БРОНСОН - 2008 година
http://www.imdb.com/title/tt1172570/
Филм на Николас Виндинг Реф, а во главна улога е Том Харди..
Ова е филм базиран според вистинската животна приказна за Мајкл Питерсон а.к.а Чарлс (Чарли) Бронсон, најозлогласениот робијаш во В.Британија, кој речиси сиот свој живот го скиснал по затворите во В.Британија. Како што пишува во постерот, 34 години е во затвор, од кои 30 години од казната константно ги поминува во самица. Моментално е во затвор и чека нова одлука „што понатака со неговиот живот и битисување по затворите во В.Британија“, како што и Том Харди, глумејќи го Мајкл Питерсон, (претпоставувам дека Мајкл навистина тоа го рекол), ќе каже: „Јас сум најскапиот затвореник во Британија. Годишно ја чинам круната 26 милиони фунти.“ Колку е тоа навистина така, не знаеме, но сепак, интересна е изјавата.
Инаку, тоа е приказна за неговиот насилен живот, природата на неговото насилство и целта поради која тој е насилен. Нема нешто што не може да го изиритира и заради тоа да се степа, буквално. Коа ќе го гледате филмот, се чини дека креативниот елемент во неговиот живот е насилството, и дека насилството - агресијата, раѓа креативност (Како што тој би рекол - I was born to be famous!). Оттаму и го презема надимакот (впрочем понатаму сите така му се обраќаат) Чарлс (Чарли) Бронсон, со оглед да актерот е уметник и е познат ширум светот, но истовремено и поради природата на неговите филмови и карактерот на главниот глумец во нив - Насилни филмови каде што главниот лик е нормален фамилијарен човек, но му треба нешто да го испровоцира (ни самиот тој не го знае тоа), и се претвора во ладнокрвен насилник кој без израз на лицето ги презема работите во свои раце (инспирација од филмовите Death wish со Чарлс Бронсон).
Генерално земено, овој филм не е само за ликот на Мајкл Питерсон - Чарли Бронсон, туку за агресијата воопшто, како состевен дел од ИД-от, неорганизираниот дел од личноста (психичкиот апаратус) кој е воден од основните нагони, а се однесува согласно со “принципот на задовослтвото” сакајќи да ја заобиколи болката или незадовослството предизвикани од порастот на инстинктивната напрегнатост и кој по дефиниција е несвесното.
Па така, во поглед на ова што погоре го кажав, кога ќе го гледате филмот, Ви препорачувам да обрнете внимание на сцената каде што Бронсон, ќе го зароби уметникот „учителот по цртање“ во собата за рекреација и ликовна креативност во затворот, а за што сметам дека е климакс на самиот филм.
Филмот повеќе од вреди да се гледа, и со сласт ви го препорачувам.
Иначе ќе заборавев, права утка е на оној што го правел плакатот, и што бил маркетинг менаџер на филмов, што го споредил со A Clockwork orange - Механички орангутан (портокал). Само направил лоша услуга на филмот и ништо повеќе...
Иначе еве колку за споредба да видите како изглеа Мајкл Питерсон-Чарли Бронсон и Том Харди како Чарли Бронсон.