонија да се смири со тие што го мачеа, само генералот Ватанабе одбил да се сретне со него.
Во 1998ма година Луи го остварува својот сон повторно да трча на Олимписките игри, на 81 годишна возраст се појавува на олимпијадата во Токио.
Луи Зампарини починал на 2 Јули 2014та година на 97 годишна возраст.

Одличен филм, обожавам вистински приказни.
8/10 од мене, можела Џоли да поработи повеќе на трогателните моменти кои треба да те допрат, баш затоа сакав и чичко Клинт да го режира филмов.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
True Story (2015)

Прегледај го приврзокот 124624

Се работи за драма/крими/трилер кој што во најава делуваше доста добро. Возбудлива и вистинска приказна со солидни актери ама изгледа го утнале режисерот.

Приказната е за еден многу познат новинар на Њу Јорк Тајмс кој што поради тоа што ќе ги заптлетка работите во една сторија добива отказ и потоа по низа настани дознава дека човек кој што е обвинет за убивство на целата негова фамилија (жена и 3 деца) всушност се претставува со неговиот идентитет. Се развива интересна релација помеѓу нив двајца што всушност е и главната приказна во филмот.

Филмот ми беше ептен досаден и лошо изработен. Дури и настанот кој што требаше да го даде елементот трилер ми беше многу предвидлив. Се на се слабо, ќе му дадам 6/10 само заради тоа што приказната е добра и уникатна.
Се предомислив оцена 1/10
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
National Treasure 2004

Господ знае од кога ми стоела опаковкава од филмов во фиока, па некако се решив да го изгледам.

Национално богатство или со други зборови - скриен предмет. :D Тоопло, па ладнооо, па млакооо, па гори... и тако даље. :D Времето буквално ми летна и би го гледала повторно.
Филмот е поврзан со историјата на Америка. Во главно, главниот лик, Бен Гејтс, се обидува да најде богатство, (коешто патем не е сигурно дека постои и се претпоставува дека е само мит) кое за време на војната било сокриено од Британците. Ама прибидејќи дека богатството е Господ знае од кога, потешко е да се пронајдат неговите траги. Во ова се вмешува ФБИ, па едни, па други... итн. Битно, во цел филм се трудат да најдат некакви си траги од тоа богатство коешто и претходно го барале предците на главниот лик, но не можеле да го најдат. Доста интересен и не ме натера ниту еднаш да го свртам погледот.



Jurassic World 2015

Го немам гледно ни 1, ни 2, ни 3 - директива на 4 дел. :D
Се отвора парк на диносауруси. Ама полн со техника, ова она... станува нова атракција со полно посетители. Во лабораторија фактички ги произведуваат тие „суштества“, бидејќи им стануваат досадни обичните диносауруси, па прават мутанти и потоа истите тие им прават неволји.
Немаат попаметна работа, па размножуваат суштества, со огромна интелигениција, гигантски и после очекуваат да ги задржат во некои си кафези („безбедни, со најнова технологија“), ама тоа баш и не им успева. Новиот диносаурус е буквално - killing machine и 2 саати ќе бегаат од него. Буквално ќе праат - на ти куцо, мевце. Кој го бара, ќе си го добие. :icon_lol:
Интересни ефекти и приказна, ама пропратена со „дупки“. Неисе, времето и така и вака брзо ми летна, така што... није лош. :D

 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.946
Good Will Hunting


Постар филм, но по некоја случајност го имав испуштено па сега го изгледав. Филмот е апсолутно ремек дело, со Робин Вилијамс и Мет Дејмон во главните улоги. Мене ме фасцинираше глумата на Робин Вилијамс, односно како он го доловува моментот до гледачот. Неверојатен глумец, штета што прерано почина, имаше уште да даде во светот на филмот. Да не забегувам, се работи за генијалец, односно натпросечно интелигентен човек кој има неверојатен талент во полето на математиката, Вил, кој поради икс причини (да не навлегувам во спојлер) не сака да го материјализира својот талент, односно интелигенција. Неговиот талент ќе го забележи професорот од Универзитетот каде Вил ќе работи како чистач, а подоцна коцките ќе се поклопат да оди кај Шон (Робин Вилијамс) на “лечење“ бидејќи тоа ќе биде еден од условите кој ќе треба да го изврши за да не ја прекрши условната затворска казна која ќе му биде доделена поради учество во една улична тепачка. Понатаму не раскажувам за да не навлезам во спојлер.

Реков на почетокот, ќе речам и сега, Робин Вилијамс фантастично ја има одиграно својата улога. И Мет Дејмон не заостанува, одлична глума и од негова страна.

Многу квалитетна драма, од мене има 9/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom