Последен гледан филм со кратка рецензија

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Whatever works
Вуди ален е режисер, одма може и да се претпостави пробал нешо да филозофира али имаше многу нелогичности во неговививе филозофии
на пример на почетокот ако карл маркс и теориите за демократија и доброчинство на човештвото се глупи и неразумни, земајќи го предвид фактот дека човечката природа е покварена, зашто воопште татко му се замарал да се самоубие, нели е нелогично да се замара со несреќните околности што го снаоѓаат светот, земајќи предвид дека тој во суштина е "покварен човек" како што Вуди би рекол
Сите ликови во филмов добиваат некакво ослободување од самите себеси, било да е од сексуална природа или било што, еден вид пронаоѓање на себеси,што е еден вид на "тинејџ ефект" така би го нарекла пошто, само они се диват на овакви работи.
НЕли тука спаѓа откритието на таткото дека е геј, амајката дека е промискуитетна уметница
И уште една нелогичност во самиот лик
Ако Борис е навистина таков песимист и постојано пробува да се самоубие, зашто при крајот на филмот се прашува зашто луѓето слават нова година кога тоа изгледа како да се поблиску до гроб за 1 година, нелогичноста се состои во тоа што тој треба баш тоа и да го слави, ближењето на крајот, нели и онака сака да се самоубие и животот го сфаќа како безвредно нешто
Да не го тупам се на се 5/10
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
The Pursuit of Happyness
Обична драма за борбата во животот и како тешко се стасува до работно место, доколку те примаат без врски нели:wink: потрага по среќа, среќата се парите,комфорот, да имаш покрив над глава, мотивирачки ми делуваше филмот, сцените беа се исто па исто, Вил смит трчаше по улица полна со луѓе и коли ок што е нормално за драма али немаше ни некој посебни мисли за памтење освен таа една
не знам од кој амерички претседател беше, дека демек човекот има право на живот,слобода и потрага по среќа, но дека среќата само и тоа може да биде потрага, и ништо друго што се докажа спротивно на крајот, дека трчањето на вил се исплатеше и на крајот си ја достигна среќата
Друго вил беше искомплексиран од детството
пошто татко му го оставил како дете и затоа низ целата таа фрка во која се најде без разлика на тешкотиите го влечеше син му со него, за на крај син му да рече, ти си добар татко
Оценка: 2/10
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Rio (2011)



Филмов не е толку добар, колку што е симпатичен затоа што е анимиран и ликовите се направено да изгледаат интересно, и се животни, а некако секој анимиран филм со животни е убав за гледање. Најубавиот дел од филмот е во примерокот така да знаете it does not go any better than that.
Блу е вдомен папагал во мал град во Минесота. Е сега Блу е макао и испаѓа дека е последен машки примерок од својот вид и затоа оди во Рио за да се размножува :) Женката која е во Рио не е припитомена, и тука се јавува она што веќе е видено во Др. Дултл 2. Тоа е тоа, како секој анимиран филм има хумор, не многу но доволно за да не е досаден, пеат повеќе од колку што трпам ама помалку од колку во Tangled така да дoбро е, и булдогот ептен ми се бендиса.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
“ Farewell ’’

Висок офицер на КГБ, Сергеј Григориев (глуми Емир Кустурица) ги оддава најголемите тајни на Советскиот Сојуз на почетокот на 1980тите што доведува до неутрализирање на сите Источни шпиони во земјите на НАТО.

Тоа доведува до акција на тогашниот претседател на САД, Роналд Реган, да започне нова трка во вооружување преку тнр. Strategic Defense Initiative, знаејќи дека СССР нема време/способност да конкурира со новата американска технологија. Како резултата на новонастанатаат ситуација, тогашниот водаш на СССР Михаил Горбачов започнува “перестројка’’ односно преструктуирање на општествениот систем што на крајот води до распад на СССР.

Како и секогаш, Француските говеда си ја прецениле важноста и нивната улога во Студената војна, но се' на се', одличен филм. Најверојатно нешто многу блиску до прикажаното во филмот се има случено, но со повеќе луѓе.

 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
The Uninvited

The_Uninvited_poster.jpg

Уште еден филм по моја мерка.Би го ставила во психолошки трилер иако имаше и нeкои тешки срања во филмот кој ме извадија од памет.
Многу јак расплет на настаните,добра глума,интересна приказна.
Ана е девојка која по смрта на својата мајка се врака од психијатриска болница.Но работите не се такви како што таа очекува.
Погледнете каков крај ке ви донесе.
 
П

Паган-др

Гостин
Slumdog Millionaire (2008)



Интересно филмче. Нешто поразлично од тоа што го гледам ама сепак вредеше. Момак од Мумбаи што поминува низ многу тежок живот како сирак се пријавува на "Кој сака да биде Милионер" не заради парите, туку за нешто друго. Стигнува до последното прашање, сите одговори се кријат во неговото минато. Го носат во полиција сигурни дека мами, бидејќи неможе некој како него да знае толку. На крај им ја кажува неговата приказна и го пуштаат за финалното прашање...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Thor (2011)

Тор е еден од боговите во скандинавскиот пантеон познат по марвеловите стрипови, со други зборови еден од супер хероите и треба да се мери со филмови од слична тематика, Супермен, Спајдермен, Хулк, Вулверин итн.

По квалитет далеку заостанува затоа што погорните споредено со него се ремек дела :).

Досаден филм од почеток до крај, најголемите дијалози се од 3 реченици, глумата е бледа и анемична, содржината и сценариото (кои многу и ги нема) се клише до клише. Нема ама баш ниедна причина ради која вреди филмот да се гледа.

Освен тоа и носителот на главната улога е тотално промашен и повеќе личи на моторџија или дрвосечач од 70 тите отколку на Бог.

Само за тепање време и за помали од 17 години.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Gummo 1997

Неможам многу да ви раскажам за филмот, не ни знам од кај да почнам. Многу по различен филм во кој што се раскажува за живот на луѓе во едно преградие. Одлична глума, одлични сцени, приказна... поима немам ни јас, некои сцени ке ме изнасмејат, некои сцени ке ми бидат бљаак :/
мислам дека ке го погледнам пак за некое време :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575

The Count of Monte Cristo

Филм кој што секој мора да го погледне. Филм за пријателството и предавството, надежта и неправдата. Она што се случувало тогаш, се случува и сега, во некоја благоизменета форма. Верувам дека многу од вас го гледале, го имав и јас гледано, само не ми текна додека не почнав пак да го гледам. Има неколку одлични реплики кои што сигурно ќе ги вратите да ги слушнете уште еднаш.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Gone with the wind

Култен филм, филм кој според мене го дефинира Холивуд од самите почетоци. Вакви епски мелодрами веќе не се прават, како старо вино се. Колку што е постар филмот толку е поспектакуларен. Иако е скоро 4 часа долг, во ниеден момент не ми се здосади. Дејството го опфаќа периодот од почетокот на Граѓанската војна , за време и по неа и животната драма на Скарлет, силна, карактерна, решителна и прилично манипулативна жена. Иако за време на речиси целиот филм е понесена од погрешни нагони и има зацртано погрешни цели, како што се развива дејството, полека сфаќа која е нејзината вистинска цел и што е она што навистина го сака. Фактички и тука се одразува нејзината решителност и истрајност, да го добие тоа што го сака по секоја цена.
Она што мене највеќе ми се допадна беа одличните дијалози кои не можат да ве остават рамнодушни. Сепак овој филм изобилува со многу култни реплики. Препорака до сите што не го гледале и што се фанови на романтични филмчиња.
10/10
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Perfect blue http://www.imdb.com/title/tt0156887/

Мима е позната пејачка на тин поп група,но еден ден ќе одлучи да се откаже од својата група за да стане актерка.И се и оди како подмачкано се додека не добие писмо од еден опсесивен обожавател.Приказната на прв поглед може звучи исклишеизирано,но верувајте не е така.Филмот содржи доста добра доза на тензија,напнатост и мајндфак моменти.

8/10

Paprika http://www.imdb.com/title/tt0851578/

Во блиска иднина се користат машини преку кои може да се влезе во нечиј сон.Овие машини се користат за психотерапевтски цели,но еден ден една таква машина ќе биде хакната од терористичка група.

9/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727


Интересно филмче. Ја имаме Кери Ен Мос во улогата на FBI агентот Brody која е тотално посветена на кариерата(немала дечко/маж). Одеднаш во просториите на FBI на телевизија има вести за некој бегалец(Мајкл Шин)... нешто големо е, го има на сите канали но не кажуваат за што точно се бара. Тука негде во приказнава ќе се вклопи и Mr. H(Семјуел Л. Џексон). Добар филм, многу тензии..ќе заслужеше цврста 8ца но крајот не ми се допадна баш баш. 7/10
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.226
Поени од реакции
14.561
The American (2010)

Очекував многу повеќе од овој филм, знаејќи го Клуни и гледајќи го трејлерот а и почетокот убаво ветуваше...

Сепак ова се 1 ипол саат залудно потрошени за мене. Глуп филм, спор, повеќе љубовен него ли крими/трилер.

Клуни одглуми добро меѓутоа пак ќе повторам трејлерот ги сумира сите акциони сцени во филмот... толку се нема други

Оценка 3/10
 
Н

'Никола'

Гостин
Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)

Сега се враќам од кино, па дур ме држат импресиите да чкртнам збор-два.

Прво, одлично продолжение на легендарната трилогија. Како фан, не можев ни да очекувам повеќе. За Џони Деп што и да кажам ќе биде премалку. Секоја чест за тоа како го изгради карактерот на Џек Спероу...упс, Капетан Џек Спероу, и со тек на продолженијата само го надградуваше. Еден од најомилените филмски карактери што ќе ми останат во глава за навек.
Приказната, баш како што и очекував, луда, интересна, и немаше ни секунда да ми е досадно. А тоа го барам во филм, да ме држи 2 саати без да трепнам (не буквално) пред екранот.
Иако има промена во режисерската столица во овој дел, одлична реализација, ефекти, камера...
Покрај Џони, со перфектно доловен Барбоса од минатите делови како што си го знаеме, продолжи Geoffrey Rush. Феноменална глума и од негова страна. Пенелопе, за мене солидно, ја немам гледано во многу филмови за да и' ја оценам глумата, ама тука добро се вклопи. Таман, да речам.

Приказната, продолжува кај што застанаа. Сите ја бараат фонтаната на младоста. На почетокот, Џек го спасува Гибс од бесилка, и од него дознава дека некој се претставува во негово име барајќи екипаж за пловидба. Џек прави сплетки колку што можи и не можи, налетува на Барбоса кој работи за...Ај доста е.:)

Гледајте го, посебно фановите на минатите делови, нема да бидете разочарани.
И уште нешто, според мене, ќе има најмалку уште еден дел.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Последен гледан, после недели и недели убедувања, ми е Јust go with it



Уште незнам како прифатив да го гледам, ама испадна солидно филмче за опуштање мозок со друштво. Кога друг се смее на глас и тебе ти станува смешно, посебно ако дотичната има ретардирано смеење. :icon_lol:

Kaко и да е, класичен комедија-романса филм, од тие што никнат секој месец по неколку. Приказната клише, ама кој воопшто гледа таков за приказната. Глума, имаше од сите само не од Адам и Џенифер. Ептен ми беа вештачки, како само да се појавуваат дека треба, а другите ликови беа надпросечно смешни. Посебно децата. Кинеа. Како филм не вреди, ама кога сте расположени за вакво, може да го погледнете. Ми остави позитивни импресии на мене и не ми се верува дека му давам над 6-ка оцена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom