Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Awake



Секоја година 21 милион луѓе примаат целосна анестезија. Поголемиот дел од нив заспиваат веднаш и не се сеќаваат на ништо потоа. 30.000 ја немаат таа среќа. Тие паѓаат во клиничкиот феномент познат како анестетска свесност или ненамерна интра-оперативна будност. Тие се присутни во текот на целата операција. Ги слушаат докторите, ја чувствуваат болката, но не можат да побараат помош бидејќи се целосно парализирани. Што ако во таква состојба пациентот дознае нешто што не треба да го знае? Како може да го спречи неминовното?
Во главните улоги се Џесика Алба и Хајден Кристенсен. Филмот преставува драматична приказна за едно пријателство, за една љубов, за односот на мајката со синот и за уште едно нешто кое ги поврзува сите нив.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The Help



Имав искривено мислење за филмот токму поради постерот. Ми делуваше за некој филм во кој се форсира феминизмот и се критикува машкиот шофинизам. Баш без да прочитам ниту една критика. Секако, испадна соема поинаку. Ова е дефиниивно една од поинтересните приказни за афро-американската популација во периодот на нивната борба за цивилни права во 60-тите години на минатиот век. Поголемиот дел од жените работат како бебиситерки и куќни помошнички во домовите на ситуираните и препотентни бели Американки. И за тоа покрај бедната плата добиваат секојдневно понижување кое мора да го трпат доколку сакаат да ги нахранат своите деца и да ги пратат на училиште. Сметам дека во ниту еден момент филмот не бега од реалноста и дека погрешно ги прикажува историските факти од тој период. И не е само трагичната приказна на црната жена која го исполнува филмот. Паралелно е опфатена и приказната на белата жена која откако станува "госпоѓа" заборава на љубезноста и почитта кон црната жена која ја израснала и довела на витинскиот пат, и се вклопува во американскта машинерија на презир и омраза.
Во главните улоги: Октавија Спенсер, Ема Стоун и Вajола Дејвис. Мене Октавија Спенер (Мини) ми остави најдобар впечаток бидејќи и покрај сие маки со себе го држи црнечкиот бунтовен табиет :D
Музиката е на Томас Њуман (American Beauty, Meet Joe Black, The Green Mile, etc...
Ова црна, бела женa воопшто не е расистички... :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Бидејќи темата за The Dark Knigh Rises e заклучена тука ќе пишам ред-два за него како и за филмот што го гледав подоцна.

Првин...
THE DARK KNIGHT RISES

Третиот дел од новата трилогија за Бетмен. Најдобро прикажување на мааните и кризите на Брус Вејн. 7 години по завршувањето на претходната приказна светот е малку изменет, вредностите се поместени, чудни луѓе се ставени на чудни позиции.
Негативецот не ми остави некој посебен впечаток. Филмот го гледав во IMAX кино во Флорида, нормално без титлови и ми беше многу тешко да го разберам што зборува.
Ен Хатавеј :love: најдобро одглуумена кет-воман досега!!!
Џозеф Гордон Левит... маестрален. Мислам дека е најдобар во целиот кастинг! Детектив кој доаѓа од дом за сираци и кој цело време верува во Бетмен. Во моментите кога Бетмен е далеку не се воздржува да даде се од себе да им помогне на луѓето околу него.
Кога видов дека филмот трае 2 часа и 45 минути бев скептичен малку за темпото и приказната, ама вреди секоја минута потрошена гледајќи го филмот. Ќе го гледам пак кога ќе идам дома на одмор :) Со титлови аф корс :)))

BRAVE



Последниот Дизниев филм, додуша Дизниева приказна, Пиксар реализација. Центар на приказната е принцезата Мерида која одбива да биде обична принцеза и ужива во јавање на својот коњ и стрелање со лак и стрела. Кога ќе порасне мајка и решава да направи собир на кој доаѓаат трите лордови со своите синови со намера да ја омажи за еден од нив. По сплет на итнересни околности Мерида бега од дома и ја сретнува вештерката која ќе направи магично колаче со цел Мерида да ја промени својата мајка.
Интересна приказна за семејните вредности но и за поддржување на индивидуалните квалитети и афинитети.

Интересно е како Дизни во последниве години креира бајки за новите генерации деца и тинејџери. Филмов вреди да се погледа еднаш. :)
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Requiem for a Dream

Na imdb mu dale 8.4/10 i se soglasuvam so ovaa ocenka. Iako navidum e prosta prikaznata, so toa sto sinot e narkoman , zaedno so drugar mu i zenska mu, sepak krajot e poucen. Vredi da se pogledne. Dobra gluma spored mene od Jared Leto, onaka ja ima narkomanskata faca. Sepak mala utka spored mene e Marlon Wayans(drugarot), sum go gledal u milion komedii i ednostavno ne mozam da go zamislam bez brat mu u film i pritoa da ne bide filmot komedija. Kako sto napomenav krajot e poucen, odnosno gi pretstavuva site cetiri lika do kade odat samo za da zemat mala doza na droga, a pritoa zivotite da im se unistat celosno.A soundtrack-ot od ovoj film e vrvot, nad pola od videata na Youtube ja imaat ovaa pesna vo pozadina.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.797
Шо глеав? Еве шо глеав.....

И шо мислам. ГОМНО.
3 од 10. Пред да го глеам, отворив трејлерот да видам, и за да не си го уништам филмот(пошто сеа во трејлерите цели ги раскажуваат), ја видов првата сцена, и си викам, океј, мече шо зборуе, неам гледано филм досеа со мече шо зборуе, ама може да има многу финти, плус ја видов сцената дека дуваат со Џон, и си викам ќе има финти, ќе биде добра комедија.
Филмов испадна тапа. Незнам ни кај да го сместам, не е за деца оти има дрога и алкохол, не е за стари оти има многу глупости внатре, мече шо зборуе. И како крем на сето срање, наштрапаната жаба мила кунис, не глеам што има мило во неа, требаше да го поглеам трејлерот да видам дека грдосијата е во филмов.....
Огромен чекор назад за Марк Волберг, може добиле пари од филмов, ама глупите американци би гледале се.. Ако ве напнуе некој да го глеате филмов, поарно побарајте ги на Јутјуб 3-4 смешни сцени, како проститука што се посрала на тепихот или мечето кога има секс. Гласот на мечето е од Питер Грифин од Фемили Гај, ја не глеам фемили гај, така да сеисто ми е.
Инаку филмот се работи за мече што зборуе кое е најдобар другар со Џон, и Џон мора да бира помеѓу мечето и наштрапаната жаба.
Еве ви квалитетно мече!

Еве друг филм


Oвој е веќе далеку подобар од оној горе. Има смешни сцени, ама некако дејствието на филмов многу брзо се движи, пробале да вметнат еден тон работи во еден краток филм, така што смешните сцени губат на ефект. Интересна ситуација се развива во филмов, да вложеле повеќе труд ова ќе беше ептен добра комедија.
Успат, за тие што не го гледале, генерално се работи за двајца другари од една страна и двајца другари од друга страна, е сеа едниве ќе го киднапираат дечкото од другава страна, ќе му стават бомба и ќе му дадат 10 саати да ограби банка и да им однесе пари. Тука настанува цела фрка, дејствието е тоа, смешно е, ама го осакатиле филмов.
6 од 10 има.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Juno (2007)
Slika aj. Da ne strcam.

Не знам зошто во жанр пишува комедија. Умрев од плачење. И пошо плачев викам ај да препорачам да плачат и другиве малку :)

Приказнава е како една слатка мушкоданка, гитаристка во бенд има за прв пат секс со дечко ѝ и по некоја случајност или не останува бремена. Сака да го абортира, ама нема храброст за тоа, па се решава да го роди и да го даде на посвојување детето. Целово дејство е нашминкано со нејзината смисла за хумор и безгрижно незрело однесување, што ѝ прилега. Милион работи ѝ се случуваат додека е бремена.
Убава приказна, секоја чест за музиката, мислам дека потажно нешто од акустична гитара во филм нема, истиот ефект го постигна кај мене како и Into the wild, толку тажно, it makes you wanna cry. Режија, не ми се свиѓаше баш, имаше една сцена како Џуно го открива стомакот во сред трговски центар и ѝ го покажува на идната мајка (која сака да го посвои) која клечи пред Џуно и ѝ го допира стомакот. Во трговски. Во сред зима. Ама ајде.. Глума...нешто малку над просек со тоа што ликовиве требал режисерот да ги дотера, а не тие самите да импровизираат, иако главнава улога е супер одиграна.
Филмов не е комедија. Ни под случај разно. Тинејџерска драма (ако тој жанр постои), дотерана со комични фрази.
Јас му давам солидна 8.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
The Tall Man (2012)


Ова е филм кој никогаш не би ми текнало да го симнам дома зошто е опишан како хорор-трилер, што претпоставувам дека е направено за да се има поголема гледаност.
И на почетокот навистина има сегменти на хорор, мајнд фак каков што не сум видела до сега, пошто и тоа клише стана. Има неколку пресврти филмот, навистина добро осмислени, и тешко е да се опише како што треба а да не се даде спојлер.
Површната приказна е како тоа во рударски град кој умира почнуваат да исчезнуваат деца. И настанува легенда за Високиот човек кој ги зема.
Но, позади шминката на глуп филм со постерот, слоганот доле и приказната стои всушност една многу важна морална дилема, а ја па нешто сум по тоа моралните дилеми во последно време.
И ми се допаѓа што нема негативец во филмот, а многу ликови се херои во одредени сегменти па потоа повторно не се, што немам сретнато до сега во хорор, но јас не гледам хорори освен во друштво, така да може не сум во право.
Американците во последно време се „заразени“ со социјалистички идеи, и тоа се приметува и во овој филм, многу фино, имплицитно, практично невидливо, со некој нов облик, доста радикален.
Мислам дека не може да го споредам со никој друг филм, а и тоа ретко ми се случува во последно време.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
A beautiful mind


Биографска приказна за животот на Џон Неш, добитник на Нобеловата награда за економија во 1994. Филмот е на Рон Хауард, а во главната улога е Расел Кроу. Во 2002 година добива 4 оскари, меѓу кои и оскар за најдобар филм за 2001 година. Филмот е адаптиран според истоимениот биографски роман на Силвија Насар.
Филмот го прикажува целосно животот на извонредниот математичар. Почнувајќи од неговите универзитетски денови и успесите на полето на теоријата на игри и поставувањето на моделот на она што денес е познато како Нешов Еквилибриум, па се до неговата длабока старост.
Јас не знаев дека се работи за реална личност. Затоа и посебно го доживеав филмот. Да не беше реален Неш, тогаш филмов ќе бешe одлична психолошка драма. Вака е само одлична биографија. :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Jumper




Филмот е одличен. Значи се работи за еден момак Дејвид кој како мал на 5 годишна возраст го напуштила неговата мајка и останал да живее со татко му.. Приказната започнува кога во училишниот двор Дејвид открива дека има моќ да се телепортира и бега од дома. Со таа моќ успева да ограби банка и стане богат.. Си патува во секој дел од светот за секунда време и тулето го боли за се.. Еден ден се враќа на старата љубов и ја носи во Рим а таму веќе го бркаат паладините кои имаат цел да ги убијат скокачите како Дејвид... од тука иде интересното :)(не дека до таму е досаден)
толку од мене гледајте го фимот навистина е добар


во главни улоги : Hayden Christensen, Samuel L. Jackson и симпатичната Rachel Bilson


на IMDb му дале 5.9 /10
од мене има 8/10 :)
 
S

Sagan

Гостин
The Devil's Double (2011)

Белгиско-холандска копродукција. Филмот официјално е сврстен во жанровите акција и драма, ама верувајте, половина е црн хумор.

Ирачки војник е принуден да биде двојник на синот на Садам Хусеин за време на Заливската војна. Улогата на двојникот Латиф и психотичниот син на Садам, Удај, фантастично ја толкува Доминик Купер.

Филмот е снимен според биографската книга на Латиф Јахиа. Си заслужува гледање. Од мене 8/10.

latif.jpg
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Тhe Dictator


Саша Барон Коен како генерал Аладин од Северно Африканската Република Вадија. Без влакнa на јазик, без грижа на совест од тоа дали ќе повреди нечии чувства, Саша прави комедија со која ја исмева Арапската пролет, диктаторите, но и Американката опседнатост со тероризмот и стравот од нуклеарно оружје.
Комедија која мора да се погледне! :D



Julie & Julia

На 100 години од раѓањето на Џулија Чајлд јас го гледав филмот, секако, благодарение на гугл. Во главните улоги се: Мерил Стрип како Џулија и Ејми Адамс како Џули Пол.
Во филмот наизмнично е прикажана една година од животот на двете жени со историска разлика од 40 години. Прикажана е вистинската приказна за создавањето на 2 книги за готвење, како и сличноста на животите на двете жени.
Мене во филмот ми се допадна само хранта која ја готвеа. Ми отворија апетит жениве... Мерил Стрип малку иритираше со гласот ама морала да ја долови интонацијата на Џулија.
Филмот е правен според втората книга, онаа на Џули.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Perfume: The story of a Murderer


Тргнувајќи од истоимената книга на Патрик Зискинд, ова ремек дело не води во светот на мирисите во Францускот предреволуционерно општество. Не секогаш пријатните парфеми на високите кралски кругови, туку и мирисите на градот и сите луѓе во него. Е тие мириси не се баш пријатни. Кога ќе се измеша човечката пот, смрдеата од канализациите, мршата на изумрените животни во затскриените агли од улиците, смрдливиот здив на расипани заби и лук, мирисот на уриносатата облека, мирисот на збајатено сирење, отстоена риба и скапаниот зеленчук на отворените пазари... тогаш тотално се згрозуваме и чувствуваме како желудникот ни ја потиска дијаграгмата. Токму во тоа време постои еден човек кој е посебен. Се вика Жан - Батист Гренуј. И целото дејство се одвива околу него. Неговиот талент и неговата голема мана. Во обид да го создаде најдобриот парфем на сите времиња и да му ја покаже на светот својата важност тргнува на еден застрашувчки пат кој не не остава рамнодушни.Филмот во секој свој сегмент одлично го отсликува животот во Франција до секоја негова подробност. Се разбира, во центарот е мирисот кој и од екранот зрачи со својата префинетост или болна одвратност.
Во главните улоги: Бен Вишав како Жан - Батист Гренуј, Дастин Хофман како Џузепе Балдини и Алан Рикман (Северус Снејп од Хари Потер) како Антонио Рише.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
The Avengers (2012)


Доста добар блокбастер ,кој не ми ги задоволи очекувањата што ги имав.

По пристигнувањето на Локи на земјата со цел да завладее со неа,директорот на ШИЛД ги собира авенџерите да помогнат да се фати локи и спаси земјата од уништување.
Тука се Тор(Крис Хемсвотрх) ,Наташа Романов/Црна Вдовица(Скарлет Јохансон),Железниот човек(Роберт Д. Џуниор),Хулк (Марк Руфало),Капетан Америка(Крис Еванс).....
Филмов е добра акција за тепање време и ништо повеќе, јас лично очекував многу повеќе од него али то е то.
Погледнете го
Оцена 6/10
--- надополнето: 19 август 2012 во 11:57 ---
Gran Torino




Волт Ковалски(клинт иствуд) е воен ветеран од корејската војна, намќор,мрзи се живо и диво окулу него. По смртта на женаму останува сам ,гледа како неговото соседство(најверојатно во Детроид) од ден во ден се полни со ‘‘џган‘‘ луѓе,кои длабоко ги мрази!
Една ноќ неговиот сосед пробува да му го украде неговото Гран Торино ,и Волт се става на мисија да го ‘‘straighten it up‘‘ неговиот млад комшија. Тие се збилжуваат и формираат едно чудно пријателство....
Филмот е одлична драма ,Клинт е одличен како и вообичаено,музиката е на Џејми Калум и Клинт Иствуд.
Мора да се погледне ,оцена 9/10
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Агора


Историска драма за најпознатата жена философ и научник од доцното античко време-Хипатија.
Хипатија е премногу инспиративно прикажана од страна на шпанскиот режисер Алехандро Аменабар, не од женска гледна точка туку од човечка. Таа е единствен човек кој останува доследен на своите убедувања и кој не подлегнува ниту на влијателниот јудаизам ниту на тогаш експанзивното христијанство.
Кога иронично ја обвинуваат за атеизам, таа вели дека единствено во што верува е философијата.
Кратко време пред својата смрт (пред да ја обвини владиката на христијаните Кирил за вештерка и за жена чии постапки не се во согласност со Светото Писмо) таа доаѓа го многупосакуваното откритие, дека земјата кружи околу сонцето по елипсовидна патека.

Филмот е интересен и поради тоа што го претставува подемот на христијанството во рамките на Египет (попрецизно Александрија) како колонија на ослабениот и немоќен Рим, судирот меѓу христијанскиот и јудаистичкиот клер, неоплатонската школа за лидери чиј угледен и почитуван учител е самата Хипатија, демолирањето на Александриската библиотека, „љубовниот триаголник“ помеѓу Хипатија, Орестес(нејзин ученик) и Давус(нејзин роб)...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
The Avengers

(prepare your torches)

Го изгледав по мерак на сериалот Iron man 1 & 2 како и The incredible hulk. Не знам зошто по ѓаволите продужува да девалвира филмската индустрија во правење на филмови со суперхерои а поготово кога ќе направи обид да внесе нешо као оддел наречен „Фабрика за штанцање на истите“. Освен некои куропецанија у стилу аууу леле јас иам голем штит, егото ми вирее дури и на сахара, сето тоа пренатрупано со ефекти ефекти и исамо ефекти. Да, разбирам дека филмовиве се напраени само за тоа, но има и начини на перцепција бе. Има филмови со суперхерои каде ти буквално седиш на лошата страна и викаш: Цркни бе Бетмен, пичка ти материна“. Овде нема ништо од тоа. Ајрон мен во почетоците беше далеку од оваа да не речам избљувотина. Имаше смешни моменти, заебанции ако не. Сеа се` е истрошено некако. И ај да измислат уште подраматично облекување на Тони старк во неговото железно одело. Ајде бе... А демек пробуваат да протнат прича као главниот (Samuel Jackson) праел армија за свои цели. Ајде можеше да биде попредвидливо?
Се` на се`, предвидливо. една 4ка од мене колку за ефектите кои не се толку лоши. Но филмот е слаб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom