Читајќи ги Вашите мислења на темава, се испровоцирав да го раскажам моето искуство, иако цело време се обидувам само да го заборавам. Се породив пред 3 месеци во државна болница во Скопје и искрено кажано на најголемиот непријател не му посакувам такво нешто да доживее. Имав прекрасна и уредно водена бременост, бев пресреќна и полна со енергија кога ми прсна водењакот и кога почнаа болките. Отидов во Државна во 3 часот наутро и ме задржаа на одделот патолошка бременост, затоа што според нив требаше да помине подолго време додека не започнат вистинските болки и процесот на отварање. Се си прифатив ок, цел нареден ден најнормално ги поднесував болките и иако само 2 пати до вечерта ме прашаа како сум и само еднаш ме ставија на ЦТГ си мислев дека најверојатно нема потреба и дека луѓево си ја знаат работата, не сакав да им се мешам. Е сега вистинската агонија за мене почна откако поминаа цели 30 саати откако ми прна водењакот и откако нормално и јас и моето семејство се побунивме дека најверојатно би требало да превземат нешто - провокации, царски рез... Затоа што не смее подолго од 24 часа да бидам непородена со прснат водењак! После инсистирање на маж ми и на мајка ми ме качија во предродилна сала -конечно, а таму 2 сестри и една докторка само ме ѕирнаа, ми се изнавикаа сите 3 по ред зошто цела болница јас сум ја кренала во вис, сите се јавувале за мене, они имале и друга работа, а јас сум им била здодевна (а во ист момент таму бев само јас и уште една родилка!). Не ме ставија на ЦТГ, ми рекоа да не офкам и да не се глупирам, а јас лежев во кревет жива вода и буквално се тресев од студ, имав болки без престан и ме тресеше страшна грозница. Кога едвај со последната снага што ја имав станав за да ги викнам од вецето каде што цела вечер пушеа цигари, затоа што веќе чувствував дека бебето ќе излезе, сите 3 ми се испоразвикаа и ми ја треснаа вратата од вецето. Во тој момент изгубив секаква надеж дека добро ќе завршам и знам само дека клечев на колена пред вецето каде што стручниве лица си пушеа и се молев и се молев и се молев не знам ни самата колку долго време .... Бев веќе решена сама таму да си го извадам бебето, затоа што веќе го чувствував дека излегува. Мобилниот уште кога ме качија кај овие триве во предродилна сала ми го одземаат така да немав контакт со надворешен свет и не можев ништо да превземам. Да напоменам дека надвор овие ја лажеле мојата фамилија која што сакала да ме преместат во Систина, затоа што почнале да се сомневаат дека нешто не е во ред , дека сум недостапна затоа што сум под јаки седативи и дека спијам! Дури докторката ми се дрзна да ми каже дека ќе ме породат дури нареден ден во 14 часот, а ситуацијава кулминираше во 7 кога буквално со последна капка живот во мене им кажував дека бебето ми излегува. Од овој момент само низ магла се сеќавам дека околу 7 и 30 дојде нова смена на доктор и сестри и кога ме прегледаа, истиот момент на раце ме однесоа на бокс, а таму за само една минута ја родив ќерка ми. Бев пресреќна дека се роди жива и здрава, па затоа не ги ни тужев бездушниве сестри,иако и двете бевме со постпородилна инфекција заради нивната негрижа и уште нареден ден потпишав да си одам од таму и никогаш веќе да не се вратам пак (евентуално за да ги плукнам трите кокошки ). Знаете како се чувствував во процесот на породување ? Како најбедно животно оставено самото да раѓа, како смет, како небитно суштество.... И да е иронијата уште поголема, ВРАБОТЕНА сум во Државна болница ( не на ГАК), мајка ми и татко ми се вработени на клиниката, многу луѓе таму лично ме познаваат и сум почитувана , ама си викав зошто да бркам врски кога таму работам , си мислев дека барем ќе ме третират како човечко суштество со свест, си мислев се ќе биде во ред одам да раѓам , а не да умирам... А многу малку фалеше да го изгубам најмилото и нешто толку време чекано.
Јас се извинувам што вака натрупав толку многу зборови и што се ова изгледа толку хаотично , ама целоо време ми течат солзи додека пишувам, извинете ако избегав од темата ама морав некаде да го споделам моето искуство, можеби некој ќе го прочита и нема да отиде да се породува таму. Јас како медицинско лице и како паталец на едно исто место- дефинитивно никогаш повеќе.