500 Days of Summer
Уште на самиот почеток на филмот нараторот кажува дека во овој филм воопшто нема да се обработува некоја љубовна приказна, but we all know the obvious, don't trust the narrator. Но сепак, нараторот донекаде е во право, бидејќи ова не е типична љубовна приказна(which is great, of course). Па така сосема слободно може да се каже дека ова не е љубовна приказна, туку приказна за љубовта. Веројатно филм кој што е повеќе наменет за машката публика, затоа што преку очите на младиот Том се прикажани сите радости но и маки и страдања кои што ги носи љубовта. Том е личност, која уште од своето детство верува дека може да биде целосно среќен само тогаш кога ќе ја пронајде онаа вистинската. Кога на неговото работно место доаѓа нова девојка, Summer (пофалби за глумата на Zooey Deschanel
), девојка која не верува во љубов, тој се убедува себеси дека токму таа е неговата сродна душа...
Сметам дека приказната е во огромна мера реалистична, и дека многу лесно можеш да се поврзеш со ликовите (Like I did
). Филмот има свои романтични делови, но и задоволителна доза на хумор. Морам да спомнам и дека многу ми се допадна саундтракот.
Што друго да додадам, сценариото е одлично, начинот на кој што приказната е презентирана е солиден, солидна глума...една од најдобрите романтични комедии кои што сум ги гледал (ах, да...не сум баш фан на ваквиот жанр на филмови, ама ако ги прават почесто како овој, можеби и почесто ќе ги гледам)
8/10 е оценката која што ја давам на 500 Days of Summer, ама силна 8ка, многу блиску до 9ка