Породување во државна или приватна болница?

Член од
1 јуни 2011
Мислења
21.844
Поени од реакции
32.471
Апартманите се по 50 евра.
Инаку во собата во државна кај што беше жена ми имаше 8 кревети. Хигиена никаква и тоалетите ептен гадни и без топла вода. Храната мизерна, ја носат не спакувана, а негата бетер. Сестрите спијат во една мала соба и жена ми цела ноќ ги барала, за да дадат млеко на малиот.
Па среќа на некоја друга мајка и останало пола шише, па му го дале да го испие.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.606
Поени од реакции
9.071
@Олимпија

Колку ве фати и каде, ако не е тајна... Не прашувам за мене :D, туку ме интересираат цените како одат пошто никој на темава не пиша колку платил. Пишете и другите што се биле во приватно, сигурно нема од клиникиве да ве бараат по форуми.
Се пораѓав природно во Ремедика и плативме 80000 ден. Инаку цените во Ремедика се 70000 + 3000 за комплет преглед на бебе (ехо на колкови,срце, крвна група, ото скрининг...), а 95000 + 3000 за бебе е царски рез. Дополнителен ден во болницата е 3000 за мајката и 3000 за бебето т.е 6000 од ден плус. Ние лежевме уште еден ден заради жолтица и затоа си плативме екстра.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.070
Поени од реакции
14.468
Апартманите се по 50 евра.
Инаку во собата во државна кај што беше жена ми имаше 8 кревети. Хигиена никаква и тоалетите ептен гадни и без топла вода. Храната мизерна, ја носат не спакувана, а негата бетер. Сестрите спијат во една мала соба и жена ми цела ноќ ги барала, за да дадат млеко на малиот.
Па среќа на некоја друга мајка и останало пола шише, па му го дале да го испие.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
По 8 кревети има во собите во кои ги сместуваат пациентките после операција, но по некое време и на нив им даваат регуларна соба. Исто и во собите каде лежат пациентки со патолошка бременост има по 8 кревети. И - во старата клиника за гинекологија сите соби биле со по 8 кревети, но таа клиника веќе ја нема. Твојата сопруга мора да била во некоја од овие.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.519
Поени од реакции
9.042
Се пораѓав природно во Ремедика и плативме 80000 ден. Инаку цените во Ремедика се 70000 + 3000 за комплет преглед на бебе (ехо на колкови,срце, крвна група, ото скрининг...), а 95000 + 3000 за бебе е царски рез. Дополнителен ден во болницата е 3000 за мајката и 3000 за бебето т.е 6000 од ден плус. Ние лежевме уште еден ден заради жолтица и затоа си плативме екстра.
Тогаш богами вреди да се откажеш од одмор + зимување. :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.606
Поени од реакции
9.071
Се пораѓав природно во Ремедика и плативме 80000 ден. Инаку цените во Ремедика се 70000 + 3000 за комплет преглед на бебе (ехо на колкови,срце, крвна група, ото скрининг...), а 95000 + 3000 за бебе е царски рез. Дополнителен ден во болницата е 3000 за мајката и 3000 за бебето т.е 6000 од ден плус. Ние лежевме уште еден ден заради жолтица и затоа си плативме екстра.
Во цената за породување спаѓаат и прегледи месец дена пред пораѓај (ЦТГ, ехо, инфективен тест...) а и месец дена по пораѓај педијатарски преглед за бебето и гинеколошки преглед за мајката.
Задоволна сум делумно од болницата, услугата и грижата за мене и бебето. Кога и да сакав ми го носеа бебето, посета е дозволена до 20 часот но бебето го носат само пред таткото а на другите посетители им го покажуваат од посебна соба. Тоа многу ми се допадна.
Сестрите кога и да ги викнев доаѓаа. Хигиената беше на високо ниво. Храната супер ти носат мени да бираш, но ко ќе си шиен бајаги не ти е битно јадењето глеаш само да не испукаш конци т.е полесна храна :pos:
Топла вода немаше 5 дена ама среќа топло беше а и ми кажаа дека за подобро да заздрави раната требало со ладна вода да се мијам :tapp:
[DOUBLEPOST=1448540460][/DOUBLEPOST]
Тогаш богами вреди да се откажеш од одмор + зимување. :)
Вреди да, затоа што добиваш човечки однос и на бокс со болки никој не ти вика: "А кога го праеше убаво ти беше, сега ќути"....Не го чекаш докторот да испие 10 кафиња и некоја ракија па да дојде да те пораѓа, не чекаш некој да се смилува и да те ѕирне на бокс до кај си за раѓање или па да ти викаат да се стрпиш ти и бебето кај да е ќе дојде докторот :(
 
Последно уредено:

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.774
Поени од реакции
31.555
У државна има свашта, а ја сум човекот кој најмалку жали пари заради здравје.
За породување у државна имам уште приказни секакви, од прва рука, не муабети од комшиката.
Но, останувам на своето дека е подобро, кога сѐ ќе се земе в предвид, да се пораѓаш у државна со врски (никако без врски), одколку да дадеш 90000 за у Сиситина или Ремедика. Плус, мислам дека е реновирано од пред 5-6 години.

Добро сеа, кога би бил некој кој 900000 не му се нешто посебно у животот, би идел у приватна.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
21.844
Поени од реакции
32.471
Детето ти е повеќе и од тие 90.000 колку и да ти се важни.

И уште нешто, после излегување од Систина, малото ми доби некоја инфекција на очињата. не знам колку е често и нормално ова кај бебиња, ама во период од 2 месеца уште на 2 другари жените се пораѓаа во Систина, и нивните дечиња имаа инфекција. Ама, можно е да нема поврзаност...
Инфекцијата е од бактерии во породилниот канал. Дали после раѓањето му ставаа капки за очи, за да се намали инфекција?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
2.806
Поени од реакции
511
Детето ти е повеќе и од тие 90.000 колку и да ти се важни.
Се е тоа во ред кога би ги имал тие 90 000.Али за жал многу луѓе ја немаат ова среќа да ги имаат овие пари.Сега некој ке каже продај кола земи кредит и не знам некој си други коментари али не е тоа поентата.Не е така едноставно.Се земам самиот за пример за месец дена треба да бркам некоја врска државно зошто приватно немам услови да одам па се надаме на најдобро па ке видиме :)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
661
Јас сум на почеток од бременоста и реално сум во дилема! Искрено не знам колку е добар избор државна ако се земе во предвид дека сите добри доктори побегнаа од таму. Плус тоа треба да најдеш некоја врска која нормално ќе ја "почастиш" нешто, па докторот, па сестрите и ќе ти излесе слично.Не знам навистина не знам. Пред бременоста а и сега на понекој преглед одам во Ремедика кај др. Петановски, и искрено од него сум задоволна, но и јас слушнав истово што го наведе @Олимпија дека немало топла вода и по неколку денови, што реално не е ОК кога веќе плаќаш +70 000.
Другарка моја се пораѓаше во систина и она вели дека вреди секој денар, но јас не знам се некако мислам дека по професионалност гледано, ремедика е далеку пред систина.
Среќа што имам уште време да размислувам.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
73
Читајќи ги Вашите мислења на темава, се испровоцирав да го раскажам моето искуство, иако цело време се обидувам само да го заборавам. Се породив пред 3 месеци во државна болница во Скопје и искрено кажано на најголемиот непријател не му посакувам такво нешто да доживее. Имав прекрасна и уредно водена бременост, бев пресреќна и полна со енергија кога ми прсна водењакот и кога почнаа болките. Отидов во Државна во 3 часот наутро и ме задржаа на одделот патолошка бременост, затоа што според нив требаше да помине подолго време додека не започнат вистинските болки и процесот на отварање. Се си прифатив ок, цел нареден ден најнормално ги поднесував болките и иако само 2 пати до вечерта ме прашаа како сум и само еднаш ме ставија на ЦТГ си мислев дека најверојатно нема потреба и дека луѓево си ја знаат работата, не сакав да им се мешам. Е сега вистинската агонија за мене почна откако поминаа цели 30 саати откако ми прна водењакот и откако нормално и јас и моето семејство се побунивме дека најверојатно би требало да превземат нешто - провокации, царски рез... Затоа што не смее подолго од 24 часа да бидам непородена со прснат водењак! После инсистирање на маж ми и на мајка ми ме качија во предродилна сала -конечно, а таму 2 сестри и една докторка само ме ѕирнаа, ми се изнавикаа сите 3 по ред зошто цела болница јас сум ја кренала во вис, сите се јавувале за мене, они имале и друга работа, а јас сум им била здодевна (а во ист момент таму бев само јас и уште една родилка!). Не ме ставија на ЦТГ, ми рекоа да не офкам и да не се глупирам, а јас лежев во кревет жива вода и буквално се тресев од студ, имав болки без престан и ме тресеше страшна грозница. Кога едвај со последната снага што ја имав станав за да ги викнам од вецето каде што цела вечер пушеа цигари, затоа што веќе чувствував дека бебето ќе излезе, сите 3 ми се испоразвикаа и ми ја треснаа вратата од вецето. Во тој момент изгубив секаква надеж дека добро ќе завршам и знам само дека клечев на колена пред вецето каде што стручниве лица си пушеа и се молев и се молев и се молев не знам ни самата колку долго време .... Бев веќе решена сама таму да си го извадам бебето, затоа што веќе го чувствував дека излегува. Мобилниот уште кога ме качија кај овие триве во предродилна сала ми го одземаат така да немав контакт со надворешен свет и не можев ништо да превземам. Да напоменам дека надвор овие ја лажеле мојата фамилија која што сакала да ме преместат во Систина, затоа што почнале да се сомневаат дека нешто не е во ред , дека сум недостапна затоа што сум под јаки седативи и дека спијам! Дури докторката ми се дрзна да ми каже дека ќе ме породат дури нареден ден во 14 часот, а ситуацијава кулминираше во 7 кога буквално со последна капка живот во мене им кажував дека бебето ми излегува. Од овој момент само низ магла се сеќавам дека околу 7 и 30 дојде нова смена на доктор и сестри и кога ме прегледаа, истиот момент на раце ме однесоа на бокс, а таму за само една минута ја родив ќерка ми. Бев пресреќна дека се роди жива и здрава, па затоа не ги ни тужев бездушниве сестри,иако и двете бевме со постпородилна инфекција заради нивната негрижа и уште нареден ден потпишав да си одам од таму и никогаш веќе да не се вратам пак (евентуално за да ги плукнам трите кокошки ). Знаете како се чувствував во процесот на породување ? Како најбедно животно оставено самото да раѓа, како смет, како небитно суштество.... И да е иронијата уште поголема, ВРАБОТЕНА сум во Државна болница ( не на ГАК), мајка ми и татко ми се вработени на клиниката, многу луѓе таму лично ме познаваат и сум почитувана , ама си викав зошто да бркам врски кога таму работам , си мислев дека барем ќе ме третират како човечко суштество со свест, си мислев се ќе биде во ред одам да раѓам , а не да умирам... А многу малку фалеше да го изгубам најмилото и нешто толку време чекано.
Јас се извинувам што вака натрупав толку многу зборови и што се ова изгледа толку хаотично , ама целоо време ми течат солзи додека пишувам, извинете ако избегав од темата ама морав некаде да го споделам моето искуство, можеби некој ќе го прочита и нема да отиде да се породува таму. Јас како медицинско лице и како паталец на едно исто место- дефинитивно никогаш повеќе.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.108
Поени од реакции
13.719

Жено, ме расплака. :( Требало да превземеш нешто околу ова, било што! Вие сте имале среќа и сте излегле од таму живи и здрави, не значи дека ќе биде исто и за други. Како не им е срам!
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
5.973
Поени од реакции
4.147

добро како ви е лесно да заборавите вакво нешто да не барате одмазда и одговорност,па затоа ни се институциите на вакво дереџе никој не сака да се замара и да врши притисок

читам погоре си платиле 1500 евра си се породиле,абе денес се шпара 5 денари не 1500 евра,плаќаш ти и твоите за здравствено по 70тина евра секој месец за ваков третман ?? тоа е рекет дами и господа од страна на државата,пошто не исполнува ништо за платеното

со тие 1500 евра ќе го обезбедиш детето со храна,облека,тргни му ги на сметка нека му течи камата додека порасне ќе има убава заштеда,мислам советитве се бљак
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
73
Жено, ме расплака. :( Требало да превземеш нешто околу ова, било што! Вие сте имале среќа и сте излегле од таму живи и здрави, не значи дека ќе биде исто и за други. Како не им е срам!
По породувањето прво бев среќна што сум конечно дома и на незбедно, потоа бев среќна што ќерка ми е жива и со саати ја зјапав над креветчето и по долго размислување решив да ги оставам животот сам да им врати, затоа што сеуште верувам во карма, а ако таа не проработи, ќе проработам јас за неколку месеци, ако не правно, тогаш етички. Тешко ми е кога ќе се сетам дека со години наназад сите пациенти ме обожавале, секогаш сум била толку посветена на оваа хумана работа, а еднаш бев јас пациент и за малку ќе станев статистика.
добро како ви е лесно да заборавите вакво нешто да не барате одмазда и одговорност,па затоа ни се институциите на вакво дереџе никој не сака да се замара и да врши притисок

читам погоре си платиле 1500 евра си се породиле,абе денес се шпара 5 денари не 1500 евра,плаќаш ти и твоите за здравствено по 70тина евра секој месец за ваков третман ?? тоа е рекет дами и господа од страна на државата,пошто не исполнува ништо за платеното

со тие 1500 евра ќе го обезбедиш детето со храна,облека,тргни му ги на сметка нека му течи камата додека порасне ќе има убава заштеда,мислам советитве се бљак
По породувањето прво бев среќна што сум конечно дома и на незбедно, потоа бев среќна што ќерка ми е жива и со саати ја зјапав над креветчето, а бев исцрпена, слаба и немоќна и по долго размислување решив да ги оставам животот сам да им врати, затоа што сеуште верувам во карма, а ако таа не проработи, ќе проработам јас за неколку месеци, ако не правно, тогаш етички. Тешко ми е кога ќе се сетам дека со години наназад сите пациенти ме обожавале, секогаш сум била толку посветена на оваа хумана работа, а еднаш бев јас пациент и за малку ќе станев статистика.
Не се работи само за тоа дали се замарам со тоа, факт е дека преживеав хорор, затоа и го споделив тука, ама едноставно кога човек ќе добие бебе, најмалку што сака во првите месеци од животот е да се тегне по институции и да бара некоја правда, па уште и крив ќе те направат. А дааааалеку дека сум заборавила...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
5.973
Поени од реакции
4.147
По породувањето прво бев среќна што сум конечно дома и на незбедно, потоа бев среќна што ќерка ми е жива и со саати ја зјапав над креветчето и по долго размислување решив да ги оставам животот сам да им врати, затоа што сеуште верувам во карма, а ако таа не проработи, ќе проработам јас за неколку месеци, ако не правно, тогаш етички. Тешко ми е кога ќе се сетам дека со години наназад сите пациенти ме обожавале, секогаш сум била толку посветена на оваа хумана работа, а еднаш бев јас пациент и за малку ќе станев статистика.

По породувањето прво бев среќна што сум конечно дома и на незбедно, потоа бев среќна што ќерка ми е жива и со саати ја зјапав над креветчето, а бев исцрпена, слаба и немоќна и по долго размислување решив да ги оставам животот сам да им врати, затоа што сеуште верувам во карма, а ако таа не проработи, ќе проработам јас за неколку месеци, ако не правно, тогаш етички. Тешко ми е кога ќе се сетам дека со години наназад сите пациенти ме обожавале, секогаш сум била толку посветена на оваа хумана работа, а еднаш бев јас пациент и за малку ќе станев статистика.
Не се работи само за тоа дали се замарам со тоа, факт е дека преживеав хорор, затоа и го споделив тука, ама едноставно кога човек ќе добие бебе, најмалку што сака во првите месеци од животот е да се тегне по институции и да бара некоја правда, па уште и крив ќе те направат. А дааааалеку дека сум заборавила...
те молам не ме сфаќај лично,се извинувам ако постот мој те наведе на такво мислење,ама општо како народ сме катастрофа воопшто неодговорни,чекаме некој ОДГОРЕ да ни ги среди работите како што треба и затоа сме на ова дереџе,додека реклами фрчат за наталитет,трето дете,сите треба да имаат итн итн , од друга страна вакви неубави приказни се случуваат нон стоп секој ден
 
На врв Bottom