Шведски филм снимен според книга, односно првиот дел од триологијата Милениум на Стиг Ларсон.
Многу детали од книгата се сменети во овој филм, но сепак конечниот резултат е одличен. За актерите имам само пофални зборови, особено за Noomi Rapace која што ја глуми главната женска протагонистка. Филмот изобилува со шокантни и вознемиррувачки сцени, но тие не се ништо во споредба со тоа како тие сцени се опишани во книгата. Кинематографијата во филмот е преубава, прикажани се многу прекрасни шведски пејсажи. Времетраењето на филмот е 2.5 часа, и за целото тоа време ве држи во исчекување, во ниеден момент не е здодевен. Топло го препорачувам на сите љубители на добри трилери. Добро е понекогаш да се погледне филм од неанглиско говорно подрачје, а швеѓаниве дефинитивно ги бива кога станува збор за филмската индустрија.
Моја оценка за филмот 8/10
Дојде на ред уште еден култен наслов, кој за прв пат го гледав пред некој ден. Барајќи по препорака филм кој во себе има психологија ми дадоа добар предлог конечно да го изгледам филмов. Веројатно моето гледиште ќе се разликува од она на 90 % од луѓето кои го гледале, ама нејсе.
Да почнам од добрите работи. За почеток Мекдауел во ликот на младиот Алекс беше одличен. Лудило во движење, макар што на последната сцена неговото на моменти пренасилено глумење ме изиритира. Не делуваше природно. Онаа сцена на почетокот која е веројатно прва асоцијација за филмов е една од најдобрите сцени кои ги имам видено, зрачи тотално лудило макар што немате поим за што станува збор. Друга работа која беше добра е осмисленоста на сцените. Секоја сцена е буквално засебна и врз неа може да се изгради нова приказна, од луѓето, до текстот до движењето, сите детали за нов плот се тука.
Меѓутоа, тука почнуваат нештата да одат надолу за мој вкус. Кјубриковото дело ме асоцираше на парчиња од сложувалка кои некако тешко се совпаѓаат едни со други, па така целосната слика бега од видикот. Значи Алекс е хулиган во општество поставено во иднината. Човекот е насилен, силувач и речиси налудничав. Со тројца други членови на бандата е страв и трепет за секого, од обичен питач до богато семејство кои минува мирна вечер дома. Впечатокот кој по дифолт треба да го добиете од делото е дека еден млад човек станува она што е заради хаотичното општество кое комплетно ги испуштило од конец своите граѓани. Проблемот е што гледачот нема да го види тоа општество. Едноставно го нема. Го имате само Алекс, неговите пријатели и жртвите на неговото насилство. Ова е буквално насилство без цел. Нема никаква поента. Филмов е полн со инсинуации за секс и насилство, и се би било во ред кога тие би имале поента, ама немаат. Затоа што не постои приказ на тоа општество прикажано во иднината, за да би имале претстава за опкружувањето кои има влијание врз однесувањето на поединците. Патем, на кој начин оваа иднина прикажана во филмот е различна од ова денес или од времето тогаш. Освен ликот на Алекс и смешната облека, ниеден елемент не потсетува на временски период конструиран и изземен со своите елементи од било кој друг кој го познаваме. Ако поентата била да се прикаже поединецот во хаотично опшетсво без ред, тогаш имаме целосен фејл, затоа што овде имате безредие кое го создава млад човек во едно неприкажано општество. Единствено можам да се помирам со фактот дека безредието всушност е Алекс (што би можело да значи дека проблемот е во единката, не во општеството).
Филмот е комплетно вознемирувачки, но мислам дека не му е постигнат целосниот потенцијал. А ги има сите потребни елементи. Млад насилен човек кој преку посебна програма сака да стане добар. Наместо тоа добив милион парчиња кои ми останаа недоречени. Зарем не можел Кјубрик да игра на човечката карта, а не постојано да прикажува комплетна дезориентирани луѓе кои како да лутаат низ филмот. Еве на пример мајката на Алекс. Жената не можев да ја ставам во никаков контекст. Таткото делуваше како да е сосем на место и добро осмислен, но мајката на Алекс делуваше како да не е од оваа планета, всушност баш делуваше футуристички и тоа до тој степен да не можете да ја вметнете никаде ( особено не како жена на нормален човек кој баш и не делува футурстички). Да не споменувам пак колку смешно делуваше и непотребно беше вметнат бодибилдерот на старчето. Како да му беше геј другарче.
Друга работа. Очекував при третманот кој го доби, а кој требаше да го направи добар да бидат прикажани експлицитни насилни сцени (е тоа би било насилство со цел).
Па така наместо да го гледам Хитлер како поздравува толпа, можеа да го прикажат страдањето на евреите во логорите.
Во клучните сцени кои треба да го преобратат Алекс недостигаше токму насилството кое толку експлицитно беше прикажано во текот на целиот филм, а таму каде што би имало најмногу смисла го немаше. Тоа ми немаше никаква логика. Се беше сведено на фацијалната изведба, но во случајов ужасот на ликот, требаше да се поврзе со ужасот што го претставуваат сликите.
Ако сакате лудило на тацна, гарантирaно го добивате со делото на Кјубрик. За мене нешто сериозно му недостасува на филмов и мислам дека тоа се должи на фактот што никаде не го видов тоа футуристички поставено општество. Јас гледав еден единствен лик - Алекс. Тој креираше неред, тој го преживуваше својот неред. Не видов никаде зошто работите се поставени токму така како што се прикажани. Немаше објаснување, ниту инсинуација, само дејствие поставено среде непозната основа. И да, јас хејтам филмови кои се комплетно поставени само врз секс и насилство. Овде го имаше само тоа, само во различен облик. Некаде сечење рака, некаде претепување,...некаде гола жена, некаде силување. Ништо измеѓу.
Онаа слика на почетокот ќе ми остане во памет. Истата ќе ме асоцира на фактот дека филмов можел да биде многу подобар одошто е.
Дефинитивно најдобриот анимиран филм за 2010.
Интересен и лесен, со тема за вечната борба меѓу доброто и злото, за Super man-like херој и за негативецот кој преминува на другата страна. Доста предвидлив, но сепак за гледање во друштво е полн погодок. Да не го заборавам и саундтракот, стварно одлично одберени песни.
Се пресмеав на: I was given an opportunity to better myself through learning at a strange place called s'chool' (счул)
Public Enemies 2009
Едни од омилените актери на куп, Бејл и Деп :wub:
Филмот е биграфски за ограбувачот на банки Џони Дилинџер. Не води низ депресијата, одблиску ни прикажува за криминалот што владеел тоа време. Џони е Дилинџер, Бејл пајканот и така. Квалитетно потрошени 2ипол саата.
The Usual Suspects 1995
Филм кој вреди да се гледа пак. Обожавам филмови со шетање низ време. Солидна приказна и одлично изглумено.
Вербал е единствениот преживеан во експлозија на брод и во полиција го испрашуваат за настанот. Доста е ова.
Феноменална приказна пред се, како и режија, глума, музика... Од 10-та минута филмот станува сјајна авантура, следејќи ја рутата „El Camino de Santiago“ долга скоро 1,000km од Франција до Шпанија со прекрасни пејсажи и одличните улоги на Мартин Шин, Џејмс Нејсбит, Дебора Унгер (ваљда им ги напишав правилно имињата , мање битно тоа...). Ретко кој филм во секој нов кадар и дијалог остава поголеми впечатоци од претходниот.
Стивен Содерберг, човек кој знае да склопи добро сценарио и доволно пари да склопи глумечка екипа на завидно ниво. Филмот се бави со една од вечните табу теми во Америка на ретко виден начин. Станува збор за борбата против дрогата, неговите пороци, битка помеѓу двете страни и жрвите на сета таа приказна. Филмот од самиот почеток е озбилен и директен, без трансформации во жанрот. Дефинитивно филмот бара целосно внимание, не е за опуштање.
Многу критика има за Дизни студио премногу магија окултизам ова она, ама добро тоа си дел од играта. Физиката и магијата се едно исто нешто представени во филмот, магијата е тајно разбирање на некои физички закони или нивно свивање од страна на мала група одбрани луѓе, магијата за нив е природна способност затоа што знаат нешто што на повеќето луѓе би им изгледало невозможно. И нормално тука силите на доброто и злото се борат меѓу себе. Добри ефекти и добри финти и добро објаснување на Николас Кејџ како се прави тоа..
Wow..This was amazing movie
Филмов ме остави без зборови.Се прашувам зошто има толку мала оценка на имдб (5.4/10)
Романтична комедија со Kristen Bell, Odette Annable и Sigourney Weaver.
Марни е девојка која била малтретирана во средно училиште од идната свршеница на нејзиниот брат.Кога се врака во својот дом после 4 месеци сфака дека работите се промениле од корен.
Се што ке кажам понатаму мора да го ставам во голем спојлер,но ке оставам на вас да го гледате какви пресврти ке донесе филмот.
Хана е тинејџерка која што покрај тоа што добро изгледа има обука и за преживување во екстремни услови. Ми се допадна во филмот тоа што нема премногу нереално фантастични ситуации, борбите гради во гради се приземно реални и Хана не е супер херој да тепа по десет души во една сцена, тепа еден најмногу до двајца. А за приказната во филмот тука е трејлерот или за целосно нешто треба да се гледа филмот.
Fast Five или Fast and Furious 5: Rio Heist, продолжување на акцијата од четворката, сега во Бразил. Битните глумци од предходните делови се појавуваат во овој. Има акција, тркање, коли, заебанции, уште акција. Интересна приказна и искрено повеќе ми се свиѓа од четворката. Екипата ограбува мафијаш од Бразил кој ги чува парите во полициска станица. Би го препорачал дефинитивно, ама сега за сега нема многу квалитетна снимка.
Насловот на името ми се допадна.Решив да го изгледам после толку убедувања.
Ми се допадна приказната иако има малку сличности со
Петок 13 кога се работи со сцените на убиства
Сериски убиец се врака во својот град после 16 години за да ги убие сите 7 деца на датумот на кој е наводно "убиен".
Што се совпага со тој датум не ви откривам, ке оставам да го погледнете филмот.
Но не е се така како што изгледа на почетокот.
Филмот крие многу мистерии.
Мислам дека вредеше филмов за времето кое го потрошив на него.
Иако има мала оценка на имдб (4.5/10)јас би му дала 7 за тоа што ме остави без здив до последната минута.
Браво, заради вакви постови, вреди да е човек на форумов. Ми се свиѓа критичкиот став и се согласувам, а што мислиш за идејата така да се преобрати човек? Може не си го пишала за да нема спојлери, ама факт е дека толкав пост за филм би прочитал само некој што го гледал филмот, така да, сакаме спојлери.
Иначе последен гледан филм 3-Iron, по препорака на форумџиката со ист филмски вкус ко мене, Вокерка. На почеток (скоро и средина) ме замараше, значи добро, сфатив дека типот сака да оди од дом во дом (не крадејќи ништо и правејќи баш онака домашни ствари), што веројатно се должи на тоа што немал семејство, односно го изгубил истото. Затоа и после у затворот кога сакаа да му го земат бејзбол топчето, толку насилно си го поврати, зошто не поднесува да му земаат нешто. Затоа и после се претвори во дух кога му ја земаа типката, мухахаха! Можеше да оди во сосем друг правец гледајќи како почна. Не сакам нереални работи до степен на претворање во дух, колку и симболично да е можда тоа. А веројатно не е. Можеше да има друг правец во смисла да видиме зошто он уствари иде по туѓи домови, а не да се држам до некоја претпоставка, можеше да иде во правец она да го напушто маж и`, можеше да иде во секаков правец. Видовме совршен лик, што и кога ќе ја изгуби саканата, останува совршен претворајќи се во дух! Ако има некое подлабоко објаснување тука, кажете ми, засега немам време за имдб.
Филмот е сниман 1973 а дејствието е во во Њујорк 2022 година. Во срцето на приказната се еден детектив полицаец за убиства и негов пријател библиотекар во свет без книги. Пренаселеност невработеност криминал ич удесната нутритивна супстанција која се вика Сојлент грин. Добро старо филмче кое што вреди да се гледа.
како прво , актерската екипа е ептен солидна. олдман , хопкинс , рајдер , ривс итн.
второ , музиката одлична .
трето, гери олдман како Dracula FTW!!!!
и се разбира форд копола
9/10 .
кога некој ке спомни вампир или дракула одма помислуваме на кофчег , заби вампирски , љиљак , крв итн.
е сега за тие шо не ја знат приказната за Дракула , дракула ти е љубовна прича.
In 1462, Vlad Dracula, a member of the Order of the Dragon, returns from a victory against the Turks to find his wife Elisabeta has committed suicide after hearing reports of his death. Enraged at the notion of his wife being damned for committing suicide, Dracula desecrates his chapel and renounces God, declaring that he will rise from the grave to avenge Elisabeta with all the powers of darkness.
Браво за филмот Псајсајд,ме штрекна...тотално мистериозен,ме извади од памет.
До последен момент се тресев.
Дејството се случува во опседната кука покрај река.
Таму е телото на мртвата девојка со која докторот Норман бил во врска,и на крај испага дека тој е убиецот
Не се надевав на таков крај.
Сцената кога Клаир ги набљудува соседите и ја факаат-погледот,сцената со кадата на почеток..
:ija:
Има 8ка од мене зошто успеа да м е исплаши како никој друг филм.
Како го поминуваат викендот неколку англиски тинејџери и нивното искуство со дрогите.. Солиден филм иако од актерската екипа не ми е познат баш никој.
Оцена - 8/10
Diary of a Wimpy Kid (2010)
Тинејџ комедија за шестооделенецот Џеф кој се пробива во светот на популарните основци во неговото училиште..
Оцена - 7/10 - просечен филм.
Before sunset
Филмов на старт ми личеше на нешто вообичаено и имав критика за глумата, али после се покажа одлично! Мислам дека филмовите треба да се осврнат поише на аспектот на дијалогот. И сакам постојано да ги гледам и двата актери дур зборат, а не кога едниот збори, да го снимаат зад увото на другиот, али ај во овој филм им се простува зошто го видовме и Париз колку-толку.
Гледачите освен што ќе сфатат дека сакаат поише околу дијалогот да се врти филмот, ќе сфатат и дека тоа е бајаги тешко изводливо зошто филмот не може да нуди решение на животни ситуации со кои се среќаваме секојдневно. Проблемот е што мноогу луѓе можат да се идентификуваат со овие актери и да решат да го направат тоа што ќе го направи актерот, а тоа често може да испадне и лошо пошо иако основата на проблемот е таа, детаљите се кај секоја индивидуа различни.
Затоа филмов нема дефиниран крај. Знаеме дека типов многу си го сака синот, а знаеме и дека оваа многу си ја сака.
Julie Delpy е прекрасна. Анализаторка, независна, збунета и easy-going, simply loved her. За типот.... можеле да одберат многу боље. Онака ми ја влошува последната сцена кај што она му пее.
Друг проблем со ваквите филмови кај што се се сведува на дијалози, е тоа што ипак филм-maker-ите сакаат филмот да биде прифатен од пошироката публика и гледаат да не наметнуваат некои радикални ставови кај актерите. некои 2,3 пати дијалогот можеше стварно да се продлабочи во некои теми, но тоа не се случи и дури испаѓаше како глумциве да немаат доволно меѓусебен интерес(еден за друг) за тие неколку теми. Ама сепак, многу добро вклопено и стварно е тешко да се направи ваков филм иако е ниско-буџетен.
Иако ми препорачаа прво да го изглеам Before sunrise, ја се истрчав прво овој да го гледам и не згрешив.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.