Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street



По 15 години Бенџамин Баркер (Џони Деп), се враќа во Лондон за да се одмазди поради лажното обвинување и осудата на тешка работа во Австралија. Неговата сопруга се трови со арсеник, а ќерката Џоана е затворена во куќата на корумпираниот судија кој за сака само за себе.
Баркер, кој по професија е бербер, отвора салон на горниот спрат од продавницата за пити од месо на г-ѓа Ловет. И така еден ден г-ѓа Ловет доаѓа до една брилијантна идеја - месото од телата на убиените од страна на Баркер во берберницата да ги искористи за да го подобри својот бизнис...


Хорор, црна комедија, мјузикл... филм кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Scent Of a Woman


Што убаво кога постојат класици на кои ми избледнело сеќавањето, чисто да се изненадам повторно од нечија изведба. Сосем го имам заборавено филмов, речиси секој детал ми избегал. И добро е што е така, не ми текнуваше ни на почетокот ни на крајот. А каков само почеток, средина и крај има. Стара филмска школа и маестрална глума. Само што мислам дека го има најутнатиот филмски наслов на сите времиња, асоцира на нешто сосем трето од она што е главна содржина во филмот. Ни најмалку не е потера по убави жени, тие имаат 15 минутно значење во филмот. Ова е филм за животот, накратко речено.

Самиот гледач има чувство дека полковникот Френк (Ал Пачино) му е учител. Зашто говорите кои ги држи делува како да ги споделува со секој кој го гледа филмот. Френк е комплексна личност која на моменти сериозно знае да ви згази на нерви, се до моментот кога под тој слој не му ја видите човечната страна. Тој е слеп и има поприлично тежок карактер. Сета тортура ја спроведува над момче по име Чарли Симс (Крис О Донел), кој ќе прифати да го чува за еден викенд за да заработи доволно пари да си купи авионски билет за дома. Чарли е огромно изненадување за Френк. Човечноста и емпатијата на момчето сосема ќе го освојат. Чарли ќе биде приморан постојано да се бори со Френк, за да излезе на крај дека еден на друг ќе си ги сменат животите на посебен начин. Како и зошто, може да откриете сами.

По прв пат во животот откако гледам филмови не сакав да погледнам до каде е филмот. Искрено не ни знам колку трае, толку е добар, што сакате да трае повеќе. А ќе си речете, зарем двајца луѓе може до тоа ниво да задржат нечие внимание. Да можат. Зашто и двајцата глумци се извонредни, а сценариото речиси совршено.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Обично избегнувам романтични филмови бидејќи преферирам други жанрови повеќе но, ете, направив исклучок овој пат и ми дојде како добро освежување.


Нема многу случувања,сцени ниту пак ништо од тоа. Главни (па и единствени) актери се Ethan Hawke и Julie Delpy. Станува збор за два лика кои не се познаваат меѓусебе и кои што за прв пат се среќаваат во воз, од каде што започнува се. Наместо да продолжи за Париз, Celine (Julie) решава да ја помине ноќта во Виена заедно со Jesse (Ethan) бидејќи тоа им е првата и единствена ноќ заедно. Во текот на целиот филм е опишана таа поврзаност меѓу двата лика, запознавањето, разменувањето идеи,мисли, разни игри на зборови, погледи кон светот, реинкарнација и во сето тоа претставен секој детал на еден исклучителен начин.
Завршува со тоа што со настапување на утрото секој заминува на своја страна, без разменување на никакви информации и можности за контакт но со договор да се сретнат пак за 6 месеци.


Филмот е продолжение на првиот. Актерите се исти.
Всушност се‘ е исто. Различно е само времето и местото. Поминати се 9 години од првата средба а втората средба е на издавањето и потпишувањето на книгата на Jasse кој ја напишал за таа вечер помината во Виена. Следува повторно ‘запознавање‘ и раскажување на се она што се случило изминатите години, на новиот живот, на несреќниот брак, љубовта, спомените итн.
Но и овој пат имаат само 1 ден на располагање, веќе истиот ден Jasse мора да се враќа назад.

Добра глума и одличен филм за опуштање.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Еден класик од самиот крај на 70тите.
Иако не сум љубител на Sci-Fi жанрот, овој филм иако одамна гледан, морав да си ја освежам троа меморијата.
Неколцина напикани во свемирско бротче...Глупо започнав.

Вселена.... Тивка, мрачна, само понекое метеорче кое се лизнува во атмосферата. И еден вселенски брод.
Музика полна со исчекување... а потоа лека полека се појавуваат 5 букви.


И потоа будење...

Натаму, гледајте.
Сеа мала анализа на тоа зошто овој филм ми се има допаднато. Ова е филм пред своето време. Иако изгледа наивно, полн со клишеа, тоа чувствто на исчекување, самата аура со која зрачи, не го остава човека рамнодушен.
Денешниве филмови се далеку понапред со ефектите но сепак... Немаат свој заплет, своја приказна. Овој тоа го нуди.
Глумците се од тоа време, иако Сигурни Вивер мислев дека е подоцна излезена на филмското платно. Затоа и ме изненади годината на излегувањето на овој „suspenceful“ филм.
Од мене една солидна 9ка.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
True Grit.



Во последно време многу глупости од вестерн филмови, еден има дури Каубојци против вонземјани :icon_lol:, него не го гледав. Ама овај да, преработка е од стар вестерн со Џон Вејн и гледан ми е и тој ама како низ магла се сеќавам па не можам да направам споредба. Ова не е филм само со револвераши дива земја пукање, јавање коњи и спиење покрај логорски оган, ова е филм поткован со добра приказна и карактерите сред таа приказна. Во центарот на вниманието се Мети 14 годишна девојка која сака да го пронајде убиецот на својот татко и Рустер Кобурн американски маршал со неговиот необичен пристап кон обавувањето на неговата службена должност :icon_lol:. Добар филм мене ми се допадна.....
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


Уште еден сајберпанк.

И нормално како сајберпанк има се што има сајберпанкот да понуди-напредната технологија,тоталитарни влади,мегаломански компании,дистописко општество итн.

2021 година-целиот свет е поврзан преку таканаречениот ultimate internet.Можеби е корисно,но создава болест наречена Nerve Attenuation Syndrome(NAS).Џони е курир со способност да пренесува податоци кои ги складира во неговата глава,податоци кои вредат многу и за кои добро се заработува.Еден ден треба да пренесе непознати податоци кои ги добива од вработени во најголемата фармацевтска компанија Pharmacome,но зад петите им проѓа Јакузата со цел да ги убие.

Уште еден промашај на бокс офисот.Но не и за мене.Генерално е добар.Ми се допаѓа приказната,главната типка е the one and only Дина Мејер(просто ја обожавам во Starship troopers) и за првпат го гледам Долф Лундгрен како психопатски настроен платен убиец кој преку ден работи како поп.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Starters for 10.


Едно лајт филмче, баш онака за позитивни мисли откако ќе го изгледаш.

Типче (James McAvoy) кое живее во некое предградие во Енглеска, му се исполнува желбата - ја добива стипендијата да студира во еден престижен факс. За неговата втора животна желба - да се појави на тв квиз каде се истакнува кремот од сите универзитети во Англија треба да се потруди повеќе. Тој се обидува да пронајде баланс помеѓу науката и суштината на животот. Тука е и Alice (Alice Eve) згодната плавуша, која му го поматува умот и го одзема сето она логично што тој го има во себе. Има два три добри цитати од филмот:
Ever since I can remember, I'd wanted to be clever. Some people are born clever, same way some people are born beautiful. I'm not one of those people. I'm going to have to work at it, put in the effort, and if I mess it up, I'll learn from it. Besides, sometimes it's not about knowing the right answer. Sometimes it's about asking the right questions."
Симпатична комедија, за оние кои го сакаат животот во 80тите во Англија, ќе им се погоди ептен. Од мене една добра 8ка.
(во секој случај далеку подобро од стандард teen филмчиња слични на She is all that, American pie, ect.)





 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Rise of the Planet of the Apes


Вил се обидува да развиеа лек против Алцхејмерова и експериментите ги врши на шимпанза. Вирусот мутира со тоа што на шимпанзата им дава интелегенција иста како и на луѓето...не е потребно повеќе.


Досега најбоље филм за мене за оваа 2011 година.

-Интересен ,има моменти и каде што е бајаги емотивно , одлични специјални ефекти ,приказната добро сработена , ти го држи вниманието , мене ми се допадна ,од кога го гледав римејкот молев за продолжение и задоволен сум.
 
Г

Грејвдигер

Гостин


Се работи за екс ФБИ агент кој работел 25 години, па е префрлен во одделот во Вашингтон, каде што се наоѓаат сите доверливи информации. Но, тие информации им ги издавал и на Советскиот Сојуз, за што дознава ФБИ и поставуваат друг агент кој ќе работи кај него како секретар со цел да извлече повеќе информации и заврши приказната со предавникот.​
Не којзнае колко добар филм, но интересен за гледање и релаксација.​
 
Член од
16 јули 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Француски филм за љубовниот триаголник помеѓу Мари (успешна шармантна девојка), Франсес (срамежлив хомосексуалец) и Николас (модерен Аполон). Напнатата атмосфера се создава кога Николас ги носи Мари и Франсес на викенд на неговата куќа надвор од градот. Николас внимателно и случајно флертува со нив двајцата знаејќи дека не чувствува ништо сериозно спрема нив двајцата.
Нема некоја кој знае колку добра приказна, но супер е за гледање со друштво.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Paul (2011)



Двајца СФ гикови решаваат да направат турнеја низ САД ,да ги посетат Рузвелт ,Ареа 51. Додека се таму тие случајно сретнуваат вонземјанин ,кој е чуван во тајност од армијата,и ги носи на едно лудо патување кое го менува нивниот универзум засекогаш. Додека двајцата генијалци се трудат да му помогнат,малиот зелен може само да ги воздигне своите колеги од загубените момци до интергалактички херои.

Најдобра комедија за 2011 ! До сега комедииве беа срање ,али ова ми е феноменално. Не ги жалам 100 денари кои ги дадов за да го гледам филмчево на МахТB.

Од првин кога ги видов двајцава енглези не мислев дека ќе биде нешто ,но одлично испадна ,за разлика од Hot Fuzz и тој другиот што им е ,ова е ремек дело.

Карактерот на Пол (ванземјанецов) е...крај на програмата.

Интересен ,забавен ,никако досаден ,смешен ,гледајте го доколку ви се гледа комедија.

Takers (2010)


Група добро обучени (а и добро облечени) крадци се им оди по планот се додека не ги сретнат двајцата детективи...

Ма срање филм ,имало во некој филмови дупки ,глупи моменти ,без врска работи али ова ти е крај....а за глумците да не збориме кој од кој.
Не знам само кој ѓавол ме тераше да потрошам 700мб за ова срање. Од кога го видов Крис Браун знаев што да очекувам од филмов. Никако не го гледајте !
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
ТРИ МЕТРИ НАД НЕБОТО ..​

Дефинитивно една од најдобрите романтики за оваа година.
Тој е млад , бунтовник , зависник од адреналинот кој често не знае да ја задржи својата агресија и знае да експлодира .
Таа е мирна, повлечена , ученичка за почит на која сите можат да и се восхитуваат.
Тие двајца се толку различни но имаат едно заедничко а тоа е нивната љубов ..
Разликите во класи за нив не претставуваат проблем и заедно се совршени се додека...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
ЕДИТ ОД МОДЕРАТОР:

Чујте и почујте...

Е овакој стојат ствари!
Ко што прочитавте убаво Acid ви пиша многу убав пост за банови при оф топици. Тоа што овој подфорум третира теми за забава и релаксација не ви дава право да го труете што можете повеќе. Па само денес избришав пет оф топици од темава од луѓе кои ставиле трејлер, а темава фино носи наслов ПОСЛЕДЕН ГЛЕДАН ФИЛМ СО КРАТКА РЕЦЕНЗИЈА. Па си викам или имате проблем со IQ, со писменост или ич не ве заболе. Што и да е од овие три, за се си има лек и ќе си бидете соодветно третирани.
Ако немате поим од пишување многу е просто, НЕ ПИШУВАЈТЕ. За вас драги форумџии кои ќе си лепите трејлерчиња овде и на другите слични теми и после овој пост, измислил форумов правила. Алелуја што ќе и ставиме крај на глупоста.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
The Ninth Gate


"Има една полоша работа од барањето на ѓаволот, а таа е да го најдеш".
Доста интересно филмче испадна во режија на Роман Полански. Кога видов дека трае 2 и кусур саата мислев дека ќе стане досадно на моменти, ама не ги осетив кога поминаа, стварно е доста добро пренесено дејството.
Деп стандард, стварно во секоја улога се снаоѓа одлично човеков.
Филмов е за Дин Корсо кој препродава ретки книги кои останале зачувани низ историјата. Кога еден колекционер на овакви книги ќе го повика да се сретнат ќе му каже дека има книга за која се верува дека е напишана од самиот ѓавол. Постојат уште две такви книги но колекцинерот е сигурен дека само една е оригинал, а дека другите две се само многу добри копии. После понудена огромна сума на пари ќе го ангажира Корсо да отпатува во Португалија и Франција каде што се наоѓаат другите две книги и да открие кој го има оригиналот. Низ тој пат Корсо постојано ќе налетува на една мистериозна жена.....
Се на се доста добро склопено само искрено крајот мене не ми се свиѓаше и поради тоа му давам нешто над просекот оценка.
6.5/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не можам да дознаам каков е проблемот и зошто ми бришете мислењето. Изразување на високиот едноставноста покажува човекот кој брише. Качува уште еднаш и се надевам модераторот да разбере дека е т'по она што го прави.

Ова е последниот филм кој го гледав. Во кината е и навистина е убав.


Поздрав на сите Македонци:)
Прочитај го насловот на темата фор фак сејкс!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom