Последен гледан филм со кратка рецензија

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
White Ribbon (2009)
http://www.imdb.com/title/tt1149362/

poster.jpg

Незнам ни сам зошто ми требаше олку долго време за да се наканам да го изгледам филмов... ама сега кога конечно го гледав, морам да признаам дека сум одушевен.
Се работи за ремек дело на феноменалниот режисер Мајкл Ханеке.
Мистериозна драма за германско село пред самиот почеток на првата светска војна, каде серија на необјаснети, злонамерни појави ја нарушува хармонијата и мирот во кој живее локалното население...

Филмот отвара многу длабоки и суштински теми. филмот портретира како екстремизмот и колективното зло никнуваат во нормалниот живот, еден филмуван есеј за вината и за обвинителите, една морбидна репортажа за кревкоста на добродушноста и за конфронтацијата на младоста со староста... филмот жонглира со овие прашања, но истовремено ни остава простор и ние самите да промислиме и да полемизираме со него. Филмот покажува и колку сурова, бескрупулозна и понекогаш и неверојатна може да биде реалноста... повчудоневидувачка од било каква садистичка фикција!
Иако примарно се базира на германските состојби на почетокот на минатиот век, во филмот може да се препознаат и многу денешни општества... метафорично го објаснува и денешниот живот во руралните средини, па ако сакате и во микро-средината на светските метрополи.
Во филмот преовладува извонредно морничава атмосфера, на границата помеѓу хорор и драма жанровите. Сниман е во црно бела техника која уште повеќе го истакнува основниот мотив на филмот... доброто и злото/младоста и староста... Мајкл Ханеке неверојатно не движи по приказната, не давајќи ни ни момент да земеме воздух. Квалитетот на кинематографијата е вистинско совршенство, и овој филм покрај својата едукативна, провокативна, комуникативна и дескриптивна улога претставува и навистина ретко уметничко визуелно дело...
Филмот (нормално) е на германски јазик.

Филмот освои златна палма на Канскиот филмски фестивал минатата година, како и Европска филмска награда за најдобар филм, режисер и сценарио.
Номиниран беше за 2 оскара: Најдобар странски филм и најдобра Кинематографија.

Вистинско ремек дело, кое според мое мислење не само што е подобар од ланскиот оскаровец за странски филм (El secreto de sus ojos-кој патем исто така е брилијантен филм), туку подобар и од сите 10 филмови кои беа номинирани за најдобар филм!

Силно го препорачувам на сите љубители на “прав“ филм, кои сигурен сум дека ќе бидат одушевени како и јас!
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Пред некоја вечер го гледав Exam и прилично просечен филм но битно е што не ме разочара но не е ни филм од кој може да очекуваш премногу ...да тупам со рецензија има веќе 2 или 3 на последниве страни...

Еве што гледав вечерва -

Doghouse (2009)

Британска хорор-комедија која многу подсеќа на "Shaun of the dead" не само поради акцентот туку и според сторијата,на кратко : Група другари одат во "забацано" село со намера да му го олеснат тешкиот период по разводот на еден од другарите...И како клише во повеќе филмови ке откријат дека нешто не е во ред со селото во кое...да не навлегувам со спојлери... Филмчево нема некоја тешка тематика а и хуморот не е некој тежок за разбирање па како што напишал некој на имдб со кого потполно се слагам- the perfect film for a night out or night in with a few beers...Е сега само што јас го гледав филмов без друштво и без пиво па така да не ми остави некој впечаток .

Гледајќи дека е сеуште рано за спиење (бар за мене ) решив да го гледам и
The Salton Sea (2002)


Кој нема никаква допирна точка со погорниов филм...За да не го расипам филингот нема да откријам многу -Се работи за драма,мистерија во кое едно лице кое има два идентите (кои ги налага на самиот почеток) трубач (не од оние во лимени оркестар :) ) и наркиќ(зависник од спид) кој работи за полицијата како подкажувач. Заплетот е кога ке се дознае поврзаноста помеѓу неговите два идентитета и која е нивната поента...
(штета што го сум го имал фатено крајот на хр2 пред долго време ,али сепак вреди да се погледне)
8/10
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Последни два,

Transsiberian (2008)

Добар трилер, нешто над просек. Скоро цело време дејството се случува во воз. Тензичност владее во поголемиот дел од филмов, така да мене не ми беше досаден во ниеден момент. Бен Кингсли во улога на русин, хах. :)
Имат изненадни моменти ја кренаа мојата оценка за филмов. Ако сакате трилер-акција без премногу заплети, гледајте го. 7/10.


Harsh Times (2005)

Кристијан Бејл мајсторе. Досега да не се заречам не ме имат разочарано во некој филм. Драмиште и пол. Некако премногу ме потсеќаше на Training Day.
Имено раскажува за двајца "дебили"(не ко Глуп и поглуп) во потрага по работа, нивните пороци, психолошки состојби, брачни обврски итн...
Јако, јако... 8ка од мене.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011


Trainspotting (1996)

Го иам гледано многу пати филмов - но нема шанси 2-3 пати во месецот да не го пуштам или некоја сцена да разгледам пак.

Перфектен филм на невообичаен начин =) , број 1 во категoријата филмови за дрогата , повеќе ми се допаѓа и од Реквием , Зошто?

Затоа што сите drug-related филмчиња што се за почит , обично се тешки драми кој ја покажуваат лошата страна на дрогата и повеќето мислат дека така треба да биде .. ајт затоа е тука Дени Бојл да ја долови вистината и да направи филм кој е нерверојатен склоп на драма и одличен хумор со кој ќе ви биде ем забавно да го гледате филмот ем сами да си донесете заклучок за ликовите во филмот кој каков е.
Има премногу за размислување и сигурно кој не го гледал ќе го свати пеколот на дрогата во филмот од неколку поинакви агли.како гледааат на тоа актерите и самата публика.Музиката ми е битна во филмовите а овде е самиот ВРВ.Посебно кој е по електронската има добри парчиња.
За глумата нема ниту еден лош збор , сите карактери се веродостојни - многу реално.

Нема сличен филм на овој , па затоа е уникатно доживување.

ИМДБ = 8.2/10

Јас = 9.5/10
тие 0.5 одзеени одат за неколкуте грозни сцени - што не секој сака да ги види во филм.



Choose life ..chose this movie
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Конечно го изгледав последниот дел од трилогијата Милениум, снимен според истоимената "Милениум трилогија".
Првиот The Girl with the Dragon Tattoo
Вториот The Girl Who Played with Fire
Третиот дел The Girl Who Kicked the Hornet's Nest
Се работи за класичен трилер во кој главната улога им е доделена на една млада хакерка Лизбет Саландер и на еден средновечен новинар Микаел Блумквист. Заплетот во првиот дел ме натера да ги изгледам сите три, иако за мој вкус траат малку подолго, по околу 2 часа и 20 минути...сепак главните ликови (покрај приказната) се доста интересни, посебно Лизбет, нејзините вештини, карактер и односот со другите ликови.


Shelter
ми се виде интересен, мистериозен...малку ми сметаше хорор елементот али се вклопи некако. Највише го изгледав ради Џулиен Мур (во главна улога-психијатар). Приказната започнува со рутинско психијатриско испитување на младо момче со multiple personality проблем, а завршува со...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Конечно го изгледав последниот дел од трилогијата Милениум, снимен според истоимената "Милениум трилогија".
Првиот The Girl with the Dragon Tattoo
Вториот The Girl Who Played with Fire
Третиот дел The Girl Who Kicked the Hornet's Nest
Се работи за класичен трилер во кој главната улога им е доделена на една млада хакерка Лизбет Саландер и на еден средновечен новинар Микаел Блумквист. Заплетот во првиот дел ме натера да ги изгледам сите три, иако за мој вкус траат малку подолго, по околу 2 часа и 20 минути...сепак главните ликови (покрај приказната) се доста интересни, посебно Лизбет, нејзините вештини, карактер и односот со другите ликови.


:eek:ftopic:

Ееее видиш не сум знаел дека се работи за трилогија, фала многу за постот. Го имам гледано првиот и е одличен, инаку шведска трилер мистерија која ќе доживее изгледа и холивудски римејк.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
The Love Guru

Светски познатиот Love Guru - Морис Питка (М.Маерс) е ангажиран од страна на Џејн Булард (Џ.Алба:back:) - Шефицата на НХЛ тимот Торонто Лифс која е на лош глас меѓу навивачите поради неуспешноста на клубот. Таа го повикува Питка, се со цел тој да му ја врати саканата на нивниот најдобар играч Дарен Роаноук, со што би му се вратила и играчката форма и би го освоиле Стенли Купот ..

Оценка 5.2 од мене. Весело филмче со опуштена и блесава содржина. Вреди Џесика .. :vozbud:

Маришка Харгитеј !! :pos2:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
After . Life

Ана (Кристина Ричи). Девојка која работи како учителка во ОУ и со себе ги носи сите (вообичаени) проблеми на една млада индивидуа. По една расправија со нејзиниот дечко, Ана на патот кон дома доживува сообраќајна несреќа, and she dies ... Or not !? - Hmmm too close to call ..

Фрик и загонетен филм кој ве тера да размислувате и со самите сцени често ќе ве предомислува и расколебува. Дали да го прифатите рационалното или ОНА другото решение .. Нешто што ќе ве држи речиси до крајот. Она што ме фасцинираше во филмов е тоа што многу добро и прецизно е опфатена надмоќта на еден ум врз друг т.е. перењето на мозокот кое се темели на ВРВОТ на иронијата која што може да го достигне живиот човек, што од наша призма гледано е ужасно жално. Добра 8ца.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
The last castle



Добар е филмов, али не е The Shawshank Redemption. Вториов го гледав првпат неодамна и сега не можам а да не ги споредам и можеби тоа е причината што не сум под импресии од Последниот замок.
Во Последниот замок има добри глумци, Роберт Редфорд, Џејмс Гандолфини ака Тони Сопрано и Марк Рафало. Роберт Редфорд има некој многу висок чин во војската али оди в затвор. Али управникот на затворот има лош начин на водење, има свои комплекси и почнува да се нервира зошто затворенициве толку го почитуваат Редфорд.
Што знам, акционо филмче, без некој пресврт. Добар е, али повторувам, ништо wow.


Insomnia



Филмов фален, фален, на имдб има оценка 7.2 а мене ми беше сосема просечен. Има феноменална актерска екипа - Ал Пачино, Робин Вилијамс (чудно беше да го гледам како злобник) и за мене многу антипатичната Хилари Свонк. Дејството е за еден полицаец кој ќе мора да соработува со убиецот. Што знам, добра замисла али некако не ми се бендиса. Му фали напнатост, на моменти беше досаден. Почетокот беше супер, првиот половина час. После некако се утна работата


Jacob's ladder



И уште еден филм кој на фанатиците им е брилијантен а мене воопшто не. Очекувам црвенко за постов :(
Како прво, неквалитетно ми изгледаше сликата. Не е тоа до фајлот кој сум го симнала туку до самиот филм, ваљда камерата не ме бендиса. Второ, цело време си мислев дека филмов ми личи на други кои веќе ги имам гледано и ми оставиле подобар впечаток. Трето, го сакам Тим Робинс. Четврто, филмов на моменти има грозотии.
Јас го гледав со дечко ми и на него му беше досаден, а пред тоа цело време го убедував дека е у топ филмови на сите времиња. И последните 10 минути, тој ми рече дека ако не се случи нешто WOOWW на крај, тогаш ... И ништо WOW не се случи. Не би го гледала пак филмов.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Moon
Очекував нешто со истражувањаама испадна...планетата земја е загадена, нема доволно ел.енергија па во блиска иднина се досетиле да го експлоатираат хелиумот од сонцето кој е заробен во карпите на Месечината. За таа цел поставена е база на земјиниот сателит, а во неа едно лице како екипаж, работник, човек кој се грижи за 17-18% од енергијата на земјата. Ако продолжам со раскажување, ќе ви ја кажампоентата на филмот. Затоа ќе прекинам овде, се насе налик на краток роман од Асимов, ова е приказ за човековата потрага по иновации и подобрувања на својот живот, а на сметка на природниот тек на нештата...и душите.
Следни на ред A pure formality, Tekken и Black death.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Daybreakers (2009)

Го гледав пред неколку дена филмов ама сум заборавил да го рецензирам. Ништо револуционерно нема во него иако глумат врвни актери како Дефо,Нил и Хок .Ефектите добри ,добра замисла но сепак не толку добра реализација на сценариото,се на се просечен филм. Се работи за блиската иднина кога луѓето се веќе претворени во вампири а единствена храна им е крвта од преостанатите живи луѓе .Но се помалце има крв од луѓето и вампирите прераснуваат во нов стадиум...Едвард Далтон работи во фирма која се занимава со снабдување со крв , но неговиот живот ке се промени по собраќајката со група луѓе на кои ке им им помогне да се скријат од полицијата ...
6/10

Repo Men (2010)


И овај филм има многу сличности со погорниот ,односно добри глумци(Jude Law,Whitaker, Schreiber) а лоша реализација од помалце познат режисер.Во блиска иднина слично како што банката ке ти ја одземе куќата или колата ,човечки органи можат да се купуваат на кредит ...но што кога не ќе можете да го отплатите кредитот...

6/10 (ради едната ванаби матрикс сцена :) )

Dogma (1999)

Научно фантастична комедија режирано од кога ако не од Кевин Смит :) . Сторијата ке ја ископирам од имдб
-An abortion clinic worker with a special heritage is called upon to save the existence of humanity from being negated by two renegade angels trying to exploit a loophole and re-enter Heaven.
За разлика од Клеркс има многу по познати актери но не е тоа тоа иако ги има Џеј и Сајлент Боб ,сепак нешто фали па затоа не ме насмеа како клеркс...

6.5/10
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Да бе..и ја кога ми го кажаа си викам воа чудо некое од филм.Ама без врска
Напротив @pepeto, мислам дека темата на филмот е доста добра, а притоа глуми и Сем Роквел, кој ќе го најдеш во доста добри филмови. Иако на имдб вели дека е нискобуџетен, мене ми се допадна...но секој има свој вкус за одредени работи па така и за филмовите :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Office space

Се работи за еден страшно иритирачки тип кој не сака да иде на работа. Идиот. И ќе направи план со колегите да му вратат на шефот за се што тој им прави на нив. Прилично досаден филм, без поука. Уствари има поука - направете вирус, ограбете 300 000 долари и не се секирајте, ќе имате среќа да не ве фатат. 2/10, ептен колку да не биде 1. Појма немам зошто филмов има 7.9 на имдб. Нека ме просветли некој.

Цитатов од сликава не е направен за потребите на сликата, туку е навистина цитат на ликот.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Напротив @pepeto, мислам дека темата на филмот е доста добра, а притоа глуми и Сем Роквел, кој ќе го најдеш во доста добри филмови. Иако на имдб вели дека е нискобуџетен, мене ми се допадна...но секој има свој вкус за одредени работи па така и за филмовите :)
Тука морам да се извинам на избрзаниот одговор.До вкусови е точно.Мене не ми беше посебно интересен вајда зошто имав преголеми очекувања од филмот.Така ми делуваше трејлерот,а веруј-од кога изгледувам филм,тогаш гледам на имдб :smir:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Brokeback mountain
Конечно! Со месеци ми стои симнат и никако да се решам да ги гледам педерчињава :) Заслужени оскари, заслужена висока оценка на имдб, фантастична улога (јес да на моменти гадно :)), приказна сосема реална какви што има и после 50 години случаи. Колку само има вакви прикриени врски.

S.W.A.T.
Перфектен. Втор пат го гледам, али сега целосно. Одличен филм и треба повисочка оценка да има.

Remember me
Бљак. Очекував многу не добив ништо од филмов. Целта на филмов? Секој може да умре ненадејно и ајде да се сеќаваме на него. Глупости се нанервирав за филмов,
мразам кога ќе умре главниот лик
. Безвезе, не трошете 2 саати на глуп филм со Патинсон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom