Последен гледан филм со кратка рецензија

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Кога ќе пишеш оценка 9/10,образложи ја.
Немој да пробуваш да се вадиш на "вкусови се во прашање" делот,бидејќи во филмот има универзално глупи работи.
Затоа,напиши тука позитивни работи на овој филм.
И негативни,ако според тебе има.
Извини што не пишувам реферати ко тебе....
Мене ми се свиѓа тоа што типот во главната улога е таков, ладнокрвен.... И ми се свиѓа тоа што му се местат работите (ај така да кажам), стално се снаоѓа.... Иако е нереално.... Ама јас сакам научна фантастика така да го сакам и нереалното(или може боље да кажам надреалното) во филмовите.... Ми се свиѓа и тоа со морковот.... А да, има и добри сцени :) Доволно? И сигурна сум дека ќе ми остане у сеќавање бар некое време... За разлика од многу филмови што ги имам гледано.... Негативни у моментов не ми текнуваат... Можеби имаш изгледано повеќе филмови од мене, па ти е досаден и си ги видел повеќето работи, али мене ми беше интересен...
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Edward Scissorhands

Уште еден фантастичен филм на Тим Бартон.Филмов е многу убав, според мене...Се работи за недовршена креација што наместо раце има ножици, и интересно е како пробува да се вклопи во нормалната средина, а уште поинтересно е колку тоа не му успева воопшто...Тој ќе биде однесен во една фамилија од предградието, каде што ќе се заљуби во ќерката, и бла, бла, она има дечко, после ќе сфати дека и она го сака...И такви ствари, да не ви кажувам се во детали, може ќе сака некој да го гледа, ќе му расипам уживање...
Еве и мал trailer :) :
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Cars[2006]



Интересна анимација од студијото на Пиксар. Освен интересната приказна филмов изобилува со изворедни анимации кои го направија анимиран филм на годината.
6/10

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Michael Clayton
Поглуп филм од овој немам гледано жими се... Незнам ни како успеав да го догледам... Ми се приспа едно мал милион пати... И пола филм веќе не го памтам... Очекував дека во секој момент ќе стане поинтересно али џабе... 2 саати потрошени на ништо... Колку и да го сакам Џорџ Клуни, неможам да кажам ништо добро за филмов... Можеби не го го сфатив, можеби заради тоа што има премногу економија (што уз филмов сфатив дека не ја можам, напорна ми е), али стварно беше залудно трошење на време... Може ќе им се свиѓа на економистите... И не би го оценувала...
Вакви трилери мора да се гледаат со внимание. Овој трилер ми е еден од појаките, заедно со The Good Shepherd се must see филмови. Тешки се за гледање од прв поглед, ама зато ќе покушаш втор, трет, можеби со друштво и четврт пати:icon_lol:.

Он топик - последен гледан филм (ако не го набројувам овде 24: Redemption, морав да го ѕирнам пак за да ја почнам седмата сезона) како и да е, Love Actually.
По трет пат. Изгледан со друштво. Интересен развој на настаните. Филмов следи повеќе приказни и има претерано многу ликови. Ама препознатливи се повеќето, од Кеира Најтли до Лиам Нисон.

Еден од оние "среќни филмови". Кога ќе го изгледате ќе помислите - добро, вакви клише приказни не постојат. Како и да е, ова е среќен филм. Колку и да не верувате во такви приказни, можеби се случиле некогаш.

После Love Actually го пуштивме The 40 year old virgin. Од 10 души на 5 досаден им бил. Го имав гледано само еднаш, и тоа сега брзо пред една година.
Ама филмов е ѕверски. Не е обична комедија. Има повеќе мотиви во филмов. Стив Керел е фаца. Има некои сцени на кои одлепив од смеење. И го сакам филмов!

Поминаа 5 часа. Одам да гледам 24.
Tony Almeida is back!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Едит: користете ја опцијата
се наоѓа во Напреден Уредувач. Така ќе ги прикривате спојлерите, како мојот пример два пиксели погоре:icon_lol:.
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
1.709
Поени од реакции
126
Yes, Man
Со Џим Кери во главната улога, овој филм ме воодушеви со неговиот хумор и начинот на кој ги поучува луѓето да размислуваат оптимистички и секогаш да кажуваат ДА на секој кој ќе побара услуга.


Многу ми се допадна на мене и ви го препорачувам на вас
 
K

kaiser soze

Гостин
Иако не сум некој љубител на жанрот драма,филмот што го гледав ми остави страшни впечатоци.Се работи за најновото дело на Дејвид Финчер
The Curious Case of Benjamin Button, едно многу поразлично дело од неговите претходни,сосема смислено и вредно направено,многу емоционален и тажен филм,кој многу ме потсети на легендарниот "Форест Гамп".Еден вистински приказ за судбината и животот на човекот,прикажан на малку несвојствен и чуден начин.Дело кое те тера да се замислиш за времето и за тоа како живееме и како испуштаме возможности во животот,кои се случуваат само еднаш.Приказ на животот на Бенџамин Батон во сосема обратна насока со сите лоши и убави нешта.Феномално направен филм,сцена која ми остави фантастичен впечаток е моментот на несреќа со париското такси и брза ретроспектива зашто се случило тоа и како можело да се избегне,сцена која буквално зашеметува. Дело кое сосема се разликува од американските бози кои се создаваат годиниве наназад.Актерската игра во филмот е одлична ,главните актери Кејт Бланшет и Бред Пит едноставно се соживеале со личностите.Впрочем целата актерска екипа е перфектна.Сценарист на филмот е Ерик Рот кој меѓудругото е сценарист и на "Форест Гамп" на Земекис.Сума сумаре,филм кој искрено го препорачувам на вистинските љубители на седмата уметност.Трите часа поминати со овој филм ќе ви бидат вистинско задоволство.

 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
^
И секако,истата сцена која те зашеметила,по никоја логика ликот на Пит не би можел да ја знае,а не пак да ја наратира.
Но ајде,побитно е да изгледа убаво,отколку веродостојно.

Пит го глуми повторно Џо Блек,а сценарист е истиот од Гамп,и тоа без да ви кажат,се познава.
Но,океј.


Последен гледан ми е

Being John Malkovich



Филмов,кога дознав дека Кјузак е во него,знаев дека мора да е нешто интересно.
Но едноставно,иако нереална,сепак приказната плени со она што и требаше да биде во Benjamin Button,проучување на психологијата на луѓето,нивните мисли при одредени фактори,како и тоа колку може искрено да се сака,безрезервно да се мрази и да бидеш манипулативен и злобен до крајни граници.

Кјузак се надминува во оваа улога,сосем различна од неговите "ишишан,избричен" улоги,дури и Дијаз во филмов има нетипична улога за неа,иако морам да признаам,кога не е нашминкана,па и не е толку интересна да се гледа како глуми.

Големо браво за Малкович што се согласил за филмов.
Одличен филм,кој ќе ве остави да мислите на него долго после гледање.

8,5/10.
 
K

kaiser soze

Гостин
^
И секако,истата сцена која те зашеметила,по никоја логика ликот на Пит не би можел да ја знае,а не пак да ја наратира.
Но ајде,побитно е да изгледа убаво,отколку веродостојно.

Пит го глуми повторно Џо Блек,а сценарист е истиот од Гамп,и тоа без да ви кажат,се познава.
Но,океј.
Искрено многу работи во филмот не се веродостојни,како и сцената што ја спомнав,но се убаво и суптилно направени.Инаку сцената ме воодушеви и од друг аспект,Финчер направил реверанс кон друг одличен режисер Жан -Пјер Жене.
За Џо Блек не можам да коментирам,бидејќи филмот и така не сум го гледал цел,поради квалитетот на снимката го баталив,кога ќе го изгледам можеби ќе се согласам со твоето мнение.:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Passengers (2008)

Многу истрипан филм. Мистериозен.
Цела приказна е за авионска несреќа во која 5 души остануваат живи, и идат на психолог после несреќата, демек да си кажат шо имаат, за да немаат трауми и сл. :) Но одеднаш почнува еден по еден да исчезнуваат од пациентите.
И на крај испаѓа дека терапевтката т.е. психологот, била у авионската несреќа, само не се сеќавала, изгубила помнење за несреќата. Многу истрипана ствар. :)

Изгледа не си го гледал филмот како што треба, пошто крајот кој го спомнуваш воопшто не е таков. За спојлерот мислам (и кој сака да го гледа филмов нека не чепка таму).
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
No reservations

Кетлин Зета Џонс, Арон Екхарт ( не го знам).
Мммм не знам како би го оценила...ама режисерот зафркнал нешто по се изгледа.
Драма за life changing moment на една млада, убава жена од кариера, емоционално затворена, ладна ...итн, при што во тој лајф чејнџинг момент се случува и романса. Депресивна музика, значи филмот е целиот во некој депресивен фазон при што ми се чини дека и самиот режисер да се заглавил во сето тоа, и некако расплетот му бега, млак е, пораката или поентата не доаѓаат до израз.

Ај ќе му дадам....6/10. Пролазна, само поради Кетлин:)
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
RocknRolla (2008)

Интересен сплет на околности, банди убици и тепачи (три во едно). Борба за King of London, чим Русија е вмешана има ќотек. 5/10



:icon_lol:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
И уште еднаш за The Curious Case of Benjamin Button (2008) , бидејќи предходно напишав дека погрешно го споредуваат со
Forrest Gump (1994) , кој е за класа подобар филм. Но кога го изгледав клипчево сватив што мислеле со тоа: линијата на филмот е иста, само што оди обратно. Сепак, Форест ги допре срцата на сите, Бенџамин не е ни блиску до тоа...

 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Michael Clayton

Поглуп филм од овој немам гледано жими се... Незнам ни како успеав да го догледам... Ми се приспа едно мал милион пати... И пола филм веќе не го памтам... Очекував дека во секој момент ќе стане поинтересно али џабе... 2 саати потрошени на ништо... Колку и да го сакам Џорџ Клуни, неможам да кажам ништо добро за филмов... Можеби не го го сфатив, можеби заради тоа што има премногу економија (што уз филмов сфатив дека не ја можам, напорна ми е), али стварно беше залудно трошење на време... Може ќе им се свиѓа на економистите... И не би го оценувала...
Баш вчера и јас го гледав филмов. Туку, премногу економија? Се случуваат многу глупости поради пари, ама тоа не знам баш колку е економија. :toe:
Мене ептен ми се допадна, прекрасно мистериозно-трилер филмче. Цел е бавен и многу заплеткан, ама па затоа е трилер, а не акција. Мислам дека ми останаа делови кои сакам уште еднаш да ги видам за да добијам поубава слика од целото дејствие, па осеќам дека ќе го гледам пак за скоро време. Јас сакам вакви филмови, затоа овој би го оценала со една здрава десетка. И дефинитивно не се гледа кога е време за спиење, дека ако сакате да го разберете треба со три пара очи да го гледате. Тука Џорџ Клуни има прекрасна улога, да не речам најдобра. Туку добро, тој е добар глумец, само поретко му се погодуваат добри филмови. :)
Иначе да, филмов трае 2 часа и мене ме одржа убаво будна, дури морав да гледам уште еден филм за да ми се приспие. Ама со тој другиот па, уште повеќе се зезнав. Очите 100-ка! Red Eye го гледав после него.

Филмов е доста напнат и задржува внимание до крај. Тоа што на почеток има качување во авион уште повеќе ме привлече, дека сакам такви филмчиња. Иако не испадна тоа што мислев дека ќе испадне, вредеше времето потрошено на него! Згора на се`, језив ми беше Cillian Murphy, кого да признаам прв пат го гледам, па уште подобар ефект ми беше неговата одлична негативна улога. А Rachel не ја коментирам. Прекрасна е и како појава и како актерка. Оцена 8/10, само поради некако обичниот крај.
А пред овие два го гледав Wanted.

Премногу научна фантастика во филмов, но ако се гледа како таков без барање реалност во него, полн е со одлични ефекти и е доста интересен. И да ... му најдов филмска грешка! Втор пат ми се случува да забележам нешто без да сум го видела тоа некаде истакнато. Со возот сцената ... прво го покажуваат како му паѓа последниот вагон, а потоа како му паѓа средината. Тие што го гледале може ќе се сетат, а другите - запазете.:vozbud:
Се` на се`, одлично акционо филмче од која бев изненадена, дека со сомнеж го гледав, после негативните критики на прошлата тема. :toe: Оцена 9/10.

Леле уште еден филм имам! Завчера го гледав ... Stuck.

Премногу добро започнува за да заврши така ... да речам - просто. Заведен е како хорор/трилер, ама мене ни ме уплаши, а ни ми изгледаше на трилер. Би рекла дека е општа драма, со поголема доза на крв. Ништо посебно, навистина ме разочара втората половина, кога почна да стагнира цело дејствие, за да заврши никако. Единствено убаво нешто во филмов ми беше тоа што ми се створи нервоза од нечии постапки, со што ми растеше желбата да го догледам. Не знам, гледам има скоро 7-ка на ибдм, што е повеќе од некои подобри филмови (пример, Red eye е далеку подобар, а има помала оцена), ама очигледно не се гласа таму баш објективно. Ви го препорачувам за тепање време кога немате избор, а го оценувам ... ај нека биде слаба 6-ка.:toe:
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
конечно најдов време за филм/ови. по два-три месеци даунлоуд (голем дел по овдешни препораки), седнав и ја започнав програмата. а засега на неа се најдоа:
RocknRolla
Дежа ву. Анадр Гај Ричи (Лок Сток/Снеч) муви. Ми се допадна, предобар е и сè, ама веќе видено. Шемата е иста ко кај горенаведенине. Бед ес старец бос, негов помошник, предмет околу кој се врти сè (во случајов слика), останати закон ликови и реплики. 1 исклучок. Има женцка!!! Го препорачувам на фановите од режисерот и љубителите на британски хумор. Од слика чинам нема потреба, видете погоре. Понатаму:
Hot Fuzz
Интересно филмче и интересен
Убиство во Ориент Експрес елемент (мерак ми беше ова со спољер)
.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Еagle eye


Незнам што да кажам за филмов... Почнува глупаво... И додека да го поврзеш почетокот со остатокот на филмот, веќе ти е јасно се` :) Чим ја видов таа машината јасно ми беше за што се работи, а и како ќе заврши, зашто сите така завршуваат нели...
Да го убиеја типот на крај ќе беше боље
:) Да имаше нешто трагично... Многу глупаво завршува... Али за тепање време е супер :) оценка... 4/10 ваљда....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom