Nonteizam
Полихистор
- Член од
- 13 декември 2008
- Мислења
- 1.129
- Поени од реакции
- 790
White Ribbon (2009)
http://www.imdb.com/title/tt1149362/
Незнам ни сам зошто ми требаше олку долго време за да се наканам да го изгледам филмов... ама сега кога конечно го гледав, морам да признаам дека сум одушевен.
Се работи за ремек дело на феноменалниот режисер Мајкл Ханеке.
Мистериозна драма за германско село пред самиот почеток на првата светска војна, каде серија на необјаснети, злонамерни појави ја нарушува хармонијата и мирот во кој живее локалното население...
Филмот отвара многу длабоки и суштински теми. филмот портретира како екстремизмот и колективното зло никнуваат во нормалниот живот, еден филмуван есеј за вината и за обвинителите, една морбидна репортажа за кревкоста на добродушноста и за конфронтацијата на младоста со староста... филмот жонглира со овие прашања, но истовремено ни остава простор и ние самите да промислиме и да полемизираме со него. Филмот покажува и колку сурова, бескрупулозна и понекогаш и неверојатна може да биде реалноста... повчудоневидувачка од било каква садистичка фикција!
Иако примарно се базира на германските состојби на почетокот на минатиот век, во филмот може да се препознаат и многу денешни општества... метафорично го објаснува и денешниот живот во руралните средини, па ако сакате и во микро-средината на светските метрополи.
Во филмот преовладува извонредно морничава атмосфера, на границата помеѓу хорор и драма жанровите. Сниман е во црно бела техника која уште повеќе го истакнува основниот мотив на филмот... доброто и злото/младоста и староста... Мајкл Ханеке неверојатно не движи по приказната, не давајќи ни ни момент да земеме воздух. Квалитетот на кинематографијата е вистинско совршенство, и овој филм покрај својата едукативна, провокативна, комуникативна и дескриптивна улога претставува и навистина ретко уметничко визуелно дело...
Филмот (нормално) е на германски јазик.
Филмот освои златна палма на Канскиот филмски фестивал минатата година, како и Европска филмска награда за најдобар филм, режисер и сценарио.
Номиниран беше за 2 оскара: Најдобар странски филм и најдобра Кинематографија.
Вистинско ремек дело, кое според мое мислење не само што е подобар од ланскиот оскаровец за странски филм (El secreto de sus ojos-кој патем исто така е брилијантен филм), туку подобар и од сите 10 филмови кои беа номинирани за најдобар филм!
Силно го препорачувам на сите љубители на “прав“ филм, кои сигурен сум дека ќе бидат одушевени како и јас!