Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Последен филм што го гледав беше Prometheus (2012), мене лично вопшто не ми се допадна. Филмот имаше интересен почеток али колуминација никаде и зарши како и сите хорор филмови без крај :P Се на се досаден филм . И 3Д ефектите не беа нешто којзнае што, само некои делови беа во 3Д . Мое мислење ... позз
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549

The Untouchables

И покрај одличните глумци во овој филм, и покрај одличниот режисер, јас дури сега за првпат го изгледав овој филм.
Искрено, очекував подобра реализација. Доста искарикиран филм наменет холивудски да ја прикаже храброста на добрите цајкани и корумпираноста на лошите.
Карактерит во филмот беа премногу искарикирани, Малоне пензионираниот цајкан кој нон-стоп дава лекции, паметното џуџе што наоѓа начин како да се симне Капоне од тронот, храбриот млад цајкан со италијанско потекло наменет да ги скрши стереотипите за итало-американците.
Дури и некои сцени беа премногу искарикирани. Сцената кај мостот кога џуџето здивува кога ќе му го погодат пријателот и почнува да убива се пред себе, сцената во железничката станица кога Нес убива се живо пред него и истовремено спасува бебе кое паѓа по скалите.
Едноставно, во ниеден момент не можев да се внесам сериозно во филмот.
Единственото добро беше музиката, одлична беше. Ионака не очекувам помалку од Мориконе.
Филм 6/10
Музика 9/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
The Dark Knight Rises (2012)

најверојатно ќе му остане онаа незаслужена 9ка исто како TDK, па можеше ова и у најпреценети... да иде ама ајде, и онака IMDB=IGN у поглед на пумпање оцени па си се раководам по Метакритик за новиве филмови, оцените се (по)реални
http://www.metacritic.com/browse/movies/release-date/theaters/date

уште едно оверхајпувано разочарување оваа година после Прометеус (не, не, не ми се допаднал зашто го глеав на кино снимка нели) со кого делат исти маани - приказна без флуидност, полна дупки, како и не(до)изградени неинтересни ликови (Кетвоман и Бејн не оставаат некаков впечаток), некои се појавуваат одвреме-навреме па ги снемува долго време а други магично изрипуваат од никаде ЦЕЛО ВРЕМЕ. Акција и возбудливи моменти, слабо, освен една борба помеѓу Бетмен и Бејн :cuc:, и крајот, штета што останатиот дел од филмот не е на тоа ниво, поприлично досаден и не мислам да го гледам уште еднаш за ралика од TDK кој го глеав едно 3-4 пати...би рекол TDK>BB>TDKR.

СПОЈЛЕРИШЌА
Бејн...имаше потенцијал ама да го изградеа подобро ликот наместо само да крши вратови у таа мала минутажа што му ја дадоа, и на крај како загина - БУМ и го снема од кадар, толку, кој го е*е, БЕЗВЕЗЕ
Што е со Скеркроу??? и у претходниот и у овој дел се појавува за момент и го снемува и никому ништо...чудно и глупо. Out of place
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Trilogy: Dennis the menace (1993,1998 и 2007 година)

poster.jpg untitled.JPG 7911.jpg

После 4-те делови на Home Alone ова моја омилена комедија во која главен лик е мало дете. Филм за уживање кој никогаш не здосадува. Сите 3 дела се со палавиот Денис кој им прави големи белји на мистер Вилсон и неговата жена.
На IMDb има мала оценка а не знам зошто. Според мене оценка 10/10 за сите 3 дела.
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Последниот од сите три дела Men In Black. Старата добра актерска екипа со Вил Смит и Томи Ли Џонс но овој пат и придружба од Итан Коен во улога на Кеј во младоста. Мене искрено филмот ми се допадна, хуморот на Вил Смит го прави уште по интересен за гледање и е квалитетно потрошено време во целина.



 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
You May Not Kiss the Bride (2011)

You_may_not_kiss_the_bride.jpg
Романтична комедија помеѓу фотографот Брајан и Хрватката Маша. Брајан е приморан да се ожени со непозната женска од Хрватска за таа да може добие државјанство. По свадбата тие одат на меден месец во едно скриено одмаралиште на Тахити.
Тие никако не смеат да спијат заедно. Една од келнерките во одмаралиштето му дава идеја да ја однесе на една скриена плажа каде што може да се бањаат без облека.
Заминуваат на тоа место, и влегува прв во водата и ја фрла свјата облека на Маша која е на плажата. Таа како на шала му ја зима облеката и бега низ шумата. Но таму ја киднапираат непознати лица.............
Оцена 8/10
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Katy Perry: Part Of Me 3D



Не сум којзнае колку голем фан на Кејти Пери, меѓутоа една другарка запна да го гледаме дека сите и го фалеле, па отидов и јас со неа да го видам шоуто - и бев пријатно изненаден!
Филмот е, се разбира, документарец, поглед во животот на Кејти Пери од самите нејзини почетоци, со фокус на турнејата за албумот Teenage Dream. Во филмот ги запознаваме најблиските на поп ѕвездата, нејзината баба, мајка и, татко и, сестра и, брат и, најдобрата пријателка, како и нејзиниот (сега веќе) бивш сопруг Расел Бренд. Ги објаснува тешкотиите на Кејти по објавувањето на нејзиниот прв албум во 2001 година, нејзината упорност, разочарувањата, но и среќните моменти кои водат до нејзиниот момент под рефлекторите - објавувањето на првиот мега-хит, синглот I Kissed A Girl. Филмот исто така дава поглед на нејзиното справување со религијата, затоа што како дете пораснато во строго црковно семејство, таа не растела како другите деца. Ми се допадна филмот затоа што се држеше реално, не го претстави Расел во некое лошо светло и не ја избегна приказната за разводот кој беше пропратен во медиумите, како што обично може да се случи во таквите филмови. Филмот има извонредни ефекти (за концерт-филм-документарец, во краен случај) и вреди да се погледне. Имам моменти кои ќе ве насмеат, но и моменти кои можат да измамат солзи во вашите очи. Дефинитивно го препорачувам на сите кои ја сакаат Кејти Пери и кои сакаат добри (вистински) драми :)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
http://www.imdb.com/title/tt2210479/




Не верувам дека има многу луѓе кои знаат за Berserk,манга стрип кој излегува веќе 20 години со приказна која е далеку од епилог.

За сите кои сакаат да се запознаат со стрипот

http://japmk.blogspot.com/2012/06/berserk.html



Накратко Berserk e приказна за Гатс,млад војник што се придружува на платенички групи и се бори со кој што ќе стигне,не заради пари или слава,туку заради тоа што се што знае во животот е да се бори.Еден ден ќе го привлече вниманието на Грифит,паметен и харизматичен водач на Четата на соколот кој ќе му понуди на Гатс да се придружи на неговата група во желбата на Грифит еден ден да основа свое кралство.

Анимацијата во поголем дел е 3D шејдирано со 2D цртеж и иако сум пред се фан на старата добра рачна анимација сепак во овој филм таквиот стил е добро компониран.За пофалба е секако и добриот избор на глумци кои ги позајмуваат гласовите на ликовите во Berserk.

Ако има нешто што смета во филмот е времетраењето на филмот-само 1 час и 15 минути.Во тоа време се стиснати околу 5-6 томови од стрипот и се исрфлени неколку делови клучни за приказната па тие кои ќе го гледаат Berserk без да бидат претходно запознаени со мангата ќе бидат збунети за околности кои се однесуваат за развојот на главните ликови и нивниот меѓусебен однос.

 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304



Aкциона комедија 21 Jump Street во која Schmidt ( Jonah Hil) i Jenko ( Channing Tatum ) на почетокот се два различни света се додека на само неколку вечери пред матурската вечер кога ќе им се појават проблеми и токму тие проблеми ќе бидат главен мотив за нивното пријателство понатака во животот .
Се приклучуваат во полицијата која ќе ги испрати во тимот од 21 Jump Street кои ги користат нивните млади страни да одат на тајна задача во средното училиште во кое предходно тие самите учеа. Tреба да ја разоткријат групата која произведува синтетичка дрога како и дилерите кои ја продаваат дрогата низ училиштето како и да го спречат брзото ширење на дрогата .
Нема што повеќе да опишувам , гледајте го нема да зажалите :D
Главни улоги :
Jonah Hill, Channing Tatum, Brie Larson, Dave Franco, Rob Riggle with Ice Cube
Режија :
Phil Lord & Christopher Miller
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
13
Поени од реакции
7
The Dark Knight Rises

Иако, за жал, преспав некои сцени од филмот (поради Batman Marathon, прво одеа првите два дела, од 23:59 до 05:59, така што третиот дел се прикажа сабајлето на 20 јули во 06.00 за да биде заедно со светската премиера), третиот дел беше одличен, вклучувајќи ја приказната и улогите. Особено ми се допадна начинот на кој се надоврзуваше со останатите три дела, давајќи историски податоци за ликовите. Третиот дел го прикажа Batman во потполно нова перспектива. Многумина нема да се согласат со ова, но после улогата на Christian Bale во The Dark Knight Rises, сите претходни обиди да се глуми Batman се залудни.

Иако бев скептичен за улогата на Catwoman одиграна од Anne Hathaway, девојката си ја заврши работата прилично добро. Право маченце (иако, сепак, недостасуваше камшикот по којшто Catwoman е препознатлива).

Според мене, убедливо најдобрата сцена во филмот беше кога Bane му ја скрши кичмата на Batman (за овој филм лафел Цаци од К-15, значи). Сцени кои исто така ми останаа во сеќавање беа spoiler-от за Robin и ''смртта на Batman'', и двете прикажани некаде при крајот.

Се разбира, филмов имаше и доста недостатоци. Некои од сцените немаа никаква смисла (една од нив е кога полицијата и арамбашиве јуришаат еден на друг). Точно е дека некој од ликовите се губеа и повторно се појавуваа, но кај доста од нив имаше и приказна поради тоа.

Сé на сé, одличен филм. Треба да се погледне, особено како маратон, да се гледаат првите два дела пред тоа.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин




Последен гледан филм ми е The Beach. Вчера случајно, во целиот хаос од филмови што ми се на список за гледање, налетав на него. Филмот е авантура, прилично стар од пред некои 10 години. Читав некои негативни рецензии на ИМДБ (со кои не се сложувам) и морам да напоменам дека е прилично потценет. Книгата по која е работен филмов не ми е читана и затоа неможам да правам евентуални споредби .

Накратко приказната се движи околу Ричард, млад Американец во своите дваесети, кој се наоѓа на патување во Тајланд. Таму запознава еден мистериозен човек кој му предава мапа на еден остров „од соништата“. Човекот умира, и Ричард спријателувајќи се со еден француски пар се решава да го бара рајот на земјата. По низа авантури успеваат да го откријат рајскиот остров на кој живеат група луѓе сосема природно, во своевидна хипи-комуна и анархија. Тогаш започнуваат разните перипетии и дешавки. Да не откривам повеќе.

Глумата е супер. Леонардо ди Каприо обично не го поднесувам, ама тука поради некоја чудна причина ми е ок. Virginie Ledoyen (да не го транскрибирам името од француски) е преубава!:love:

Саундтракот е оргазам! Нема што повеќе да се напише. Moby, New Order, Orbital и Faithless на едно место. (y) :cuc:


На ИМДБ е оценет со 6,4/10.
Јас му давам чиста 8-ца/10 поради длабочината на приказната. Филмот има филозофска жичка. Тера на размислување. Дефинитивно препорачувам!
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Anatomy (2000)
http://www.imdb.com/title/tt0187696/
Германски филм, иако стои дека е хорор не е класичен хорор, но има некои сцени кои не се препорачливи за оние со слаб стомак. На пример некаде на почетокот даваат еден тип на операциона маса и типов е свесен, дури медицинариве проверуваат дали е освесен и тогаш почнуваат да го сечат и да му вадат органи.
Дејствието е околу една студентка по медицина која е најдобра и како таква добива стипендија на врвната клиника Хајделберг. Но таму открива дека нешто не е во ред и почнува да истражува.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The Pursuit of Happyness



Среќата ги следи храбрите или храбрите ја следат неа?

Крис Гарднер (Вил Смит) е од оние што веруваат дека по среќата треба да се трча, да се трча со брзи чекори, да се трча без да се застане. Крис ќе помине преку милион глупости и незгоди што ќе ви се смачи додека го гледате, ќе се изнервирате за тоа колку животот е суров и неправеден, но тој не се откажува. Неговата девиза е: „Никогаш не се откажувај дури и кога луѓето ти велат дека не можеш, следи го својот сон“. Тоа е една од репликите што ќе му ги каже на својот петгодишен син Кристофер (всушност ова и приватно е синот на Вил Смит :)) во моменти кога изгледа дека сите надежи пропаѓаат. Неговиот оптимизам и неговата волја за успех никогаш нема да пропаднат.

Don’t ever let someone tell you that you can’t do something.
Not even me. You got a dream, you gotta protect it.
When people can’t do something themselves,
they’re gonna tell you that you can’t do it.
You want something, go get it.




Драма за која ќе се запрашате дали навистина се случува и во вистинскиот живот? Но, ако самите не се изборите никој друг нема да ви помогне. Потрагата и трчањето по среќата се неизвесни, но некогаш малите детали нè водат до неа. Без оглед на тоа дали е брзо склопување на Рубриковата коцка, добро познавање на математиката, навидум недостижни амбиции... Ако знаете дека сте добри во тоа што го правите, правете го до крај, до последен здив. Тоа е пораката на Крис. Тоа е она за кое сите треба да размислиме. Дали секогаш е така?

Филм за оптимизмот и сите оние нешта што сме способни да ги направиме за љубовта. Вреди да се види во моменти кога преовладува депресија и безнадежност. Оценка 10\10.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
The Dark Knight Rises (2012)

Режија: Кристофер Нолан
Улоги: Кристијан Бејл, Том Харди, Гери Олдман, Мајкл Кејн, Ен Хатавеј, Мерион Котилард, Морган Фриман, Гери Олдман и Џозеф Гордон Левит.

Ја знаете приказната, нема што понатака да се пишува околу тоа, веќе двајца пред мене пишаа.

Како прво, филмот е одлична комбинација на дел од стриповите за Бетмен (особено Knightfall) во кои Бетмен за прв пат се среќава со Бејн (bane O.E. bana "killer, slayer, murderer; the devil," from P.Gmc. *banon, cognate with *banja- "wound" (cf. O.Fris. bona "murderer," O.N. bani, O.H.G. bana "murder," O.E. benn "wound," Goth. banja "stroke, wound"), from PIE root *gwhen- "to strike, kill, wound" (cf. Avestan banta "ill"). Modern sense of "that which causes ruin or woe" is from 1570s.) и каде овој му го прекршува рбетот, по што Бетмен (Брус Вејн) долго време не се опоравува и мрачниот The Dark Knight Returns.

Она што ме фасцинираше, и заради што сметам дека не е доволно само да се каже дека „филмот вреди да се гледа“, е движењето на приказната, кое само по себе претставува една целина си претходните два филма. Дотолку повеќе што овој дел во себе содржи и додатни секвенци кои и тоа како придодаваат кон содржината на филмот. На моменти, навидум, изгледаат досадно и излишно, но од друга страна, без нив, филмот би бил само едно празно акционо клише. На овој начин, како што е преставено во филмот, само се добива дифузност на приказната (на прв поглед), што во суштина ќе биде намерно прикажување на немирот, како олицетворение на неконтролираните емоции на гледачот.

Оттука, токму тие секвенци, како да се вклопуваат, не само кон приказната за играта на „судбините“ на Брус Вејн, Бејн и Талија ал Гул (Миранда Тејт), туку и за судбините на луѓето околу нив и воопшто. Имено, се чини дека како да главната идеја на самиот филм е токму онаа почетна мудрост што го започна Batman Begins, а и судбината на Брус Вејн - она татковото (на Томас Вејн) "Bruce, why do we fall? So that we could learn to pick ourselves up!". Е оваа реченица константно и суптилно се провлекува низ целиот The Dark Knight Rises. Нолан тоа успешно го прави преку оние позадински извици на толпата „Basara Basara, deshi deshi, basara basara!“ (Издигни се - Качи се, Крени се) што како некое „зомбирано ехо“ одекнуваат во момент кога ќе се појави секвенца од толпа луѓе, или од Самиот Бејн.
Интересно е кога ќе се појави Бејн, за прв пат делува некако статично како лик, за наместо да се очекува одредена динамика, од него не се добива ништо друго, освен оној примордијален безпричински непредвидлив СТРАВ и ТЕРОР! Дури на моменти како да опсипува и заведува со тоа чувство, па оттука не за џабе и најсилен екотот на извиците во моментите кога Бејн е во потполн „сјај“. Како да сакал Нолан намерно да го впушти гледачот во соочување со горкоста на теророт, па потсвесно „го припрема за дуел“.

Така, генерално земено, The Dark Knight Rises во суштина е филм за играта на причината и последицата од падот и подемот, но оној примордијалниот - човечки (индивидуален) и општествен, односно дека падот и подемот се една циклична движечка сила на она што претставува индивидуално и генерално и дека стравот и теророт се круцијален елемент што ги дефинира и обликува. Она што е важно е што индивидуално т.е. генерално ќе се научи од тој двојствен однос. Ако односот остане само на чисто механичко повторување на паѓање и станување, тогаш истиот е осуден на пропаст од самиот старт. Но ако чинителот се соочи со горката вистина прекриена заради сопствената или наметнатата изопачена вистина - лага (Харви Дент), која предизвикува страв и терор, нештата можат да бидат и „плодотворни“.

Она што исто така ме импресионира е крајот на филмот. Добив впечаток како да Нолан намерно го направил така „среќен“, затоа што вака навидум изгледаше happy, но во суштина беше онака шупливо и несигурно среќен.

Океј да не должам многу, тоа е тоа. Не велам дека вреди да се гледа, тоа е некако клише.
Велам - Гледајте го филмот затоа што од секој ебан аспект заслужува да се гледа и да се разговара за истиот.
поздрав



 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
American Psycho



Култен психолошки трилер од 2000 година. Во главнта улога Кристијан Бејл како Патрик Бејтмен. Името и самиот постер доволно кажуваат. Филмот прикажува краток сегмент од животот на еден млад американски бизнисмен. На само 27 години Патрик е влијателен и почитуван човек, потпретседател на голема корпорација, се дружи со определна елита, се движи на ексклузивни места и живее прилично боемски живот без да поднесува сметки за тоа. Но, тој не е задоволен. Режисерот преку неговиот лик опишува цела една елита на новопечени млади богаташи во САД кои во борбата за поголемо внимание во се поголемата конкуренција.. се мрднуваат од умот. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom