Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Sleuth (2007)

Два паметни Британци играат игра на измама и проневера.



Andrew Wyke е богат писател кој живее во голема куќа која е уредена со high-tech технологија.
Milo Tindle е млад, згоден актер кој е во врска со жена му на Andrew- Maggie.
Andrew го поканува Milo да го посети во неговата куќа и започнува играта...

Во филмов глума двајца актери. И целото дејство е во куќата на Andrew.
Првите десет минути можи да ви бида малку досадни, но понатаму станува поинтересно...
Воглавно филмов според мене е игра на надмудрување помеѓу двајца интелегентни луѓе.
Има доста добри дијалози.
Imdb: 6.3 / 10
Јас : 7.3 / 10
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Striking Distance

Во Питсбург има сериски убиец кој убива жени и ги фрла во реките. Том Харди (Брус Вилис) e полицаец и заедно со неговиот татко го бркаат убиецот. За време на бркањето неговиот татко ќе биде убиен. Убиецот е фатен, но Том знае дека тој не е вистинскиот и се сомнева дека татко му го убил некој полицаец. После 2 години убиствата сеуште ги има, а Том се повеќе открива за убиецот...

Одличен филм, кој не го гледал обавезно да го гледа.
 
I

Intex

Гостин
The fouth kind (2009)



Доста добар трилер/хорор кој те држи во напната и неизвесна ситуација цело време. Накратко, вонземјани киднапираат луѓе во Алјаска. Се гребнуваат религиски теми, богови вонземјани.
Нормално, најјезивиот дел се снимките кои се претставни демек се оригинални, оти нели по „вистинска“ приказна е правен.
ОТценка: 8/10
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Го чекав уште од есента лани и конечно излезе торент да го гледам...



Знаев дека ќе биде прекрасен филм што вреди да се види.
Ама човек да се замисли бе. Најголемите човечки глупости во светов дефинитивно се направени „во име господово“. Колку бесмислици се испоправени, зла... и се од поединци жедни за моќ и власт, толкувајќи „зборовите божји“ на кого како му одговара, за свои себични цели. Се прашувам колку такви подли суштества се прогласени за светци?
Полесен начин за стварање фанатизам- амин. Овци колку сакаш.
Како можело низ векови ради тој фантизам да живее такво дивјаштво, да се уриваат такви ремек дела и да се унишува такви богатства од знаења.
Го прескокнав делот со
палењето на делата во библиотеката и мене ме здоболе
.
А колку само такви нешта се запалени низ вековите ин д нејм оф гад.:tapp:
Кулуминација се достигнало во среден век изгледа. Којзнае кај ќе сме биле да не постоел. Страшно.
иако филмов го имам повеќе од две недели,дури денеска го гледав:pipi:
немам некој посебен коментар освен од горе-наведеното поготово за болидраните зборови-во денешно време неколку луѓе може да манипулираат со "Образована" маса,а не па во тогашно време со прост народ да не манипулираш:tapp:
само ќе додам дека:
филмот е снимен според вистинска личност!Навистина растажуваат некои делови од филмот односно "проповедањата" во "име на БОГА"-"така бог сакал":tapp:.Секоја чест за храброста на самата жена во тоа време(гуглав низ нет малку за неа:pipi:).
Кратко и јасно кажано-христијанството(а богами и другите религии) може да го толкуваат и проповедаат на илјада начини(НИКОГАШ ВИСТИНСКИОТ),но сепак САМО "толкувањето" НА поитриот,желниот за власт и моќ по се изгледа ја диктира религијата:kesa:
како и да е вреди филмот да се гледа
8,5/10 подари тоа што некои сцени и глумења на споредните актери не се толку возбудливи, убедливи, интересни, неизвесни,охрабрувачки (мое мислење се разбира):smir:


Многу ме импресионира овој Турски филм.Се работи за турски војници(питомци) пратени да ја чуваат и обезбедуваат границата во југоисточна Турција.Сместени во една караула на една планина се соочуваат со предизвиците од Курдските бунтовници!Крајот е феноменален:vozbud:,каков Рамбо,какви холивудски воени сцени:)
последната песна од филмов е многу интересна
9/10
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
The Shining 1980

Одличен хорор, трилер.Не верувам дека некој го нема гледано од поголемите филмомани на форумов.Режиран од познатиот Стенли Кубрик режисер исто така на A Clockwork Orange и Eyes Wide Shut.Режиран е според новелата на Стивен Кинг.Главен лик е Џек Николсон.
Има и добар саундрак, језив, морничав.

Е сега нешто за приказната.Џек Николсон, во филмот исто така Џек, е писател.Тој прифаќа работа како чувар во еден хотел за време на зимата.Таму оди со неговото семејство.Хотелот е празен па тој сака да најде мир и тишина што би му помогнало во неговото творештво.

Доста работи ми се нејасни уште, ама ќе пробам да најдам објаснување за нив, нежалам што поминав 2 и пол саати пред компјутер.

Оцена 9/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
T

Tetro

Гостин
The fouth kind (2009)



Доста добар трилер/хорор кој те држи во напната и неизвесна ситуација цело време. Накратко, вонземјани киднапираат луѓе во Алјаска. Се гребнуваат религиски теми, богови вонземјани.
Нормално, најјезивиот дел се снимките кои се претставни демек се оригинални, оти нели по „вистинска“ приказна е правен.
ОТценка: 8/10
Го догледав пред пола саат. не ми се допадна баш којзнае колку. Сепак, добар избор према сценариото и затоа
6,5/10
 

Кантона ис Бек

Mиљонерче
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.385
Поени од реакции
905
Го догледав пред пола саат. не ми се допадна баш којзнае колку. Сепак, добар избор према сценариото и затоа
6,5/10
И јас го гледав денес филмот и според мене беше премногу добро направен, одамна немам изгледано филм во еден здив како овој!
Од мене 9,5/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.342
Поени од реакции
57.956
Ransom (1996)

Еве едно постаро трилерче, го начекав на ТВ пред некој ден па сега го земав да го изгледам на раат. Се работи за група киднапери кои киднапираат дете и како што кажува насловот на филмот, бараат откуп. И се би било во ред, арно ама човекот од кого бараат откуп е Мел Гибсон. Они да бараат откуп од Мел Гибсон... Ху д фак мислат дека се бе! :)

Добро филмче, 7/10.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.670
Event Horizon (1997)

Склоп од Pandorum и Shining би рекол! Филмчето го забележав помеѓу некоја дискусија овде на форумот и еве за време на оваа прекрасна вечер му дадов шанса. Интересно беше опишан, па несакав да гледам трејлери или читам, но гледан ми е кога бев копиљ. Сепак убаво потсетување. Приказната е кога после 7 години фаќаат сигнал од загубениот брод кој е бил експериментален да пенетрира длабоко во универзумот и испраќаат сппасувачка екипа по него. Дејствието се одвива во блиската иднина 2047. Толку за да не откријам некој спојлер. 8 од мене.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157


Не толку типична романтична комедија.Девојката и дечкото се двајца сосема различни луѓе кои чудните околности и лудоста на девојката постојано ги спојува.Во секој вреди да се изгледа до крај-крајот го краси делото.
7/10:smir:
 
Н

'Никола'

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt0112602/
Bushwhacked

Се потсетив на детството.:) Филм за опуштање, дефинитивно. Комедија, филмот едноставно си има свои моменти. Во главна улога Daniel Stern. Тој го глуми Макс Грабелски кој што е доставувач на пакети и е тотален губитник (на почетокот). Го местат за убиство, и во обид да избега од полицијата, се сплеткуваат многу работи и братов завршува како Scout leader на група деца кои што треба да поминат една ноќ во планина. Тука почнуваат авантурите. Погледнете го ако го немате гледано досега.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: CIL
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Џон Траволта крше кичми

From Paris With Love (2010)

ја ви линк



Од каде да почнам. Издржав да го гледам филмов едно пола саат.

Значи оди вака : Џон Траволта е еден многу заебан тип (шо не ебе жива сила). Ке го стават да биде партнер со едно така мирно типче по природа (али шпијун) и тие заедно ке одат да се тепат со мафијата. И ондах го имаш Џон Траволта, заебан како никогаш до сега - како му ги крше кичмите на сите до еден (сам).

Во една сцена у рок на 30 секунди му ја скрши кичмата на едно десетина апаши. А у првата сцена у еден ресторан ги испотепа сите до еден у ресторанот (сам) а келнерот го остави да живее за да иде да му каже на тиа еден од лошите таму од мафијата дека доаѓа и дека ке му ја скрше и него кичмата.

И после го следеа тиа келнерот а ете гледаш тиа келнерот се погоди па еден глуп, дирекно кај главниот отиди, па овие го пратеа, и отидоа у зградата на главниот. И таму Џон Траволта зема пак да му ги крше кичмите на се шо че му претрче пред очи, а неговиот партнер зачудено гледаше.

И така јас до тука некаде издржав да го гледам овој филм, по што следуваше експресно гасење и бришење на истиот. Ако некој може има мерак да го гледа Џон Траволта како му ги крше кичмите на Јапонците (у сред Париз) нека го гледа.

Поздрав.


И да не напишев рецензија за филмов, со погорниов клип се е кажано.

Од мене 0/10 и препорака за негледање.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.670
The Final (2010)



Tagline: Consequences. None of us are free from them.

Plot: A group of high school outcasts get revenge on the students that torment them.

Средношколци кои се константно мачени од соучениците решаваат да се одмаздат организирајки костум-забава каде ќе ги издрогират и.. Доста интересна идеа само забелешката ми е дека цел филм го имаше тој аматерски вкус. Моменти на нереалност, но имаше и моменти толку реални што влакната на вратот ќе ви се дигнат. Значи поседува процент морбидност слична на saw. Просечна глума. Просечен филм и во целина. Очекуваме повеќе од 2010. 6-ипол од мене. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.342
Поени од реакции
57.956
Nine Dead (2010)

9 луѓе се киднапирани од непознат човек, кој ги затвора во една соба и од нив бара да откријат зошто се тука. Во меѓувреме, на секои 10 минути ќе убива по еден од нив, се додека не откријат зошто се киднапирани и затворени.


Прилично напнат трилер кој можеше да биде подобар ако глумата на некои од актерите беше подобра. Се работи сепак за филм кој карактерите треба да го издигнат, а овој филм немаше доволен број на такви. Кога во собата би биле затворени да речеме Kevin Spacey, Edward Norton, Clint Eastwood , Cuba Gooding Jr.,
Paul Giamatti и уште неколку такви фрикови, би го претвориле филмот во мастерпис.

Сепак, не е лош филм за гледање, ве држи заинтересирани, приказната се открива малку по малку... се на се не е така лошо.

7/10
 

The_DaRKeR

~Мрчатор~
Член од
26 јули 2008
Мислења
110
Поени од реакции
8
http://www.imdb.com/title/tt1130884/

Shutter Island

Леонардо Дикаприо совршено го толкува главниот лик Теди Даниелс кој оди на островот кој е прилагоден во лудница за да истражи бегство на опасна пациентка...
Откако силни бури ке го зафатат островот, почнуваа да се случуваат чудни нешта , Теди почнува да се сомнева во сите вработени во лудницата, во управителот , во својот партнер , дека сите се дел од заговор и дека на островот се случуваат незаконски експерименти...

Фантастичен филм 10/10 , најдобар филм во последниов период
 

Kajgana Shop

На врв Bottom