Последен гледан филм со кратка рецензија

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Еве ја новата тема на која ќе можете да напишете кој филм сте го гледале последно, како и едно ваше мало образложение за истиот. Ако е добар и го препорачувате на останатите - кажете зошто, а и ако е лош и не вреди да се губи време на него според вас - пак кажете зошто. Сликите кои ги ставаме, може да послужат за да не се мачиме да ги пишуваме и главните актери, а сепак да се наведени.
Се надевам ќе бидете покреативни, за да имаме сите едно катче од кое ќе може секогаш да извлечеме нешто добро, за досадните вечерни часови.

ЕДИТИРАНО ОД МОДЕРАТОР

Ова НЕ Е spoiler free тема. Внимававајте кога пишувате рецензии, не откривајте ништо за приказната и ставете во spoiler сѐ што може некому да го расипе впечатокот.

Да почнам јас ... вчера го гледав The Fifth Element или Петтиот елемент. Иако постар филм, мислам дека секогаш ќе биде интересен за гледање, затоа што е добра научна фантастика, со добро смислена тема, со добра постава од глумци и со прекрасна музика. Ако има некој кој сеуште не го гледал, го препорачувам. Моја оцена 10/10.
Се надевам дека еден ден некој ќе се реши да направи римејк на овој филм, кој ако го фатат добри раце би бил уште посовршен.

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ghost Rider (2007)
Кога излезе филмов првиот пат го гледав на кино снимка и некои сцени не ни се познаваа. Имав можност вчера да го гледам повторно ама на двд снимка. Од почеток како е засилен филмов, човек да помисли дека ќе ги надмине сите очекувања. По 20 минути од филмов се доаѓа до заклучок дека е дежа ву. Незнам зошто трошеле време да направат ваков филм. Не е којзнае колку лош, но ова мислам дека е најлошата улога на Николас Кејџ.
Добро, немаат веќе идеја и ајде ќе правиме филм според стрип. Имаше успешни блокбастери направени според стрип. Но овој е некако промашување. Незнам дали е до мене ама нема некакво возбудување иако е сместен во жанр трилер. Го гледам и го гледам филмов и си велам - дај, кога ќе почне она вистинското?
Не очекувајте премногу од филмов, Кејџ е класа глумец, но оваа улога не му е некако адекватна. Сепак, ако сакате само да не ви помине времето залудно, а ви е при рака - гледајте го.
5.5/10
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.712
Поени од реакции
22.675
The.Librarian.Curse.of.Judas.Chalice.2008.




Филмот е сличен како Индијана Џонс.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
The.Librarian.Curse.of.Judas.Chalice.2008.



Филмот е сличен како Индијана Џонс.
Насловот на темата е да дадиш кратка рецензија, инаку јас вечерва ќе оставам, ќе го гледам Нотинг Хил на Нова :pipi:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Zeitgeis Addendum.Документарен филм за нашето денешно опшество,иако со некои работи во овај филм не се сложувам,сепак останав скаменет колку некои работи се вистинити.Пример зборовите инфлација и девалвација потполно ми станаа јасни гледајќи го овој филм.Се објаснува потеклото на некои човечки несреќи,како на пример гладтта и сиромаштијата во третиот свет и политиките на големите корпорации,се на се вреди да се гледа.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Сега пред малце заврши ''Серендипити'' (на Сител мислам дека беше) и по трет пат го гледам. Едноставно воодушевен сум од филмот и не можам да му се наситам ...

Станува збор за романтична драма. Две симпатични лица, ќе се сретнат само еднаш во животот и ќе поминат заедно само една вечер. Но пред себе поставуваат речиси невозможна цел, дали еден ден судбината пак ќе ги спои, и ако тоа се случи тоа е знак дека тие се створени еден за друг. Настанува вистинска збрка по 7 години, кога и двајцата се пред венчавки со други партнери и се впуштаат во потрага на еден за друг.

Главните улоги ги толкуваат : Џон Кузак и Кејт Бекинсејл

Ова навистина не се испушта, и доколку имате можност гледајте го !!!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
No country for old men

Филм со одлична глума и оригинална идеја... браќава Коен се добри кога ги прават приказниве :)
Интересен филм пред се но не го препорачувам на тие кои сакаат хепиенд приказни и херои... незнам можеби е субјективно но како што почна филмов од него очекував многу... вака можам само 8/10 и тоа поради одличната глума.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432

A Hard Day's Night (1964)



Па... потребни ви се само две работи за да го засакате филмов засекогаш:

1. Да сте Beatles - фан
2. Да сакате Британски хумор.


А и без тие две имате добри шанси да ви се допадне.

Филмот е она што го нарекуваат безвременска класика. За секој фан на Бубачките претставува вистинско богатство. Џон, Пол, Џорџ и Ринго во улога на самите себеси, во времето на најголемата слава. Филм во кој не се трудат да бидат актери, туку да бидат што поприродни и да се забавуваат. Филм кој го доловува начинот на живот и искреноста на една генерација. И целата онаа хистерија позната како Beatlemania.

Нема потреба веројатно да кажам дека оваа комедија/мјузикл има фантастичен саундтрак. Некои од најголемите хитови како A Hard Day's Night, She Loves You, From Me to You, And i love Her...

Никогаш повеќе нема да има бенд како The Beatles.

10/10
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Gran Torino

Немам зборови... прекрасна драма која мора да се гледа едноставно а MUST SEE филм, еден од оние ретко убаво склопени филмови со приказна, содржина и глума, чиста 10ка за филмов оценката нека ви биде рецензија за гледање на истиот.

 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
He Got Game. Прекрасна драма која ја гледам веќе незнам кој пат, бидејќи е полна со чувства кои се добро доловени. Посебно ме трогнува улогата на синот кошаркар, кој иако е предобар играч не паѓа на пари и е тоа што само малку време во детството го научиле да е родителите. А да, и моментот дека љубовта во семејството секогаш е најсилна и секогаш победува, со мал напор од сечија страна.:pipi:
Има среќен крај и не е некоја посебна, нова или неочекувана приказна, ама мене ептен ми се свиѓа и го препорачувам за кулирање. 9/10 само затоа што го предвидов крајот првиот пат кога го гледав. Тоа не го сакам кај филмовите ... обожавам од илјада претпоставки, илјада и првата да испадне.:pipi:

На сликава ја нема, ама и Мила Јовович има кратка улога во овој филм. :helou:
 

ivana87

magic is everywhere
Член од
7 јуни 2007
Мислења
1.613
Поени од реакции
220
"The War of the Worlds"/Војна на световите :vozbud:Супер е :tv: Во центарот на случувањата е Ray Ferrier, просечен човек кој живее и работи во New Jersey. Отуѓен од своето семејство, со голем број сопствени теми за размислување и проблеми за решавање, едвај ги поврзува конците во својот живот, се додека не се случи нешто неочекувано. Атмосферата во малото градче е нарушена од брутална инвазија од деструктивни странци – вонземјани кои имаат една единствена цел, да ја уништат планетата земја. Ray сфаќа дека сега нема веќе време да размислува само на себе и дава се од себе за да ги спаси своите деца.:pipi:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
American Beauty

Прекрасна драма за која и покрај тоа што во името на темава стои дека треба да има и рецензија истата, следува сама по себе со името на филмот и тоа што за истиов има и цела тема. Оценка 10

 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
2001 : a space odyssey



филмов представува татко на сите научно фантастични , еволиција - револуција и крахот на ерата на човештвото ....

стенли со овој филм на сите ни има дадено до знење дека ако не се опаметеме трошка тое ќе биде можеби најблагата форма :)

знаците што ги има исползувано се на доста голем стил ( а направен е 1968 )

феноменален склоп на музика од гјорги лигети и штраус и одлични за времето визуелни ефекти !

видливи се моите симпатии спрема овој велик творец , ама вреди да се оддвојат за чудово од филм два часа !

уживајте !
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510

Mirrors



Не е мој тип на хорор, па затоа не излезе според очекувањата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom