bam
Fight Club
Фактот што Fight Club го гледам дури сега е малце срамен за мене. Зошто, добога, некој не ми го препорачал филмов? Океј, океј, морам да признаам дека ми го препорачале, но го одбегнував поради насловот. Мислев дека е некој акционен филм со многу тепање (и имаше многу тепање, но на Едвард Нортон, всушност, одлично му стојат модринки), а многу се изненадив на крајот. Секако, филмот мора да се гледа уште еднаш, а дали поради тоа што периодов е досаден, јас сум досадна или луѓево околу мене се досадни, го гледав три пати последниве два дена!
И сега има ли поента да ви раскажувам кратка содржина на филмов? На IMDb рекле „An office employee and a soap salesman build a global organization to help vent male aggression.“ Мхм, баш така (или не)...вие само изгледајте го
Уникатната приказна, можеби најдобрата изведба на Пит, моќта на Нортон да се трансформира од обичен, мирен човек без брада во бедес со goatee-то...филмов добива 9/10 од мене. И да, еден од ретките филмови на кои ги изгледав и credits-от
П.С. Спомнав колку е тоа Едвард прекрасен?