Последен гледан филм со кратка рецензија

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Office space

Се работи за еден страшно иритирачки тип кој не сака да иде на работа. Идиот. И ќе направи план со колегите да му вратат на шефот за се што тој им прави на нив. Прилично досаден филм, без поука. Уствари има поука - направете вирус, ограбете 300 000 долари и не се секирајте, ќе имате среќа да не ве фатат. 2/10, ептен колку да не биде 1. Појма немам зошто филмов има 7.9 на имдб. Нека ме просветли некој.

Цитатов од сликава не е направен за потребите на сликата, туку е навистина цитат на ликот.
Мене ми е меѓу омилените, јесда го имам гледано еднаш и одамна. Ама ме изнасмеа тогаш и еден од тие филмови што ќе ги гледам пак сигурно. Сцената со кршењето на копјутерот е hilarious!

Последен гледан филм ми е "I am legend"
Прво, филмов е со Will Smith! Второ, е доста напнат, и неочекуван, и го има она соживување со главниот лик што многу ми се свиѓа. Во тие саат ипол едноставно дишите со Will Smith. Има 2 различни краја, не пропуштајте да ги изгледате и двата. Имам доста за зборење за краевите, ама ај да не ви давам спојлери. Му давам 8,5 ваљда.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
За Офис Спејс првпат гледам вака на некој до толку да не му се свиѓа , али :toe: идеме даље

Последен гледан филм



Gridlock'd (1997)


Genre:
Comedy | Crime | Drama

Го најдов филмов како дреме у некој од фолдериве , па ај да го изгледам пак...
Како прво Тупак да ти бил талент и за глума :) , ми се допадна како го изглуми неговиот лик .Заедно во комбинација со Тим Рот- полн погодок се во филмов.Не очекував ни да има некоја посебна поента - но секој со свој став ќе се произнесе после гледањето, стартот на филмот е директен и ве вози низ целата приказна баш убаво(нема досадни сцени или премногу фокусирање на некој од ликовите).
Хуморот е ок - иако ништо спектакуларно.. драмата ја доловуваат Тупак и Тим Рот - баш прави џанки претставуваат во филмот.
Според мене интересен филм, реални случувања , лесен за гледање од аспект (одма ќе ви стане јасно за што е филмот) ,солидно сценарио...

7.5/10

:toe:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Dante's Inferno Animated

Dantes_Inferno-_An_Animated_Epic_4.jpg

Анимиран филм за Пеколот на Данте Алигиери, но едвај и да има допирна точка со она што навистина Данте сакал да го прикаже во делото. Поинаква приказна, премногу врескање, борби и „страшни“ чудовишта. Тотално ми ја уништи претставата и визуелизацијата што претходно ја имав. Едвај чекав да заврши филмот. Можеби треба да се цени трудот што е вложен за да се креира еден ваков продукт, но мене не ми се допадна. Оценка 2/10. Можеби и пресурово, ама го сметам за унаказа на врвно литературно дело.

Law abiding citizen

law_abiding_citizen_large.jpg

Добро филмче и почеток што ветува. Поентата му е да ги потенцира погрешните одлуки на правниот систем, но мене ми наметна некои етички дилеми. Дали навистина вреди да се уништат многу човечки животи поради нашите страдања и дали всушност општеството наместо да ги казнува и намалува злосторниците само ги зголемува со своите неправедни одлуки, колку можеме да се сомневаме во праведноста доколку имаме предвид повеќе аспекти? Фрустрациите можат да бидат болна работа.
Секој различно ќе ги сфати овие работи во зависност од тоа од кој аспект ги гледа нештата затоа што секогаш може да се толкува поинаку и секогаш ќе има аргумент и контра-аргумент.
Филмов ми се допадна затоа што ме натера да размислам околу ова прашање и сепак да не ги оправдам постапките на лошото момче.
Ете му 8/10.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Dante's Inferno Animated

Прегледај го приврзокот 33455

Анимиран филм за Пеколот на Данте Алигиери, но едвај и да има допирна точка со она што навистина Данте сакал да го прикаже во делото. Поинаква приказна, премногу врескање, борби и „страшни“ чудовишта. Тотално ми ја уништи претставата и визуелизацијата што претходно ја имав. Едвај чекав да заврши филмот. Можеби треба да се цени трудот што е вложен за да се креира еден ваков продукт, но мене не ми се допадна. Оценка 2/10. Можеби и пресурово, ама го сметам за унаказа на врвно литературно дело.

Law abiding citizen

Прегледај го приврзокот 33456

Добро филмче и почеток што ветува. Поентата му е да ги потенцира погрешните одлуки на правниот систем, но мене ми наметна некои етички дилеми. Дали навистина вреди да се уништат многу човечки животи поради нашите страдања и дали всушност општеството наместо да ги казнува и намалува злосторниците само ги зголемува со своите неправедни одлуки, колку можеме да се сомневаме во праведноста доколку имаме предвид повеќе аспекти? Фрустрациите можат да бидат болна работа.
Секој различно ќе ги сфати овие работи во зависност од тоа од кој аспект ги гледа нештата затоа што секогаш може да се толкува поинаку и секогаш ќе има аргумент и контра-аргумент.
Филмов ми се допадна затоа што ме натера да размислам околу ова прашање и сепак да не ги оправдам постапките на лошото момче.
Ете му 8/10.
И јас не му ги оправдувам постапките. Поентата е дека човек кога ќе почне да прави нешто така фанатично како него, почнува да се занесува, и кулминација, боде милион пати некојси што ништо не му згрешил. Поентата е не да биде херој главниов лик, туку да се укаже на тоа дека одмаздата само води кон уште поголема одмазда и човек на крај станува полош од оној на кој му се одмаздува.
Јас последен го гледав The book of Eli.
Па добро, Библијата може да има големо влијание врз народот, пост-апокалиптичниот народ што не слушнал за религија. Ама, зар Бог е пребирлив и не дозволува Библијата да се пренесе кај луѓето од исток? Што видовме ние лошо кај тие луѓе освен што имаа лош "владетел" кој ги тераше да војуваат? Зар тие луѓето од западот би биле подобри од оние на исток кога би немале вода за пиење ниту некакви други ресурси или кога би имале таков владетел? Што видовме од тие источните луѓе, освен тој библиотекарот? Добро тие беа поцивилизирани, но тоа не значи дека нема да ја злоупотребат Библијата. Му давам 7 преку сила, а не 6,9 ко имдб пошо ја свиѓам Mila Kunis. :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Tekken (2010)

51257wN80tL._SL500_AA300_.jpg

Земјата е поделена на фирми. Во Америката тоа е Теккен која ја има власта во целата држава. Џин, момче од сиромашото предградие заработува извршувајќи незаконити работи. Теккен компанија еднаш годишно огранизира турнир наречен "Железна Тупаница", на кој учествуваат најдобрите борци од цел свет. Мајката на Џин ќе биде убиена по наредба на еден од сопствениците на Теккен, а Џин се пријавува на турнирот барајќи одмазда ...

8/10


The Losers (2010)

The_Losers_pm.jpg

Тим од 5 специјалци се на тајна мисија во Боливија. Откако ќе ја завршат мисијата хеликоптерот со кој треба да бегаат ќе биде срушен, но тие нема да се во него. Откако ќе сфатат дека требало тие да бидат метата во хелекоптерот, се враќаат во САД со една намера: да го најдат човекот кој го нарача нивното убиство.

8/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Како што сум настинат се изнагледав филмови денеска(те. вчера)
Почнав со Кјубрик а завршив со Ричи :).

A Clockwork Orange (1971)

Ремек дело на Кјубрик кое не го препорачувам на секого ма да на тие кои би им го препорачал веќе го имаат гледано . Сторијата -во од 1971 блиската иднина во британија ,деликвентот Алекс(кој ужива во секс и насилство) и неговите приврзаници вршат ситни криминални дела,силување,кражби и влегување во туѓи домови. Е при една кражба во која несреќно ке ја убие домаќинката ( со скуплтура од :)...) ќе биде наместен од другарите да биде фатен од полицијата . Така Алекс ке заврши во затвор каде ќе се потруди да влезе во еден експеримент на лекување на затворениците од кој потоа ...доста беше за другото погледнете :)
9/10

Changeling (2008)

Филмов одамна ми беше препорачан од IOsonoINTERISTA и добро е што конечно го гледав затоа што Клинт е ѕверотиња за вакви филмови . Одлична глума пред се од Џоли која ме изненади со глумата на мајка која е во потрога на својот 9 годишен син кој изчезнува додека е таа на работа. На сцена стапува полицијата од ЛА(клинт одлично ја прикажал каква била во раните години на предходниот век,мизерна и корумпирана) која по 6 месеци го пронаоѓа детето ...но што ако тоа воопшто не е нејзиниот син...
10/10 (едноставно се соживеав со филмов )

Chloe (2009)

Филмов многу не ми се допадна (можеби затоа што гледав 2 ремек дела предходно,или можеби затоа што на некој начин е повеќе за понежниот пол) иако глумат Лиам и Мур.
Професорот Дејвид ќе го пропушти авионот за дома ,вечерта кога неговата жена ќе му подготвува роденденска забава. Следниот ден случајно таа ќе дознае дека тој минатата веќер ја поминал со една од неговите студенткињи и ќе почне да сумња дека тој е во афера затоа ќе ја ангажира Клои која случајно ја запознава во еден ресторан...
Филмот има голотија и
жешки лезби сцени :)
.

6/10

и за на крај нешто од еден од моите омилени режисери-

Sherlock Holmes (2009)


Одличен режисер ,одлични глумци но сепак филмот не излезе нешто што очекував...Благо ме разочара уште од почетокот кога Шерлок испаѓа седми дан и лом ги прави "лошите" ,oдносно е претставен како Супер херој а не како детектив кој решава случаи(бар таков впечаток имав порано пред да го гледам филмов) ...Кога ќе подразмислам многу ме подсеќа на пат околу светот него на детективска сторија... Сторијата -Шерлок (Роберт Даунинг) заедно со неговиот многу добар пријател и партнер Вотсон (Jude Law) го фаќаат "злогласениот" лорд Блеквуд кој се бави со црна магија...но одкако е обесен и погребан тој успева да се врати од мртвите...итнт

7/10 (пред се забавен филм(a очекував друго) а и МекAдамс е преслатка :) ) и се молам Ричи под итно да ја заборави Мадона и да направи добар филм какви што правеше пред да се ожени.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Boiler Room (2000)

Случајно налетав на филмов и позитивно ме изненади.Се работи за Сет Дејвис кој веќе 6 месеци е избркан од колеџ и во својота куќа има отворено нелегално казино .Неговиот татко судија е разочаран од него кога дознава за казиното и школата , па за да го поправи односот со татко му но и парите кои ги заработува неговиот пријател брокер,ја прифаќа работата како почетник брокер во една фирма,каде стекнува нови пријатели и се привикнува на брокерскиот живот...другото мора да го погледнете.

8/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
...

The Shawshank Redemption (1994)

1994 сум имал само 2 години а во истата излегле Пулп Фикшн,Форест Гамп и горенаведениов :) .Колку само сакам да се случа тоа повторно(али тешко).Според мене сосема заслужено прв на имдб,одличен во секој поглед пред се затоа што не треба да се мастермајнд да го сватите а и насилството и голотијата на ниво подносливи за секого(а дејството претежно се одвива во затвор).Уживав во секој момент гледајќи го(добро да бидам искрен има и исклучок :)
пр геј силувањето итнт
) сторијата-Филмот почнува со сцена во судницата каде Енди е доживотно осуден ради убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник за кое тој вели дека не го сторил .Завршува во затворот shawshank каде се запознава со Ред ,кој веќе престојува 20 години...другото погледнете(тие што немате погледнато :))
пс- Колку добро звучи кога при крајот
Морган Фриман во бусот кажува за Free man 4:40 на клипот :)
(гледајте го клипот само ако ви е гледан филмот) Иначе омилената сцена -.



Whatever Works (2009)


Филмчево по препорака од Џимеј го гледав и мора да му се заблагодарам :) Иако не му давав простор долго време сепак ги доби потребните 1 час и 30 мин и ме воодушеви,Вуди си е Вуди :).Нешто од имдб-
Attempting to impress his ideologies on religion, relationships, and the randomness (and worthlessness) of existence, lifelong New York resident Boris Yellnikoff rants to anyone who will listen, including the audience. But when he begrudgingly allows naive Mississippi runaway Melodie St. Ann Celestine to live in his apartment, his reclusive rages give way to an unlikely friendship and Boris begins to mold the impressionable young girl's worldly views to match his own. When it comes to love, "whatever works" is his motto, but his already perplexed life complicates itself further when Melodie's parents eventually track her down.
Борис цар :) ,погледнете
8.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Добро да ме е*ам ја спамирав темава ,само јас гледам филмови последно време ? :)
Munich (2005)

Најверојатно сите имате слушнато за олимписките игри во Минхен 1972 кога 11 израелски спортисти ке бидам убиени од страна на палестински терористи познати како Black September.Филмот почнува со тие сцени но се работи за што се случувало подоцна,односно сторијата на 5 оперативци на Мосад кои единствена цел имаат да ги одмаздат олимпијците,односно да направат атентати на организаторите на терористичкиот напад.
Режисер е Спилберг а во главните улоги се Ерик Бана и Даниел Крег кои толкуваат 2ца оперативци на мосад.И да има и интересна порака филмот за Израелско-палестинската војна.

9/10 (би му дал чиста 10 да не беше спортиот почеток но потоа се вратија работите на место и метафорично не трепнав до крајот :) )
погледетего.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
American beauty
Па...морам да кажам дека малце чудно ми е што на имдб има дури 8,6. Можеби зошто го има "шпанска серија" ефектот во однос на тоа дека се осеќаме relieved што имало полоши животи од нашите, иако сепак се работи за филм, но кој изгледа толку реално. И исто 8,6 зошто го има зборот "american" во насловот. Како и да е, ми се свиѓаше тоа што сите беа психопатски настроени у филмов, по тоа ме потсети на World's greatest dad. Ако сте сеуште незрели, може да ве наведе на уште понезрели акции, као убивање, дрогирање итн. Во спротивно, може да ви наметне некоја храброст да си живеете како сакате и да не се потчинувате на некојси наметнати правила или нечии глупости...зошто никад нема да знаете кога ќе бидете упуцани! Нешто као carpe diem. Kevin Spacey е као "новиот" Forrest Gump, човекот кој од ништо го презема животот во раце и станува нешто, да биде иронијата поголема, гледам дека имаат и иста оценка на имдб. Вреди да се изгледа како што вреди да се биде свесен за себе и својот живот.

Го гледав и Butterfly effect, ама мислам дека еднаш напишав дека премногу добар филм си е тоа. И му давам 9,5.
Само зошто на крај Ештон не и` пријде на типката што ја сака?! :/
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Tekken (2010)

Прегледај го приврзокот 33474

Земјата е поделена на фирми. Во Америката тоа е Теккен која ја има власта во целата држава. Џин, момче од сиромашото предградие заработува извршувајќи незаконити работи. Теккен компанија еднаш годишно огранизира турнир наречен "Железна Тупаница", на кој учествуваат најдобрите борци од цел свет. Мајката на Џин ќе биде убиена по наредба на еден од сопствениците на Теккен, а Џин се пријавува на турнирот барајќи одмазда ...

8/10

0/10
тапа филм, како и сите други направени од видеоигра

Се сложувам со вториот коментар дека е тапа, но заради недостатокот од фантазија, ефекти и очигледно пари, а не поради тоа што е направен според игра. И плус се е измешано, играта Tekken има 6 дела, а тука направиле мешаница што не се знае во кое време се случува, има елементи од сите 6 што не е можно а не се знае ниту зошто натпреварувачите влегле во турнирот(освен Џин), ОК за победа и што дека ќе победи што добива со тоа, додека во играта секој одмаздува некого па затоа е таму.
Како фан на играта сум разочарана, очекував одлични кореографии и примена на ефектите на борците кои сигурно можат ненормално да се изведат со денешната технологија, но...добивме некоја смешна приказна и менување 100 пати камера кога се одвива борба, не знам каков ефект освен болка во главата сакаа да постигнат со тоа.

Ајде ќе дадам 1/10, де не биде 0
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Accepted



Интересна идеја има. Од мене има 5.5. Добро тинејџерско филмче за тепање време.
Се работи за едно дете кое ќе биде одбиено од сите колеџи за кои ќе поднесе барање и тој, за да не ги разочара неговите, ќе си прати писмо дека е примен во некојси факултет. Со помош од другарите, ќе уредат една зграда, поранешна лудница, да заличи на факултет, ќе му платат на еден да глуми декан и ќе направат веб-страна за факултетот за родителиве да видат дека се е реално. И ок, родителиве ќе поверуваат. Проблемот е што уште стотици деца го виделе сајтот и се пријавиле - и биле примени. И сите ќе дојдат на факултетот, носејќи по 10 000 долари партиципација.
Има полнење очи и за машки и за женски - глумат Серена Ван Дер Вудсен од Госип Грл, и Келан Луц од Твајлајт. Проблемот е што филмов е пореален од Star wars. Крајот посебно, у реален живот никогаш нема да се деси. Не го сметам ова за спојлер пошто сите знаеме какви се краевите на тинејџерските филмови.



Sex and the city 2

Ауу немам зборови за филмов. Толку безвезален филм немам одамна гледано. Филм у кој расплетот е кога Кери ќе ја отскрие десната нога. Лошо. Требало милионите кои им биле на располагање, наместо да ги трошат на фустани, да ги потрошат на човек кој ќе состави саглам сценарио. Четвртина од филмот е опис на Абу Даби. Па ако сакав тоа да гледам, ќе гледав од оние емисиине на локалниве телевизии за патеписи. Другата четвртина е опис на хотелот у Абу Даби. Ако сакаат да ни го загорчат животот на нас, обичните смртници, кои не можеме да си дозволиме престој во хотел со седум ѕвездици, тогаш им успеа. Филмов е ок за ако сакаш да видиш што пропушташ.
Единствено добро нешто беа фустаните, стварно беа прекрасни.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Brothers (2009/I)

Пополека и јас станав љубител на драми а оваа е една од ретките снимени во последно време која ми се допаднала а да не е режирана од Иствуд.Главните улоги ги толкуваат Натали Портман,Тоби Мегваер,Џејк Гиленхал и Сем Шепард кои воедно се одлични за улогите кои им се дадени . Дејството на филмот е прилично споро но сепак времето гледајќи го филмот ми измина брзо. Сторијата ,нема да открија многу само накратко- Двајца браќа од кои едниот е Маринец, среќно оженет,има две ќерки(девојчињата кои ги толкуваа улогите се перфектни) и е гордоста на неговиот татко од кого и ја наследил работата . Од другата страна ,помладиот брат е штотуку пуштен од затвор каде лежел поради пљачкање на банка,алкохоличар е ,и е црна "овца" во фамилијата. Но што кога братот маринец ке замине на терен во Авганистан каде ќе биде прогласен за загинат во акција , колку ке се променат животите на ова семејство...

Филмот е полн со емоции,прашањето е дали може да ни се прости за тоа што сме сториле и како ќе живее со стореното.Ќе завршам со :
I don't know who said 'only the dead have seen the end of war'. I have seen the end of war. The question is: can I live again?
9/10 ( Zee German го препорачува :) )
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
What Doesn't Kill You (2008)

Спора крими драма со Марк Руфало и Итан Хок во главните улоги.Сторијата накратко-Двајца другари од детството стануваат криминалци ,рекетари но едниот има фамилија за која треба да се грижи ,а криминалниот и опасниот живот ке го навлече на дрога ....при една кражба тие двајцата ќе завршат во затвор каде е стариот пријател кој ги внесе во криминалниот живот.Дали затворот ќе им ги промене животите или ќе се вратат на стариот занает...?

6.5/10

--- надополнето ---

We Own the Night (2007)



Прво одлична актерска група глуми во филмов :) . Второ почнува со многу жешка сцена :). Трето сторијата-Бруклин,Њу Јорк 1988 ,повторно сторија за двајца браќа и татко ,едниот брат води дискотека а додека другиот заедно со татко му се едни од врвните полицајци во NYPD . Е при една рација на полицијата во клубот кој го води едниот брат(толкуван од Хоаким Феникс) почнуваат да се заплеткуваат работите.

7.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
The Secret in Their Eyes (2009)

По долго време повторно гледав филм од не-англиско говорно подрачје и повторно класа филм .Имав мали проблеми на почетокот да се привикнам на брзото зборување на аргентинциве(со преводот) али после се привикнав :). Сторијата ке ја ископирам од имдб -
A retired legal counselor writes a novel hoping to find closure for one of his past unresolved homicide cases and for his unreciprocated love with his superior - both of which still haunt him decades later.
Се на се одличен филм,сосема заслужен оскар и незалудно потрошени 2 часа гледајќи го.

8.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom