Породување во државна или приватна болница?

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.606
Поени од реакции
9.071
Бременоста трае 9 месеци. Во тие 9 месеци за мајката и бебето се прават доста испитувања, скрининзи за да се види дали е се во ред со бебето.
Родителите со нетрпение го очекуваат доаѓањето на свет на нивното чедо. И кога ќе дојде моментот за породување прашање е каде би се пораѓале...Во државна или во приватна болница?
Оние кои веќе го поминале овој пат, каде се пораѓавте?
Дали сте задоволни од болницата? Дали сметате дека е подобро да се отиде во приватна или државна болница? Каква беше грижата за вас и вашето најмило?
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
Приватните се само хотели. Тоа плаќаш - хотелски смештај. Ако не дај Боже малку нешто им се искомплицира породувањето, одма без размислување праќаат на државна.
Најдобро е во државна ама со врски.

Има и една финта што праат сум слушал во приватниве.
Таму лежат родилки кои начелно имаат пари. Нема секој +1500 евра да даде за породување.
Иде докторкава у пост-породување(пред идење дома со бебето)-визита по соби (таму се нели у посебни соби) и на едно 50% им вика со загрижен глас дека можно е детето да има (забораив сеа како се вика некоја што не толку ретко се појавува, скраја да е) аномалија на срцето и дека најдобро да видиме дали е така или не, да дојдат кај неа на преглед.
Идат овие уплашени и крајно загрижени на преглед (ка-чинг! 800 или поише ден.) и среќни и ултра радосни си излегуваат од прегледот, нималку не размислувајќи за парите што ги дале за него, пошто нели на прегледот се испоставува дека детето нема такво нешто.
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
149
Поени од реакции
100
Потполно се согласувам со Берик дека приватниве имаат услови соби, мед им тече од уста ама за недај боже веднаш ги праќаат во државна. Додека чекав сопругата да се породи најмалку две пациентки ги донесоа од систина..Така да за породување најдобро ти е државна со врски... Откако ќе се породиш не ги гледаат толку пациентите, всушност, тоа зависи какви сестри ќе ти се најдат на смена.. Обавезно пред да потпишете отпусна листа нека проверат дали детево има некоја инфекција такви работи, зошто не ги гледаат толку, гледаат само да се ослободи место за други родилки.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.411
Поени од реакции
13.010
Јас би рекој сте нашле па сте зашле...
Порано да не бирале вака,кога се пораѓало на газиена ламба или на нива под некое дрво.
Па има случаеви на породување и на улица или автобус или чуварска куќичка, (или дома и се уште има)
Порано се немаше ни телефони по дома,туку таму кај најблискиот чувар на некоја задруга или фабрика.
Така се породи и една снајка пред земјотресот кај татко ми во склад Маџари,чекајќи брза помош.И што.
Ете го сега зрдав-прав,и лекар не видел до сега. Значи како ти е или му е пишано,така и ќе биде.
Инаку јасно дека има надуени снајки во меот со многу пари и дека такви само одат во Медика и Систина.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
...Откако ќе се породиш не ги гледаат толку пациентите, всушност, тоа зависи какви сестри ќе ти се најдат на смена.. ...
Тоа е посебна прича. Имаше некои Албанки сестри у ноќна смена што некои инекции за болки, што треба да им ги даваат на сите, ги давале само на Албанки.
Се крстел докторот коа чул ова, на утринска визита.
 

Луси_Лу

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
4.673
Поени од реакции
8.609
Jas se porodiv so site tri vo drzhavna, zatoa shto navistina mnogu pari mi se gledaa togash da gi dadam za poragjaj, so tie pari ke si opremam doma se shto mi treba za novorodencheto, vo drzhavna normalno so vrski, bez vrski mozhes samo da se slikash dushickata ke ti ja izvadat, mozhe srekja moja ili pak prichina deka znaea preku kogo sum pa sestrite bea super, osobeno za poslednovo dete mi nosea obleka da si biram :D
Sega brzo razbrav deka doktorkata shto me praveshe carski so poslednive dve deca si otishla vo sistina, shto i normalno posle taa kalakurnica shto nastana vo bolnicata, se pomalce gi ima struchnite im begaat, neznam na chii race sega se ostaveni trudnicite, na Hadzilega?! boze sacuvaj ako e ushte bolnicata vo nejzini race.
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
149
Поени од реакции
100
Тоа е посебна прича. Имаше некои Албанки сестри у ноќна смена што некои инекции за болки, што треба да им ги даваат на сите, ги давале само на Албанки.
Се крстел докторот коа чул ова, на утринска визита.
Очекувано беше вакво нешто само времето беше во прашање... :D:D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.151
Поени од реакции
32.924
Секој со своето искуство. Нормално дека во државна ќе ти е убаво, кога има кој да ти посвети внимание, но секој нема врски и 100 евра во плик да му даде на докторот од државна и подароци за персоналот. Тие сестрите уште од врата гледаат што носиш во ќесата.

Многу родители викаат подобро со тие 2000 евра на детето да му купам нешто, отколку да ги дадам за пораѓај во приватна клиника. Имајте лошо искуство со државна, животот да и е во опасност, па ќе видам дали истото мислење ќе го имате и тогаш. За второт викав и 20.000 евра нека се, само да не поминеме низ тој хорор.
Негативни мислења имам слушнато за Систина, па затоа избравме Ремедика.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
ОК ова секој со своите искуства, али ваљда прочита дека малку нешто ако се искомплицира (неверојатно малку) одма те праќаат на државна, око не им трепнува. затоа и праќаат пречесто.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
Да нема забуна, секако дека е боље у приватна, али ако не ги земеш у предвид парите.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
689
Поени од реакции
512
Приватно е подобро. Би ти препорачал Систина, презадоволен од нивните услуги и квалитете кадар.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.730
Поени од реакции
26.465
Приватните се само хотели. Тоа плаќаш - хотелски смештај. Ако не дај Боже малку нешто им се искомплицира породувањето, одма без размислување праќаат на државна.
Најдобро е во државна ама со врски.

Има и една финта што праат сум слушал во приватниве.
Таму лежат родилки кои начелно имаат пари. Нема секој +1500 евра да даде за породување.
Иде докторкава у пост-породување(пред идење дома со бебето)-визита по соби (таму се нели у посебни соби) и на едно 50% им вика со загрижен глас дека можно е детето да има (забораив сеа како се вика некоја што не толку ретко се појавува, скраја да е) аномалија на срцето и дека најдобро да видиме дали е така или не, да дојдат кај неа на преглед.
Идат овие уплашени и крајно загрижени на преглед (ка-чинг! 800 или поише ден.) и среќни и ултра радосни си излегуваат од прегледот, нималку не размислувајќи за парите што ги дале за него, пошто нели на прегледот се испоставува дека детето нема такво нешто.
Ова од искуство или "тоа бурек многу вкусно јадење, братучед ми видел како некој јадел на улица"? Како тоа само хотели, не се пораѓаат луѓе таму? Која е стапката на успешни породувања или смртност? Какво е твоето искуство (ако имаш)?

Многу пари биле... А што е боље, да жртвуваш еден одмор со сопругата и да се породиш како човек или да не можеш 10 дена да си ги видиш децата и жената зошто никој не смеел да влезе? Ова последното е од колега, породени пред 30 дена во државна... Ма дај не заебавај :)
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.447
Ова од искуство или "тоа бурек многу вкусно јадење, братучед ми видел како некој јадел на улица"? Како тоа само хотели, не се пораѓаат луѓе таму? Која е стапката на успешни породувања или смртност? Какво е твоето искуство (ако имаш)?

Многу пари биле... А што е боље, да жртвуваш еден одмор со сопругата и да се породиш како човек или да не можеш 10 дена да си ги видиш децата и жената зошто никој не смеел да влезе? Ова последното е од колега, породени пред 30 дена во државна... Ма дај не заебавај :)
А според тебе каква би била ако комплицираните случаи се праќаат експресно на државна?
 
На врв Bottom